Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Репортажа

Дојран го чека возот за Грција

Фабриката „Дојран стил“ сака да изгради пруга до Грција со свои пари. Атина молчи за оваа понуда. Пруга во Дојран имало уште во 1884 година

Димитар Чулев

Доjран - „Пругата мора да ја биде“, вели Михалис Костатиниду, извршен директор на „Дојран стил“, фабрика за преработка на градежно железо во Македонија и една од најголемите на Балканот. „Дојран стил“ е само дел од поголемата групација „Сидерон“ со седиште во Софија, кој беше откупен пред три години како дел од стратегијата на ширењето на бизнисот на оваа атинска компанија на просторите на Балканот.

Дознаваме само „Никшиќ“ од Црна Гора, „Стомана“ од Бугарија, „Зеница“ од Босна... можат да се носат со капацитетите на производителот од Дојран. Поранешен „Николферт“ премина во 2006 година прво под наем, а потоа грчките бизнисмени сфатија дека овде лежи вистинско богатство. Од тие причини, тие се сега подготвени да фрлат милиони евра за железничко поврзување на Дојран, фабриката во Николиќ со останатиот дел од светот.

„Ние сме подготвени да го сториме тоа, сега чекаме Грчката национална железница ОСЕ да го стори својот дел за докомплетирање на железничката пруга, која ќе биде со вкупна должина од само 8,8 километри. Тоа за нас како производители во фабриката, која вработува 170 луѓе и која годишно преработува 170 илјади тони челик, во старт ќе значи кратење на трошоците за 10 евра по тон. Замислете - вели Костатиниду - со тие 8,8 километри ние го врзуваме ’Дојран стил‘, но и Дојран како град, до Европа, лево од пругата одиме кон Софија и кон Романија, десно одиме кон Солун, пристаништето и кон железничкиот коридор 10, кој станува многу актуелен особено по поврзувањето на земјите од бивша Југославија на овој план“.

Михалис Костатиниду е отворен за муабет. Зад неговата корпулентна става, сината коса, костенливи очи, екипата на „Утрински“ откри човек, кој навистина е посветен на бизнисот и кој тврди дека политиката треба да го следи. „Овде беа премиерот Никола Груевски и македонските власти, колку што знам, од 2007 година се посветени да не' поддржат во идејата да го врземе ’Дојран стил‘ со грчката железница. Неодамна се сретнав и со министерот Антонио Милошоски во Охрид, кој ми кажа дека Македонија ја турка идејата за отворање железнички граничен премин кај Дојран (покрај постојниот патнички - н.з.), меѓутоа, дека таа работа не оди лесно и дека македонската страна врши притисок за отворање нов граничен премин и во Преспанско на потегот Маркова Нога - Агиос Германос“.

Љубезен до бескрај и срамежлив дека по четирите години поминати во Македонија знае да чита на македонски, меѓутоа, се срами да говори за да не прави грешки, Михалис Костатиниду, металуршки инженер по професија, не' поведе со него во возило до најблиското место до каде што дозволуваше патот за да го видиме евентуалниот идеен железнички премин меѓу Македонија и Грција. Патот е очаен, две возила не можат да се разминат, оди веднаш до езерото и се спојува со водата, трската и бујната вегетација. Во еден момент моравме да се враќаме дури 300 метри назад, бидејќи немаше место каде да се заврти автомобилот.

Идејата на „Дојран стил“ им била предочена на македонските власти во 2007 година, една година откако „Сидерон“ од Атина го ренташе производствениот капацитет „Николферт“, кој премина во бугарски раце, и на крајот заврши како една од посериозните грчки инвестиции во Македонија. Македонската Влада уште во 2007 година го разгледа тој проект за поврзување на фабриката до грчката железничка пруга од таа страна во должина од 8,8 километри, ја усвои на седница и ги задолжи МНР, МВР и Министерството за транспорт и врски по позитивното мислење, да преземат директна иницијатива.

Иницијативата по дипломатски пат беше пренесена на грчка страна. Барањето грчката страна да почне да го разгледува евентуалното отворање нов железнички граничен премин (покрај постојниот патнички), кулминира со писменото обраќање на министерот Милошоски до Дора Бакојани од 18 септември 2009 година. Немаше одговор.

На 20 септември оваа година, со допис до канцеларијата за врски на Грција во Скопје уште еднаш е потсетено за значењето на овој проект. До економско-трговскиот советник Атанасиос Макандреу беше испратено писмо. Нема одговор како што нема одговор ни на писмото што го испрати министерот Милошевски до грчките колеги за конечно отворање на проектот Маркова Нога - Агиос Германос. „Владата и ресорните министерства покажаа политичка волја и дадоа позитивно мислење за оваа иницијатива.

Оттаму МНР во неколку наврати се обрати до грчката страна со цел да бидат преземени сите неопходни мерки што поскоро да се реализира проектот. Цениме дека отворањето железнички граничен премин кај Дојран ќе биде значаен придонес во подигнувањето на нивото на локалниот бизнис, но ќе претставува и дополнителен импулс во градењето добрососедски односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, ни изјави Петар Чулев, портпарол во Министерството за надворешни работи. „Нашата идеја е додека траат преговорите околу разликите за името, тоа не треба да претставува пречка за унапредување на билатералните односи од кои корист ќе имаат жителите од двете страни на заедничката граница“.

Милан Аризановски, десна рака на Михалис Костатиниду, кој десет години работи во фирмата, вели дека би било штета не само за „Дојран стил“ туку и за Дојран, кој засега претставува сообраќајно слепо црево во Македонија. „Ние овде произведуваме илјадници тони, но фабриката не може да се развива натаму доколку тие тони ги превезуваме со камиони по патишта, кои не се соодветни. Железничко поврзување само со пристаништето во Солун драматичн�� би ги намалило и цените што сега ги плаќаме за претовар на арматурата од камиони во железнички вагони, кои натаму одат во светот“.

„Кога е чисто небото и мирно Езерото, особено навечер, можеме да го видиме возот“, вели Никола Поп Кочев келнер од ресторанот “Фук-так“. Работи две години во кафеаната и знае многу за блискоста која постои меѓу луѓето од онаа и од оваа страна на границата. Вели дека нема ден „Фуктак“ да не биде посетена од грчки туристи кои доаѓаат овде не само затоа што им е евтин туку и поради тоа што во Дојран можат да најдат квалитетна храна. „Печен крап чини 300 денари, сом е 400, а салата за тројца е 300.

Глигор Чабулев, градоначалникот на Дојран, не е многу среќен со туристичката жетва годинава. „Не можете да е потпирате на сезона од еден месец или два - вели Чабулев. А и не сакам да додевам со бројки дали Дојран доби нешто повеќе од изминативе години. Ние во градот во локалната самоуправа размислуваме подлабоко. Имаме проекти, кои се надеваме ќе бидат реализирани заедно со нашите грчки колеги од таа страна. Од европски фондови за оваа година добиваме 750 илјади евра, а идеја е да развиеме производство на суптропски растенија: калинки, зелена смоква, маслинки...

„Ова не е идеја, вели Чабулев, имаме проекти за изградба на фабрика за смокви и за кондиторски производи каде што би се обработувала зелената смоква, која има специфична арома и многу е барана во светот“. Чабулев вели дека во изминатите

20-ина години „како да падна духот кај народот“, како што паѓаше и езерото од 1988 година кога нивото почна да се намалува. Дали поради грчка или хидролошка вина, не е битно. Луѓето едноставно изгубија интерес да прават бизнис овде.

Ни вели 176 хектари Општината се обиде да ги даде под концесија. „Ако ви кажам дека се пријавија многу малку - или четири или пет - нема да ве излажам“. Чабулев смета дека кај дојранчани мора да се гради свеста дека од оние не толку многу туристи што доаѓаат, сепак, треба да се пријавува и да се плаќа туристичката такса од која локалната самоуправа ќе гради тротоар, пат, улица, ќе засади дрво, ќе направи канализација. Има интерес, а во новата населба „Карачо“ на влезот на Стар Дојран, повеќето од 47 плацови за индивидуални куќи се продадени предвреме. Дојран треба да сфати дека тоа се проекти што „треба ние сами да ги завршиме“.

Пругата што ќе ја гради „Дојран стил“ ќе претставува уште еден коридор кон соседите од таа страна на границата, бидејќи, вели Чабулев, добил лично уверување од газдите на фабриката дека тие ќе инвестираат во пругата, а придружната инфраструктура лево и десно од пругата ја остава на Општината, на бизнисмените од Дојран, и на сите оние што мислат дека можат краткорочно да вложат и долгорочно да профитираат од Дојран кој ќе престане да биде езеро на крајот од државата.

Значењето на „Фук-так“

Чекаме прием и кај градоначалникот на Дојран, Глигор Чабулев. Заедно со колегата фоторепортер седиме во едно од најкултните места во Дојран, кафеаната „Фуктак“. Говориме гласно, се преиспитување околу проблемот со пругата. Ни приоѓа келнер и вели: „Дојран имаше пруга уште во 1884 година“. Шокирани сме, а тој не' повикува да го видиме муралот на ѕидот од кафеаната. Во наивен стил нацртано е нешто како воз, со некои вагончиња, со луѓе облечени во народна носија. До крајот на Првата светска војна Дојран се викаше Полин и има логика зошто таканаречениот Солунски фронт тргнувал од Битола и завршувал крај Дојранското Езеро. Таму можело со возови да се носи воена опрема и војници на боиштетото.

Никола Поп Кочев има 21 година, но ја знае приказната дека низ Дојран пред речиси еден и пол век врвела тесколинејка, а дека газдата на кафеаната, извесен Мито, го крстил објектот според ономатопејата на звукот што го прави воз кога поминува по шините - „Фуктак“. Неговиот внук Мито, кој сега ја држи кафеаната немавме прилика да го видиме, но Никола вели дека дојранчани, млади и стари, со завист гледаат од таа страна на Езерото каде поминува воз.


#
Статијата е прочитана 1574 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 02.10.2010 01:28:42
G-dine Dimitar Culev,sakam da Ve zamolam da mi ja pratite adresata od G-din Mihailis Kostatinidu, Vi blagodaram, Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU