Фудбалерите на Стеауа и на Наполи одиграа инфаркт меќ во второто коло од натпреварите во фудбалската Лига Европа. Откако во првите 16 минути, Романците поведоа со 3-0, никој не очекуваше дека гостите од Неапол ќе се вратат во игра. Израмнувачкиот гол за 3-3 беше постигнат во 98. минута. Драма имаше и на сплитски „Пољуд“, каде Хајдук со гол постигнат во 96. минута го совлада Андерлехт.
Резултати:
Група А: Манчестер Цити - Јувентус 1-1, Лех - Салцбург 2-0.
Група Б: Атлетико Мадрид - Баер Леверкузен 1-1 и Розенборг - Арис 2-1.
Група Ц: Спортинг - Левски 5-0 и Гент Лил 1-1.
Група Д: ПАОК - Динамо Загреб 1-0, Виљареал - Бриж 2-1.
Група Е: Шериф - Динамо Киев 2-0, Бате Борисов - Аз 4-1.
Група Ф: ЦСКА Москва - Спарта 3-0, Палермо - Лозана 1-0.
Група Г: Зенит - АЕК 4-2, Хајдук - Андерлехт 1-0.
Група Х: Одензе - Штутгарт 1-2, Јанг Бојс - Хетафе 2-0.
Група И: Сампдорија - Дебрецин 1-0, Металист - ПСВ 0-2.
Група Ј: Борусија Дортмунд - Севиља 0-1, ПСЖ - Карпати 2-0.
Група К: Стеауа - Наполи 3-3, Утрехт - Ливерпул 0-0.
Група Л: Рапид Виена - Бешикташ 1-2, ЦСКА Софија - Порто 0-1.