Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама

„Нигериските измами“ пак напаѓаат по е-поштата
на македонските граѓани

Горан Адамовски


Месечно наследство од 2,8 милиони американски долари ги заскокотка македонските граѓани, кои деновиве добија имејл од странство. Во електронското писмо се наведува дека станува збор за исплата на наследство од фонфови што потекнуваат од Африка, Европа и од САД.

„Вашето име се појави во централниот компјутер меѓу листата на корисници, кои ќе добијат месечна исплата од 2,8 милиони американски долари“, стои во имејлот.

Средствата, наводно, ќе биле исплатени преку платежна картичка во кои било банкомати низ светот, а дневно ќе можеле да се повлечат 5.500 долари. Директорите на фондот Ви препорачуваат да се исконтактира нивниот агент во Африка и да му ги дадете податоците за да може да Ви ги префрли парите.

Единицата за борба против компјутерски криминал при Одделот за организиран криминал во МВР, пред неколку недели ги предупреди граѓаните од т.н. „нигериски измами“. Станува збор за одлично уигран систем на измама во која бивши носители на високи функции, наследници на кралски фамилии, членови на фамилии, кои имаат бизнис за ископување дијаманти, челници на национални банки Ви нудат да станете дел од профитабилен аранжман. За контакт, Ви даваат автентични т��лефонски броеви, факсови и адреси, Интернет-портали на фирми и институции, лица и нивни лични документи, а не ретко се случува да се дадат и директни врски со амбасади, банки, министерства. Откако ќе се воспостави првичниот контакт, следуваат пораки во кои се испраќаат фалсификувани официјални документи на фирми, владини и невладини агенции, институции, сертификати за трансфер на пари или стока, фактури, меморандуми за соработка, банкарски гаранции и сметки. На нив има добро изработени печати, пломби, логоа, амблеми или холограми.

На крајот, пред да Ви бидат исплатени парите, од Вас се бара исплата на разни суми пари за намирување на измислени форми на даноци и такси, трошоци за трансфер, добивање лажни сертификати од агенции за борба против перење пари, антитероризам и слично.

„Измамниците доаѓаат до имејл-адресите на своите жртви на различни начини: ‘фишинг‘ на електронската пошта (кога добивате порака повторно да ја внесете адресата и лозинката), користење посебни видови софтверски програми за скенирање и прибирање податоци за имејл-адреси, па се' до лесно достапни извори, како што се весници, телефонски именици, жолти книги, комерцијални библиотеки...“, објаснуваат експертите.

Жртви на ваков измама станаа и неколку македонски државјани, меѓу кои и конзулот на нашата земја во Чикаго - Јовица Палашевски, како и амбасадорот во САД - Зоран Јолевски. Овие измами земаат замав и во земјава, а како пример беше наведено организирано поставување огласи со лажна содржина во кои најчесто се нуди продажба на најнови модели на телефонски апарати, компјутери...

Експертите советуваат да не се одговара на писмата со сомнителна содржина за нереални понуди со брз и голем профит од непознати лица, фирми или организации.


#
Статијата е прочитана 1899 пати.

Испрати коментар

Од: Alien from Space
Датум: 01.10.2010 14:23:04
Ех,не успеав да издржам да не прокоментирам!Одличен текст!Но крајот укажува на нешто што е карактерна црта за некои „наши“врвни политичари и дипломати!Всушност во светот,воопшто не се смета за излажан оној кој од лагата,Измамата,очекувал добивка!Погледнете сега кој се полакомил по паричките!Не би ме зачудило кога би се појавиле на списокот на исфиширани и некои поголеми ѕверки!Какви Бруки!
Од: mimi
Датум: 01.10.2010 21:31:41
a koj e toj budala sto ke poveruva na takvo nesto???
Од: Faton
Датум: 01.10.2010 22:43:53
Kako moze nekoj da nasedne na takva glupava finta?! Jas dobivam najmalku 3 e-maila dnevno /Spam/, so takva sodrzina. Samo beskrajno lakom g.z moze da go natera nekogo da lapne takva mamka. Mudrosta na covekot za zal ima granici, no uste pozalno e sto gluposta i lakomosta se bezgranicni. A faktot deka dvajcata "intelegentni politicari" koi ja pretstavuvaat RM vo SAD, ja lapnale mamkata govori mnogu za nivniot karakter.
Од: sss
Датум: 01.10.2010 23:29:22
ha,haaaaaaaa,makedonci pa makedonci alcni ,boze ,i toa tie nafunkcia ,ha , ha ,ha,dobro im napravile,uf sto se nasmeav
Од: borce
Датум: 02.10.2010 02:41:42
Ajde na obicen covek da mu se sluci da go prevarat ama ovie nachi konzuli se gleda od ova kolku se alcni se bi napravile za pari.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars