Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:07

Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата

Позитивниот тренд во овој сектор се очекува да продолжи и во втората половина од годината

Сања Наумовска



Зголемениот извоз, особено на раноградинарските култури е главната причина за забележаниот раст на земјоделството во вториот квартал. Слабото производство и влијанието на климатските услови во соседството, го искористија македонските земјоделци, кои пролетта ги извезоа своите најквалитетни производи и постигнаа одлични цени. Позитивниот тренд

во овој сектор се очекува да продолжи и во втората половина од годината.

Експертите очекуваат дека токму земјоделството ќе биде моторот кој треба да ја повлече македонската економија напред. Особено во услови кога најголемиот дел од секторите кои имаат најголемо учество во бруто- домашниот производ, особено индустријата и градежништвото покажуваат драстичен пад и во двата квартали.

Според податоците од Државниот завод за статистика, земјоделството имало пораст од 2,4 отсто, откако во првиот квартал се забележува пад од 0,1 отсто. Еден од ретките сектори што растеле во второто тримесечје е и финансиското посредување, со раст од 3,8 отсто, слично како и 3 проценти раст во првиот квартал. Негатива има во секторот градежништво од 5,1 отсто, по исто така голем пад во првото тримесечје од 9,8 отсто. Големи минус од 6,9 отсто е регистриран и во секторот рударство и вадење камен, преработувачка индустрија и снабдување се електрична енергија, гас и вода, откако и во првиот квартал е регистрирана уште поголема негатива од 9,6 отсто.

Земјоделството, како специфична производствена гранка, е најтешко за статистички опсервации поради сезонските активности, сметаат експертите. Од тие причини и резултатите кои влијаат на растот можат да се рефлектираат и по подолг период. Најчесто, коментираат познавачите, резултатите во земјоделските гранки се сумираат на подолг период, па така и кварталните извештаи, всушност, се однесуваат на повеќе активности и подолг временски период. Последните податоци, според експертите, првенствено се однесуваат на сезонското зголемено производство на растителните култури, во кои влегуваат домашниот зеленчук и овошје, најчесто наменети за извоз.

Според Федерацијата на фармери на Македонија со оглед на тоа дека пролетните и есенските активности се најинтензивни во земјоделството, во наредниот период се очекува интензивирање на извозот на грозјето, како и на пиперката од сортата „куртовска капија“, како и на зелката. Земјоделците очекуваат да се заокружи добрата извозна година со извоз на јаболка, за што уште отсега се прават договорите. Побарувачката е голема, а се очекуваат и подобри цени од минатата година.

„Сите околности во моментов упатуваат на тоа дека позитивниот тренд во земјоделството ќе се одржи до крајот на годината. Извозот на овошјето и зеленчукот, но и тутунот има најголем удел во пресметките. Пролетта беа актуелни градинарските култури, од кои голем дел отидоа за извоз во соседните земји, чие пак, производство годинава потфрли. Сега е актуелно грозјето, гледаме дека се извезуваат големи количини и се надеваме дека лошата организација на лозарите и вештачките турбуленции кои се создаваат во оваа гранка нема да остават последици“, вели Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ. Тој нагласува дека веќе се во тек преговори за извоз на популарната пиперка, ајварка, како и за поголеми количини зелка. Годинава е актуелно и јаболкото, производителите веќе ги добиваат првите понуди, а се надеваат и на подобри цени од минатата година.


Статијата е прочитана 990 пати.

Испрати коментар



Мечки шетаат среде пелагониското поле
Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола
Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за штрајк
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода



od ostrijot, 19.09.2012 09:50:54
pricekajte uste malku pa kevidete kakov ekonomski bum ke imame koga kepocnat kostenite i orevite dase prodavat.
Трпе, 19.09.2012 12:56:17
И залакот од уста ке му го земат на македонскиот граганин, само да кажат дека економскиот раст само што не започнал.Нашиот граганин ке јаде и неквалитетни земјоделски производи ама со повисики цени(за извоз оди само најквалитетното за џабе).Да се надеваме дека и дедо Стефан нешто ке врли, само да прикажеме дека економијата еве ни расте,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Ком��нтари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |