Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:22

Мечки шетаат среде пелагониското поле

Ловците професионалци велат дека во последните години има голема раздвиженост на мечките во Битолскиот регион

Битола - Жителите на пелагониското село Добрушево се во паника откако низ нивите им прошетала мечка. Ова село се наоѓа среде пелагониското поле и мештаните не паметат дека досека имале блиски средби со ова диво животно.

„Утрото околу 6 часот како што беревме тутун, почна да лае кучето, кога погледнавме, мечка зад нас. Од лавежот на кучето мечката го смени правецот и замина покрај нас, кон селото Чарлија“, раскажува исплашено Атанас Митревски, жител на Добрушево.

Веста за мечката се расчу низ Пелагонија, па сега жителите се плашат да излезат по нивите и да им се вратат на обврските во полето. Мислат дека таа дошла во потрага по храна, оти во атарите на овие пелагониски села има голем број кошници со мед.

Исплашени жителите на Доброшево сериозно размислуваат да не излегуваат од дома без ловни пушки. Ловците професионалци, пак, велат дека во последните години има голема раздвиженост на мечките во Битолскиот регион, вклучувајќи ја и Пелагонија.

„Оваа година мечката почна да се движи во предели на Пелагонија каде што не можеше да се замисли дека ќе се појави. Мечката слезе и во Добрушево, бевме таму и ги видовме трагите. Се жалат мештаните од пределот на Баба Планина, бидејќи мечките се движат и во текот на денот. До ресорното министерство поднесовме барање да се преземат мерки за заштита на населението, но досега немаме одговор“, вели Ромео Саздовски од Ловното здружение „Сокол“од Битола. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1680 пати.

Испрати коментар



Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола
Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за штрајк
Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода



TataMata, 19.09.2012 01:28:34
Toa ti se vika SLOBODA! Pozdrav do site...
Od Jani, 19.09.2012 08:49:26
Kazete mu na Stefce Pajceto i ke ja turni meckata zaedno so nekoja pijacka
Mirce Vladimirov, 19.09.2012 09:12:46
А што се тоа “ловци професионалци“ ? Не знаев дека во Македонија има таква професија.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |