19.10.2012, 18:31 Мислења
Космодиск-политика и милијардата на Циле
Ѓорѓи Спасов
Економијата сега се води според принципот на Циле. Разликата е само во тоа што милијардата не доаѓа од признавањето на Тајван, туку од кредитори кои ценеле што Македонија сака да се задолжува
Претседателот Иванов уште на почетокот од својот мандат ја даде својата визионерска изјава за состојбата со демократијата во нашата земја. Тој рече: „Таа е како космодиск. Изгледа необично, нелогично, несфатливо, исчашено, блесаво, ама функционира“. По седницата на Собранието на Македонија на која се гласаше за доверба во Владата на Македонија, тој слободно може да каже дека и Владата ни е како космодиск. „Изгледа нелогично, неумесно, расштимано, ама функционира“.
На пример, премиерот вели: „Ќе донесеме закон за бранителите и нема да прифатиме ниту еден амандман од коалицискиот партнер во владата ДУИ“. Коалицискиот партнер ДУИ вели: „Закон за бранителите нема да биде донесен, но Владата функционира“. Врховниот командант на Армијата вели: „Ќе биде спроведена истрага за злоупотреба на униформите на армијата во случајот ’Слупчане’ и одговорните ќе бидат казнети“. Министерот за одбрана вели: „Нема да биде спроведена истрага и никој нема да биде казнет, но Владата функционира“. Премиерот вели: „Свирењето на албанската химна за почеток на работа на државен универзитет ги провоцира Македонците“. ДУИ вели: „Албанската химна ќе се свири, но Владата функционира“.
Министерот за образование вели: „Не смее градоначалникот на Чаир самоволно да ги менува имињата на основните училишта“. Од коалицискиот партнер велат: „Сметајте ги за веќе променети и дека Владата функционира“. Началникот на Генералштабот вели:„Не може стратегискиот документ за одбрана на земјата да биде објавен на албански јазик и министерот да им се обраќа на војниците и на албански“. А министерот за одбрана вели: „Може, и Владата функционира“. Националната телевизија ни го пренесува во живо со часови молчењето на Талат Џафери на Комисијата за труд и социјална политика и ние како кретени гледаме како пред очи се трошат пари за телевизиски пренос на глупости, но одговорот е дека Владата функционира.
На забелешката од пратениците на СДСМ дека ова не може баш да се смета за соодветно функционирање на една одговорна влада, Никола Груевски одговара. „Ние со коалицискиот партнер во власта имаме разлики по некои прашања. И јавно ги соопштуваме. Ние од ВМРО-ДПМНЕ им соопштуваме на Македонците дека законот за бранителите ќе помине, а ДУИ им соопштува на Албанците дека нема да помине. Ние им соопштуваме на Македонците дека некои од министрите Албанци во Владата и некои нивни градоначалници не' провоцираат и газат по македонското достоинство, а тие им соопштуваат на Албанците дека се' додека се во оваа Влада тоа ќе го прават без проблеми бидејќи Владата е како космодиск - „изгледа нелогично и необично, но функционира“.
Лидерот на ДУИ не е лут на својот партнер од власта. Тој смета дека постојат некои разлики, но Владата на Груевски заслужува доверба. Според него, не ВМРО-ДПМНЕ, туку некои пратеници од СДСМ со своите изјави внесуваат страв и провоцираат немири и инциденти. Поранешниот командант на ОНА оценува од собраниската говорница дека, за разлика од сегашните демократи во власта, овие пратеници од СДСМ повикуваат на воспоставување некаква команда во општеството кое треба да е демократско. Тоа тој го оценува како страшно и констатира дека СДСМ сакал да ја врати Македонија во деведесеттите години.
И додека Владата на Никола Груевски и Али Ахмети функционира како космодиск, економијата под нивна команда функционира според принципот на милијардата на Циле.
Оние што може да се сетат на изборната кампања на Васил Тупурковски во 1998 години, чиј слоган беше „Клуч за 21 век“, сигурно паметат како изгледаше неговата изборна приказна. Таа почиваше на ветувањето дека Демократска алтернатива има ветување од странски извори дека Македонија ќе добие една милијада долари. И бидејќи никој не прашуваше од каде и зошто би дошле тие пари, на Циле му остануваше само да раскажува за време на изборите како ќе биде поделена таа милијарда долари. За развој на индустријата 300 милиони, за патишта 200 милиони, за земјоделците 150 милиони, за селата толку милиони, за туризмот онолку милиони, а за пензионерите зголемување на пензиите. Можеше по барање на гласачите и да се претури од една ставка на друга. За секого по неколку милиони.
Се' беше направено како во реален буџет на државата и луѓето поверуваа. Над 120 илјади луѓе гласаа таа година за пропорционалната листа на ДА, која со партијата на Љупчо Георгиевски формираше Влада во која Никола Груевски беше прво министер за трговија, а до крајот министер за финансии. Подоцна излезе дека милијардата на Циле ќе дојде како поткуп од Тајван за признавањето на Тајван од Македонија што резултираше со прекин на дипломатските односи со Кина.
Сега економијата се води според истиот принцип. Разликата е само во тоа што милијардата за трошење не доаѓа од признавањето на Тајван, туку од познати кредитори кои Македонија уште ја сметале за средно задолжена земја. Според истиот принцип, Груевски објавува дека економијата е во рецесија и оваа година нема да порасне ниту за 1%, но пензиите ќе се зголемат за ветените 5% и дополнителните 2%, социјалните примања ќе се зголемат, платите нема да се намалат, вработувањата во јавната администрација ќе се зголемат, а платите на чиновниците ќе пораснат идната години. Пари за земјоделците ќе има во изобилство, ќе се градат и натаму споменици, згради, плоштади и улици и за сето тоа ќе има пари бидејќи странските кредитори и' верувале на оваа Влада дека ќе може да ги врати кредитите, чие отплаќање ќе почне по пет години.
Клучниот аргумент на Груевски гласи - ние не ветуваме нешто што нема да го реализираме. И, вистина, го реализираат. Ја трошат „милијардата на Циле“ и ги задолжуваат идните пет генерации.
Според многу експерти во Македонија, клучниот проблем на земјава во овој момент бил што не постоела реална политичка алтернатива за оваа власт. Нема партија или коалиција што може да вети дека демократијата ќе функционира како космодиск и дека може да позајми и потроши повеќе од Владата на Груевски.
Не сум сигурен дали е тоа баш така. Но она во што сум сигурен е фактот дека во вакви земји како Македонија, со таа милијарда може да се купуваат не само кинески автобуси, жални врби и споменици леени во Фиренца. Со тие пари може да се купуваат и медиуми, и коалициски партнери во владата и избори. Тие на кои им се доделуваат трошки од колачот ќе станат свесни за состојбата кога ќе дојдат кредиторите по нивните пари. Но, тогаш Груевски ќе ни објасни дека се' било легално и според законите. Самите сме си го барале.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 2037 пати.
|
Испрати коментар
|
|
seirdzija, 20.10.2012 00:30:35 | Mnogu vazno ke bide spored kakov zakon se rabotelo,a uste povazno e deka treba da im se sudi spored zakonot i pravilata koi samite gi nametnaja kako vo slucajot Dusko mlekarot,Zaev,Lj.Boskovski,V.Ramkovski,Buckovski,a treba da im se izmeri i kotata na zolta kuca kako baza,plus i site objekti koi gi poseduvaat isto kako vo slucajot na F.canovski....Za da se bide se spored zakonot,neli.... |
| jovan, 20.10.2012 00:36:23 | Se dodeka vaka funkcioniraat bogami Ahmeti i Albancite imaat jaka podrska od ovaa Vlada da pravat sto sakaat. Ne im e veke potrebna Americanska podrska za da si go ostvarat ona sto im e vo plan. |
| janko, 20.10.2012 01:08:50 | Bev vo edno selo kaj Makedonski Brod. Eden covek od 59 godini rabotel vo MZT. Oztt-to bilo vo bula so godini. Vladata na Gruevski gi pratila na zavod. Toj sega zema 7000,00 den.mesecno. Mi veli deka ne samo na idnite tuku i na bilo koi izbori ke glasa sekogas za Gruevski. |
| USA, 20.10.2012 01:40:43 | Taka e nasekade vo svetot. Narodot dava mandat koj ke go vladee cekmezeto. Koga vie go vladeevte, mnogu mal procent vidoa air. Aj, da se zaprasame: Koga izgedite bea ponadezni? Denes ili vo vase vreme (ne ja smetame svetskata ekonomska kriza). Sepak blagodaram za umerenosta. Mnogu vasi sopartijci nastapuvaat militantno, nebare na muskuli ke ja isturkaat rabotata. Za takov podvig treba politicki teskasi. Ne e ova pero-lesna kategorija. |
| mitre, 20.10.2012 07:26:38 | На прост народ му треба само АВТЕНТИЧНО ВЛАДЕЕЊЕ..........ништо друго............... |
| smile, 20.10.2012 07:35:13 | sve sto pravat DUI e nezakonski a gruevski se pravi na toso so takvoto ponasanje i toj go krsi zakonot ednostavno e zapostavuva odgovornosta kako premier.... |
| ФЕЛИКС, 20.10.2012 08:06:44 | По кој знае кој пат треба фактографски да се опсервираат и носителите на космодискот и оние кој не го носат,а поради неносење се наоѓаат таму каде што се над пола деценија плус продолжетокот.Инаку бевме сведоци кој тоа правеше моледбени напори да едниот партнер од власта ја напушти истата и да заиграат ново неизборно дружење.Па кога не се успеа тогаш ,,дрва и камења,, по него.Инаку за однесувањата на кампусот на авторот има мал милион примери на двојни поликанства.Од репресија па до како во Веро и др. маркети ,,плати едно,носи две,,(универзитетите во Тетово.Уништија економијата со девалвација па потегни репресивни мерки (Гостивар)Обвинувај за криминална продажба на ОКТА,после со тој што се обвинува правиш коалиција,а во исто време тој не е виновен туку тој што потпишал по налог на премиерот тогашен.Плус проширено со критики за бугарштина а сега се коалицира со таков благонадежник и нормално не пречи.Тука господ не помага а не космодиск. |
| cane sokolovski, 20.10.2012 13:57:45 | Јас не знам дали има или имало толку дисонантна, спротивставена, контрадикторна коалиција во историјата. Тие се по се различни освен по едно-Бујар Османи кој инаку го ценам, рече во една дебатна емисија за интерпелацијата дека ДУИ гласал против зошто таа не била „сеопфатна„?! Мајката, „сеопфатно„ беше третиран Никсон, кога „не сеопфатно„ си даде оставка. Османи рационализираше, тој ги инхибираше вистинските причини и излезе со made-up а вистинските беа желба за власт. Ниче вели-„Ништо повеќе човекот не сака отколку власт„. И тоа важи за сите. УСА-пак ти за минатото. Само перверзни луѓе го обвинуваат минатото за болките на сегашноста. Кога последен пат сте биле во „надежната„ Македонија, УСА? Сте се возеле во „надежните„ Македонски возови? Пред 45 години беа иљада пати подобри. Еден познат Американец, УСА, рекол-Јас ја сакам својата земја не значи дека ја сакам оваа власт. Друг-Јас ја сакам бескрајно својата земја и го задржувам правото бескрајно да ја критикувам-Џемс Болдвин.
|
| Ha, ha, ha!, 20.10.2012 14:02:42 | Da ne e vistinito, bilo bi smeshno. Bravo profesore! |
| milan, 20.10.2012 16:59:30 | Profesore,koga se polnat djebovite se zaboravaat sprotivnostite- pa ova e tender koalicija-Narodot eden den ke dojde po svoeto,togas ke se realizira viduvanjeto na seirdzija cij komentar go podrzuvam od zbor do zbor.POZDRAV. |
| Баба Евда, 21.10.2012 17:11:39 | Братот станува Сестра , Војводата Бугарин , живите дујковци браќа по тендер , мртвите дујковци опасност, „Dont call me FYROM станува Please call me FYROM.Благодарам , професоре , сега на баба и е јасно што е космодиск , да не ме мајтапи шатето мое , кога нешто баба не разбира зошто го прави тоа тој ми вели„ космодиск е тоа , бабо“! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|