19.04.2012, 17:03 Полемика
Ероле, навистина, доста е...
Паско Кузман
(Повод: Ерол Ризаов, Паско, ти и Господ, „Утрински весник“, 12-13 април 2012)
Се обидовме да си помогнеме со мислите на авторитетните умови, јас со Стојан Христов и Роберт Фрост преку Георги Старделов, ти со големиот Ерик Хобсбаум и со Димитар Димитров. Но и понатака, секој си стои на своите гледишта
Па, очигледно „и премногу е“. Ете, си ги кажавме своите гледишта, се обидувавме да ги поткрепуваме со други придружни аргументи, со мислења и цитати од други умни луѓе, но толку е. Ти упорно „ме камшикуваш“, повторувајќи го во сите твои текстови, фактот дека се случува „идентитетски земјотрес што ја зафати последните години Македонија, политички стимулираната потрага по пославно минато, антикоманијата и маргинализацијата на словенството“ и уште поупорно тврдиш дека не сум дал „компетентен и јасен одговор на ниту едно прашање“.
Јас пак упорно ти докажувам дека така формулираните прашања свесно се создадени не само од тебе во „нашиов случај“, туку од целата „шеста колона“ на македонската интелигенција која „црнчи грижејќи“ се за нашиот вистински реалитет, спасувајќи го од „страшната власт“. Јас Ероле, упорно те убедувам дека не го маргинализирам словенството, туку го ставам во „реалната бразда“ на македонската земја, јас упорно ти тврдам дека нашиот идентитет е составен од повеќе чинителни сегменти, а не само од словенството и „тврдоглаво“ се обидувам да ти докажам дека културното наследство на една земја и културните слоеви на доминантните цивилизации учествуваат во формирањето на еден идентитет (со ова би се сложил и Ерик Хобсбаум, но ти, секако, не), исто како што стратиграфските слоеви со своите содржини и полнежи имаат еден изглед во вид на профил кој има најдолу здравица (цврста земја, карпа), а нагоре, богати содржини на слоевите и сето тоа е една целина на еден простор.
Јас ова ти го образложив со придружни ставови, но ти ни еднаш директно не го прокоментира, туку ми порача дека не сум компетентен, дека не сум убедителен и дека „раскажувам гачки (подвлеченото е мое) кои немаат ама баш никаква врска со она што е предмет на нашиот обид за полемика“. Па добро, господине Ризаов, нека биде така, ти си во право.
Натака, ти ми велиш, дека за тебе неочекувано, сум ја свртел работата „во заштита и одбрана во актуелната власт небаре таа е навистина најголемо културно богатство и оставштина од минатите векови“. Е, после ова, ти нема лек, мој стар пријателе (ти се чита во мислата злобата и зависта: што мислиш и за мене, и за власта, и за опозицијата). Јас, изгледа пак погрешив, оти во овој наш „обид за полемика“ само еднаш ти образлагав што значи, општо, „создавање на услови“ за реализација на одредени проекти, укажувајќи на тоа дека оваа власт „создава“ такви услови, наспроти претходната и повеќе од предпретходната, кое тебе те погоди право во центарот на твојата животна филозофија. Еве, нека ти биде, пак ти биди во право. Но јас пак ќе си мислам како што си мислам, „тивко во себе“.
Се обидовме, исто така, двајцата да си помогнеме со мислите на авторитетните умови, јас со Стојан Христов и Роберт Фрост преку Георги Старделов, ти со големиот Ерик Хобсбаум и со Димитар Димитров. Но и понатака, секој си стои на своите гледишта. Јас, на пример, дури изразувам и големо задоволство што ти ми ги отвори очите со големите мисли на Хобсбаум, меѓу другото, и со неговото предупредување дека „историјата е суровина за националистички, или етнички или фундаменталистички идеологии како што е афионот суровина за дрогирање со хероин. Ако нема пристојно минато, тоа секогаш може да се измисли“.
Ако нема такво минато, така е, но ако има, ама е задремано, не ќе да е баш така. Но и тоа не е важно. Ероле, ти си во право за се' што планираш да ми го кажеш во врска со овој мој едноставен коментар. Ти благодарам и за цитатите од Димитар Димитров. Те убедувам дека одлично го познавам, ги познавам неговите ставови за македонската политичка сцена, за македонската историја, култура и книжевност и јавно изјавувам дека исклучително го почитувам, колку и да се сложувам или да не се сложувам со неговите ставови. Во сега веќе далечната осма деценија од XX век, како уредник во едно охридско списание за литература со наслов „Спизалит“ му објавив еден подолг критичко-есеистички текст за творештвото и идеологијата во Македонија, па благодарение на извесни висококотирачки личности од тој период кои денес ��не смеат да бидат лустрирани“, дотрчаа полициски службеници во печатницата и ни ги запленија сите испечатени страници на списанието, за потоа да биде забрането.
Оттогаш го познавам професорот Димитров и бидејќи бевме на „иста линија од фронтот анархолибералистички“, до ден денес си ги почитуваме гледиштата без да мораме да се согласуваме со нив. Неговите две сјајни статии од 2008 година објавени во „Утрински весник“ ги имам отсечено и ги чувам во албум. За да ми се најдат во некое идно време, кога можеби, сите ќе ги преиспитуваме своите сфаќања. Ете и тоа ти го прифаќам.
Ти прифаќам да ме навредуваш и понатака, дека сум „најголем злосторник кој урива царска џамија... изградена пред 500 години како задужбина на Султан Мехмед“ (преку темелите на црква изградена пред 1000 години, е, ако де...), за тоа дека „на Имарет сум бил сам со себе, или со некои овоземни изроди“. (На кого ли мислеше? Сеедно, не е важно). И уште, ми велиш: „Паско, многу диктатори и цареви уривале божји храмови, уривале и терористи, ама јас не знам случај тоа да го направил археолог и со тоа да се гордее“.
Не мислиш, белким, човеку, дека султанот бил терорист па дозволил, и во тоа време, да ја урнат до темел црквата, за да се изгради преку неа неговата задужбина? Не го направи тоа археологот Ероле, туку археологот и оние твои „овоземни изроди“ (македонски), поточно македонскиот народ (по мое мислење), и не се гордеат со тоа, Ероле, туку се гордеат со црквата Светиклиментова што повторно ја воздигнаа „од пепелот“, туку се гордеат со преосветувањето на гробот на Светителот кој беше „погрешно“ презакопан и затрупан повеќе од 500 години.
Ти ќе речеш: „Тогаш, такво било времето!“, а јас ќе речам: „И сега, такво беше времето!“ Тоа многу добро го разбраа турските експерти кои престојуваа во Охрид и на Имарет-Плаошник, тогаш многу добро тоа го разбраа во УНЕСКО, само ти не можеш тоа да го разбереш, Ероле, мој стар пријателе и не сакаш да му простиш на твојот пријател. Но, јас веќе ти простив за сите твои навреди. Некогаш, во некое идно време, како на внуче, ќе ти раскажувам за моите болки од урнувањето на остатоците од задужбината, за моите сентиментални чувства во нејзините сенки, за фотограметриското снимање на секое камче од таа градба (за во случај да посакаме да ја возобновиме) и за секое парче фреска вградено во нејзините ѕидови како градбен материјал (за да сфатиш колку била почитувана мисијата и филозофијата Аврамова) и за да сфатиш колку многу си бил во право кога ме потсетуваш дека „и црквите и џамиите се божји храмови“.
Така е, пак ти си во право. Можеби ќе беше добро, во оваа сентиментална приказна, да се појавеше Димче Коцо, твојот драг професор, па да видевме на која страна ќе застанеше. Сигурно на твојата, Ероле. Ако. Можеби ќе беше добро, исто така, да беше жив и Блаже Конески, па да ни ја посочеше „простата и строга македонска песна“ за да го разбереме „простиот и строг македонски идентитет“. Ти, сигурно, пак ќе ме исмееше, оти, според тебе, со кое право ние него го спомнуваме, „ние немаме право, оти некој од нас го нарекол џуџе (?!)“ Ех, Ероле, ме спопаѓа некаква тага кога ќе си помислам колку не се познаваме!
И бидејќи сега, еве баш сега, од тебе научив дека „секогаш кога во полемиките се бега кон небитни, или помалку значајни детали на непристрасните читатели (да, ова е навистина така, оти многу добро го видов на веб-страната од „Утрински“, како непристрасно реагираат вашите „одбрани“ читатели) им станува јасно кој ја разводнува работата и го напушта мегданот“ и бидејќи минатиот пат јас го спомнав мојот Господ Исус Христос, па поради тоа, според тебе, „веќе нема што ниту да зборуваме, ниту да полемизираме“ јас јавно објавувам дека изгубив од тебе „на мегданот“, ја напуштам таа стерилна стратиграфија, ако сакаш и поразен, оти не те убедив ама баш во ништо, но сепак сум ти благодарен, оти ти ми овозможи слободно да си ги изнесам своите сфаќања пред македонската јавност, сфаќања од кои, секако, не се откажувам.
П.с. Те замолувам ти да ја заклучиш „нашата полемика“ за да ставиш „капак“ на македонскиот идентитет, како и првиот претседател на РМ. Бидејќи се трудев да не те навредувам, те молам биди и ти внимателен на тој план. |
|
Статијата е прочитана 4991 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.04.2012 00:56:49 | Aj stvarno dosta e. Ednas napisav da si se pronajdete za prijateli na Face Book, pa tamu na private chat dopisuvajte si se. |
| Marioec od Azija, 20.04.2012 01:06:31 | Odi brkaj si ja rabotata,takvi kompetentni,ko Erol i negovite podrzuvaci za se i sesto ima eden kup.Eksperti za se i sesto,sekoja tema ja poznavaat pa i uste strucnite lica gi narekuvaat sarlatani,ups ovoj zbor nekako ne mi zvuci da poteknuva od slovenstvoto mozebi ce mi kazi nekoj od kade poteknuva,posto dedo mi nikogas go nemase upotrebeno,pa i go nemav slusnato.A Erol pisuva sto sakat da slusne publikata od Utrinski,a nikako za problemite so koi se srecava istata sekojdnevno.Do ekspertite moze li nekoj da mi kaze priblizno kolku makedonski zborovi imaat poteklo ili slicnost so latinskiot jazik.Pozdrav i bez obrajcanje do mene. |
| пријател, 20.04.2012 01:21:36 | Кој со ѓаволот тикви сади...А ти,Ерол,со Паско најде да водиш полимика.И што доби од тоа?Паско упорно ти тврдел дека нашиот идентитет бил составен од ПОВЕЌЕ чинители,а не само ОД СЛОВЕНСТВОТО(значи на нашиот словенски идентитет,покрај другото,има влијание и словенството?),и дека културните слоеви на доминантните цивилизации учествувале во формирањето на еден идентитет!Значи и Паско ти го знаел ова што сите првачиња го знаат,но ти Ерол„секако не“!Само уште Паско да ни објасни како тоа „доминантната цивилизација“на простите,заостанати,неуки,неписмени ант.Македонци,влијаела на формирањето на нашиот идентитет,кога нашите предци дошле на овие простори 1000 год.по смртта на Александар? |
| Megdanot e zavrsen, 20.04.2012 02:09:56 | Pasko ! Ti go izgube megdanot ne samo od g-on Erol no i od celokupnata intelkektualna makedonska javnost, bidejci ama nisto vo tvoeto obracanje , sem onie sentimenti , tagi i cemeri, kako i povikuvanje na Isusa, na Ilijadata i onie 83 makedonski zbora vo nea, ne iskaza ubedlivo za temata za koja otvorivte megdan. Ti se prestavi kako drzaven areheolog koj raboti po diktat na odredena struktura koja eve saka da ne prerodi i pretvori vo anticki Makedonci oti taka ce sne bile poslavni. No ne iznesi nikakvi fakti koi ce gi potvrdat tvoite tezi. I tocno e ona koga ce podostaris , mozebio ce najdes sila i nacin da mu se izvinis ne samo na Erola , no i na celiot Makedonski narod za tvojot ekpserimet na brisenje na nasiot slovenski koren. A ako nemas slavna istorija po svoja zelbi,sekogas mozes da ja izmislis, no ostanatiot obrazovan svet toa ne go prifaca. |
| Илија, 20.04.2012 02:27:03 | Ти, Паско Кузман, немаш никакво право да кажуваш каков е идентитетот на 1.400.000 славјанојазични Македонци. Ти можеш да си говориш само за себе, и сметај се потомок на кого сакаш. Биди си антички Македон, учи си го античкиот јазик. Антиквизацијата во Македонија ја има поради самиот факт што споменикот на Гркот Александрос е 30 метри, а на останатите џуџиња 5 метри. Антиквизација немаше да има ако споменикот на Мегалос Александрос беше 5 метри како и другите и не беше централна фигура. Освен заслугата за уништување на Македонија и за ширење хеленизам, никаква друга заслуга нема поробувачот Алекнсадар Велики. Антиквизација немаше да има ако се направеа споменици и на дарданци, пеонци, тракијци, илири... а не само на антички македони кои освен во Битола и Охрид не стапнале на друга педа на денешна Р. Македонија. Централен споменик среде Скопје требаше да имаат Кирил и Методиј кои се стошер на нашиот јазик и културен идентитет. |
| Velicestveniot, 20.04.2012 02:33:24 | Ete i toa go doziveavme, coveko sto pisuvase pesni za Tito da se proglasi za anarholiberal i zrtva na sistemot!? Bre, sto narod ke bevme... |
| Ljubotan Trade Name, 20.04.2012 04:48:03 | Veruvale il ne ? Deneska go izgubiv ,so golemi Bukvi Kumstvoto.Jas prv go krstiv Aleksandar zvanicno-oficialno -so Ace,zamislete imav kolega Aleksandar Todorovski[Apotrkar] i site Bitolcani go vikaa Cane vo Bg. Deneska nekade procitav deka Aleksandar porano bil skraten na Cane. Zamislete ,pusta moja zaboravnost za mojot kolega Cane! Ama pred moite citateli zvanicno uste sum Kum so Trade name na Svetite Slavjanski Apostoli Kiril i Metodije; Kire i Mende! |
| jimmy1, 20.04.2012 04:55:21 | Di Ilija: Pa kako mozis ti da tvrdis deka 1.400.000 se slavjani. Zarem makedonskite prostori pred da se naselat slavjanite bile prazni, ne ziveel nokoj tuka???? Jas zboruvam licno za mene, jas ne sum nitu slavjanin, nitu anticki, zosto nikoj ne mozi so tocnost da mi go dokaze toa, dali poteknuvam od slavjanski iki od anticki makedonci, mozam samo da kazam deka jas sum cist makedonec so makedonska krv. A ako jas treba da opredelam od koi makedonci poteknuvam, prvo bi rekol od antickite makedonci, zosto Aminta, dedo na Aleksandar e roden vo moete rodno mesto. |
| nacional-patriot, 20.04.2012 04:58:14 | Vo 19 vek,ruskiot konzul vo Bitola isparatil izvestaj do Rusija kade sto napisal deka mnozinstvoto od naselenieto vo okupiranata od Osmanliite Makedonija se narekuva makedonsko i deka Makedoncite za samite sebe velele deka se etnicki Makedonci so makedonski jazik.Makedoncite i pred vremeto na Pulevski i Misirkov si imale svoj makedonski jazik,a ovie dvajca,no i drugi velikani od 19 vek kako Slavejkov jasno kazuvale deka se etnicki Makedonci.Dodeka takanarecenite Bugari imaat drugo poteklo,odnosno mesavina od nekolku(tatarsko,makedonsko,rusko,srpsko...)Takanarecenite Bugari za ime na narod i ime za nivnata drzava go imaat turskoto ime Blgari,ime koe ne e so poteklo od Balkanot,tuku od Azija.Sto se odnesuva za anticka Makedonija,na toa kralstvo severnata granica bila do Veles,a antickite Makedonci ziveele nasekade na teritorijata na denesna R.Makedonija i bile mnozinstvo.Sovremenite narodi, na primer sovremeniteTurci imaat poteklo koe si go neguvaat i ne si go negiraat samite. |
| Istocna Makedonija, 20.04.2012 07:50:58 | Da!Doblesno e,djentlamentski da se prekine
,,duelot,vo koj kolku i da,od pristrasnasnost
zavzemame strana ima epilog.definitiven rezul
tat.Skromna eksplikacija,Pasko i Erol,se egal!
Odigraa borbeno i nekalkulantsko derbi.Tie ne
se slucajni,se kredibilni ii kapacitetni vo svoite
vokacii i ne treba tamu,da si penetriraat,prem
nogu eden na drug!E sega,dali drzat prizemni,
andergraund udari,kako nekoj pisuval pesni za
Tito vo mladostai.Deplasirani se!I denes moze
nekomu da glorificiras,a od nekoja vremenska
disanca,pak da bides anatemisan.O tempora,
o mores,vivat imperatores!Ili,najpoznatiot di-
sident vo povoeniot jugoslovenski komunizam,Milovan Djilas,narativno kazuva
,,Koga bev visoko vo noemnkaturata,zad
Tito i koga palev cigara,deset dusi mi pripaluvaa,koga padnav,istite velea,taka ti treba!Imame slicni egzemplari i nasive,po
tesni-makedonski prostori! |
| Коментатор, 20.04.2012 07:51:04 | Интересно како неколку испрани комунистички мозоци не можат да разберат нешто што е макар и малку покомплексно од црно и бело.Може ли нација да биде покомплексна од да има само еден ген? Нее,никако;-)Ајде најдете една чиста генетска нација,освен мали исклучоци на островски земји како Исланд.Но,нејсе,генетиката една работа,психологијата и културата друга.Да однесиш новородено дете во Финска ќе порасни мислејќи дека е Финец.А кој се Финците? Швеѓани,Руси,Монголи?Или Финци плус од сето тоа помалку?Нациите во Европа последниве 200 години сеуште поминуваат низ “земјотресни” редефинирања кои откриваат колку сме сите смешани.Така, и Македонците, и генетски и културолошки, како не можат (не е прашање на избор) а да не бидат смеса на сите кои живееле на ова тло?Доминантен јазик е со словенски корени, да, и сме и Словени,ама сме и антички Македонци,итд.Како што сме станале дел и од други култури каде останале војските на Александар, и кои се гордеат со тоа.Simple?Или уште не влегува во глаата;-) |
| Nikola, 20.04.2012 08:06:50 | Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| kaznet, 20.04.2012 08:43:39 | Do velicenstv. ako nebese TITO ti deneska ke nosese na tvojata supliva glava Sajkaca. Zasramise pred desata i vnucinata vo kolku gi ima[. |
| mene, 20.04.2012 08:49:43 | A be Pasko! Ne si ti kriv, krivi se ovie sto ti davaat prostor ovde da kazuvas budalastini... eh sto ke pravis i vo Slovenite imalo zabegani- kako tebe Pasko le...!!!
|
| Анархо-либералот Тито, 20.04.2012 08:56:38 | Тој , што му пишувал оди на Тито, да ти биде прикриен анархо-либерал.Паско , заборави да кажеш , уште еднаш, дека и Господ копал со тебе.Навистина,доста е , пресмешен си,можат да ти веруваат само жолти мариовци! |
| risto, 20.04.2012 10:00:12 | E,aj dosta,za da ima nekoj air od tebe,izvolte na niva pa kopaj po cel den.Moze i tvojot sef ce ti dade subvencii za da si kupis traktor.Taka ce bides korisen za ovaa drzava i nema da zimas plata od mene i site drugi so placaat porez u ovaa zemja. |
| ЗЛОПАМПИЛО, 20.04.2012 10:20:14 | Какво лигаво самопосипување со пепел! Како директен учесник и сведок на многу случувања од минатите децении, со пристоен приватен архив со над 2000 документи - оригинали, со непосредно учество во низа некогашни случувања, автор на сите први текстови кои го брануваа Охрид и малку пошироко,претседател на Преродбенската партија од која, за жал, произлегоа многу од постулатите на сегашнава преродба, со обемно досие со романтичен наслов ЕЗЕРО (ех, колку УДБА беше лирски расположена!) со имињата на сите мои драги КОДОШИ - (да ми се живи и здрави - без нив ќе нема што да се прави!) - што се заедно ќе биде објавено во книгата АЗБУКА НА КОДОШИТЕ, сакам само да прашам: КАКО ЗА ТРИЕСЕТТИНА ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ ОД КУМРОВЕЦ ДО ВЕРГИНА И КОЈ Е ГЕНЕТСКИОТ КОД МЕЃУ ТИТО И АЛЕКСАНДАР? И како од одборник на СКМ - ПДП цели шест години се станува ВМРО од 1803 година? Сепак, ова е Македонија - земја на чудата: преку ноќ комунистите се самопрочистиле и станале ВМРО? И затоа, збогум сакана земјо! |
| konsternirani, 20.04.2012 10:40:28 | Pasko Kuzman veli:упорно ти тврдам дека нашиот идентитет е составен од повеќе чинителни сегменти, а не само од словенството... Tuka lezhi celiot PROBLEM na NEDORAZBIRANJETO. Kuzman ne znae ili ne sfakja deka identitetite na celata planeta se sostaveni od povekje chiniteli, no, kako OSNOVA na identitet na nekoja nacija se zema, SAMO EDEN! Nacija e izmislena kategorija, koja BIRA EDEN mit od minatoto kako osnova za svoeto sozdavanje i tolku, tuka zavrshuva sozdavanjeto i ponatamu prodolzhuva so odrzhuvanjeto ne istata. Ako potoa se predomisli i zeme kako osnova drug mit, togash toa NE E ISTATA NACIJA. A. imeno, tokmu toa, vlasta so pomosh na lugje kako Pasko Kuzman, i go pravata na makedonskata nacija:ja razvodnuvaat, ja raznebituvaat,a, za koi celi, oni si znaat |
| pameten, 20.04.2012 10:48:02 | Makedonskiot jazik pripagja na grupata na Juzhnite Slavenski jazici. Kolku se tie? denes nikoj ne mozhe da gi izbroi, no vo pochetokot na 20 vek bile 3 - Slovenskiot (so najmnogu dialekti), Srbo-Hrvatskiot i Bugarskiot. Eve shto pishuva vo 50 eden engleski uchebnik po lingvistika.: Na temelot na nekoi zapadni Bugarski govori, pod silno vlijanie na Srbo-Hrvatskito, e vo proces na formiranje na 4-ti juzhno-Slovenski jazik - Makedonskiot..
Prifakjajki istorijata kakva shto bila nikoj nema da gi negira ni imeto, ni jazikot. Barajki antichki koreni odime vo konflikti i katastrofi |
| Македонец, 20.04.2012 11:04:57 | 2 милиони луѓе во Македонија 2 милиони експерти... сите знаеле историја, а истата само ја изучиле во училиште или само некоја книга, и слепо веруваат на тоа...а дека голем број работи се изоставени таму тоа не ги плаши... па затоа имаме едни кои сметаат дека се антички Македонци други дека сите сме Словени (а никој нема генеалошко стебло кој датира од тоа време), а на крајот може да испаднат истите тие да се потомци на останатите племиња кои биле тука колонизирани од византискиот император... ама кој ги ферма нив, тие исто како да не постоеле и да не се размножувале со другите луѓе кои живееле на истите простори... |
| janevski dragan, 20.04.2012 11:13:53 | bravo pasko,mnogu gi boli vistinata i faktite koi gi prezentirate tie se bogatstvoto na makedonskiot identitet so koi sekoj prav makedonec se gordee,samo prodolzete taka vasata rabota i dela se gordost za makedonscite nasekade vo svetot. |
| Нема ниту еден човек во Грција антички Македонец ама Грк, 20.04.2012 11:58:48 | Не дошле никакви Словени на празен простор, војни и опсади имало а потоа следи мешање на народот. Дел од грчкиве коментари се навистина од луге од грчка амбасада а дел од празноглавци. А во Грција непостои ниту еден човек антички Македонец ама Грк. Докажете тогаш кои денешни Грци се александрови. Ама таму испод Гевгелија се истите луге како тука Македонци Власи Роми Албанци Евреи Турци и др сите асимилирани во Грци. Грците во Македонија се доселени после 1913год. И во Александрова Пела немало Грци а од таму е Мисирков. Воден на Македонците е веднаш до Пела.Има луге што сеуште баратаат со гркосрбоблгарски лаги за македонската историја. Се што е изградено е од Македонија и македонско и јас го сакам и се гордеам. |
| sime, 20.04.2012 12:03:51 | Dodeka celiot normalen svet zivee vo segasnosta i toa zapadot prilicno ubavo nie barame korenivo minatoto.Istorijata i arheologijata se interesni nauki za zabava,a segasnosta e toa sto treba da go ziveeme po mmoznost covecki. |
| Goce USA, 20.04.2012 13:57:05 | Za mene kako laik (iako ne sum) e mnogu ednostavno da si go objasnam potekloto:
Zboruvame slovenski jazik, imame slovenski obicai, tradicija i kultura i licime na SLOVENI! Uste ne sum sretnal nekoj da lici na anticki makedonec (kako i da izgledale) ili da zboruva anticko-makedonski jazik (kako i da zvuci veke).
Zgora na sve mnogu mi e polesno da se identifikuvam so narodi od pred nekolku stotici godini otkolku so onie od pred nekolku iljadi za koi osven dva-tri pisani epitafa i edna-dve sliki na vazni i nemame nekoi podatoci. |
| bitolcanec asli (za zal so MK Pasosh), 20.04.2012 14:05:21 | od site vas takanareceni patrioti veke ni se ima smaceno.Fakt e da vo sred skopje stavivme spomenici na mnogu varvari takanareceni makedonci od koishto deneshniot makedonski narod nema ama bash nishto dobro videno.Tito ni dade prv Republika da si se malku od malku spastrime i organizirame inaku ke beshe od nas pashalok so magarinja.Kiril i Metodij se tie shto malku od malku ne opismenija a cel drug nacionalisticki olosh koj sonuvashe za golema makedonija od ljubljana do larisa za bolnite nepismeni umovi stana tema za razgovor???Decki imame ovde vo shvarcvald edno super hotelce za takvi ko vas i mozete vashite idei,poznavanja i polemiki direktno so kvalifikuvan personal rascistite..zemete go i premierot so vas za da gi plati uslugite,psihijatrija koshta.... |
| napalm, 20.04.2012 14:20:11 | Pasko dosta e, gi budis Makedoncite od 1000 godini cvrst son i normalno e deka se mamurlivi im treba kafe nautro da se razbudat gospodata.Jas sum gord Makedonec so anticko poteklo so dlabok koren vo zemjata toa e mojot identitet koj moite nepriateli sakaat da go iskornat.Nasata majka e razdelena i do den deneska na mojata golema zalost za nea.I nemojte da zaboravite deka bevme ROBOVI vo turskata imperija. |
| marija, 20.04.2012 15:31:49 | Dosle Turci srusile hram, toa ako. Se oslobodile mestanite, no sega ne smeat da vozobnovuvaat. Ima da cuvaat se sto okupatorot zamislil i izgradil, na najsvetite mesta za narodot domoroden. Taka Erol si go zamisluva svetot. Askolsum Efendija. |
| Kocin, 20.04.2012 15:37:43 | До ИЛИЈА и сличните на него. Навистина жалосно и срамно кога самите Македонци не си го признаваат и го негираат античкото потекло на Македонците. За какви Словени, Славјани и глупости на квадрат зборувате. Малку вистинска историја ви треба браќа мои и прст на главата!!! |
| Mike-London, 20.04.2012 16:56:21 | Eeeeeeeeeee Pasko se javi pak za polemika so Erol Rizaov,abe Pasko kaj se mesas so cesni i profesionalni ljuge kako sto e Erol,tebe ti e mestoto kaj ARAMIITE,kaj onie sto kradat se,onie najsitnite aramii(sto kradat staro zelezo) pa do onie najgolemite,vasite od DPMNE,eeeeee Pasko,Pasko Aramija eden neviden.
Muzejot na voda vo Gradiste go cinese 6-8 milioni EUR,mozes Pasko ti da zamislis kolku pari se toa za ona sto e tamo napraveno,so eden zbor GRABEZ Pasko,golem GRABEZ!!!
Ve molam objavete!!! |
| BOEM, 20.04.2012 18:59:47 | Dali nekoj se zaprasal kolku e stara AMERIKA ili AVSTRALIJA, i dali se zaprasal kako ziveat tamu dali ubavo ili loso. Tie zemji dragi prijateli ne se zanimavaat so istoriski gluposti a i nemaat mnogu sto da kazat,arno ama se mnogu bogati ,da ja zememe malce nivnata formula i da gledame vo idninata na nasite deca ostavete gi pra istoriskite dejstvija ,nie sme MAKEDONCI sega i za sekogas vo idninata... |
| Do koga vaka duri se mozi, 20.04.2012 19:52:04 | Bravo Pasko pametnite uvek popustaa jas isto mnogu pametni poznavam mozat da mu skrojat zivot i planovi na sekoj a za ni ne mnogu se bedni................ |
| evropeec, 20.04.2012 20:34:34 | Pasko , konecno si prizna deka ne znaes nisto osven da kopas anticki kamenja. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“ |
|
|