Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:21

Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола

Во градот под Пелистер се назначени само четворица нови директори на јавни претпријатија и на установи

Битола - По шест месеци, конечно, „заплиска“ новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Промените кои битолчани ги чекаа пролетта, ги добија наесен. Но, „новиот бран“ се покажа скромен, само четири нови директори на јавни институции, иако јавноста очекуваше цунами, со оглед на тоа што Битола пролетта доби и нов координатор на партијата, директорот на „Водовод“, Зоран Илиоски. Битолската опозиција е во дилема, дали Илиоски е човек кој не преферира промени, или, едноставно му е претешко да најде соодветен кадар во кој ќе може да верува.

Локалната власт во Битола, сепак, успеа да изнајде кадровски решенија со кои ќе ги пополнат местата на тројцата директори во јавни институции кои оваа пролет беа осомничени за сторени кривични дела поврзани со нивната работа. Така, во директорската фотелја во Индустриската зона „Жабени“ седна Сашко Илковски, човек кој доаѓа од Битолскиот народен театар. Во ЈП „Комуналец“ поранешниот заменик-директор Зоран Соклевски доби унапредување и сега стана генерален директор. Додека со Старечкиот дом „Сју Рајдер“, пак, ќе раководи Марица Тодоровска, која доаѓа од подружницата на ЕВН во Битола. Власта успеа да го пополни и директорското место во гимназијата „Таки Даскало“ со тамошниот професор Владимир Трифуновски, откако поранешната директорка Анита Ангелевска неочекувано си замина од оваа функција иако остана на позицијата претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

За опозицијата е интересен изборот на директорот за ИЗ „Жабени“. Па прашуваат колку ќе може човек од културата успешно да привлекува странски инвестиции. Во исто време, велат од опозицијата, Илковски досега е виден само на една прес-конференција на која зборувал за непотизмот на СДСМ.

„Овие промени не можат да донесат никаков позитивен ефект. Ова значи дека ’бранот‘ не само што беше една голема фарса со која се сакаше да се забавува народот, туку останува впечатокот дека ВМРО-ДПМНЕ во Битола е кадровски истрошен. Нема што повеќе да им понуди на граѓаните. Назначувањето театарџија за директор на ИЗ ’Жабени‘ е доказ дека власта веќе го изгубила компасот на движење. Внатрепартиската битка е разгорена до тој степен, што не можат да се договорат кој каде ќе директорува. Наместо да се одлучува во законските рокови за избор на директори, власта остави изборот да оди во недоглед“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП.

Од Општина Битола велат дека својата работа ја извршуваат максимално транспарентно.

„Ги информираме граѓаните на општина Битола дека директорите на ЈП ’Комуналец‘, ИЗ ’Жабени‘, СОУ ’Таки Даскало‘ и ЈОУ Дом за стари лица ’Сју Рајдер‘ се веќе назначени. Споменатите претпријатија, институции и установи континуирано успешно ги извршуваат обврските соодветно со своите надлежности во интерес на граѓаните“, стои во соопштението од локалната самоуправа во Битола.

Сепак, опозицијата смета дека „Бранот“ на ВМРО-ДПМНЕ требаше да биде силен и долготраен, а градоначалникот Владимир Талески енергично да се справи со криминалот и непотизмот, особено во битолското образование.

„Зошто Талески не ги почитува законите и не ја разреши директорката на Медицинското училиште? Кога ќе го смени директорот на Техничкото училиште и дали Антикорупциската комисија донела препорака за негово заминување од функцијата, или училишните одбори му откажале послушност и сега е немоќен да го спроведе законот?“, прашуваат од ЛДП.

Инаку, се' уште останува неизвесно дали „новиот бран“ ќе им донесе казни или награди на разрешените директори околу кои се крена голема прашина. Дилемата се наметна откако градоначалникот Талески уште пролетта порача дека директорите осомничени за криминал нема да останат без работа. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1169 пати.

Испрати коментар



Мечки шетаат среде пелагониското поле
Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за штрајк
Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода



Ама бран, 19.09.2012 07:41:49
Се промениле 4 директори во Битола? И тоа било бран?? Ма за промена се 4000 низ цела Македонија.
Славица, 19.09.2012 09:35:00
Во Битола секогаш директорите осомничени за непотизам и корупција се наградени со нова подобра функција. Да се провери криминалот на директорката на ОУ Стив Наумов во Битола, која на 5 септември противзаконски им ги менува изборните предмети на учениците за да избрка наставник.
p,ere, 19.09.2012 10:15:22
So REK Bitola so pravime . Tamu direktorot,, slika ima ton nema,,.
Jasmina, 19.09.2012 11:44:53
Kakov bran? Brancence, brancencence. Neka gi pustat, neka si gi polnat zepovite, cel zivot samo toa go pravele!
suze, 19.09.2012 16:44:59
Чекаат останатите кандидати да ги завршат факултетите па да бидат наградени со функција за послушноста.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 5°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |