Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.09.2012, 17:08

Ако треба, лекарите ќе закажат нов термин за ��трајк

Министерството за здравство го тужи Клиничкиот синдикат, рочиштето ќе се одржи денеска

Клиничкиот синдикат смета дека нема никаков правен основ за тужба од Министерството за здравство за кое денеска треба да се одржи првото судско рочиште. Судската одлука ќе се почитува, но ако не е во интерес на лекарите и штрајкот закажан на 24 не се одржи, Синдикатот ќе организира нов штрајк.

„Сите документи се доставени согласно со законските рокови. Директорите на клиниките се информирани да направат тимови за дежурства, бидејќи тоа е нивна работна обврска во време на штрајк. Потоа, доставени се и правилата за работа во услови на штрајк и ничие здравје не смее да биде загрозено. Тоа ние како лекари најдобро го знаеме“, изјави вчера претседателот на Клиничкиот синдикат, Дејан Ставриќ. Тој потврди дека завчера Синдикатот ја примил тужбата од Министерство за здравство со која Синдикатот е тужен и се бара привремена мерка од Основниот суд за одложување на штрајкот.

„Секако, ќе одиме на рочиштето што е итно закажано. Судската одлука ќе се почитува, но ако не е во интерес на барањата на лекарите, ќе се влезе повторно во процедура за организирање штрајк, со друг датум“, посочи Ставриќ.

Тој повтори дека Синдикатот има доставено писмено барање за средба за помирување и до министерот за здравство Никола Тодоров и до премиерот Никола Груевски. Како и дека е комплетно испочитувана законската процедура за стапување во штрајк и се известени сите институции во дадениот законски рок. Лекарите, според Ставриќ, сметаат дека им се суспендира уставното право на штрајк.

„Правото на штрајк е уставно загарантирано право, тоа е предвидено во Законот за работни односи и не гледаме причина синдикатот на Клинички центар да не може да организира штрајк. Му честитаме на судот што толку брзо го закажа рочиштето и задоволни сме што е брз и ефикасен“, изјави адвокатот на Синдикатот, Тодор Петровски. (М.Т.)


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар



Мечки шетаат среде пелагониското поле
Ништо од цунамито, мал бран ја „заплисна“ Битола
Недостигаат 10 апарати за хемодијализа во Прилеп
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Извозот на овошје и зеленчук ќе ја спасува економијата
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода



pile, 19.09.2012 10:14:07
Dokaz deka instituciite funkciuniraat so poln kapacitet i soglasno Ustavot i zakonite sto bi rekla ministerkata Jankuloska,e primerot na skratena sudska postapka protiv Klinickiot sindikat,za smetka na zastrasuvanje i gusenje na istiot.Vo ime na ednakvosta pred Ustavot i Zakonite za site gragjani preporacuvam da pretstavnicite na sindikatot ne oddat na zakazjanoto rociste po primerot na 15-toto rociste i izdadeni dve sudski naredbi za priveduvanje na eks, eks nacalnikot na SVR Kumanovo Velickovski inaku nacalnik na UBK na Organot vo 2001 godina,izdadeni od strana na OS Kumanovo, i negovo nepojavuvanje pred Sudot.Tipicna demonstracija na selektivna primena na pravoto i zloupotreba na Drzjavnite institucii od strana na Vladata.Dokolku Velickovski se cuvstvuva kako zjrtva na partijata-Vladata, institutot zastiten svedok mu dava za pravo da se stavi vo funkcija na Drzjavata sto e nesto sveto,ili neznae deka vo sahot se nudi lovec so ili bez piun,(zavisno od znaenjeto za 2001 g.) za konj.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |