19.10.2012, 18:08 Место ред, МРТ направи хаос со сметките
На иста адреса пристигнуваат по две, три, па и повеќе сметки. Граѓаните се чудат од каде им се на МРТ податоците за членовите на семејството
Даниела Трпчевска Мирче Јовановски
Наместо средување на списокот со граѓани кои треба да плаќаат радиодифузна такса, Македонската радиотелевизија направи вистински хаос деновиве кога во повеќето поштенски сандачиња остави по неколку сметки на иста адреса. Ако досега еден член плаќаше такса, сега често се случува во едно семејство да добијат и по три-четири сметки. Курцшлусот со сметките предизвика револт во повеќе градови, како што се Тетово, Куманово, а од вчера и во главниот град на земјава, каде што незадоволните корисници ги опседнаа шалтерите на Управата за јавни приходи и на јавниот сервис, барајќи одговор за настанатиот хаос. Од УЈП се оградуваат и упатуваат на МРТ, а оттаму, пак, во штурото соопштение не дадоа одговор од каде им се податоците на сите граѓани и според кои критериуми ги вметнале во списокот во кој никогаш не биле, ниту, пак, требало да се најдат. Така, наместо да го прочисти списокот од починати или отселени лица, како и да направи освежување со новите адреси на оние што се преселиле, МРТ дополнително го обремени и го наду со илјадници нови имиња.
„Ќерка ми 20 години живее во Норвешка и има двојно државјанство - норвешко и македонско. Тука се води на моја адреса, но радиодифузната такса отсекогаш ја плаќам јас. Но, вчера се зачудив кога ми пристигнаа две сметки. Радиодифузна такса се бара да платам јас, но и ќерка ми која со години не живее тука“, вели една наша читателка од Скопје, која вознемирена се прашуваше што треба да направи. Таа се прашува дали порано податоците за граѓаните кои треба да плаќаат такса за МРТ биле ажурирани според сметките за струја, а сега можеби се користат податоците кои граѓаните ги оставаат при вадење лични документи.
И во Куманово состојбата со сметките за телевизија е хаотична. Во овој град има масовни појави сите членови на семејството добиваат сметка за плаќање на радиодифузна такса.
„Ни стигнаа сметки за мене и за сопругата, а соседот се пожали дека кај него на истата адреса стигнале три сметки. Веднаш се јавивме на бесплатниот број на Контакт-центарот на УЈП 0800 33 000, кој го има на сметките. Оттаму ни рекоа дека станува збор за грешка во системот и дека таа наскоро ќе биде исправена. Не посоветуваа да платиме само една сметка и да не се грижиме за другите“, вели нашиот читател од Куманово, Слободан Цветковиќ. И кај него постои дилемата од каде им се податоците на МРТ за имињата на членовите на семејството и каде е тука заштитата на личните податоци, како и дали со ова се прекршува законот за заштита на личните податоци.
Завчера, револтот ескалира и во Тетово каде што имаше и такви примери сметки да пристигнат и на починати лица. Еден од граѓаните изнервиран прокоментира дека кај него решение за радиодифузна такса не стигнало само за домашниот миленик – кучето.
Од Управата за јавни приходи велат дека тие само ги дистрибуираат решенијата за радиодифузна такса, како и дека според законските прописи МРТ е надлежна за водење на регистарот на обврзници. Од Управата категорично демантираат дека податоците за новите претплатници на МРТ произлегуваат од списоците на даночните обврзници кои ги има УЈП.
И покрај тоа што вчера упорно се обидувавме да стапиме со надлежните за изработка и водење на регистарот на претплатници во МРТ, до кои испративме и писмено прашање од каде им се имињата на граѓаните кои ги вметнале во списокот, оттаму пристигна само кусо соопштение во кое им се извинуваат на граѓаните за направениот пропуст.
Станува збор за августовските и септемвриските сметки. Според МРТ, доцнењето на сметките беше поради изготвување нов регистер на корисници во кој требаше да се избришат починатите лица и оние што се отселени и живеат во странство. Но, наместо ред во податоците, се направи целосна збрка за која граѓаните сега ќе треба самите да ја исправаат и да висат на шалтерите на МРТ или телефонски да се јавуваат.
Според информациите од МРТ, по пречистувањето, регистарот за физички лица опфаќа околу 520 илјади претплатници, додека состојбата со фирмите е појасна биде��ќи се потпира на податоците од Централниот регистар, каде што се евидентирани 110.000 фирми.
Од МРТ соопштуваат дека ажурирањето на податоците било направено поради промените на имињата и броевите на улиците и поради тоа решенијата за радиодифузна такса за осми и деветти месец оваа година доцнат, но дека нивното доставување е во тек.
„Доколку се појават недоследности, неточни податоци, задолжување со повеќе решенија за едно семејно домаќинство, за сите исправки граѓаните можат своите барања во врска со решенијата за радиодифузната такса да ги достават по пошта или да се јават телефонски, а скопјани можат и лично на шалтерите на Македонската радио-телевизија“, соопштија од јавниот сервис, од каде што се извинуваат за настанатите пропусти.
На дополнително инсистирање, по и-мејл ни беше одговрено само дека МРТ од носењето на Законот за радиодифузна дејност во 2005 година до денес постојано работи на изготвување и надградба на базата на податоци за физички лица и постојано врши корекции по барање на граѓаните во нивните адресни и лични податоци, промена на имињата и броевите на улиците, промена на местото на живеење на граѓаните, бришење на починати лица и слично.
До Дирекцијата за заштита на лични податоци досега нема пристигнато ниту една претставка од граѓаните за двојните сметки за радиодифузна такса, како и поплака од каде им се на МРТ податоците за членовите на семејството. „Ако некој поднесе претставка, ќе испитаме што навистина се случило. Засега не можеме да кажеме дали има прекршување на некој законски основ, но МРТ како јавен сервис што наплаќа јавна давачка има пристап до одредени податоци за граѓаните“, вели Димитар Георгиевски, прв човек на Дирекцијата. |
|
Статијата е прочитана 2235 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.10.2012 00:16:43 | Haos e i vo UJP, ne samo vo MTV. Nekolku pati pisuvam i zamaram so moj licen primer deka eve neznam veke kolku godini po red dobivam resenie da platam danok na imot/stan koj voopsto go nemam. More pisuvav izjavi zavereni na notar deka takov stan nemam, no resenijata i ponatamu si stigaat i jas i ponatamu dolzam 20i kusur iljadi denari za neplaten danok na imot. Ovie veke tolku se uspaniceni i bez pari da veke i neznaat sto pravat. |
| Zane, 20.10.2012 01:22:44 | cirkus |
| граѓанин, 20.10.2012 01:40:46 | Вели вака *Од МРТ соопштуваат дека ажурирањето на податоците било направено поради промените на имињата и броевите на улиците и поради тоа решенијата за радиодифузна такса за осми и деветти месец оваа година доцнат, но дека нивното доставување е во тек*. Па добро бе луѓе, колку пати им се укажа на градските советници дека промената на улици е тотално непотребна - ем придоенесе за политички хаос а еве имаме и ваков вид на компликации кај граѓаните. Јас веќе неколку години сум сведок на грешки од страна на голем број владини институции без никакво превземање одговорност. И упорно си се повторуваат. А ако како во случајов граѓаните изрегираат и бараат одговор, одговорните само ќе дадат штур коментар демек еве било грешка. Знам Феликс ќе се јави утре со коментар дека кој работи и греши, ама ова е веќе константно, безмилосно тормозење на граѓаните од чии пари земаат плата - човек треба да има време-вечност и нерви-сајли да издржи. АМАН!!!!!!!! |
| zagrizen, 20.10.2012 05:25:51 | Jovan, ti znaes kade zivees ?! |
| ФЕЛИКС, 20.10.2012 07:48:54 | МРТВ не одговори прво како дошла до податоци да на една адреса живеат 2-3 или 4 члена на едно семејство,и што е поиритирачко од каде им се познати нивните генералии.Што не испратија по грешка 10-15 сметки на иста адреса туку толку колку што брои членови семејството.Вероватно пошле од она ,,кој плати,плати,,плус вероватно да како во кино или театар секој гледач плаќа карта,па така и секој гледач на тв има да плати. |
| kicevo, 20.10.2012 08:39:19 | na mojata domasna adresa vo koja site zaedno ziveeme vo isti stan, pristignaa za sekoj clen od semejstvoto ( za moite rodite i jas ) , poodelno smetka ova e BANANA DRZAVA |
| Ајван Доктор®, 20.10.2012 11:03:14 | Ете,тоа е успешно реформираната јавна администрација!Најпрвин за оправданието дека се работи за „грешка во системот“ (со други зборови,дека вината е во компјутерски софтвер)!Податоците во секој компјутер ги внесува административец-оператер,оттаму конечниот резултат е производ од добиените информации од човекот кој работи на компјутерот,а не од самоволно работење на софтверот!Она што загрижува е поседувањето детални информации за секој член од семејството,што укажува дека се работи за опасен државен систем,каде секој од нас е предмет на набљудување од специјални служби,полош од оној во времето на социјализмот!Трагично е што за направената каша на неуките,илјадници луѓе ќе се малтретираат по шалтери за да ја исправат грешката на луѓето кои поим немаат од својата работа,а тие повторно ќе си ја добијат платата во цел износ,без задршки,затоа што нивната не е „според учинок“! |
| тепало_пп, 20.10.2012 11:44:16 | uste comoski koga pojde vo mtv se vide kolku ke ja bide MTV=A1 |
| Vchudoneviden, 20.10.2012 12:06:57 | Zoshto nie da odime da gi ispravame greshkite na tie shto zemaat plata za toa. Neka si gi ispravat kako gi i zabrljaa. Shto sega mene obvrska ke mi se dava. Togaj neka ni ja dadat i nivnata plata. Znaat li oni kolku e teshko da se dojde do rabota, posebno takva kako nivnata, klati vrata i primaj odlichna plata. Ma neka se nosat zaedno so nivniot pastir, koj gi nenormalno vraboti onaka nepismeni. |
| Трпе, 20.10.2012 17:02:48 | Во Банана држава како што е нашава,која работа е завршена како што треба.Во матно и магла најдобро се лови.Дај што ке дадеш ,само нешто да влезе во државната каса.Државната каа е празна.Ако не се кредитите под хитно треба да се прогласи стечај. |
| Kojco, 20.10.2012 19:09:54 | Ovaa vlada i MTV se najgolemi LOPOVI, gi REKETIRAAT Makedonskite gradjani. a vie ovci pak glasajte za REKETARITE od VMRO.
Krivicni prijavi za ovie lopovi. |
| kokona, 20.10.2012 22:08:22 | Tokmacive stokmile smetki vraz osnova na -ova e moja pretpostavka- podatoci zemeni od FZO NA RM preku maticni i broevi na zdravstveno osiguruvanje na maloletni i polnoletni clenovi na semejstvo koe pak e povrzano so UJP koe ima podatoci i od imotnite listovi a pak site pod cadorot na MVR, koj sekako koga e susha-beda- se otvara a koga vrne se zatvora.
Zatoa mazeni-zeneti na druga adresa primaat dupli smetki na istata kako i na adresata na roditelite kade stojat i kako naslednici i mnogu drugi slicni situaciii...
Vo drzavava bukvalno se sproveduva terorot na figurativnata CAMERA OBSCURA, mrachna komora za ostvaruvanje na visoki budzetski proekcii so neizdrzhan potencijal koj go poseduvaat gragjani koi vladata sekade vo svet gi pretstavuva kako evtina rabotna sila koja moze da se cedi do posledna kapka bez pardon so gjoamiti zagarantirani rabotnichki prava.
Paradoksot na Diogen e kako vic na denot vo sporedba so reformskite akrobacii na nasite vladeachki umovi. |
| Ванчо, 21.10.2012 09:00:16 | „Ако некој поднесе претставка, ќе испитаме што навистина се случило. Засега не можеме да кажеме дали има прекршување на некој законски основ, но МРТ како јавен сервис што наплаќа јавна давачка има пристап до одредени податоци за граѓаните“, вели Димитар Георгиевски, прв човек на Дирекцијата.
МРТ треба да каже врз основа на кои податоци на граѓаните ги изготвува решенијата, односно врз основа на кој закон. |
| Без паника, 21.10.2012 12:04:53 | И фелчовците треба да живеат од нешто! |
| kiro, 21.10.2012 16:41:49 | DA SE TERMINIRA MRT I DOSTA E OD OVIE PIJAVICITE VEKE DURI I SO TEROR ALO TREBA. |
| Весна.С. од Прилеп, 21.10.2012 17:00:25 | Ова секогаш ќе ни се случува се додека во јавната администрамија седат луѓе на кои не им е местото во администрација,а се вработени со партиски книшки.П.С.Со дуплираните сметки треба да се платат оние од администрацијата кои земаат пари т.е. се водат дека се вработени,а седат дома. |
| mile, 21.10.2012 17:39:31 | А каде има ред во земјата на Преродбениците?????????????????????? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|