Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Ивановски: Досието ми е преправано

Претседателот на Уставен суд вели дека лустраторите
не се потрудиле да ги проверат фактите

Гордана Дувњак


Претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, вчера ја обвини Комисијата за верификација на фактите дека не се ни потрудила да ги провери фактите и да а утврди вистината во неговиот случај. На вчерашната прес-конференција со новинарите, тој искажа сомневања дека му е доработувано досието по неговиот јавен настап пред лустраторите и уште еднаш повтори дека нема намера да се повлече од функцијата зашто тоа би значело дека ја признава вината.

Ивановски потврди дека го добил решението од Комисијата за лустрација, која останува на претходниот заклучок дека е соработник на тајните служби, а правдата ќе ја бара пред Управниот суд, а ако треба и натаму. Се надева дека Судот ќе им одолее на притисоците, ќе успее да ги согледа фактите и ќе донесе законска одлука.

„Ниту сум дал согласност, ниту има писмен документ дека сум соработувал со тајната полиција, туку бев предмет на обработка и прогон како средношколец во шеесетите години заради идеите за обединување на Македонија“, рече Ивановски. Тој потенцираше дека се направени измени во досието што му било доставено на увид на 24 септември годинава во однос на решението што вчера му го доставила Комисијата за лустрација и најави кривична пријава доколку се утврди дека е направен фалсификат.

Според него, лустраторите го темелат целиот доказен материјал врз белешки од полициски инспектор од сослушувањето, прашалник што самите го пополнувале дека како соработник не примил никаква материјална награда, три признаници од кои едната била дупликат и фотокопија. Тој вели дека имало и несовпаѓање на фактите за 1983 година, кои се однесуваат на лице кое студирало на Технолошки факултет.

„Да биде иронијата поголема, во решението што го добив од Комисијата стои констатацијата дека Службата ме ангажирала во соработничка мрежа бидејќи, соработката со радост сум ја прифатил и оти се' би дал за службата“, вели Ивановски.

Првиот човек на Уставниот суд го повтори ставот дека вака како што се води лустрацијата е „кастрација и сатанизација“. Тој е убеден дека хајката на која што е изложен е заради резултатите во вршењето на функција, тоа што паднале повеќе неуставни закони и прописи, за во крајна линија да послужи за лустрирање на кочничарот на „реформите на Владата“. А, тоа како што рече тој, единствено можеше да се постигне преку дискредитација на носителот на таа функција и самиот суд.

„Дури и во комунистичкиот режим имаше повеќе обѕири кон луѓето. Нека ми кажат каде се жртвите кои што сум им наштетил, лично ќе се соочам со нив и ако сум виновен ќе им платам“, додаде Ивановски.

Тој рече дека изминативе 40 години бил свесен за својата дамка од младоста и затоа никогаш немал политичка функција, туку само стручни. Во 1984 година, токму неговото членство во младонационалистичката организација му одмогнала да стане претседател на Општина Карпош.

„Јас не припаѓам на ниту една политичка партија и сега од мене почнаа да се оградуваат и партиите на власт и во опозиција“, рече Ивановски. „Ќе почнат и врапчињата на гранка да се оградуваат“, рече тој.

Додека траеше прес-конференцијата, во Собранието се водеше парламентарна дебата, посветена на пратенички прашања. Лустрацијата беше незаобиколиво прашање, а премиерот беше прашан од координаторката на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, зошто се впушта во коментари за незавршена постапка.

„Владата ги спроведува сите одлуки на Уставниот суд и овозможуваме максимално добри услови за тој нормално да функционира и да одлучува, но како и секој граѓанин на Македонија имам право да го дадам сопственото мислење за секого, вклучително и за работата и одлуките на судот“, одговори Груевски. Тој рече дека една работа е да се спроведуваат одлуките, а друга работа е да се каже сопственото мислење.

Комисијата за лустрација да се остави да работи без притисоци вчера побара и пратеникот Стојан Андов и поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.

„Лустрацијата е темелен процес, многу значаен за напредокот на земјата и нормално е што предизвикува различни и бурни реакции. Основно е да се остави Комисијата да си ја заврши работата, да не и' се вршат странични притисоци како што е со надгласувањето итн. и употребата на нејзината работа за партиски цели“, рече Андов.

„Има многу случаи, кои и по 1991 и продолжиле да бидат оперативни и тие не се дадени во Архивот заради тоа што биле оперативни. Затоа е потребна е една интервенција во Законот, но треба внимателно да се оствари“, вели Андов.

Љупчо Георгиевски рече дека е задоволен што владејачките партии позитивно ја прифатиле неговата „провокација“ изнесена во отвореното писмо. Тој очекува што побрзо да биде презентиран и донесен закон кој ќе овозможи лустрацијата да се однесува и на периодот по 1991 година. Запрашан зошто не се спровела лустарција за време на неговото владеење, тој посочи оти во тој период од четири години имал тројца министри за внатрешни работи, со сите тројца го водел истиот разговор, заинтересиран да ги отвори доушниците, пред се' во неговата партија, но оти сите му дале ист одговор - дека се уништени сите досиеја.

За поканата за дуел со Борис Стојменов вели дека ја прифаќа на која било тема и место, но оти не може да му каже ниту пред јавноста ниту нему лично дека кодош, затоа што тоа е тешко кривично дело, а единствен што е одговорен и што може да каже дека некои документи се легитимни, е Комисијата за лустрација.


#
Статијата е прочитана 1156 пати.

Испрати коментар

Од: zimimajka
Датум: 01.10.2010 12:49:19
Ако жртвата (Како се претставуваТрендафил) стигнал до претседател на Уставен суд, кај ли стигнале кодошите и останатите подржувачи на Системот, Мнооооооогу чудно ?!?!?!? КУТРИТЕ МАЛИ КОДОШЧИЊА
Од: трајко
Датум: 01.10.2010 14:14:39
И фармерот Душко Илиески го даде своето мислење за премиерот ама јаде покапа.Пријава и закана со 500 евра казна.Зарем тој не може да дава свое мислење како и граѓанинот Груески или тој е пограѓанин од Душко.Брука, премиере.
Од: nomah Spiridon
Датум: 01.10.2010 15:32:39
Trendafile, rabotava e poveke od jasna.Samo ne i naklientite na Buba Mara, burekdjite, Latas i na niv slicnite *Dlbokomislestite*... Viie i Vasite kolegi ste POLSEDNATA BRANa, BENT receno narodski na samovolieto i primitivizmot na ovie psijjhatriski slucai... Vprocem,kako sudija na Ustaven sud, podobro od mene znaete sto e toa od antickoto nasledstvo KAKIOKRATIJA? (vladenie na NAJLOSITE)...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.10.2010 18:47:00
Добро е останало едно артилерско зрно викано ,,преправка на досието,,.Се плашам дека испадна ќор-фишек,вакво алиби не би му паднало на памет ни на обичен обвинет. Највероватно некој лошо го советува како да се брани.Инаку после ваква изјава сите обвинети ќе с�� повикаат истото,дека некој им ги пакува обвиненија и автоматски се слободни.
Од: D.V.
Датум: 01.10.2010 20:08:07
Vakvo reshavanje na slucajot so Pretsedatelot na Upravniot sud,pokazuva najbrz nacin da se zeme se pod kapa na edno lice i da se ponistat site cesni i razumni odluki sto gi donese do sega istiot sud. Onoa prodolzuvanje na smesni gradbi niz Skopje protiv zelbata na skopjanite i protiv odlukata na sudot koj e kako znaeme nepobiten, zboruvase za edna vakva podgotovka, no i kako drzava koja ne pocituva Ustav i sud. Kako edinstven proglasen kodos( gadno ime)vo cela Makedonija, sto e smesno, no i jasno, dade do znaenje deka popusto bea molbite na skopjanite da se zaboravat ideite za rasfrlanje pari za licen rajting. Za zal, postrasno od najlosite godini na UDBA, intelektualcite na Mk. i kolegite na izvalkaniot Pretsedatel, nemaat kuraz da izlezat vo negova odbrana i odbrana na cesta. razbirlivo, sekoj si ja cuva kozickata. Do tamu li stignavme,da "isceznat" lugjeto kako nekogas i da se ocrnat, bez razlika dali so pravo ili po potreba?! Kuraz za veke "osudeniot",vo ime na vistinata!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Maкедонија како маслинарска република
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid
EU to open door to Albanians and Bosnians but not to Kosovars