Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
19.04.2012, 17:04

Мислења

Лажни патриоти, доста е!

Гордан Георгиев

Дојде време нашата власт да ја срка чорбата што сама ја подгреваше. И ќе ја срка. Но, за жал, денес цела Македонија, сите граѓани сме во истата чорба

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Се мислев дали да направам репринт на инкриминираната моја колумна „Патриоти, право у Ниш“, колумна којашто беше дочекана на нож од страна на медиумските трабанти на власта, поттикнати од штабот за комуникации и црна пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Во таа колумна, се сеќаваат лажните патриоти од власта, им кажав во лице дека се манипуланти, дека се тоалетна хартија за еднократна употреба, дека пет пари не даваат за успесите на македонските репрезентации во кошарка и ракомет, дека на првата кривина ќе им свртат грб на нашите спортски херои.

Им кажав и дека оние малубројни, но многу гласни лажни навивачи кои, поттикнати од власта и аплаузите на претседателот Ѓорге Иванов да скандираат против „клетите Шиптари“ прават ненадоместливи штети на кревкиот соживот во Република Македонија. Им кажав, многу ги заболе. Денес, кога стивнаа страстите и кога Македонија е соочена со многу тешки предизвици, повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ бесрамно манипулира со спортот, го злоупотребува во популистички цели за да се подзаборави мизеријата во која сите ние живееме последниве шест години.

Да, македонската ракометна репрезентација загуби од Унгарија, Шведска и Бразил и не се пласиравме за Олимпијадата во Лондон. Како на тоа реагираа истите тие медиуми кои мене ме плукаа? По шема, ги исплукаа нашите репрезентативци, еден по еден, тренерот, раководството, сите! Не' исплукаа нас навивачите кои толку искрено и со љубов ја бодревме македонската репрезентација.

За огромна несреќа за сите нас, пред една недела се случи петкратното убиство кај Смилковци. Истите тие малубројни наапани навивачи, кои сложно влегоа во возовите и автобусите платени од власта, кои пееја против „клетите Шиптари“, а Ѓорге им аплаудираше, ги симнаа македонските дресови и се појавија пред Владата на т.н. „мирен протест“. Тука, пред Владата, најодвратно ги исплукаа нашите полицајци извикувајќи им „шиптарска полиција!“, а полицијата, инструирана да молчи, ги пушти да дивеат.

Ајде сега да ги видам „Сител“ и Миленко да направат телевизиски прилози за тоа како треба да се навива за Македонија. Да не пишува Драган Павловиќ патетични колумни за соживотот, бидејќи една колумна не може да ги измие сите пакосни работи што ги има кажано против соживотот во Македонија.

Да, дојде време нашата власт да ја срка чорбата којашто сама ја подгреваше. И ќе ја срка. Но, за жал, денес цела Македонија, сите граѓани сме во истата чорба. Епа, доста е веќе! Страотната трагедија шти ни се случи сите нам преку убиството на петмина луѓе, пукањето во секој од нас поединечно, мора да биде последната лекција за оваа власт.

Премиерот Груевски ни вчера на седницата на пратенички прашања не успеа да излезе од својата малодушна и одмаздничка логика. Замислете, во вакви тешки моменти за македонската држава, ја обвини опозицијата дека правела нереди и подбуцнувала тензии преку организирање на протести пред Владата. Премиере, освестете се, некои од луѓето што Ви беа пред Владата беа истите оние луѓе на кои Владата им плаќаше превоз „по случаен избор“ за да скандираат антимакедонски пароли на спортските натпревари. Да не ја имате сепак Вие мувата на капата? Да не случајно Вие или Вашите луѓе ги организираа и подбуцнаа овие момчиња? Со ваквите скандалозни тврдења, со ваквите лаги, Вие премиере, со ништо не помагате да се расветли случајот со петте убиства. Напротив, само дополнително ја матите водата. Прочитани сте, но овој пат тоа нема да Ви помине. Срамота! Вие и Вашите перјаници сте окупатори во сопствената земја, окупатори на сопствениот народ. А историјата не' учи дека на домашните окупатори им суди народот. Во домашните судови, регуларни или вонредни.

Во целата оваа перверзија, разбирлива е одлуката на премиерот да не ја разреши Гордана Јанкулоска. Во услови на распаднат безбедносен систем, во ситуација кога самата Јанкулоска признава дека не контролира речиси половина од територијата на Македонија (акцијата „Детонатор“), во фактички докажани случаи каде луѓе поставени од ДПМНЕ правеле криминал цели шест години, по грозоморно убиство на петмина невини луѓе, разрешувањето на Јанкулоска ќе биде признание дека секојдневниот страв и несигурност што го трпат граѓаните на нашата држава е резулт��т на свесно поставен (анти)систем од страна на власта. Тоа оваа гарнитура на ДПМНЕ не е способна да си го признае. Затоа одат до крај во легитимирање на системот. Затоа на крајот и ќе заглибат до крај. Јас само се молам да не не' вовлечат сите нас, граѓаните на Република Македонија, во нивниот демонски комар со иднината на државата.

П.С. Она што посебно ме погодува лично е тоа што во скандирањата против „клетите Шиптари“ како подлога се употребува македонската партизанска песна „А бре Македонче“. Велам ме погодува, бидејќи оваа химна на партизанското движење ја напишал мојот дедо Ордан Михајловски - Оцка, кој е убиен кога имал 20 години, во 1942 година, од страна на бугарскиот окупатор. Не можам да верувам дека оваа антифашистичка ода денес, во 2012 година, се користи за стимулирање на нов тип фашизам, несанкциониран и поттикнат од македонската власт.

(Авторот е пратеник и потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 5781 пати.

Испрати коментар



Леснотијата на задолжувањето
Следното чудо е во Струга
Ероле, навистина, доста е...
Олимписки очај



Itar Pejo, 20.04.2012 00:26:40
Sto stana so falangata sto otide vo Geteborg? Ne slusnav deka se vratile. Jas, i site patrioti, ocekuvavme da pominat niz Portata. Barem da razberevme kolku ne cinese nivnoto patesestvie.
Caci, 20.04.2012 00:35:42
Iskreno napisano. Vo ovaa drzava izgleda se e lazno od patrioti, pa se do razni eksperti, pejaci, pejacki, politicari, novinari... Ne mozam da veruvam vo sto ja pretvorija Makedonija. Vaka ne bese porano.
seirdzija, 20.04.2012 00:37:03
Ti razbiras sto sakal dedo ti da kaze???I sto cekas??Ili ti bi da bides konstruktiven,a?U situacija koga lopovi ti se prodavaat za patrioti,koga nemilosrdno ja zadolzuvaat i degradiraat Makedonija,ti i tvojata partija ke ste bile konstruktivni,a?A,bre Makedonce....
jovan, 20.04.2012 00:55:03
Podgreanata corba ke ja srka narodot, a bidejki veke e gladen, ke i se iznaraduva. Tie sto ja podgreaa, ke jadat i pijat vo nekoj luksuzni restorani pokraj nekoj egzoticni plazi. Ke plakaat so parite koj gi sobraa od ovie koj ke i se raduvaat na corbata koja im ja ostavile. Najzadovolni od corbata ke bidat tokmu navivacite-patrioti. Tie i onaka se vecito gladni, pa zivi srekni se ako nekoj im dade gaga sendvic, pivo, avtobuska karta, eve sega ke dobijat i corba. Nevredi bre Gordane veke da se pisuva, nitu pa vredi nie da citame, a uste pomalku pa da komentirame. Golem del od ovoj narod poima nema sto mu se slucuva, nitu pa pamti vcera sto mu se slucilo, a uste pomalku e svesen sto ke mu se sluci. Na vakov narod, site brodovi da mu se potonati, toj ke veruva deka na dnoto ima pristaniste. Nevredi. Sega samo ke te plukaat razno razni prostaci, pardon patrioti. Ostaj narod neka uziva vo podgreana corba. Srekni se i so toa.
USA, 20.04.2012 00:55:41
Ete vi go Ljubco, sudete go. Inaku na tekstov rakopleskaat samo edni isti 12%. Opozicijata voskresna, navistina voskresna.
горан, 20.04.2012 01:13:58
Браво Гордан, прекрасна колумна која треба секој да ја прочита и изанализира, посебно младите, за да рззмислат малку кај ги води оваа власт преку перење на мозокот
Коментатор, 20.04.2012 07:17:51
Каков низок пропагандистички срамен текст. Да се сркало чорба?И кои биле зачините за чорбата? Успехот на спортистите? Едноставно не можам да ја најдам врската како спортистите и навивачите ја зачиниле чорбата? Повеќе од било кои други навивачи во светот? Не се согласувам со само еден дел, стихот за Шиптарите, но ако тоа е целиот зачин за „чорбата„ тогаш некои земји би требало да ги снема од картата на светот. Кој се другите зачини на нашата чорба? Зошто Гордан, освен тој еден стих, цинично, мазохистички, мисли дека сме заслужиле да сркаме чорба? Ааа, да, затоа што не ги бираме, и никогаш нема да ги бираме токму поради вакво ниско и грозно ломотење, безидејност, гола желба за власт,пари, корупција како во нивното време.Затоа што сме останале Македонци, а не Соросоиди.Засрами се од дедо ти, од родителите на убиените деца на кои ти се најде да им квазиобјаснуваш, нелажнопатриотски, зошто ги изгубиле своите деца во време кога ти и такви ко тебе им се, а и нам ни се, најмалку на ум.
GO SAKAM SKOPJE, 20.04.2012 07:34:54
Za vasiot prekrasen tekst Gordane, mnogumina ke go kazat svoeto mislenje so pofalba ili agresivnost. Toa im go ostavam na drugite,a jas samo ke vi BLAGODARAM, sto mi kazavte koj ja naisal partizanskata himna *A bre Makedonce..* ! Vie ste mlad i ne znaete deka toa bese so godini signal na nekogasnoto Radio Skopje. *Abre Makedonce* ne budese sekoe utro; so nego go zapocnuvavme denot,nie decata za na skolo,a roditelite na rabota.Odkako se zabiravi vo modernite vreminja znakot na Radio Skopje kako da se zaboravi deka seedno, dali sme *patriot ili predavnici*deka so*A bre Makedonce * ja gradevme Makedonija po vtorata svetovna vojna i sme so nadez, da ja socuvame i deneska.Uste ednas vi bmagodaram za toa sto ni kazavte. Se nadevam deka i *patriotite* ke go razberat vasiot tekst i porakata.
Istocna Makedonija, 20.04.2012 08:01:17
Gordane,kolku i da si vo pravo,ne briljiraj koga si vo opozicija,a so pretenzija da se osvoi vlasta. Ne barem taka pretenciozno.Sportska komparaci- ja,retko se igra vo evropsko finale,ili se odi na Olimpijada.Da,koga ke bides na vlast,a gi resis siromastijata barem vo tolerantni granici,stecaj- cite,teh.visok,socijalcite,drzava megunarodno ja etabliras,TOGAS si vo finale,ili na Olimpijada.A, sportistite ne se vasi-nasi,tie se NASi-narodni,na site nas!I koga pobeduvaat i koga gubat.Mnogu od nas imaat svoi predci,vakvi,onakvi,neka poci vaat vo mir!Ne mora da sme isti kako potomci!
baze, 20.04.2012 08:42:25
Situacijata vo drzavata e ispustena od kontrola so ovie deca koi mislat deka pravat drzava so nova nacija ke izgubime sve.Sto pobrgu da gi snema podobro za site na celo so pastirot.Dali ke ima mesto vo zatvorite vo RM.
mene, 20.04.2012 08:43:49
Abe USA! Ti si znael procenti?! A bre koga ke ve podbereme nie procentite ne na nacionalisticka, tuku na nacionalna i gragjanska baza, ke vidite kaj ke se najdete. Zarem mislite deka nesto e vecno? Vlasta? There are no such things! ...the time is not important... only the life is important, se veli vo eden AMERICKI FILM... A jas mi ti vetuvam: you will see!
девичанецот, 20.04.2012 08:46:11
Интересно, Гордан си ја воспева сам колумната за која навистина беше исвиркан, а кај Роберт Поповски самиот се препотуваше. Исвиркан од сите..и од своите, не само од противниците и незнам како уште ги нарекува. Заборавеноста и нарцисоидноста е многу лоша работа, Гордане. Кога ќе увидиш, касно ќе ти биде. Спортот си е спорт, ама ти сакаш да го мешаш со политиката. Тоа е лоша работа за еден млад политичар, згора на тоа и претставник на народот во Парламентот.
Jordan, 20.04.2012 09:38:46
Uste edno plukanje vrz Makedonija i Makedoncite!Znaes vaka koga ke se vratite na vlast !Nikogas a mozebi i togas!
ФЕЛИКС, 20.04.2012 10:03:11
А и од ептен вистинските непатриоти кој едно мислат,друго зборат а трето се однесуваат.Па така токму вашиот кампус кој е опериран од елементарниот патриотизам и склон на антинационални компромиси зборуваше по пресовите за меѓунационална толеранција и смирување на тензиите по грозоморниот чин.Е сега сето ова се преточи во пракса кога вашите младинци беа дел од разулавената нацистичка толпа која извикуваше нацистички пароли, напаѓајќи институција на систем плус полицијата. Не се ни трудите да ја објасните оваа испревртена логика на политичко делување,дали тоа значи за вас нормално однесување на она фамозното,,ние сме сериозна партија,,.Затоа мој совет вие зауздајтеги сопствените националистички јуришници па потоа опсервирајте ги другите.
Омар Муса, 20.04.2012 10:20:51
Така е , USA, тие се 12% , баш сега ми потврдија и „Павел Шатев“ и „Димитрија Чуповски“ ! Сита са исти!
do Goran brat na Zoran, 20.04.2012 10:34:05
Ova odlicna kolumna!Neverojatno! Avtorot e povekje pogoden od peenjeto za kleti shiptari odkolku od egzekucijata na pet Makedonci, koi ziveele vo okupacija, od sopstveniot narod!!!Kje gi proglasi li egzekutorite za borci protiv fashizmot!!!!
suratli, 20.04.2012 10:44:28
ne e dosta. da pozajmat uste edna milijarda dolari od dojce banka i ce bide dosta. dobro ajde uste edna za vrabotuvanje na vtorooddelencite od vemereto. p.s. se molat seljacanata od amerikite i od ostrelija da si ja gledaat svojata tragedija i da ne se mesaat vo domasnite raboti.
Libero, 20.04.2012 12:05:50
Bolen si coveku od daleku se gleda sto sakas Makedonija e najsrekna drzava sto ne ste na vlast.Lugeto apsat kriminalci avie plukate kogo go uapsivte vie .Nemase li kriminal vie koga bevte na vlast.Tvojata partija e pateticna isto kako vasiot lider.
Bogomil(ec), 20.04.2012 12:15:45
Колумната не е тирада од лакрдии. Сепак, тоа е најсериозниот новинарски род и оттаму бара исклучителен професионален ангажман, со вокабулар на високофрекфентен аналитичар, креатвни изразни форми, и секако, без ерупција на емоциите. Инаку, се што напишавте е точно. Меѓутоа, има една стара народна мудрост која вели, според која, ,, Кажи му ја на противникот вистината, колку е несправедлив и грешен, но притоа не го именувај со посерко, туку со бисерко,,. Ќе се уверите дека во тој случај и колумната ќего има многу повисокото професионално и етичко рамниште, со ,,поубоен,, ефект кај читателот.
tihi, 20.04.2012 13:06:26
Za dobra chorba ,treba dobar zachin .Piperche e tvojov Gordane.Zaedno kje placheme od luto.
ace, 20.04.2012 13:21:18
abe GORDANE ti pak za lanskiot sneg SAMO POGLEDNI SI JA PARTIJATA I LUGETO VO NEA I FILOZOFIRAJ
do FELIKS, 20.04.2012 13:42:26
Mene mi e milo sto FELIKS si ima rabotno mesto i dobiva plata (za razlika od 32% od narodot), ama mi e mnogu zal sto negovata rabota e na shteta na narodot i drzavata a negovata plata e od nashiot dzeb! Niz nashata istorija od sekogash imalo takvi kako nego a najmnogu sega. Na krajot ke zavrshi isto kako shto zavrshile i tie pred nego.
Simpsonov, 20.04.2012 13:45:16
Prestani da pisuvas.
Vinci, 20.04.2012 13:53:29
Odlicen tekst, koj ja otslikuva surovata i tragicna realnost na naseto ziveenje.Megutoa se dodeka ima dovolen broj isprani mozoci,takozvani patrioti koi ne gledaat ama bas nisto poveke od portokalovata dioptrija, ili toa sto im go prezentiraat (serviraat) Latasi,Mirki,Tomiki,Burekdjii,Nedelkani, pa duri i felikscinja, Gospod neka ni e na pomos......., ne vredi nisto da se objasnuva......., ama i da znaat Gospod e golem........
silvester sidnej, 20.04.2012 14:13:43
Samo vie prodolzete so vasite opstrukcii. Taka ke pobedite na slednite izbiri. Narodot ke ve zasaka poveke. Vi fali uste da gi krivete Makedoncite. Malce e, iako e od vas. A jas tamam si pomisliv deka opozicijata ke gi dobie sledite izbori. Eeee....jazk. Pu pu....
Kemal Ataturk, 20.04.2012 15:26:39
Кај нас неема трте мрте ина само трте
Од мене, 20.04.2012 15:33:10
Заради проклетијата сте и ќе останете опозиција!
bitola, 20.04.2012 15:37:18
Eh Gordane i pak ke izgubite za dzabe pisuvas pogledni gi samo komentarive ne ve sakaat vo bitola nemate asalen kandidat pa ke ste uvezuvale nekoj bitolcanec sto 40 god zivee vo sk bruka aj na zdravje poraz,a bitola vie reper da si znaes.
Боро, 20.04.2012 16:40:54
Дај бре забранете му на овој да пишува колумни. Ќе ви ја дозакопа партијата. Колку и да му се точни и на место колумните мора да ги извалка со патриотизам, спортисти, навивачи и сл. Остави ги бре луѓето да си бидат патриоти, бркај си ти твоја работа. Толку ли не можеш да сфатиш дека има луѓе кои си ја сакаат својата држава без разлика кој од вас морони е на власт. Ти ли ќе не учиш што е патриотизам?
LKM Stockholm, 20.04.2012 18:51:49
Avtorot e vo pravo sto se odnesuva do sodrzinata na tekstot. Seto toa e vistina, no se slozuvam so komentarot na Bogomil(ec), vokabularot treba da e dobro promislen - da ne se napaga protivnikot so navredlivi zborovi, no argumentirano, za da dobie tekstot i avtorot na tezina. A sto se odnesuva do pesnata A bre Makedonce Vi blagodaram sto mi stavivte do znaenje koj ja napisal pesnata so koja rastev i od srce ja sakam. Se gordeev so zemjata vo koja ziveev, koja mi ovozmozi kvallitetno a besplatno obrazovanie od osnovno uciliste do fakultet i mi gi otvori vratite vo svetot....A potoa pocna vojnata na Balkan i podocna kaj nas vo Makedonija.... Sega ziveam vo evropska zemja kako ramnopraven akademski graganin . Na Vasiot dedo i partizanite vecna im slava, mnogu mladi luge kako nego zaginaa vo antifasistickata borba so ideali za pocovecko opstestvo. No mislam deka balkanskite zemji vakvi kavi sto se sega ne gi zasluzuvaat nivnite zrtvi.
marjan, 20.04.2012 20:50:52
Nemozam da gi svatam lugevo sto se protiv ovaa kolumna i sto gi opravduvaat site ovie od vlasta svestete se lugeeeeeeeeeeeeeeee.Dobro luge neli ste svesni sto vi se slucuva vo drzavava ili ziveete vo nekoj virtuelen svet.Ajde da zboruvame za ubistvoto na Neskovski katastrova kako moze ministerstvoto da laze a ministerkata da ne si podnese odgovornost od pricina sto istoto ubistvo se slucuva na proslava na nejzinata partija onaa koja ja stava na taa pozicija.Ajde da mu odgovaram na eden od ovie sto pisuvaat komentari vo vrska so detonator.Ako ministerkata apsela kriminalci da ve prasam ama iskrajno da mi odgovorite? koj gi postavi tie kriminalci na taa pozicija i pritoa seto ova se slucuva vo poslednive 4 god.a poslednive 6 god se dpmne na vlast.I vo vrska so petkratnoto ubistvo nema nikogas da go otkrijat oti pravite kadri sto rabotea vo mvr so fakulteti koi odgovaraat na taa profesija sega site se smeneti i predvremeno penzionirani , za da na nivno mesto postavime ispektori so sredno.
Горан, 20.04.2012 21:11:56
Гордан, ајде објасни ни, како на деца од прво одд. што значи за вас од СДСМ неселективно апсење. Треба да си поднесе оставка министерката оти уапсила членови на ВМРО ДПМНЕ што направиле криминал ????? А за останатите уапсени што ние во Кочани ги познаваме а ви беа обезбедување на сите ваши митинзи во Кочани ни збор немаш да кажеш. Заради ваквите спинови и манипулации кои се специјалност на вашата партија уште долго време ќе си останете во опозиција.
toni, 20.04.2012 22:09:39
so ovoj li ke go brkame Nikola od vlast ?? dedomu 1942 bil ubien od bugarskite kleti porobuvacki antikomunisticki fasisti--skroz e odlepen--pa da mu kazam deka mojot dedo e ubien od negoviot dedo bidejki bil antikomunist i ne gi obozaval mnogu srbomanite kako nego i negoviot dedo---bog da cuva pu pu pu -ovoj ke vodi partija i drzava
навивач, 20.04.2012 23:21:19
Да победевме во Шведска, ќе беше поинаку. Но, изгубивме. Не знам што не му е јасно на авторот. Изгледа тој не ги гледал натпреварите. После тие срамови што ги напиша пред некој месец, најдобро е да не пишува за спортот. Нека не ја меша политиката во спортот.
Редовен читател, 21.04.2012 00:04:15
Нема повеќе патриоти во политичарите, нив можете да ги најдете и тоа ретко само меѓу обичниот народ. Од патриотизмот не остана дури ни буквата П. Се е интерес, другото е голема лага. Кога некој политичар ти вели дека, Илирида е реалност, а до вчера ти продавал лажен патриотизам, тоа е болно. За жал тоа го има.
патриот по потреба, 21.04.2012 01:38:08
Ах бе Гордане........зар не гледаш дека ги има,,доста,,кои алергични се на комуњарите што ја оформиле оваа државичка за да во неа живеат ,работат и творат чесни и лојални граѓани.Џабе се трудиш на Букефал,Радев,оние што прво вработување му е владата!!!! и плеадата со двојни пасош .......да ги убедуваш дека треба негување соживот......чување на татковината како зеницата на окото свое(Тито)......итн,итн......неизживеани и недораснати лигуши.......господ нека ни е напомош!!!!!!.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |