Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“

Нема конкретен одговор од Владата, туку велат дека станува збор за суптилно прашање, а не за обични набавки

Соња Маџовска
Маја Томиќ

Нема политичка волја да се инвестира во Министерството за одбрана, затоа и се пропушти шансата компанија, како што е „Џенерал дајнамикс“ да влезе во Македонија, велат поранешни министри за одбрана. А, од Владата нема конкретен одговор зошто и после две години се игнорира интересот и желбата на петтиот по големина производител на одбранбена опрема во светот да инвестира во земјава.

Вчера во телефонски разговор владиниот портпарол Мартин Мартиновски кусо ни изјави дека станува збор за многу суптилно прашање.

„Планот и набавката на воена опрема ја врши строго Министерството за одбрана во соработка со Генералштабот. Станува збор за сензитивни информации, не за обични набавки, се работи за безбедност“, изјави Мартиновски.

Тој не' упати на Министерството за одбрана. Но, оттаму добивме уште поформален одговор. „Министерството за одбрана набавува воена опрема согласно планот за набавки и согласно потребите на АРМ.

Станува збор за процес што е претходно дефиниран и кој се реализира согласно постоечките закони, а е во насока на потребите на АРМ и на Министерството за одбрана“, одговорија од ова министерство.

Објаснува��ето пак, од кабинетот на министерот за странски инвестиции, Веле Самак, е дека тој е подготвен да зборува за оваа инвестиција, но поради посетата на САД и неговиот ангажман таму во моментов, тоа ќе го стори дури следните денови. Всушност, тој во овој случај е најповикан да даде одговор што станало со разговорите со „Џенерал дајнамикс“ и зошто нема решителност во Владата да се продолжи почнатиот процес за оваа оф-сет инвестиција.

Инаку, оваа компанија уште во април 2008 година направи голема промоција во земјава. На неа присуствуваа премиерот Никола Груевски и носителот на проектот, министерот Веле Самак, кој беше директно вклучен во организацијата и промоцијата, како и во разговорите со првите луѓе на „Џенерал дајнамикс“ во земјава.

Зошто целиот процес се изјаловил, не дава конкретен одговор, ниту поранешниот министер за одбрана Лазе Еленовски.

„Оваа компанија имала разговори со повеќе македонски влади. Кога јас бев министер за одбрана, имав средба со првите луѓе на ’Џенерал дајнамикс‘ и тука, и во Лондон. Тие тогаш ни ги претставија нивните можности, но тендерот за оклопни транспортери никогаш не го распишавме. Немаше политичка волја за тоа. Владата и сега не мисли дека ја загрозува позицијата на армијата, а во полицијата наголемо се вложува. Се зголемува буџетот на Министерството за внатрешни работи, на сметка на буџетот на Одбраната. Тука има огромна диспропорција. Тоа го нема во ниту една држава чиј главен приоритет би требало да биде членството во НАТО. Сите се правдаат со кризата, но со преговори можат добро да се изведат работите. Треба да се има идеја и визија, а не ад-хок да се одлучува кои се приоритетите“, изјави Еленовски.

Тој не открива повеќе детали зошто и за време на неговото министерување не се распишал овој тендер за производство на оклопни транспортери, иако имало потреба од тоа. Нагласува дека по вонредните парламентарни избори во 2008 година не влегол во новата Влада и не знае што се случувало во меѓувреме.

Според него, одбраната во последниве години е ставена во сенка на полицијата.

„Во Министерството за одбрана не е реализиран ниту еден стратешки проект за модернизација на опремата, што би требало да биде во согласност со обврските преземени со НАТО. Не станува збор само за нереализирана соработка со ’Џенерал дајнамикс‘, туку воопшто за неинвестирање во модернизација на армијата, што може да ја загрози нејзината основна функција. Не е купен ниту еден оклопен транспортер, не е обновена телекомуникациската опрема, а ако ништо не се инвестира системот пропаѓа“, вели Еленовски.

Дека „Џенерал дајнамикс“ не се откажал од желбата да инвестира во Македонија, потврди за нашиот весник Виктор Јацковиќ, поранешен амбасадор на САД во Словенија, советник и претставник на неколку американски компании за производство на воена опрема во регионот. Меѓу нив е и „Џенерал дајнамикс“. Тој потенцира дека целата работа извисила во 2008 година поради тоа што Владата, односно Министерството за одбрана, не распишало тендер за производство на воена опрема, а доколку има тендер, тие се подготвени да инвестираат во Македонија.

Се смета дека оваа инвестиција ќе имала големо значење за земјава ако се земе предвид фактот дека станува збор за оф-сет инвестиција. Што значи дека, колку оваа компанија ќе произведува во земјава, во толкава вредност ќе има обврска да откупува македонски производи и да ги продава надвор од земјава. Инаку, според најавите од пред две години било предвидено ЏД да биде лоцирана во кругот на некогашната фабрика „Металски завод - Тито“, каде што требало да се одвива производството.


#
Статијата е прочитана 2177 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 01.10.2010 12:46:41
Никој до сега нема прашано,што бидна со Џонсон Контролс.Колку вработени има и колку ги плака?Дали државата за нив сеуште троши пари за нив.Ништо од магистарскиот труд за привлекување странски инвестици.Само за спортски терени и споменици сме мајстори.Сите сакаме да се култивизираме да знат дека сме културни.А и спомениците ке останат вечни.Нели парите се трошат а не е важно како ке ги потрошиме.Сигурно промоторите се пратени по грешка да се фотографират со споменици.
Од: Risto Gushterov
Датум: 01.10.2010 14:09:32
A be Trpe ne tuku lupetaj ,tuku pobaraj dozvola od Johnson Controls da ja posetis nivnta fabrika vo slobodnata ekonomska zona vo Skopje za da posle toa nosis nekoj svo zakljucoci. Samo na toj nacin ke mozes da bides interesen za da nie citatelite ti posvetime poseriozno vnimanie.
Од: Ranko od Puzderci
Датум: 01.10.2010 15:39:42
Postovani dru e RISTO Gusterov kooga ste veke tolku iscrpno navlezeni vo ovaa investicija, sto ne kazavte KOLKU NARODNI PARI se vlezeni (DONIRANI) vo ovaa stranska investicija kako, sto bi rekle kumanovci, DODATOK NA SKUPOKA!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars