Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Aтентатот врз Глигоров

15 години мистерија

Љупчо Георгиевски вели дека извршителите на атентатот врз Глигоров се тука!

„Стопроцентно сум сигурен дека извршителите на атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, се внатре во земјата и претпоставувам дека се' уште се живи. Но, загрижувачки е што слободата за таков атентат може да си ја дозволи само некој кој навистина се чувствува комотен и слободен во земјава“, рече поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, на вчерашната дебата „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта”

Според Георгиевски, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се осамостојувањето на Македонија, односно кому му пречел Глигоров, кој во тој период, кога државата, конечно, ја потврди својата самостојност, ја имал целата власт, а Владата била минорна. Второто прашање е и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување.

„До денес не сакам да прифатам дека некој политичар од Македонија стои зад атентатот поради некакви бенефиции. Сметам дека станува збор за структури кои командата ја примиле од надвор, но загрижувачки е што тие структури се' уште постојат и тоа е проблем на македонската политика. Дали ќе дозволиме со нерасчистувањето на овој случај тие недефинирани структури да ги контролираат и да ги насочуваат процесите во државата“, рече Георгиевски.

Пратеникот Стојан Андов рече дека за атентатот на Глигоров македонската држава и општество покажале тотална неефикасност.

„Не можеа да го заштитат, иако неколкупати алармирал дека добива отворени закани, а по атентатот немало сериозна истрага“, рече Андов, кој во време на атентатот беше претседател на Собранието.

Тој смета дека за целосно расветлување на случајот треба да се разгледа тогашното однесување на институциите во државата, како Владата, парламентот, министерствата за внатрешни работи, за правда и за одбрана, како и Обвинителството и судовите, но и политичките партии.

„Мора да имаме прецизна оцена како овие надлежни органи си ја вршеа својата работата и како се држеле партиите. Мора да бидат отворени и разгледани и партиските архиви, но и однесувањето на интелектуалците“, посочи Андов.

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, кој на дебатата се обрати во својство на новинар, упати на неговата книга „Атентати“, издадена една година по атентатот, со која дава преглед на цела достапна фактографија за настанот.

Тој рече дека кога ја читал книгата од денешен аспект, мисли оти знае кој стои зад атентатот, но посочи дека нема докази и не смее да каже.

Според него, атентатот врз Глигоров бил апсолутно успешен, ја завршил својата работа, бидејќи неговите политички капацитети и неговото влијание биле апсолутно намалени.

Според Илија Николовски, генерал во пензија од Здружението на ветерани, постои дефицит на информации и треба да се охрабрат надлежните органи да преземат мерки и активности за да се расчисти овој, како што го рече, најмистериозен и контроверзен настан во поновата македонска историја, бидејќи за тоа постои научна и општествена оправданост. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1087 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 01.10.2010 14:21:57
Атентаторот и неговите мецени се тука, во Македонија. Тоа беше само борба за власт и претседателска фотеља,,,,,која кај нас сеуште не е ставена во колосек. А и самиот ни тогашен претседател...делумна жртва на атентатот, знае кој го организирал тоа. За тогашните ни премиер и министер за надворешни работи..и да не зборуваме дека тоа им е познато. Тоа беше истата група....која после многу успешно го организираше атентатот на претседателот Трајковски.
Од: Ana
Датум: 01.10.2010 18:09:11
Trajkovski bese prilicno nesposoben politicar koj nikomu ne mu precese. Negovata smrt ne bese atentat. Prestanete vece so tie konspiraciski teorii.
Од: "vodolija"
Датум: 01.10.2010 21:15:29
"TRLA BABA DLAN DA JOJ PRODZE DAN" !!!??? ZOSTO?! Togas ,pred 15 g, koga i vozduhot smrdese na barut, ne uspeea da vlezat vo traga na Atentatorite,SEGA ili posle 100 g. e istorija.!? Zalam za Kiro Gligorov, kogo mnogu go postuvam,cenam i go sakam.!! Ako ne bese Kiro ,neizbezno bese,da ne , NE NESNAJDE toa sto gi snajde drugite YU republiki, no denesnive IDEOLOSKI TERORISTI NEMOZAT DA GO RAZBERAT I SVATAT TOA !!!???Nekoj togas i SEGA nesakat da ja gledaat Makedonija PODREDENA, TOA E i vo glavno PRICINATA I POVODOT DA SE TRGNE KIRO od politickata scena. No da bideme zivi i zdravi, da vidime, USTE KOI DENES I UTRE KE IM PRECAAT !!!???
Од: Dolno Vodno
Датум: 01.10.2010 22:05:30
Pogresno e mislenjeto deka atentatot bil uspeshen i ja zavrsil svojata rabota"bidejki negovite politicki kapciteti( misli na pretsedatelot) .....bile namaleni"! Vistina deka nekoi negovi sorabotnici sakaa da go prestavat kako takov, duri i javno prekinuvajki go vo negovite izlaganja mu potturkuvaa po nekoe livce so tekst potsetnik toj im go vrakjase bez da go procita i prodolzuvase so izlaganjeto. I deneska, so negovite 93 godini i do neodamna, stranski, pratenici zemaa soveti od nego, bilo odnadvor, bilo koga dovagjaa vo Mk. Tocno e deka nekomu odgov arase da mu gi omalovoazi intelektualni moznosti! Sto se odnesuva do pretsedatelot Trajkovski; si ja zavrsi "svojata misija" i nemase nikakvi zgledi za reizbor, nikomu poveke niti mozese da mu popreci/ posluzi, niti imase nadez za reizbor, taka sto, nema nikakov rezon da se zalazuvame so nekakov atentat koj ni dava uste polosa slika, pogotovo sto soucestvoto se prepisuva, na edna evropska zemjakoja nema nkakov interes za takvo nesto !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars