19.10.2012, 18:36 Едиториjал
Воспитни мерки за МНР
Слободанка Јовановска
Министерството за надворешни работи, според најновите неофицијални информации, неодамна вработило воспитувачка од градинка во секторот за аналитика. Тоа во моментов и не е толку лоша вест за МНР, на кое очајнички му треба некој да ги воспита на соодветно однесување некои од дипломатите што ја претставуваат нашата држава во светот.
Меѓу другото, да не тепаат сопруги по кафеани, да не возат пијани како неодамна почесниот конзул во Флорида, да не мешаат малтер место да играат тенис со некој функционер домаќин, да не земаат пари на заем повикувајќи се на функцијата, па да не си ги плаќаат долговите, да не продуцираат љубовни скандали, да не користат физичка сила место дипломатски манири, а пред се' во секој момент и на секое место да знаат дека со секој потег што го прават - ги загрозуваат имиџот и интересите на државата.
Иако и амбасадорите се луѓе и тие, исто така, имаат приватен живот, кога нивната матична институција ќе крене раце од нив и не ги штити, тоа е сигнал дека дипломатијата пак ни излегла од контрола. Порано, кога Алајдин Демири проба со автомобил да влезе во швајцарскиот парламент, тоа беше дочекано како првостепен скандал и повод да добие билет за враќање во Македонија. Сега, тоа што некогаш беше скандал станува нормално „дипломатско“ однесување, па МНР смета дека е доволно да се дистанцира од случувањата и да каже дека тоа е приватна работа на дипломатите. Последниот случај со амбасадорот во Прага, Игор Илиевски, наиде на зачудувачки молк во оваа институција и пошироко. Ја срами ли амбасадорот државата со тоа што за лични проблеми држи прес-конференција? Ја срами ли земјата домаќин со самото тоа што тврди дека имал насилен упад во резиденцијата, а никој тоа не го потврдува? Ја срами ли Македонија со самото тоа што дозволи неговиот приватен живот да ја искомпромитира неговата службена позиција, па тоа да стане предмет на работа на полициските органи?
Впечаток е дека МНР сака со миење раце од лошите именувања во дипломатијата да се изземе самото од одговорноста за драматичното уривање на угледот на оваа институција, како резултат пред се' на партиските именувања. Дека покажува невиност таму каде што има директна одговорност, а пред се' околу фактот дека вработувањата во него немаат ниво ни на американската „зелена лотарија“, при што непрекинато се носат нови кадри со несоодветни професии, со несоодветни манири и со ниски лични стандарди во професија која бара перфекција. За сјајот на македонската дипломатија во ваква ситуација нема да помогне ни новата барокна зграда, бидејќи облеката не го прави човекот, па ни светнатите чевли на министерот и новата опрема во кабинетот нема да го сменат впечатокот за поразителното ниво на дел од кадарот со кој управува. Иако дипломатијата е на маргините на интересот на оваа Влада бидејќи на пиедестал е искачена економската промоција, не смееше сепак со несоодветните именувања МНР да се издевалвира на ниво на политички „кванташки пазар“.
За оние што мислат дека реакциите се претерувања, еве им неколку паралели: замисливо ли е дипломат на САД да пцуе или да навредува друга земја на социјалните мрежи и тоа да му се смета како квалитет, а не причина да се врати во земјата? Замисливо ли е, на пример, вториот човек на француската амбасада да варосува низ Скопје и неговите да се прават дека тоа не го забележуваат?
Тоа што има и доста светски примери на дипломати со недолично однесување, не е притоа никакво оправдување. Затоа, освен што брои колку фирми посетиле, колку депешеа испратиле, прво што треба да направи МНР е да ги врати сите оние дипломати што не научиле дека дипломатијата е повеќе од професија - дека е стил на однесување. |
|
Статијата е прочитана 1086 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.10.2012 00:42:44 | Dali primetuvate deka vo posledno vreme se poveke ne narekuvaat *ovaa zemja*, *vasata zemja*....a se pomalku ne narekuvaat *vasata drzava*, *ovaa drzava*...???!!! |
| Коста Стоименовски, 20.10.2012 00:50:42 | Во неколку наврати укажував дека македонската дипломатија беше криво насадена уште од самиот почеток, односно од осамостојувањето на Македонија. Во неа главна улога играа удирачи на печати по конзулатите на поранешната СФРЈ, потомци на комунистичката елита (од Водно), кои никогаш не полагале дипломатски испит, нити биле на соодветни подготовки за вршење на оваа деликатна дејност! Поврзани родбински и клановски не дозволуваа никому да „пркне“ кој би можел да ги загрози нивните позиции! Нивната инфериорност и комплексираност од професионалните дипломати кои се вратија од Белград најдобро ја изрази еден од умислените удирачи на печати -„Ние сме на власт и можеме да правиме што сакаме“! За опструкциите, подметнувањата и обидите за дискредитација што ми ги правеа овие „велемајстори“ на дипломатијата во некоја друга прилика, но и во книгата што ја подготвувам. |
| detroit, 20.10.2012 01:17:07 | zalno a vistinito nemaat vreme za nisto od poseti na barovi idiskoteki na grbot na mojata siromasna Makedonija |
| cobe, 20.10.2012 07:31:12 | Воспитувачката од градинка си дошла на правото место............... во МНР се било несташна и враголеста дечурлана............. ќе им требаат уште воспитувачки............... |
| milan, 20.10.2012 11:02:45 | DPMNE se otepa plukajki po mediumite protiv Crvenkovski i Sikerinska, ama za vreme na nivnoto vladeenje nemase vakvi diplomatski skandali. POZDRAV DO AVTORKATA. |
| operiran, 20.10.2012 13:19:35 | Коста коста треба да браниш ама Коле претеруваш. Мислиш дека некој ќети верува сонеколку реченици оцрни се што досега вредело а за сегашниве избраници ни збор. Некажуваш Коле дали го оправдуваш ова штосега се прави. Јас мислев дека ќетргнеш од Ацета но ти пак малку усул. Комунистите Коле од планина направија држава. изаедно со нра растеше и дипломатијата,а сека господине К. |
| diplomat, 20.10.2012 18:22:11 | Воспитувачката е ШЕФИЦА, т.е. државен советник за аналитика , а не само вработена таму!!!!!! |
| ODNADVOR, 21.10.2012 13:23:06 | Se pak, na ambasadorot ne mu e grev sto mu e kidnapirano deteto i sto toj se obiduva da si go pronajde i vrati, pa sega nie trebe da frlame kamenja po negovite diplomatski kvalitetei. Nashite amlbasadori , takvi se- kakvi se, gi znaeme, no da ne meshame babi i zabi. Im se slucuvaat i na drugi drzavi da imaat problemi so ambasadorite, no vo eden vakov slucaj bi bile podrzuvani, pa po toa, razgleduvan nastanatiot problem. Vo drugi drzavi,MNR VNIMAVA koj e bracniot drugar na ambasadorot, od kakvo semejstvo toj proizleguva i se sto se podrazbira pod toa.Nekogas i vo bivshata SFRJ, na toa se vnimavashe,sto deneska poradi *demokratski pricini*,ovoa pravilo e zaboraveno. Za toa, zenite na diplomatite takareci i ne gi poznavame ne se vo sostojba da ucestvuvaat so klasa vo prezentiranjeto na Mk., pa*zbesnuvaat*i uzivaat vo titulata i zelbata zto podolgo da ostanat nadvor od MK. il se odnesuvaat kako soprugata na Igor Ilievski. |
| mustafa, 21.10.2012 16:39:39 | Pocituvani citateli
Ne mozete da ocekuvate vo edno podnebje so niskostablesta i so smreka prepolna suma da imate zdravi borovi drvja za vrvni gradezni objekti.
Samo Chak Noris moze da ja spasi ovaa zalosna zemja od polupismeni. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|