Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
22.05.2012, 19:09

Клинички центар стана Комплекс „Мајка Тереза“

По предлог на премиерот Никола Груевски, Владата реши да му даде ново име на Клинички центар

Клинички центар стана Комплекс клиники „Мајка Тереза“. По предлог на премиерот Никола Груевски, Владата на вчерашната седница одредила назив на урбанистичката целина каде што се сместени државните клиники од терцијарното здравство, во минатото наречени Клинички центар, или популарно - Државна болница. Новиот назив на оваа урбанистичка целина гласи Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Владата и' препорачала на Општина Центар оваа урбанистичка целина да се преименува во „Мајка Тереза“. Освен што го менува името на Клиничкиот центар, пред извесно време Владата најави и изградба на нов клинички блок, доградба и надградба на клиниките во состав на Клиничкиот центар, изградба на една катна гаража во кругот на комплексот и на повеќе станбени објекти надвор од него.

За таа цел Министерството за здравство објави тендер за архитектонско- урбанистички проект за целиот комплекс. Идејното решение и изработката на проектот се очекува да биде завршен до крајот на оваа, односно почетокот на следната година, а потоа ќе почне процедурата за изнаоѓање градежна фирма. Изградбата на новиот објект на клиниките треба да почне кон средината на наредната година. Според Министерството за здравство, новиот клинички блок заедно со реконструкцијата на неколку клиники ќе чини околу 60 милиони евра.

И додека Владата го менува името на Клинички центар и ќе гради нов комплекс, вчера СДСМ објави дека македонското здравство бележи пад од пет места според европскиот индекс на здравствена заштита. Кај нашава земја е констатиран најголемиот вкупен пад меѓу земјите од регионот.

Македонија изгубила речиси 50 бода во петте клучни области врз кои се базира истражувањето: информирањето на пациентот, достапноста на лекувањето, времето на чекање, медицинските резултати, опсегот на услуги и лековите. Од СДСМ велат дека, всушност, овој показател само го регистрира тоа што граѓаните секојдневно го чувствуваат на своја кожа и само ја надополнува очајната слика за нашето здравство.

СДСМ апелира до Владата во најкус можен рок да ги врати одземените пари од здравството, но и да вложи во дополнителни ресурси за да ја стабилизира состојбата. А, тоа може да го стори ако скрати од реконструкцијата на мостовите, од фонтани, од рекламите. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 955 пати.

Испрати коментар



...И уште нешто
Прилеп лидер во управувањето со отпад
Рибопроизводството можност за развој на рурален туризам
Руски новинари во посета на земјава
Вранишковски и 18 негови следбеници „испрале“ 15 милиони денари



граѓанин, 23.05.2012 00:51:09
Машала! Е тоа се вика суштински, длабински, добро осмилсени промени. За оваков успех навистина треба 24/7 работа и посветеност - и после промената на името се е решено во здравството. Честито. А да не го потегнуваме прашањето што Мајка Тереза често нагласуваше да не се користи нејзиното име...
Луда Мара, 23.05.2012 08:59:16
Како тргнало,овој лунатик наскоро и Скопје ќе го преименува во Калкута! :0))
Исправен потег, 23.05.2012 10:02:27
Мајка Тереа ги лечела болните од рак со тоа што ги терала да се молат на бога (кога самата ќе се разболела , одела кај врвни лекари во Париз!)! Бидејќи и кај нас само Господ може да им помогне на болните, по уништувањето на Клиничкиот Центар , предлогот на премиерот е баш на место!
srebre, 23.05.2012 10:15:59
uste edna glupost od ova vlada...majka tereza kako prvo e katolicka a ne pravoslavna pa nema logika..kako vtoto taa vo nejzinite intervji kazuva deka e od albanija i albanka .....
jas, 23.05.2012 11:27:41
Ova e cista zloupotreba na imeto na Majka Tereza. Klinickiot centar i voopsto celoto nase zdravstvo ni najmalku ne nalikuvaat na nesto sto bi mozelo da se povrze so Majka Tereza. Samo gluposti od vladata.
Tina, 23.05.2012 11:44:15
Znam da Majka Tereza bese Katolkinja. Zivot go provede so deca bez roditeli. Sekoja cest na nea i rabotata sto ja napravi. Majka Tereza za detska bolnica e prihvatlivo. Za bilo koje drugo, ne mislam.
GO SAKAM SKOPJE, 23.05.2012 15:09:02
SE menuvaat iminja na ulici, na mesta, na ustanovi kako eve sega i bolnicava,a nie gragjanite na *Meretnicava*ke go soznaeme toa*po svadba tapani*! Dali nekoj moze da mi objasni koj e kumot na nashiot klinicki centar koj od sekogas si go znaeme kako Drzavna Bolnica? Razni drzavi koi ne pregazuvaa ni gi menuvaa prezilinjata i iminjatakomu kako im odgovarase. Pa i od kako postanavme R. Makedonija, na ponekomu, vo pravopisot ni se pojavija promeni na iminjata/ preziminjata vo novite pasosh, bez nekoe ubedlivo objasnuvanje. Ama , komu pak sega mu tekna da go (zlo) upotrebuva imeto na Majka Tereza koja tocno toa ne go sakase. Zgora na se, nikoj ne ne prasa za ovaa promena, tuku samo imaa ljubaznost da NE OBAVESTAT! Ke ima li ednas kraj na samovolieto na izvesni arogantni *moknici*,vo nasava drzavicka?
Ova e prerodba, 23.05.2012 20:13:58
Dodeka narodot umira ovie najvazno im e imeto. No,imeto e pogodeno, samo molitva moze da ni pomogne bidejki polovina lekari se nepismeni a od medicina ne ja sovladale ni bukvata M.
Kum, 24.05.2012 05:43:21
Denez na drzavna bolnica, utre koe ime ke go smeni?
cobe, 24.05.2012 10:27:37
Ете, и тоа ќе го биде од Грујо????? И што натаму???? Му олесна на пациентите??? Се подобрија ли условите???? По мене ова е обично замајување на шутрачкиот народ............... Се надевам за брзо време Охридско Езеро да се преименува во ВМРО Езеро, се разбира на предлог на Груевски........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Облачно

Сабота
Грмотевици
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |