19.04.2012, 17:06 Си велам
Следното чудо е во Струга
Ерол Ризаов
На свети Ѓорѓи можат да му потечат солзи
Каде и што ќе биде следното чудо во земјата чудесија. Зависи какво сакате: небесно или овоземно волшепство. Ако чекаме нова Божја порака, слична како во храмот „Св. Димитрија“ во Скопје, таа можно е да се појави во Струга во црквата „Св. Ѓорѓи“. Таму се наоѓа една од најубавите икони во Македонија, која датира од 1267 година. Насликана од прочуениот Јован Зограф. Ремек-делото, бесценето и познато во светот на уметноста, создадено на една штица пред 745 години се чува во наосот на црквата во една дрвена кутија. Д-р Коста Балабанов, историчар на уметноста и конзерватор, предупредува дека иконата ја впива влагата од дрвената подлога, а бидејќи растојанието на стаклото од боите на иконата е поблиску отколку што налагаат прописите, може да дојде до кондензација на испарувања и да се појават одредени чуда, или оштетувања на главата на свети Ѓорѓи, во зависност од тоа кој во што верува. Не дај боже овој светец што ја убива ламјата да проплаче. Тоа би било навистина лош знак за Македонија. Подобро е да не дојде до тоа чудо, се разбира, ако надлежните за заштита на културното богатство почнат да веруваат повеќе во науката отколку во чуда и си ја одработат својата работа по овоземните закони за што се платени.
Сепак побројни се чудата што ги прават простосмртните луѓе, иако многумина од нив мислат дека се од бога пратени да не' зачудуваат, пречудуваат, шашардисуваат секој ден. Повеќе им се крстиме нив отколку на Господ. Проплачавме сите од тие чуда наши, сопствени, иако и дома кај нас и од многу страни на светот ни испратија јасни знаци и пораки дека работите не ни чинат. Насекаде во Македонија има премногу влага и сите крупни работи ни се разводенуваат. Така со тек на време стануваат безначајни, заборавени и никому не нужни. Потоа наеднаш, откако ќе се измијат правта и дебелите наслаги амнезија, ги откриваме како големи чуда небесни, а всушност ептен се овоземни. Затоа и оној проклет лондонски Економист, кој ни се накомил како атеистичко-комунистички бастион не' озаглавува со навреда „На Македонија уште и' требаат чуда“. Тоа е оној исти весник, демек многу угледен во светот, чудно ми чудо, што не прогласи во едно свое комуњарско истражување за држава со најголема мизерија во светот. Тоа и не е некое големо чудо, дури и да е точно. Мислам дека малку претеруваат. Да откриле дека сме најмизерни во Европа, тоа некако оди, ама во светот, не верувам. Како стар циник мислам дека има неколку земји со поголема мизерија.
Кои се другите наши чуда. Еве на пример „Скопје 2014“ од големо светско градителско чудо може да се претвори во стадо бели слонови. Ете тоа е чудо невидено. Не верувате. Проверете. Тоа е барем денес многу лесно. Кликнете на интернет бели слонови и ќе видите што чуда ќе се појават. Белите, албино, слонови носат среќа и големи позитивни политички промени. Но, во светот на економијата, за жал, тоа се промашени инвестиции. Дури и најразвиените држави имаат свои „бели слонови“. Македонија со „Скопје 2014“ има цело стадо, што е своевидно светско чудо во најсиромашната европска држава. Во светската инвестициска изградба на стадиони, музеи, театри, судови, споменици, триумфални капии, фонтани, лавови, коњи постојат два вида вложувања: мултифункционални кои покрај културниот, националниот, историскиот, научниот, па ако сакате и политичкиот сегмент имаат и комерцијални елементи кои овие објекти ги прават економски одржливи и оправдани. Но, постојат и таканаречени „бели слонови“ големи и скапи зданија, најчесто кич имитации на одамна изминати историски периоди и стилови, чија изградба е баснословна, а нивното долгорочно одржување не е возможно да се финансира, особено во држава каде што сиромаштијата е под прагот на издржливоста, а економската криза е во најголем залет. Но, Македонија не би била земја на чудата ако не тргнеше боса по трње да гради велелепни зданија за кратко време на сметка на осиромашениот народ кој уште верува во чуда. Па затоа Владата сега ќе позајмува скапи пари по белиот свет, ќе продолжиме да ѕидаме кули од карти. Ќе им оставиме во наследство на идните генерации „бели слонови“ и долгови до гуша да не знаат што да прават, освен да не' проколнуваат и пцујат. Ајде некако ќе ги завршиме почнатите објекти кои никој освен Перикле и банките не знаат колку ќе не' чинат, ама сите ќе почувствуваме колку ќе ни рипне достоинството и гордоста. Што правиме после, откако ќе ги изградиме и откако гордо и достоинствено ќе им се изнауживаме. И во земјата на чудата белите слонови по неколку години како и сите ретки видови ќе се соочат со изумирање. Знаете, слоновите кога умираат, исчезнуваат, имаат своја тајна патека која никој не ја знае. Нашите албино слонови нема да исчезнат, тие пред наши очи ќе се руинираат и ќе умираат во агонија бидејќи државната каса нема да биде доволна долгорочно да го финансира нивното скапо одржување. Тие што денес се одушевени и веруваат во чуда, ќе бидат најогорчени кога ќе ги слушнат вистинските бројки колку не' чинат нашите стада бели слонови и колку чини секој ден да се одржуваат во живот, видовите на изумирање.
Се разбира, има и други големи чуда во Македонија. На пример, еве ќе донесеме кораби и гемии на Вардар. Така, можеме со малку фантазија и илузија да го направиме Вардар и пловен. Можеме да најдеме нафта во Овче Поле. Можеме да ја откриеме и гробницата на Александар Македонски. Можеме да го најдеме баснословното богатство, златото, дијамантите, светските ремек-дела што германската војска кога се повлекувала за време на Втората светска војна ги закопала во Македонија. Можеме да влеземе сите и во бунарот кај Паљурци кај што фрлил камче лично свети Павле. Еве додадете и вие некои наши чуда.
Она, што воопшто не е чудно во Македонија е: со години сме први во Европа по невработеност. Први сме по сиромаштија. Од сите европски земји најдолго сме кандидат за почнување преговори со ЕУ. Имаме најдолга и најмачна транзиција од сите држави во Југоисточна Европа. Имаме најмногу цркви и џамии по глава на жител, а најмалку училишта. Има уште многу работи кои се многу чудни за светот, а нас ни се толку вообичаени, што веќе не ги ни забележуваме. |
|
Статијата е прочитана 4824 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.04.2012 00:29:54 | Ako sakas i nie da dodavame cuda, togas zamoli go Utrinski da ni ovozmozi pogolem prostor za pisuvanje. Vaka, ke mozam da nabrojam samo dve-tri cuda, a toa e kapka vo more. |
| kaktus, 20.04.2012 00:31:40 | Ероле, ја кажуваш со перфектен стил вистината која ја знаеме сите нормални во државичкава ни, а која немо ја гледаме и се повеќе ја чувствуваме разорно по нашето ментално здравје |
| USA, 20.04.2012 01:24:26 | Koga zborime za drzavni pari, isto taka siot samonarecen KREM od socijaldemokratskata intelektuala e skoluvana na grbot na naradot. I kako im vrakate koga navlekuvate ubeduvanja vo koi tie ne veruvaat? Pamtat oni kako slonovi.....i glasaat. |
| cane sokolovski-toronto, 20.04.2012 07:44:17 | Imas pravo Jovane, iljada karakteri voopsto ne e dovolno. Inako kako sekogas Rizaov e genijalen. |
| Jordan, 20.04.2012 09:36:12 | Ti si svetsko cudo!Proveri si gi kolumnite samo kolku mnogu si plukal po Makedonija!Nitu eden graganin ne pluka po svojata Tatkovina!Na red Orka da prevzeme nesto! |
| Мето, 20.04.2012 09:42:18 | Извонреден приказ на нашите состојби на умот и реалноста во Македонија. Ќе ни биде потребно уште едно чудо за да после смената на сопственоста во весникот ние читателите те задржиме и твојата рубрика да опстане, како бисер во македонскиот медиумски простор. |
| ФЕЛИКС, 20.04.2012 09:53:32 | Ќе додадам и едно ,,чудо,, кое на авторот му помина незабележано а се работи за неговата професија новинар,се работи за ,,чудотото,, викано Асошиејтед Прес скратено АП.Тие токму кога ја примија Пулицеровата награда за истражувачко новинарство истражувачки открија да петте жртви биле Албанци.Очекував реакција на г-дин Ризаов од ваквата намерна подмолна пласирана информација да реагира со осуда,независно дали дописникот е од тука или е странец.А може требаше да се вложи напор за ќошовидно анализирање.Верувам дека оваа ,,чудесија,, нема да се подведе под партиска етикета и игнорантско однесување од типот ,,што има друг да кажува за што да се пишува,,А најповеќе се надевам дека нема да бидам цензуриран. |
| Горан - М. Каменица, 20.04.2012 10:07:21 | Ерол те читам ама никако да сватам што сакаш да кажеш.Некако како се да ти смета во оваа држава,како сите да ти се криви што те налегнале годините...тргни се од медиумите,купи си риболовна опрема и уживај во остатокот од својот живот.Некако стануваш многу нервозен,полн со егоизам а цинизмот ти е отиден над дозволената граница.Па зарем навистина веруваш дека сме толку мизерна држава,дека толку лошо се живее овде,дека е толку многу лош тој фамозен проект Скопје 2014 и т.н...Ерол неможеш баш ти кој си докажан комунист да кажуваш за одредени вредности и чуда,без разлика дали се општествени или црковни.Некако постојано трубиш против црквата,но ти имаш право бидејки не си крстен во црква туку под сликата на маршалот. |
| korabli, 20.04.2012 10:47:24 | edno od najgolemite cuda e DRZAVA DA JA VODAT NEPISMENI SO VTORO ODDELENIE i eden stepen povisoki VECNI SUDENTI koi ja cicaat makeodnja so decenii. zatoa sme i na ova derece. |
| Rezzilov, 20.04.2012 10:50:30 | Македонија да не градеше споменици,музеи,театри (набројува Ризаов) сега ќе беше во Европска унија!!!Се’ ми се чини дека ќе беше во предренесанска Европа! |
| Rizaov kako alibi, 20.04.2012 10:55:18 | I kako nacija se odrzhuvame po inercija i chudno e kako se odrzhuvame, no, ako vaka prodolzhi i toa chudo kje se razvodeni. Chudo e i toa kako ti dozvoluvaat seushte da pishuvash. Ili, sepak si ogromna velichina so stravopochit pa te pushtaat da pishuvash kako alibi, kolku da imaat da se pofalat deka, eve, ima demokratija |
| Petar, 20.04.2012 11:01:57 | Go molam utrinski vesnik da go objavi ova: Erole ne sakam da se igras so mojata vera. Ako nekoj bi napisal nesto za tvojot Muhamed cel svet ce se krene na noze neli, a ti kako turcin si dozvoluvas da pisuvas za mojata crkva. Mislam deka si na pogresen pat. Tvoite diktati ni se poznati, veruvam deka noviot gazda ce rascisti so tebe i na kraj ce bides samo obicen selski pisuvac. |
| Jon, 20.04.2012 11:21:31 | vidigo ovaj Erol Treba da e turcin a kolku znae za crkovnite ikoni |
| Ози, 20.04.2012 11:43:22 | Туку што здогледав уште едно чудо. Еден куп полу-интелигентни (некои и четврт) коментатори, неспособни да ја сфатат суштината на написот го напаѓаат авторот кој само пробува да им ги отвори очите. Но за жал некои слепци немаат ни желба да прогледаат. Но последиците ќе ѓи осетет, само со закаснување. |
| citatel, 20.04.2012 12:07:13 | Genijalen tekst. Samo golemite novinari mozat na ovoj nacin da ja prikazat realnata situacija vo drzavata i vlasta.
P.S. A tie sto ne mozat da razberat sto saka avtorot da kaze... ili pak ne im odgovara vistinata.. kako feliks, petar i kompanija.. so da im kazam osven neka si citaat vest ili dnevnik.. sepak ova e vesnik namenet za intelektualci.. Pozdrav.. |
| Feliks pak treba da crvenee od sram., 20.04.2012 12:16:40 | Gledaj i ooooop nema cenzura za Feliks machorot, nema nema cenzura felikse ne e ovaa Vecer, i Latas.Tuka se govori za novinar a ne za sarlatani, kako onie tvoite, nesakam i imeto da im go spomnam. |
| Филип, 20.04.2012 12:21:03 | Браво! |
| ГОЛЕМА МОЛБА, 20.04.2012 13:25:33 | Молам било кој новинар , од било кој македонски весник, да се сожали и да напише текст сличен на оној , кој несреќниот Феликс , секој ден , во иста форма , го пласира на било која тема! Аман , имајте милост , напишете дека „разулацената толпа“ биле од СДСМ! Човекот ќе умре од мака,секој ден ве моли , а вие ништо. Имајте исаф,напрајте му го ќеифот! Однапред Ви благодарам! |
| demokrat, 20.04.2012 15:24:50 | Jordan, prezentiras totalno nepoznavanje na vrednostite i karakteristikite na sovremenoto opstestvo a tvoeto pisanie e klasicen primer na mesanje babi i zabi. Plukanjeto na koe povocuvas e kritika koja e majka na razvojot, i istata najcesto e nasocena kon drzavata bidejki tatkovina e edna rabota a drzava sosema druga! |
| Vinci, 20.04.2012 15:48:01 | Erole, poentata ti e sekogas kristalno jasna, samo bi dodal i mislam deka bi se slozil, najgolemo cudo duri za neveruvanje e dobar del od populacijata koj dozvoli i dozvoluva da go okupiraat vakvi cuda, i taka cudejki se i voshituvajki se na ovie zemni priredeni cuda, neosetno zivotot...............!!!!!!!. A kakov im e kvalitetot na ziveenje i na koe deredje ni e drzavata, ocigledno najmalku im e bitno......, se dodeka si imaat lavovi, konji, falangi, ,,beli slonovi,, , a bogami i gradski plazi, vidi cudo i toa pokraj gradska kanalizacija, da ne veruvas.........!!!!????? |
| Od Makedoniec, 20.04.2012 16:07:31 | Dosta so verskoto i nacionalnoto omalovazuvanje na Erol, bil Turcin, bil musliman i ne znam sto! Neka se najde Makedonec hrabar, pameten i pismen kako Erol, pa posle ke zborime... |
| Nedefiniran, 20.04.2012 16:55:50 | Najgolemoto svetsko cudo za Makedonija ,ke bide ako Makedonecot kaze Dosta ni bese,arno ama vakvi cuda ne se slucuvaat.Cudo ne snajde ,pogolemo amin! |
| lela, 20.04.2012 19:07:02 | vo makedonija najgolemoto chudo e shto izgradivme pokriv od kuka bez zidovi. koj koga i da e ke se tresne i skrshi. investicija vo spomenici da no ne sve od edna generacija i ne pred patishta, shkoli, vodovot iiii i mnogu drugi OSNOVNI raboti za razvoj na edna drzava. no nie sme bile a kako stojat rabotive za zal, i sme ostanale banana drzava. |
| до Горан М.Каменица, 20.04.2012 19:50:33 | А ти Горан,според зборовите упатени кон Ерол,се гледа дека си крстен во црква и дека си прав христијанин.Да не беше така,не ќе знаеше дека не треба никого да судиш за да не бидеш осуден.Не ќе знаеше дека треба да го сакаш ближниот свој како самиот себе си,и дека пред да пробаш да ја извадиш реската од очите на Ерол,ти треба да си ја извадиш гредата која ја имаш во своите очи.Но се разбира,ти си крстен во црква и сето тоа го знаеш,а знаеш и дека треба да ги сакаш и благословуваш дури и своите непријатели.Да Горан,за разлика од Ерол,се гледа дека ти си крстен во црква. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“ |
|
|