Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Менаџери

Музички спин-доктори

Зад успехот на големите светски ѕвезди секогаш
стојат големите менаџерски умови

Александар Митевски

Која е таа икона што стои зад ѕвездите и се нарекува менаџер? Обично за нив се вели дека се ѕвезди зад ѕвездите и како што стојат работите обично во музичката индустрија, тие земаат 15-20 проценти од добивката за своите услуги (се разбира, некој помалку од тоа а некој и повеќе, во зависност од договорите со ѕвездите и нивниот ефект во кариерите). Во некоја рака менаџерот е коинвеститор и човек што верува во талентот на одредена ѕвезда и со бори за неа до ѕвездениот пиедестал. Секогаш е вистинска бркотница за менаџери, кои се вистински имиња во музичката индустрија, се докажале многукратно и кои имаат голем број контакти и познанства во музичкиот бизнис. Менаџерот обично оформува комплетен професионален пакет од ѕвездата кој го продава на издавачките компании, договара музички настапи и организира концерти. Менаџерскиот тим што стои зад ѕвездите се грижи и за сите финансиски и административни работи, како што се договори, снимања, односите со јавноста и медиумската покриеност, водење сметка за авторските права и, секако, секојдневна музичка промоција. Моментално има голем број случаи кога еден менаџер е посветен само на една музичка ѕвезда �� нејзината кариера, но се' почест е случајот кога одредени менаџерски авторитети ги раководат музичките кариери на соло-артисти, а во исто време водат и бендови и диџеи. Не ретко нивната улога се продолжува со прифаќање повеќе обврски како и својство на прес-агент, промотор, таканаречен букинг-агент, бизнис и менаџер на турнеи, а понекогаш поради блискоста со ѕвездите се и нивни лични асистенти.

Како најекспонирана менаџерка на нашата најголема музичка ѕвезда и легенда Тоше Проески јавноста ја запозна менаџерката Лилјана Петровиќ, која се грижеше за неговата кариера по прекинот на соработката на Тоше со продукциската куќа „Авалон“. Земајќи го под капата на „Фајнал кат продакшан“ и подоцна „Аворд“, Петровиќ успеа да го доведе Тоше до брилијантна балканска кариера со огромен успех зад себе. Таа беше со него до моментот на кобната несреќа во 2007 година, ги вршеше речиси сите работи поврзани со кариерата на младиот вонсериски пејач и се обидуваше да ја започне прогресијата на неговата кариера надвор од балканските граници.

Менаџерските и продуцентски тимови се разликуваат во многу работи кај нас и во светот, па така би направиле една мала прошетка и запознавање со креативните луѓе што стојат зад успехот на моментално најекспонираните светски ѕвезди или барем мал дел од нив. Не залудно ги нарекуваат ѕвезда зад ѕвездата или луѓе што од ништо создале нешто, алудирајќи на вртоглавиот успех на нивните ѕвездени клиенти и нивните вистински потези во вистинско време.

Таков е случајот и со огромната поп-ѕвезда Лејди Гага, која живее и твори во голем комфор создаден од нејзиниот креативен и менаџерски тим, кој мисли за неа за секоја ситница, иако мора да се признае дека и таа е активно вклучена во креативниот дел од создавањето на нејзиниот популарен имиџ, стил, музика. За неа велат дека веднаш штом ќе се разбуди наутро, ја пречекуваат десетина лични стилисти и дизајнери на кои им вели: „Готова сум со појадокот, ајде сега облечете ме“. Таа го крена на огромен пиедестал во јавноста својот голем креативен тим наречен„ Хаус оф Гага“, составен од креативниот директор Метју Дада Вилијамс, менаџерот Трој Картер, кореографката Лори Ен Гибсон, стилистот Никола Формикети, менаџерот на турнеи Венди Мори и еден куп танчери, фризери и мејкап-генијалци. Компанијата што ја издава музиката се нарекува „Хаус оф Гага паблишинг“ и ја води нејзиниот татко, но, сепак, човекот што ги влече конците е, сепак, нејзиниот менаџер, цромурниот Трој Картер, кој е големиот ум зад познатата пејачка. Тој започна со менаџерското дејствување од 1995 година во славниот Бед Бој Ентертејнмент со Шон Диди Комбс се' додека не ја отвори сопствената „Коалишн медија гроуп“ во 2007 и не ја запозна неговата муза Лејди Гага во која го најде сето она што недостигало во светот како музика и појава. Според него, таа е вистинска инспиративна икона, која е вистински воркохолик, никогаш не зема паузи или слободни денови, секогаш има нови идеи и сака постојано да работи на себе. Таа е моментално најголемата поп-ѕвезда на денешницата, секогаш препознатлива и пример за многу нови артисти и вистинска стилска икона. Иако таа е бесрамен егзибиционист кој не се плаши од нови авантуристички потези, но таа е вистински магнат за себе промоција и многу успешно го прави сето тоа. За таквата нејзината поставеност и огромниот вртоглав успех (покрај нејзиниот огромен талент и хитовски нумери) најзаслужен е менаџерот Трој и ворхоловската екипа на Хаус оф Гага која понуди еден сосема нов концепт на музичката сцена, кој остава без здив.

Менаџерот или човекот што стои зад менаџирањето на кариерата на црномурната убавица со моќен глас Бијонси е токму нејзиниот татко Метју Ноулс. Стариот Метју долго време се занимава со кариерата на својата популарна ќерка, но во последниот период се појави информацијата дека таа го отпуштила поради еден ексцес што одекна силно во јавноста. Наводно, една од танчерките во концертната формација на Бијонси го тужеше Метју дека, наводно, сексуално ја искористувал и и' направил бебе по што Бијонси се одлучила за таков чекор и го тргнала од својот тим. Сепак, најверојатно, сите обвинувања се основани и тој навистина е татко на детето на Александра Рајт и долго време Бијонси одбивала да зборува со него. Нејзината издавачка компанија се загрижила за нивната криза и како тоа ќе се одрази врз нејзината кариера и како тие ќе функционираат како тим, но стариот Метју ги уверил дека тој е вечен менаџер на неговата ќерка и дека се' ќе функционира беспреко��но. На времето тој ја напуштил својата сигурна работа во Ксерокс за да биде менаџер на групата Girl's Tyme на неговата ќерка која прерасна во Destiny's Child. Тој работеше и како продуцент и извршен продуцент на речиси сите нивни проекти, потоа продолжи да работи на успехот на соло кариерата на Бијонси, а минатата година и го продуцираше филмскиот трилер Obsessed во кој глуми Бијонси.

Зад вонсерискиот и вртоглав успех на малиот Канаѓанец Џастин Бајбер и неговиот пат од „Јутјуб“-клиповите, па се' до ѕвездениот покрив на светската музика е токму Скот Браун или Скутер како што често го нарекуваат. Овој американски менаџер, кој моментално е посветен на кариерата на Џастин досега бил поврзуван со многу хип-хоп артисти меѓу кои и Снуп Дог, како и пејачот Кевин Федерлајн. Токму тој е човекот што го пронајде малиот Џастин на клиповите, кои тој ги поставуваше на „Јутјуб“ во 2007, му воспостави контакт на младото момче со својот идол Ашер и стана негов менаџер. Овој евреин, кој живее во Атлана работи со светлосна брзина на популаризирањето на младиот пејач и танчер и резултатите се евидентни. Токму последниве денови тој успеал да стапи во контакт со популарниот актер Вил Смит и му договорил голема улога на младиот Џастин во неговиот најнов филм што доведе до вистинска експлозија кај неговите фанови. Благодарение на Скот малиот Џастин со само 16 години заработува по 300 илјади долари од еден настап. Тој, веројатно, не ни можел да сонува дека ќе му остварат сите желби и за кратко време ќе биде во едно такво опкружување. Негов голем пријател и човек што веруваше во малиот Џастин од почетокот беше Аше, кој е вистински протеже на Џастин во последните две години откако се запознаа. Ашер е бизнис-партнер со менаџерот на Џастин, Скоти, и заедно ги влечат потезите околу кариерата на талентираното момче.

Огромен успех во светската музика направи и несекојдневната англиска домаќинка Сузен Бојл, која продаде повеќе од 9 милиони копии од својот деби-албум I Dreamed A Dream, нешто што никој не го очекуваше. Таа со овие продажби само од албумите заработи повеќе од 10 милиони фунти, но има договор со својот менаџерски тим, кој не и' ги дава парите за да раководи со нив. Имено, таа не смее да располага со големи пари и не смее да повлекува големи суми пари преку кредитни картички, затоа што за нејзиното богатство се грижи исклучиво менаџерскиот тим. Таа неделно добива околу 300-400 фунти, а за поголеми суми мора да разговара со тимот. Оваа ѕвезда на шоуто „Британски талент“ има такви договори поради нејзината наводна емотивна нестабилност и неможноста на моменти да ја оценува фактичката состојба и да раководи со големи пари. Сите мислат дека заслужен за големиот успех на Сузен е Сајмон Кауел, кој, фактички, ја промовираше пред камерите, но, сепак, тоа е Енди Стефенс, човекот што ја откри или ако сакате повеќе, ја вообличи кршливата домаќинка во светска ѕвезда, која со својот разорувачки вокал може да се носи со предизвиците на музичката индустрија. Овој музички ветеран раководеше и со кариерата на Џорџ Мајкл низ повеќе кризни периоди и ѕвездени моменти, а сега е на чело на компанијата Team SuBo, мешавина на истакнати експерти од индустријата и луѓе од потесното семејство, чија задача е да управуваат со кариерата на 48-годишната Бојл, која треба да заборави на се' околу неа и да се фокусира на пеењето. Велат дека Енди е вистинскиот лек и сродна душа за исклучително фрагилната и емотивна персона на Сузен што е клуч за нејзиниот успех и стабилност.

Кога поседувате албум од Еминем што е продаден во повеќе од 30 милиони копии тогаш сигурно на каверот стои името на неговиот долгогодишен менаџер и пријател Пол Розенберг. Овој вонсериски менаџер од Детроит и човек што длабоко е вкотвен во музичката индустрија е верна сенка и ангел-чувар на Еминем уште од 1997 година. Значи тој е човекот што е цели 13 години со белиот рапер и поминал низ сите негови ѕвездени мигови, главоболки, напади, огромни контроверзи, битките со дрогата и огромните заработки што го следеа еден од најпродаваните продукти на 2000 година. Пол, покрај Еминем, успешно ги раководи и кариерите на „36 Мафија“, „Кнукс“ и поп-панк бендот „Блинк 182“. Од 1999 година тој е коосновач на познатата етикета на Еминем „Пејди рекордс“ и е негова потпора уште од првиот ден, неговите огромни падови и ѕвезденото враќање на Еминем во денешницата.


#
Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars