Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Лице од насловната страница

Најубавата жена на светот

Актерката Кристина Хендрикс ја сакаат мажите, но и' се восхитува и понежниот пол

Бојан Шашевски

Годинава американското машко списание „Есквајр“ реши да потпраша илјадници луѓе за да дознае која е, всушност, најубавата жена на светот. Сосема убедливо на крајот од гласањето на врвот се најде Кристина Хендрикс, бујната актерка од актуелната „Момците од Медисон“, драмска серија која собра повеќе ТВ-награди „Еми“. Црвенокосата зад себе ги остави Адријана Лима и Меган Фокс, немилосрдно привлекувајќи ги мажите, но и значителен број обожавателки.

Полу Британка, полу Американка, Хендрикс е родена во Ноксвил, Тенеси, но израсна во Твин Фолс, Ајдахо. Во училишните години почна да се интересира за актерството, па откако се запиша во јуниорска музичко-драмска компанија, професионалната кариера и' тргна со улогата во мјузиклот „Брилијантин“. По краток период ја забележаа телевизиските продуценти. Нуркаше низ епизодни улоги во серии како „Големи времиња“, „Судот“ наспроти Сели Филд, заземајќи победнички позиции во хитовите „И-Ар“ и „Барска мушичка“. Играше и во независни филмови, но улогата на менаџерка на рекламна агенција во „Момците на Медисон“ ги залепија гледачите пред ТВ-приемниците.

Сексапилната, таинствен��, духовита Хендрикс за медиумите изјави дека е прилично вешта во нагласувањето на сопствените атрибути, но и на сето она за што другите ќе и' се воодушевуваат. Таа од 2009 година е во брак со актерот Џефри Аренд. На прашањата како се чувствува како најсекси жена на светот, Хендрикс сосема смирено одговори: „Не треба жените да работат на својот изглед, треба решително да работат и да ги убедат луѓето околу себе дека се секси. Јас доволно работев. Иако сум русокоса, уште на десет години ја зацрвенив косата. Во ресторан секогаш нарачувам виски и им одолевам на машките погледи. Иронично или не, мажите што константно се загледуваат во женските гради се оние на кои сме алергични. Никогаш не ме привлекувале такви мажи“, рече актерката.

Енормните гради, младешкиот изглед и преубавото тело и' донесоа понуди и за голем број идни високобуџетни филмски остварувања. Останува да видиме колку 35-годишната Кристина Хендрикс ќе успее да се справи со озлогласената холивудска машинерија...

 


#
Статијата е прочитана 1958 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 01.10.2010 15:57:14
zarem ovaa e najubava zena?!koj li e kriteriumot?!i koj go vospostavuva?!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars