Откриена планета каде што можеби има живот
Новооткриената планета е три пати поголема од Земјата и кружи околу црвена минијатурна ѕвезда наречена Глис 581. Научниците од Калифорнискиот универзитетот во Санта Круз и институцијата „Карнеги“ од Вашингтон ја открија планетата, која ја опишуваат како „вистинска“ за живот - не премногу топла и не премногу студена. Ако планетата е карпеста, како што е Земјата, би можела да има слична гравитација, а, исто така, би можела да има вода - уште еден клучен елемент за животот. |