27.06.2012, 17:57 Ефремов 28. во Европа на 400 метри
Кристијан Ефремов го освои 28. место во конкуренција на 30 атлетичари со пласман на 400 м на Европското првенство во атлетика. Постигнатиот резултат од 48,80 секунди е послаб од неговиот личен рекорд 48,26 сек. поставен на 9 јуни во Софија. Зад него се пласираа само натпреварувачите од Гибралтар и од Лихтенштајн, а најдобар во квалификациите беше Ирецот Брајан Греган со личен рекорд од 45,53 сек.
Преостанатиот македонски претставник Ивана Рожман, пак, заврши претпоследна меѓу 32 учеснички во квалификациите на 100 метри. Таа забележа време од 12,86 секунди, многу послаб од личниот рекорд 12,01 сек. и од најдобриот резултат сезонава од 12,42 сек. остварен неодамна во Софија. Најбрза во квалификациите беше Бугарката Ивет Лалова со 11,06 сек., а зад Рожман остана само натпреварувачката од Андора. (Р.Д.) |