Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
19.07.2012, 18:19

Сметките на земјоделците подебели за 63 милиони евра

Владата објави дека сите 115 милиони евра наменети за поддршка на 171.000 земјоделци за оваа година се исплатени

Сања Наумовска

На сметките на македонските земјоделци за еден месец легнале 63 милиони евра за субвенции. Со нив е заокружена бројката од 115 милиони евра наменети за поддршка на 171.000 земјоделци за оваа година.

Најмногу 33 милиони евра биле исплатени за растителното производство, од кои 20 милиони евра за тутунарите. За сточарското производство субвенциите годинава изнесуваат 25,5 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра се наменети за млекопроизводителите. Еден милион евра добиле производителите на органска храна, а 500.000 евра се доделени за премии и осигурување.

Како што информираше вчера премиерот Никола Груевски, вкупната поддршка за македонските земјоделци од 2006 година досега изнесува 500 милиони евра, а во следните три години се планира да им се исплатат уште 425 милиони евра субвенции.

Во екот на најголемата должничка криза македонските земјоделци за само еден месец од државниот буџет добија 63 милиони евра за субвенции. Ова е добра помош за аграрот и мотивација за земјоделците да го засилат производството и да влезат во нови инвестиции, истакна Груевски. Тој посочи дека Владата нема да отстапи од субвенционирањето на земјоделието ниту во иднина, а засилено ќе се работи и на обезбедување откуп и на промоција на домашните земјоделски производи.

Во периодот од 2006 до 2015 година треба да бидат исплатени 950 милиони евра субвенции. Со тоа ќе се отворат многу можности за земјоделците, за оние кои сега стопанисуваат, но и за други луѓе кои со оваа поддршка ќе најдат сигурен извор на приходи занимавајќи се со оваа дејност, посочи Груевски.

Најголем дел од субвенциите, како што информира вицепремиерот Зоран Ставрески, биле исплатени во општините Кавадарци и Неготино. На сметките на производителите од овој крај легнале 5,6 милиони евра. Во Битола се исплатени 4,9 мил��они евра, а во Велес 4,1 милиони евра.

Како директна последица на редовната исплата на државната помош расте и извозот на македонски производи. Пример, според министерот за земјоделство Љупчо Димовски, е извозот на праската, кој минатата година достигнал над 9.000 тони, односно пораснал над 600 отсто за последните неколку години. Според министерот Димовски, минатата година бил постигнат и рекорден извоз на вино, најголем за последните 20 години. Трендот, рече Димовски, продолжува и годинава, кога за првите 6 месеци се извезени поголеми количини вино од ланската рекордна година.


Статијата е прочитана 482 пати.

Испрати коментар



Пониски камати за кредитите, ама и за штедењето
Дигитална агенда
„Лукоил“ и во Тетово
СДСМ
Во полн ек жетвата на пченица



Здравец, 20.07.2012 00:42:56
ОДЛИЧНО! Good news за нашите земјоделци.
Trajce, 20.07.2012 09:44:14
Toa so lozarite dobija subvencii e mnogu dobro, arno ama dali ima nekoj da go zapre direktorot na centralata Tikves koj sekoj petok so sluzbenata kola I so benzin od firmata elem si odi na vikend u Ohrid? Sramota.
bitolcanec, 20.07.2012 09:58:10
ubavo se falat ovie sto isplatile ama neka kazat kolku ne isplatile i poradi sto samo vo bitolsko ima okoli 250 lujge sto se odbieni od banal pricini
Иван, 20.07.2012 10:29:46
Целокупната работа на владата придонесе доста реултати . Едни од многумината се и сунгвенциите на земјоделците оваа година . Во рок од еден месец голем број на земјоделци си ги подигнаа парите кој им се потребни за разбивање на земјоделските култури во македонија .
Трпе, 20.07.2012 10:54:48
Ем се делат субвенци на земјоделците и пак од година на година има се повеке необработени земјоделски површини,обраснати во трева.Младите кои треба да бидат задоволните земјоделци со се семејства бегат во странство.И таму работат земјоделие ама знат дека трудот име добро платен.Таканаречените субвенци од власта се само за купување на гласови.Од ден на дени земјоделците се будат.
Jovan, 20.07.2012 11:48:59
Логично - прошла година 220 милиони евра за парламентарни избори, оваа година 63 милиони евра за локални избори (ќе им дадат и повеќе). И така квалификацијата ќе биде фер и демократски избори....Е мизер Македонијо!
Goran, 20.07.2012 15:43:53
Samo zemjodelcite li se gragani na ovaa drzava.. pa mislam i deka preteravte .... i davate pari a tie od godina na godina se poskapo gi prodavaat svoite zemjodelski proizvodi

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |