Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.04.2012, 17:01

Мое ќоше

Во долгови до гуша

Ерол Ризаов

Во Македонија задолжувањето се смета за успех

М��нистерот за финансии Зоран Ставрески обелодени голем успех на Република Македонија. Успеавме да се задолжиме за уште 250 милиони евра многу, многу поволно. Да ти е мерак да земеш купишта пари, онака бадијала, за 6,83 отсто годишна камата. Моќната Дојче банка препознала во нас арен и редовен муштерија, па го одврзала ќесето. Владата која одлучи пак да се задолжиме, ова го вика: „сме имале добро реноме“. Аферим. А, народот вели: на голем срам и мака е тој што зајми. А, на уште поголема мака е тој што треба да ги врати парите. Кај нас е така, едни зајмат и трошат, други враќаат и штедат. Тие што трошат туѓи пари се богати, а тие што враќаат туѓи долгови живеат во беда и мизерија.

Секогаш кога се задолжува човек или држава, сеедно, има две значајни работи кои мораат да се имаат предвид. Прво, зошто земате пари, поточно за што ќе ги потрошите. И второ дали сте презадолжени, односно дали можете редовно да ги враќате позајмените пари. Е, па вака стојат работите кажано народски. Владата реши да се задолжиме за уште една четвртинка од милијарда евра, како да зема четврт бурек со месо. И гори под нозете и нејзе и на сите нас сосе неа. Во изминатите години толку нарасна апетитот на власта што целата држава лека полека стана зависник од државната каса. Сите се редат пред државните чешми да се напијат наивно мислејќи дека е џабе. Македонија се' повеќе е буџетска држава, а државните јасли најомилени. Кога во касата недостигаат пари и кога планираните приходи не стасуваат како што владата пресметала. Тогаш тие тоа го викаат буџетски дефицит. А народот тоа го вика домашниот есап не излегува на пазарот. Недостигаат пари. Стискај, притискај по домашни банки, по државни записи, по странски инвестиции, по шеици, цареви и кралеви и разни богаташи и магнати, пак недостигаат пари. Казни, инспекции и рации, пак недостигаат пари. Беспарицата го урива авторитетот на власта, предизвикува револт кај армијата зависници од буџетските чешми. Нема друго чаре освен нов заем да се покрие дупката во касата. Арно ама во исто време стасале и старите долгови. Затоа сега ќе земеме 250 милиони евра, многу, многу поволен заем нешто да вратиме од старите долгови, а нешто да дотуриме во празното чекмеџе. Оти ако нема пари, отиде власта. На крајот пак ќе остане дупка во буџетот од околу два отсто, но тоа ќе се реши, нели, со нов заем. И така со ред.

Македонија имаше право да повлече преку 200 милиони евра од 450 милиони евра што ни ги даде Светска банка за зортзаман. Ама еднаш веќе повлековме 220 милиони евра пари, не за лоши времиња, туку за избори. И со тоа се посрамотивме. Тие во ММФ и Светска банка не знаат дека кај нас најголем подвиг не е да се победи економската криза, туку да се освои власта. Кога ова го виде Бордот на директори на Светска банка ни прати абер дека не може веќе да арчиме за власта да се чувствува комотно и да корумпира избори со релаксиран буџет. Довербата кај светскиот финансиски џандар е изгубена.

Еве зошто повторно во едно време на невреме, или што би рекол претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски во еден „чувствителен момент низ кој поминуваме“ одлучивме да се задолжиме до гуша. Очекувам деновиве премиерот и повеќе владини финансиски експерти да ни објаснат стручно дека ова до гуша не е до уста и до носот. Значи можеме да бидеме комотни, ни требаат уште цели пет прста да нарасне долгот, па да се удавиме. Сегашниот вкупен долг на Република Македонија кон странство и јавен долг на владата и на јавните државни компании и на општините и таканаречениот имплицитен долг, ако должникот не ги врати парите мора да ги врати државата, заедно со приватниот долг на приватните компании изнесува над 4,5 милијарди евра. Тоа е некаде над 60 проценти од бруто-домашниот производ, што веќе значи дека Македонија е блиску до опасната зона. Има и други поутешителни мерки на кои се повикуваат нашите финансиски и монетарни власти. Но најточната мерка од сите мерки е што Македонија е најсиромашната земја во Европа. Долговите, сиромашните тешко ги враќаат. А, кога ги враќаат одвојуваат од уста и тонат во поголема беда.

Барем затоа лицемерно е и навредливо задолжувањето да го сметаме за успех.


Статијата е прочитана 4173 пати.

Испрати коментар



ЕУ, НАТО,ОБСЕ и САД повикаа на смиреност
Груевски и' даде морална поддршка на Јанкулоска
НАТО бара да плаќаме за обука на Авганистанците
Опозициски ултиматум за Вељаноски



BOEM, 19.04.2012 00:15:21
Do pred malku vreme gi vrakavme od TITO dolgovite,arno ama tie ne boleja tolku oti demek tug bese,EEEE sega ke ne boli do bolejne oti koga ke mava nasiot PATRIOTSKI PREDAVNIK i so sila i so finansi taka dobro ke ne iznamava i od napre i od pozadi e togs ke ni treba malce i vazelin da ne ne boli tolku mnogu...DO NAD GLAVA SME ZABORCENI ama taka ni trebase ZA UMMMM
jovan, 19.04.2012 00:23:27
Ovie pari od Deutsche Bank se zemeni za da se vrati dolgot od evro-obvrznicata koja dospeva slednata godina. Bidejki nema pari za da se vrati toj dolg, se prolongira, pa se dava kredit za da se vrati star kredit. Vo meguvreme ke zapocne golemata*pjacka*.Site pari koj gi imaat bankite ke se plasiraat za drzavata, a tamu ima nad 3miljardi od stedacite i firmite. Ogromen del od tie 3 miljardi ke otidat za drzavata, pa so tie pari(miljardi) ke im se vratat i parite na Deutsche i slicni.Vnatresnite dolgovi banki-drzava ke se*izramni* po terkot *zarobeni devizi*.Eden den(naskoro)drzavata ne ke moze da im gi vrati parite na bankite, a so toa i bankite ne ke mozat da gi vratat parite na stedacite, i se zatvara krugot.Razlikata so SFRJ bese vo toa sto bankite togas parite gi dadoa na drzavnite firmi, koj potoa tie firmi ne gi vratia tie pari, pa i bankite ne im gi vratija na stedacite, a sega parite gi davaat direktno na drzavata.Nasite banki se stranski,no ne donesoa nivni pari.Rabotat so nasi
Трпе, 19.04.2012 00:26:27
Најдобар успех е успехот.Па што сака овој народ,пастирот и неговата блада успеале да му обезбедат кредит.А добро е познато дека на секого неможе да му се даде кредит.А што е важно кој и кога ке ги врака.Овој народ мора да се научи да живее ден за ден и така сите среќно ке си живееме.Ако имаме богата блада ние ке бидеме со богати срца.
Kockarska psihologija, 19.04.2012 00:29:38
Najtragikomicna i smesna mi bese falbata na Stavreski, kako demek bankite epten imale doverba vo nas i sme imale visoko renome, pa bez zbpr ni davaat na zaem pari kolu sakame , i toa po niski kamati od samo 6,83%!? Sto se vika kolku da ne bidi dzabe!? Vakvo visoko renome imase i Grcija pa si arcese tudji pari i si pravese svoipresmetki po svoj cef, se dodeka ne i zatropaa na vrata i ne i se nadvisna bankrot. Ajde Grcija ima jaki podrzuvaci vo EU koi i gi oprostija pola od dolgovite a i i dadoja golemi krediti za da ne bankrotita. Koj nasce ne podrziu koga vodata ce ni se podigni uste pet prsta nad bradata?Ova me poseca na onaa kockarska bolest vlegle vo dupka ., za da se izvadat pozajmuvaat pari so visoki dnevni kamati, spo nades deka na slednoto vrtenje zarot ce im donese sreca . I taka si tonat se povece i povece, dodeka ne gi sogolota do gola koza.Stavreski molim te ne ne doteruvaj do toa deredze, bare ostavi ni gi gacite i dolniot ves, da ne se rezilime pred svetot ! ! !
USA, 19.04.2012 01:32:03
Kako toa privatni i kompaniski zadolzuvanja gi tovarite kako drzaven dolg?? Ako e taka, togas izvrsitelite ke nemaat rabota, neli? Povolniot kredit ke se iskoristi i za isplata na stari, ne tolku povolni krediti. Ama toa ne se spomnuva, a i znaeme zosto.
demokrat, 19.04.2012 01:39:13
I koga ke gi prasas za zadolzuvanjata sleduva veke poznatiot i popularen odgovor: Makedonija e sredno zadolzena zemja, drugite.... Slicen odgovor dava i Pesevski (cinam deka go pogodiv imeto) koga ovjasnuva za cenata na benzinot: Drugite evropski zemji go pokacile DDV-to a nie demek sme bile uspesni i zatoa sme go ukocile, mislam na DDV-to ni. Kako osmooddelenci ne tretiraat, tie demek umni i inteligentni a nie uste kako vo raniot pubertet, cekame da pomine vremeto kako bi se razvile psihicki i fizicki. I koga ke pomine vremeto, koga ke se razvieme kako luge, togas ke ne udri slog od cehot na reformatorite!
Mapkoc, 19.04.2012 01:49:57
Одамна ме „мачи„ една контроверза кај г. Ризаов. Многу нешта во општеството со право ги критизира, а од друга страна веднаш ги „социјализира„. Таков „образец„ имаме и во ова негово „ќоше„. Станува збор за задолжување на државата. Се знае во чија е компетенција тоа. Али не, г. Ризаов вели „успеавме да се задолжиме„, понатаму „Владата реши да се задолжиме„,па „одлучивме да се задолжиме до гуша„ итн., небаре и тој се прашувал за задолжувањето (останатите граѓани да не ги спомнувам). Чинам дека е ваков манир прифатлив во спортска сфера, каде имаме идентификација на навивачите со играчите - кога се победува (го тепавме „Вардар„), ама не и кога се губи (изгубија од...). За жал, овде не е во прашање спорт туку многу посериозна работа.
Zvonko, 19.04.2012 05:11:39
seto toa narodot ke go pozlati.Najverojatno vladata se nadeva na ovaa poraka.Osven sto moze da gi izgubi narednite izbori,Grujo i negovata druzina nema sto da izgubat.Site se mladi,skoluvani,ke se nafatiraat dodeka im istece mandatot i cao gjaci,narode sega ti plakaj.
Изгледа дека ви е многу ниско гушата, г-не Ризаов, 19.04.2012 07:31:18
Џабе се траќате, г-не Ризаов. Македонија според сите мерила беше многу позадолжена кога владееше твојот СДС со бандата на Црвенковски. Македонија е најмалку задолжена од сите соседни држави. Македонија најдобро се справи со светската економска криза од сите други држави во Европа. Македонија и во услови на криза го намали бројот на невработени. Сето тоа не го направи народот, туку Владата на чело со Груевски. Ние граѓаните тоа добро го знаеме.
До Маркос и сеирџија, 19.04.2012 07:50:03
Госп Маркос, нешто не ти е јасно. Кога зема кредит владата сите се задолжуваме Тоа не е социјлизација тоа е факт. Убаво е објаснето кој се задолжува, а кој враќа. А суштината на текстот на Ризаов е нешто сосема друго, а не социјалиозацијата на долговите и задолжувањето како што тебе ти оставило впечаток.
cobe, 19.04.2012 08:03:05
По се изгледа најголем успех на Преродбенициве, проширени и надградени е само ЗАДОЛЖУВАЊЕТО...........но сепак, тоа беше изборот на ово, што вели Најчевска ШУТРАЧКИ народ............
mene, 19.04.2012 08:32:15
DO USA: Covece, samo ti delis vo komentarot, da ti kazam mi bajaldisa od tebe! Aj ako imas merak brisi vo taa USA ednas..., ama i tamu nema mesto za glupi, neobrazovani seirdzii. Znaes, ima ekonomisti vo ovaa drzava i razbirame povece odkolku sto mislite i ti i tvojot nedokvakakan Stavreski, koj misli deka toa sto ucel vo Amerika go pravi popameten od nas?!! Moze e pameten da ja laze zena mu, ama ne i cel narod. Sikter sose nego!
MK, 19.04.2012 08:38:16
Se potrosija parite (okolu 3 mil.) od pecalbarite bez kamata,sega MK mora da zadolzuva so kamata od 6,83%, mada Ger.banki momentalno nudat kamata od 2-3% ministerot Stavreski vika deka uspeavne da dobieme dobra kamatna stapka. Kakva ironija, na teret od Mak. narod.
Oskar, 19.04.2012 10:31:12
Moj predlog do opozicijata, nikako da se dozvoli volkavo zadolzuvanje, vo kolku vlasta ne gi stopira site neproduktivni objekti od Proektot Skopje 2014, dosta bese toleriranje na vakvi skapi gluposti.
Iko, 19.04.2012 10:31:51
Гледам една овца, со испран мозок, зборува дека наводно во времето на СДСМ сме биле повеќе задолжени ! Истата овца, нека праша било кој земјоделец и приватњак кога живеел подобро, во времето на пастирот или Бранко ! Денеска живеат најдобро оние кои го цицаат државниот буџет, и заради кои се задолжуваме ! Ако сме најмалку задолжени во регионот, зошто за овие 5 години Ставревски барем еднаш не каже колку Македонија должи ! Секогаш бега од одговорот, демек, таа бројка варира секој ден,неможел точно да каже ! Па немора точно, нека биде со плус минус 10 посто, нека заокружи, ама го страв дека во секој случај таа броја е голема ! Ама нема да ни биде проблем само долгот, наскоро и стандардот на сите ке им биде проблем, па дури и тие овци кои се напикаа во државната администрација ! И нивните 20.000 денари кои Вмро им ги дава за неработење, и заради кои се задолжуваме, многу брзо нема да им стигаат ни за пола месец преживување ! Ама треба да си човек, а не овца за да го сватиш тоа
M-e K-a, 19.04.2012 10:45:49
Znaat li umnozenite profiteri stoe glad? U koja gluvcja dupka ke baart spas? Ne e daleku sudniot den.
bankar, 19.04.2012 11:40:20
Ako dobro se analizira, vkupnata dupka e 370 milioni, od koi 120 milioni se kratenje na trosocite, a 250 novi dolgovi. Siguren sum deka probale prvo da pozajmat celi 370 milioni za da nemora da kratat ama nikoj ne im dal pa se resile za ovoj nepopularen kompromis. Periodot do slednoto zadolzuvanje ke bide uste pokratok a iznosot pogolem. Taka se zabrzuva vtrlogot od koj nema izleguvanje.
do toj so visoka gusha, 19.04.2012 11:40:38
Da si go istetoviras Grujo nas celo, pa bukvalno da odite vo pobedi so nego na celo,lupetarajko edna.
tihi, 19.04.2012 12:08:17
Koja e taa luda komercijalna banka shto bi dala kredit na nekoj bilmez ,ako ne e sigurna deka kje gi vrati parite.Prashajte gi grcite kako sega doagjaat do krediti.
seirdzija, 19.04.2012 13:13:46
Erole vece ne se raboti za zadolzuvanje,tuku za prodavanje....se prodava idninata na nasite deca,na nasata drzava...Makedonija cekori povece godini kon svojata propast,predizvikana od ludje koi ni se pretstavuvaat kako nacional patrioti,ustvari najobicni polupismeni predavnici i lopovi...Za golemo pozdravuvanje od mene e prviot cekor na opozicijata ,ocekuvam da go osudat novoto zadolzuvanje i da go napustat parlamentot!!!!Ostanuvanje vo parlamentot gi pravi soucesnici vo rasturanje na drzavata!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |