Алкохолните пијалоци во продавниците од денеска повторно може да се купуваат само до 19 часот, место до 21 часот како што беше до вчера. Според законските одредби, продолженото време на продажба важи од први мај до први октомври.
За тие што нема да го почитуваат Законот - предвидени се високи казни.