19.07.2012, 22:04 Металург со два голa негатива се враќа од Полска
Резултатски неуспешното коло во фудбалските евро-купови за македонските екипи вечерва го заокружи Металург, кој претрпе пораз од полскиот Рух Хорзов со 3:1, во 2.коло од Лига Европа
Металурзите по нерешеното прво полувреме кое заврши без постигнат гол, во 70-та минута поведоа со 1:0 преку Агрон Мемеди. Но, во последните петнаесетина минути домаќините направија целосен пресврт и остварија два голови позитива пред реваншот во Скопје, кој е закажан по седум дена.
Најпрвин Аркадиуш Пиех во 74-та минута изедначи на 1:1, истоит играч девет минути подоцна зголеми на 2:1, а конечниот резултат 3:1 го постигна Пјотр Ставарчук во првата минута од судиското надополнување.
Денеска пораз од два голa разлика претрпе и вториот македонски претставник во ова натпреварување Ренова, која на домашен терен загуби од белорускиот Гомел со 2:0.
Вчера во квалификациите од Лигата на шампионите, македонскиот првак Вардар загуби на гостувањето кај Бате Борисов со 3:2.
|