19.10.2012, 18:20 Црвенковски и Георгиевски на иста бина
Додека се подготвува митингот, опозицијата ги отвора картите за Скопје: Стевчо Јакимовски ќе се трка за градот, а Анте Поповски за Карпош
ТатЈана Поповска
По дводецениски политички конфликт, лидерите на СДСМ и на ВМРО-НП, Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, за нецели десет дена ќе се качат на иста бина, со што и формално ќе покажат дека се обединуваат против актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Се' уште е неизвесно дали на митингот, чиј главен организатор е СДСМ, ќе се обрати Георгиевски. Во СДСМ тврдат дека се работи на сценариото и не сакаат да ги откриј��т деталите, додека во ВМРО-НП велат дека за ова прашање в понеделник ќе расправаат партиските органи.
Извесно е дека наскоро СДСМ и четирите партии ВМРО-НП, ЛДП, ОМ и Достоинство ќе ја официјализираат соработката. Од СДСМ не откриваат дали тие ќе бидат дел од опозицискиот фронт или на митингот целата опозиција ќе настапи со ново име.
На митингот што ќе се одржи на скопскиот плоштад „Македонија“ на 28 октомври ќе бидат промовирани кандидатите за градоначалници на Скопје и на другите скопски општини. На собирот, покрај СДСМ и коалицијата позната како „Пелистер“, ќе присуствуваат и партиите од опозицискиот фронт. Со митингот кој првиот социјадемократ во неколку наврати го најави како најмасовен собир досега, ќе биде заокружено „работното лето“ на најголемата опозициска партија.
„Се' уште нема конкретна одлука дали Георгиевски ќе зборува на митингот во Скопје. Кај него и кај партијата има расположение да застане на говорницата, но, сепак, в понеделник ќе бидат анализирани сите аспекти и ќе се донесе решение“, велат во партијата на Георгиевски.
Во СДСМ за ова, но и за сите прашања околу организацијата на митингот се прилично затворени. Велат дека ќе се внимаваат на сите моменти, со оглед на тоа што во иста коалиција треба да влезат своевремено двајцата најголеми политички непријатели.
Извесно е дека покрај Црвенковски, од бината ќе се обратат кандидатите за градоначалници на Скопје и на општините Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров. Социјалдемократите се' уште не ги откриваат адутите со кои ќе истрчаат на локалните избори во март за Скопје и скопските општини. Сепак, се' повеќе се шпекулира дека во трката за градоначалник на Скопје ќе влезе првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Наспроти тврдењата дека Јакимовски ја преферира Карпош, која ја смета за сигурна општина, во СДСМ тврдат дека со оглед на рејтингот што го има и како претседател на партиската градска организација е логично да биде кандидат за ова место.
Доколку Јакимовски се кандидира за Скопје, во Карпош, најверојатно, ќе биде номиниран Анте Поповски, претседател на партиската организација во Општина Карпош. Извесно е дека кандидат за градоначалник на Центар ќе биде претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски. Во Ѓорче Петров фаворит на опозиционерите, најверојатно, ќе биде советникот во Градскиот совет Александар Наумовски, а за Кисела Вода ќе трча Љупчо Васовски, директор во „Тинекс“.
Се' уште е неизвесно кој ќе се бори за градоначалничката функција во Општина Аеродром, каде што изборот е меѓу Диме Велковски и Никола Велковски. На партијата на Љупчо Георгиевски и' припадна Општина Гази Баба, каде што кандидат ќе биде поранешниот градоначалник во оваа општина Борче Стефановски. За Општина Бутел се шпекулира дека ќе биде номиниран Кире Начевски. |
|
Статијата е прочитана 3499 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.10.2012 00:11:59 | Ajde da vidime sto ke bide. Ova veke im doaga kako posledna sansa. Ako i posle ovoj miting ne uspeat da go animiraat elektoratot, ako ne vnesat volja i nadez za nekakvi promeni pomegu graganstvoto, togas najdobro ke im bide site toptan da se povlecat, ja stavat partijata vo stecaj, pa nekoj jovo na novo da ja reorganizira. Ostanuva posle 28mi da prokomentirame poseriozno sto bi mozelo da se ocekuva na nasava politicka scena. |
| Sara, 20.10.2012 08:44:37 | Samo Vistinskite poitichki lideri mozat da gi nadminat razlikite. Na slednite izbori opozicijata ne samo shto ke go pobedi tuku so izborniot rezultat treba da go otkaze Gruevski od politichkata scene.Za opshtina Centar nemem nikakva dilema g.Zernovski ke go vrati sjajot shto od sekogash go imala ovaa opshtina. |
| Bogomil, 20.10.2012 09:18:15 | За Јакимовски, нема дилеми. Ерудита, логичар, зрачи искреност во настапите, потврден реализатор на ветените проекти. На Жерновски му е неопходен повеќе жар во настапите. Искреноста и добронамерноста не звучат убедливо ако се соопштуваат со доза на летаргичност. За кандидатот во Кисела Вода работите стојат поповолно, бидејќи постојниот градоначалник Ѓорчев не остави ни елементарен капитал за нов мандат за ВМРО-вец. Се покажа како префинет панаѓурски џамбас, мангуп и профитер. Им посакуваме на сите чесни големо добредојде, но не качени на коњите од ВМРОВ-ската ергела, туку пеш, како мнозинството бирачи, кои се борат со сиромаштијата, голотијата, неизвесноста. |
| jovan, vlada @, 20.10.2012 12:04:30 | Abe imenjak dobro e sto seuste mislis deka ovie dvajca moze da pobedat, ubavo e vo makedonija da ima vakvi licnosti kako tebe, ama ljbuco i branko mozat momentalno samo da izgubat i da se izgubat i dvajcata od politickta scena. A da ke bide ubavo Ljubco da govori na binata pred clenovite na SDSM bas me interesira kako e reagiraat i dali ke mu dadat aplauz na gjavolot koj go brkaa celi dvaese godini, za niv ljbco bese nesto najdolno olicetvorenie na zloto i apaslokot, bas me interesira kolku ke mu aplaudiraat i kako ke go skandiraat negovoto ime. I na kraj me interesira kako narodnjacite demohristijani desnicari ke mu bacat raka na Branko zloto so koe se borea, i ke mu go skanidaar negovoto ime.Sakam da go vidam Vane Cvetanov kako mu se ligavi na Branko, koga ke go vidam toa posle mozam slobodno da otidam vo rajot :D! |
| Sovetnik, 20.10.2012 12:26:53 | Bi mu preporachal na Brane da odi sam. Od ovaa koalicija ke ima povece shteta odoshto car. Poslednite izbori toa go potvrdija. Mozat samo da se dogovorat za podrshka, vo stilot site protiv zaednichkiot neprijatel, no ne i zaednichka lista. Na NSDP im dade/pokloni 4 pratenici. Zatoa ovoj pat, razmisli! |
| Свети Петар, 20.10.2012 17:31:35 | Јован&влада , дали ќе одиш во рајот или пеколот , решавам јас! Почекај да го отворам тефтерот , не збори пред време!Кај мене и во пеколот има ред , има повеќе кругови , но мислам дека има позаслужни од Љупчо за кај мене! Вака , на прв поглед , ти му доаѓаш за третиот казан , но Шефот ќе каже! |
| pile, 20.10.2012 20:37:07 | Naslovot na tekstot mozje da glasi i vaka,postkonfliktnata sorabotka za spas na R.Makedonija prodolzjuva ili Obedinuvanjeto protiv rezjimot na Gruevski se potvrduva ili vaka koga mozjat Ahmeti i Gruevski vo ista Vlada zosto ne i Branko i Ljubco na ista bina, no javnoto mislenje oddi vo druga nasoka G-gja Popovska.Posle vakvov subjektiven i pristrasen izvestaj od EK ,,od koj podocna ke imame golemi glavobolki,, (S.M.) i molcenje na Premierot a ne i zasilena diplomatska aktivnost koja ja pobarav vo komentar od pred nekoj den,kako i so izjavata na VP G-gja Teuta Arifi, parafraziram,R.Makedonija da vnimava do Samitot na EU vo dekemvri da ne napravi nisto za da R.Grcija go prifati EI so resenie na sporot za imeto vo rana faza,ne samo Georgievski i koalicijata Pelister, SITE i neopredeleniite nad 40 % od koi zavisi bilo cija pobeda, za da padne ovoj rezjim na mafijokratija (S.M.-Gragjanski),i formiranje preodna Vlada na odgovornost do redovnite izbori.R.MAKEDONIJA NA NOZE ZA SITE NAS |
| lic, 20.10.2012 22:17:01 | Abe Jovan.vlada-ti galiba zaboravi deka Ljupco e vas. Tolku se zanese vo govorot sto zaboravi deka ti go glasase da krade.A i segasniot ti lider e negova skola samo na povisoko nivo.
Sto li ce zboruvas po nekoja godinka-neka mu ja misli Grujo.Inace nie znaeme koj e Ljupco,ama vo vojnata neprijatelot na mojot neprijatel mi e prijatel poradi povisoki celi ili za spas na drzavata. |
| zagrizen, 21.10.2012 02:43:00 | Koga go prasale W.Churchill : Sto zar ke odis zaedno so Staljina, komunistot ?, odgovorot od Churchill bil: Ke odam i so Crniot Gjavol, samo da go pobedam Hitler. I taka, go pobedi. E, a posle sto se ima napraveno Churchill toa e veke druga prikazna. Za eden pasos od taa prikazna mozat da ni raskazat postarite Makedonski partizani od Vicot,Gramos, aj da gi kazeme Egejcite.Etikata i moralot se nepoznata velicina kaj politicarite. Ta zatoa se i politicari! Krajnite rezultati na politikata gi sogleduvame vo amnestii,montirani sudski procesi,totalitarizam,dvojni standardi,tolerantnost koga se krsat ustavot i zakonite na drzavata od koalicioni partneri,promena na istorijata,kriminalot da e na edno zavidno nivo itn. Neli Felcovci,Oliverovci,Dedo Dimovci,Rezillofci?????? |
| ccc..., 21.10.2012 10:52:29 | Pa za ovie li be pak covek da glasa!? Prosto covek da ne znae sto e poloso, novi 4 godini vlast za VMRO ili da glasa za Brla/Bube koj 20 godini se motkaat u pozicija/opozicija ali nikako nadvor od politika i posle tolku porazi. Ova e najdobar dokaz deka psihicko macenje sto nie kako narod moze da istrpime i izdrzime, ne moze ni najgolemiot sadist da ni smisli. Mozda treba da proveri nekoj institut dali sme otporni i na radiacija. Ne bi me iznenadilo i od toa da nemame gajle. |
| Podgor, 21.10.2012 22:24:33 | Pred nekoj den koga se pushtashe patot vo opshtina Chashka ,gradonachalnikot tolku cvrsto go pregrna i 3 pati go bakna Ali Ahmeti taka da chovekot posle toa - Ahmeti- cel eden den izgubil bo bolnici i rengen snimanja da ne ima nekoe rebro napuknato od pregradkata na gradonachalnikot VMRO vec |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|