Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter

Поглед кон иднината

Maкедонија како маслинарска република

Земји на стари луѓе, двојно посиромашни од скандинавските и со огромен надворешен долг - тоа е личната карта на групата земји во кои се наоѓа и Македонија

Расата, ентитетот и религијата стануваат поважни од политичките граници меѓу државите и блоковите, пишува футурологот Џоел Коткин во „Њусвик“.

Досега границите ги создаваше дипломатијата, а отсега историјата, расата, ентитетот, религијата и културата ќе го делат човештвото во динамични нови групи земји и ќе создаде нова поделба на светот, пишува експертот за глобални трендови Џоел Коткин во новиот број на американскиот неделник „Њусвик“.

Контурите на светот почнаа да се наѕираат по завршувањето на студената војна. Картите со блоковската поделба на светот на американски и на советски дел наеднаш станаа неважни, а потоа и, на пример, концептот за третиот свет е променет со подемот на Кина и на Индија, денес вистински економски џинови. Фактите што Коткин ги наведува се многу постари од современиот поим за нација, но дополнителното јакнење на таквите идентитети ја загрозува самата идентификација на лицата и групите со постојните држави.



Нова Ханза

Данска, Финска, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска




Во 13 век Алијансата на северни европски градови роди „цивилизација создадена со трговија“. Денешната проширена листа на Нова Ханза ја сочинуваат држави со германски културни корени, што се профилираа во продажбата на висококвалитетни добра на развиените земји и на буржоаските пазари на Русија, Кина и на Индија. Фалени поради социјалната сигурност повеќето од нив ги либерализираа економиите во последниве неколку години. Меѓу најуспешните се земјите со најголема стапка на штедење и со импресивна стапка на вработеност, образование и технолошки иновации.



Гранични подрачја

Белгија, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Ирска, Литва, Латвија, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија



Овие земји го бараат своето место во новиот племенски свет. Многу од нив, како Романија и Бугарија, се вистински културен микс. Можат да бидат променливи и нестабилни. На пример, Ирска стана келтски тигар, а потоа го допре финансиското дно. Во минатото овие земји често беа газени од војските на моќните соседи, а во иднина би можеле да се борат за своја автономија со натпреварувачките зони на влијание.



Маслинарски републики

Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Косово, Македонија, Црна Гора, Португалија, Шпанија и Словенија



Овие земји, со корени во грчката и во римската антика, познати по маслинките и виното, значително заостануваат зад земјите од нордиската група практично во секоја категорија. Имаат речиси двојно поголема стапка на сиромаштија, а уделот во работната сила е од десет до дваесет отсто понизок. Речиси сите земји од оваа група, на чело со Грција, Шпанија и Португалија, имаат огромни надворешни долгови во споредба со земјите од Ханза. Имаат и ниска стапка на наталитет - Италија и Јапонија се земји со најстара популација на светот.



Нови градови-држави

Лондон, Париз, Сингапур и Тел Авив




Лондон е финансиски и медиумски центар, но најдобро може да се опише како град од светска класа во второкласна земја.

Париз генерира речиси 25 отсто од францускиот БДП и е седиште на многу глобални компании. Не е важен колку Лондон, но, сепак, ќе постои пазар за тој најубав град.

Во светот кој се' повеќе го обликува Азија, локацијата на Сингапур меѓу Пацификот и Индиски Океан можеби е најдобра на планетава. Со едно од најдобрите светски пристаништа, високи примања и стапка на образование на своите жители тој е еден до примерите за успешен град.

Тел Авив е град со растечка економија. Доходот по жител е 50 отсто поголем од израелскиот просек, а таму живеат и половина од израелските милијардери.



Алијанса на Северна Америка

Канада и САД




Овие земји стојат рамо до рамо кога станува збор за стопанството, демографијата, културата и меѓусебно се најголеми трговски партнери. Некои мислат дека тој регион е во пад, но не се во право. Барем засега. Во Северна Америка се наоѓаат некои од најмоќните светски градови, на чие чело, секако, е Њујорк. Тука е и домот на најсилната светска хајтек-економија, земјоделско производство. Има четири пати повеќе вода за пиење по жител отколку Европа и Азија.



Либералистас

Чиле, Колумбија, Костарика, Мексико, Перу




Овие земји се стандардни носители на демократијата и капитализмот во Латинска Америка. Се' уште страдаат од ниски примања и висока стапка на сиромаштија, а примери им се брзорастечките економии како Кина. Но, можноста да се прекине силната врска со САД, во регионот на традиционално доминантните, е малку веројатна за некои од нив. Пример за тоа е Мексико со оглед на географската и етничката поврзаност со САД.



Боливарски републики

Аргентина, Боливија, Куба, Еквадор, Никарагва, Венецуела




Под водство на венецуелскиот лидер Хуго Чавез овие земји натежнуваат кон диктатура и историски се ненаклонети кон САД и капитализмот. Овие земји се, главно, сиромашни. Во Боливија повеќе од 60 проценти од луѓето живеат во сиромаштија. Но, со оглед на нивниот антигринго став, минералните богатства и резервите со енергенси тие се привлечни цели на силите како Кина и Русија.

Див Исток

Авганистан, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Пакистан и Таџикистан




Овој дел од светот ќе остане во центарот на вниманието на регионот, кои меѓусебно се натпреваруваат, вклучувајќи ги Кина, Индија, Турција, Русија и Северна Америка.



Руско царство

Ерменија, Белорусија, Молдавија, Руска Федерација, Украина




Русија има енормно ��риродно богатство, значаен научно-технолошки капацитет и моќна армија. Додека Кина расте, Русија се обидува да им се наметне на Украина, Грузија и на Централна Азија. Новото руско царство се темели на силни врски со рускиот словенски идентитет со етничката група, која претставува четири петтини од вкупно 140 милиони жители. Проблемите се повторно стареење на популацијата, а доходот е среден, половина од италијанскиот.



Иранистан

Бахраин, појасот Газа, Иран, Ирак, Либан и Сирија




Иран со своите резерви со нафта, релативно високата стапка на образование и економијата што со величината одговара на турската, би требало да стане растечка суперсила. Но, неговото влијание го ограничува екстремистичката идеологија, поради која е во судир со Запад, но и со Голема Арабија. Лошото управување со економијата се одрази на состојбата во религијата, која е голем увозник на потрошувачки добра, хајтек-опрема и нафтени деривати.

Голема Арабија

Египет, Јордан, Кувајт, палестинските територии, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Јемен




Резервите со нафта го прават овој регион клучен политички и финансиски играч. Но, постои голем јаз меѓу земјите од Персискиот Залив како Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати и сиромашните земји во регионот. Абу Даби има доход на глава на жител од околу 40.000 долари, додека Јемен има само пет отсто од тој износ. Моќната културна врска - религијата и расата - го поврзуваат ова подрачје, но ги прават проблематични односите со остатокот од светот.



Самостојни земји

Бразил, Франција, Голема Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Швајцарија




Бразил е најголемо стопанство на Латинска Америка со големи резерви нафта и супериорна индустрија. Но, големи социјални проблеми, криминали сиромаштија се многу присутни. Во последно време се оддалечува од САД, а се приближува кон Кина и Индија.

Франција и натаму е напредна културна земја, која се обидува да и' се спротивстави на англоамериканската култура и намалувањето на важноста на ЕУ. Повеќе не е голема сила, туку е меѓу маслинарските земји и оние од Нова Ханза.

Голема Индија е една од најбрзорастечките економии, но доходот по домаќинство сочинува дури една третина, на пример, од кинескиот. Најмалку една четвртина од луѓето се сиромаси, но земјата незапирливо граби кон напред.

Јужна Кореја стана технолошка сила. Корејското домаќинство денес заработува како и јапонското. Одлично закрепнува од рецесијата, но мора да се плаши од Кина.

Швајцарија практично е град-држава, која со светот е поврзана со авиони и со жичен пренос на податоци. Ужива во просперитетот, големите резерви вода и одлични услови за бизнис.



Нови отомани

Турција, Туркменистан, Узбекистан




Турција е типичен пример на моментното концентрирање на племето, со оглед на тоа што помалку се фокусира на Европа, а повеќе на исток. Иако врските со ЕУ и натаму се во средиштето на нејзината политика, земјата ја насочи економската и надворешната политика кон старите отомански упоришта на Блискиот Исток и етничките браќа во средишна Азија. Трговијата со Кина и со Русија е во подем.



Јужноафриканско царство

Боцвана, Лесото, Намибија, Јужна Африка, Свази, Зимбабве



Јужноафриканската економија е најголема и најразновидна во Африка. Ја краси добра инфраструктура, минерално богатство, плодна земја и силна индустриска база. Доходот по жител од десет илјади долари ја прави релативно богата во однос на африканските стандарди. Има силни културни врски со соседите Лесото, Боцвана и Намибија, кои во прв ред се христијански.

Супсахарска Африка

Ангола, Камерун, Централноафриканска Република, Конго-Киншаса, Етиопија, Гана, Кенија, Либерија, Малави, Мали, Мозамбик, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне, Судан, Танзанија, Того, Уганда, Замбија




Повеќето се бивши британски и француски колонии. Поделени меѓу муслимани и христијани, франкофони и англофони, им недостасува културна кохезија. Комбинацијата на природни резерви и стапка на сиромаштија од 70 до 80 отсто ги прави лесен плен за земјите како Кина, Индија и Северна Америка, кои ги експлоатираат.



Појас Магреб

Алжир, Либија, Мавританија, Мароко, Тунис




Во овој регион, кој се протега по должината африканскиот брег на Медитеранот, постојат индикации за напредок во земјите, како што се Либија и Тунис. Но, ги гледаме среде концентрирана беда.



Средно кралство

Кина, Хо��г Конг, Тајван




Кина можеби нема, како што неодамна предвиде ММФ, во рок од десетина години да ги престигне САД по БДП, но несомнено е една од новите светски суперсили. Етничката солидарност и чувството на историска супериорност се забележително високи. Хан Кинезите сочинуваат 90 отсто од популацијата и се најголема расно-културна група на светот. Поради националната културна кохезија, на странските компании им е неверојатно тешко да се пробијат на тој пазар. Кинеската зголемена глад за енергенси се рефлектира со економската експанзија во Африка, Боливарските републики и на Дивиот Исток. Но, нејзини проблеми се авторитарниот режим, продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и загадувањето на животната средина. Популацијата забрзано старее, а тоа ќе создаде проблеми во следните 30 години.



Гумен појас

Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Филипини, Тајланд и Виетнам



Овие земји се богати со минерали, свежа вода, гума и храна, но страдаат од различни степени на политичка нестабилност. Сите се обидуваат да се индустријализираат и да ги направат разновидни своите економии. Освен Малезија, приходите по домаќинство се релативно ниски, но тие земји би можеле да се наметнат како нов регион на висок раст.



Среќни земји

Австралија, Нов Зеланд




Примањата по домаќинство се слични како и кај Северна Америка, иако економијата во овие земји е помалку разновидна. Имиграцијата и заедничкото англосаксонско наследство културно ги поврзува со Северна Америка и со Велика Британија. Но, нивната локација и економијата која се базира на суровини сугерираат дека главни трговски партнери во иднина ќе им бидат Кина и можеби Индија.


#
Статијата е прочитана 2741 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 01.10.2010 12:40:27
Nikade na spisokov ne ja vidov Albanija, ke ostane vo Evropa ili ke odi nekade vo Azija ?
Од: Трпе
Датум: 01.10.2010 12:52:44
Македонија не е земја за жаленје и плачење,таа е за лелекање(иако уште мрда).Но народот кажува дека ваков живот му се допаѓал.Важно е во срце сме најголеми патриоти.А овие функционерите и работодавачите се патриоти во џебовите.
Од: Љубител на Земјата на Зајдисонцето
Датум: 01.10.2010 14:59:32
Пресреќен сум што најпосле наидов на држава која е посиромашна од нас (Боливија со цели 60%)!Урррааа... не е сè така црно!
Од: G. Stojanovic
Датум: 01.10.2010 16:02:03
Interesna statija i informacija! Arno ama, kamo srekja da imavme maslini tuku ne uspevaat dobro kaj nas, ama se drugo uspeva osven - pamet! Za tolku godini nasata vlada ne uspea od edna - inaku atraktivna zemja kako sto e nasata da postigne da se zivee ubavo i da ima solidna infra-struktura. Vazno spomenici ima kolku sakas... Inaku 'Nova Hanza' sto poteknuva od 13 vek e sinonim za napomenatite zemji koi sto so svojata trgovija, citaj kradenje (ja pokrale cela Afrika i Azija) se imaat strasno obogateno i na toj nacin ja imaat osigurano svojata ekonomska pozicija i mok. A nie pak ne mozeme nitu eden ajvar da go brendirame i izvezuvame a kamoli pa nesto drugo... Prijatelski pozdrav,

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сите молчат за „Џенерал дајнамикс“
Инвестиции во аут
Пат-позиција
Актерството како легално право да останеш дете
Лига Европа
15 години мистерија
Лисици за магарето
Најубавата жена на светот
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Дојран го чека возот за Грција
Понуди за плаќање на долгот за струја на рати
„Ние сме еден народ!“ (2)
Галиматијас од солзи, емоции и патетика
Во Србија веќе нема задолжителна војска
Каролина - прва македонска „зајачица“
Почина холивудската легенда Тони Кертис
Овации за македонскиот „Хамлет“ во Колчестер
Музички спин-доктори
Свети Наум добива споменик во Охрид
Магарето и самарот
Заработка од 2,8 милиони долари - нова и-мејл измама
Неделен хороскоп
Откриена планета каде што можеби има живот
Купување алкохол пак до 19 часот
Германија плати за Првата светска војна
Ивановски
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Бела ноќ“ утре во Скопје






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change