Србија го укина задоителното служење воена обврска. Од први јануари следната година, воениот рок ќе го отслужуваат само оние што ќе имаат таква желба.
Задолжителното служење на воениот рок во Војската на Србија завршува откако последната класа војници, кои заминале во војска оваа година ќе го отслужат своето.
Инаку, досега српските државјани можеа да бираат шест месеци во униформа или девет месеци воена обврска во цивил.