Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.10.2012, 18:01

Падот на наталитетот не' води кон исчезнување


Премиерот Никола Груевски на вчерашната Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба одржа нестандарден говор

Наум Котевски


„Демографската рецесија води кон наше исчезнување. Звучи страшно, но, за жал, тоа е вистината. За што тогаш се бореа македонските револуционери, херои, партизани...“, рече премиерот Никола Груевски на вчерашната Свечена академија во преполната Македонска опера и балет по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба.

Откако кратко потсети на 23 октомври како еден од најсветлите датуми на македонската историја, ден на создавањето на Македонската револуционерна организација, која со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскиот народ, Груевски се огради дека ќе зборува нестандардно за ваква пригода. Односно дека ќе се обиде борбата и победите на македонските револуционери да ја стави во контекст на нашиот денешен пораз со наталитетот.

„Денеска кога имаме своја земја, кога Европската унија и НАТО ни се цел, кога зборуваме свој јазик, денес кога сме во далеку подобра ситуација, ни се случува пад на наталитетот и криза на семејните вредности. Ретко се одлучуваме за второ дете, а камоли за трето и четврто“, вели Груевски.

Според него, ваков проблем не постоел кога народот биле под ропство, кога сиромаштијата била далеку поголема и кога луѓето буквално биле на леб и сол.

„Треба да се потсетиме на нашите баби и дедовци, на нивната традиција. Во 18 век, како и во 19, па се' до средината на 20 век бевме нација во раст. Денеска, за жал, ни се случува обратен процес. Мора да се погрижиме да ја обновиме нашата традиција. Погледнете ги бројките. Тие се застрашувачки. Во 1995 година сме имале 262.000 основци, а во 2012 година 195.000. Тоа се 67.000 помалку. Од друга страна, во 1980 година имало 84.000 пензионери, а 420.000 вработени или пет вработени на еден пензионер. Во 2010 година соодносот е 1,7 спрема 1. Ако продолжи неповолниот тренд, во 2020 година за пензии ќе издвојуваме над милијарда евра, или двојно повеќе од сега“, предупредува Груевски, кој го искористи економското чудо Ирска како позитивен пример во поглед на наталитетот.

„Последните анализи велат дека во Ирска за една година се родиле 75.000 деца, а починале 29.000 луѓе. Тоа е годишен прираст од 46.000 лица. Ирска има 16,2 промили стапка на наталитет, а ние 11,2“, споредуваше Груевски.

Според него, главниот проблем за опаѓање на наталитетот лежи во главата, а помалку во џебот.

„И побогати земји од нас, како што се, Германија, Италија, Словенија... имаат проблем со наталитетот. Можете да погледнете и по колку деца имаат побогатите луѓе во земјава, па ќе заклучите дека не е се' во парите“, додаде премиерот, повторувајќи го ставот на неговата партија дека бракот е заедница на маж и жена. Во таа насока, тој побара да престанат партиските политикантства.

„На сите ќе ни завршат кариерите, а потоа ќе ни останат само најблиските. Никој нема да не' направи посреќен од нашите деца и внуци. Сетете се на родителите на Гоце, кои имале девет деца. Сетете се на Никола Карев, кој бил четвртото дете во едно сиромашно семејство, исто како и Дамер Груев“, порача Груевски, додавајќи дека тие револуционери ги дале своите животи за тоа за што верувале, и дека имале цел и идеја водилка.

Како што додаде, тие не се плашеле да застанат на патот на што било или кого било, верувајќи во исправноста на тоа што го прават, за доброто на народот.

„Нивниот пример треба да биде наш, нивната волја страст, енергија, верба, треба да остане општ кодекс на однесување кога е во прашање нашата држава и интереси“, рече Груевски.

Празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, вчера беше одбележан во повеќе градови во земјава, со положување цвеќе пред спомениците и бистите на паднатите борци. Во Скопје, пак, беше промовирана монографијата за Музејот на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“.


Статијата е прочитана 4734 пати.

Испрати коментар



МНР доби нов дом
Големо кадровско проветрување во правосудството



jovan, 24.10.2012 00:10:12
Zatoa li go prekinavte popisot?! Gi vidovte rezultatite, ama nikako da mu gi soopstite na narodot, no kad-tad, ke mora. Vo eden komentar na ovaa tema(natalitet), napisav deka mladite nemaat za sebe a ne pa da stvaraat semejstvo. Napravile po 30 i kusur godini a den staz nemaat. Nemaat ni nisto stvoreno. Eden drug komentator me*koregiral* i napisal deka i vo drugi drzavi i na zapadot natalitetot e padnat iako standardot e daleku povisok. Toa e tocno, no tamu(eve primer Srbija, Bugarija, Grcija)natalitetot e padnat, no *prazniot prostor* nikoj ne im go zema. Bugarija na popisot pokaza deka naselenieto im e namaleno. Makedonskiot popis ke pokaze deka naselenieto e zgolemeno, no MAKEDONCITE znatno namaleni. Toa e problemot kaj nas sto drugite go nemaat. So toa nie definitivno ja gubime drzavava.Nemame ime, stanavme malcinstvo. Sto i kakva idnina ocekuvate? Kasno se seti Grujo za ova. Prekasno. Da ne go spomenuvam brojot na mladi so Bugarski pasosi koj izbegaa od ovde(nema ni da se vratat).
kocancanec, 24.10.2012 00:27:05
dobro e nikolce tekna ti da misles na narodo poslem sedum godini na vlast otkako go oplacka narodot i gi potrosi negovite pari za barok i beton ti tekna deka narodot e vazen vo edna drzava, dobro e stom ti tekna poslem sedum godini podobro pokasno otkolku nikogas pozdrav od amerika
nekoj, 24.10.2012 01:00:17
Mislam deka Makeodnija nikogas ne bila vo polosha sosojba od kako e fomrirana kako drzava. Niedna insitucija ne funkcionira, so nikoj sosed ne sorabotuva, se baraat antichiki istoriii a se ignorira onaa koja najmnogu i znachi i i dade drzavotvornost, se odalechuva od EU, standardot na ziveenje e minimum 10 pati pomal od EU, nema pravna drzva, nema griza za onie sto se nemokni, do gusha vo korupcija itn itn. Ova e del od pogolem plan za unistuvanje na drzavata. Vakov premier vo normalna zemja nema da ostane na vlast 24 saata, kakov naord zivee vo Makedonija?
zagrizen, 24.10.2012 01:25:53
*Makedonskata levica* nema ni L od levicarstvoto, a *Makedonskata desnica* ni D od desnicarstvoto.I ednite i drugite samo gi koristat svetite iminja od istorijata na Makedonija za svoi politicki celi.I VMRO i Komunistite imale etika,moral (za skepticite, kakvi takvi,ama gi imale za razlika od denesnive gjoa naslednici na deloto im i idealite),celi za koi se borele,i gi ostvarile.Ednite se borea,drugite nastavija i ja sozdadoa drzava Makedonija.Toa e nepobiten fakt (patrioti bi Ve zamolil vokolku komentirate da posocite KADE Makedonecot e priznat,BG,ALB,GR). Denesnive nemaat nitu moral nitu etika,za niv e samo bitno da se na vlast kako bi sto poveke steknale matirijalna korist i sekako si gi izlecat bolnite frustracii.Dali vo monografijata za*Zrtvite od komunizmot* se opfateni i Hitler,Gebels,Borman,Musolini,Djemo Hasa?Bi bila istoriska nepravda vokolku ne se,neli?!.I uste nesto, ovie vojnicive na slikive,so uniformite nekako mnogu potsetuvaat na nekogo, no ne mi teknuva na kogo........
pile, 24.10.2012 01:45:30
Do nekoj,A koj veli deka ke ostane poveke od 48 casa.Ako pravoto vo R.Makedoija e nepredvidlivo i sprotivno od stavot na eks sovetnickata na Gruevski do 2007-08 godina, togas povlekuvanjeto na aktuelniot premier od funkcijata e predvidlivo i sepak e za respekt.Takviot poteg site gragjani ke go pozdravat, od, parlamentarcite kako od pozicionite partii taka i od opozicionite, nezadovolnite clenovi na DPMNE a gi ima izmanipulirani i izmameni,preku nevrabotenite nad 31%, siromasnite nad 30%,degradirani i represirani braniteli neclenovi na DPMNE, se do partiski neopredelenite nad 40% koi vo sekoj sistem ili rezjim kako ovoj se osnovniot stolb na koj se potpira opstestvoto.Gi ohrabruvam site clenovi i simpatizeri na VMRO DPMNE da ne pagjaat vo depresija apatija so promenata na vlasta,Preodnata Vlada za nacionalno edinstvo-odgovornost nema i nesmee da oddi po patot na nepovratot na vrednosniot sistem, nema revansizmi nema neosnovano otpustanje od rabota,sekoj ke ima pravo da se prestruktuira
Ljubotan Trade Name, 24.10.2012 04:18:19
jas gi sledam novite trendovi na Bogatite, Za Bogatite deneska- trend e. da Ima mnogu deca,toa ti kazuva trosocite za deca e pravo nasleditelna i familiarno Bogatstvo, isto kako i za najsiromasnite ,sekoj pismen znae za kogo se raboti! samo Bogati i Siromasni imaat mnogu deca!Eve Jas imam od Tri deca 11 Vnucina ,a od cetvortoto dete se naadevam na uste bar 4 vnucina!! Naravoucenie za Premierot ,Toj po prikaskata treba da e lider,i treba da ima najmalku 5 deca,ako Jas imav 4 ,zosto Toj da nema 5. Eee togaj moze da ni drzi lekcii za ;Mortalitet i Natalitet!
Zarko, 24.10.2012 05:10:29
Do gusa sme vo kal!I tie sto rabotat nekade ne mozat da gi platat samo smetkite ,se docni so plakanje se pisuvaat kamati,se prakaat izvrsiteli po prisilna naplata bankite ostvaruvaat ogromni profiti od kamati i bile uspesni gi odraa lugeto do koza ,a ovde se zboruva za natalitet !Kakvi ke bidat rabotite ponatamu samo vremeto ke pokaze,a nema da bide podobro.
germanec, 24.10.2012 06:31:46
i sto deca da imam site ce gi pratam da ziveat podaleku od ovaa skapana drzava. neka ostane tuka grujo i kompanijata aramii i nepismeni. i toa VMRO Iil MVRO kako li se vika.
koki, 24.10.2012 07:50:40
Па тоа е ваш УСПЕХ господине и на вашата погубна политика..........
Pejo Glupaviot, 24.10.2012 07:51:16
Kolku deca namerava da ima Premierot? A ministrite? A sekretarite ne opstinskite komiteti na partijata koja sto se zalaga za semejnite vrednosti?
NG, 24.10.2012 08:11:47
Да не се загриживте за вашето место а. Ако нема народ нема и влада, ха,ха.
Трпе, 24.10.2012 08:18:06
Нека проба премиерот да го зголеми наталитетот со плата од 200 евра.Кога ке се роди дете си го бара своето.Овие кои имат големи приходи наместо да го зголемуват семејството тие одгледуват домашни миленици.Кога ке се роди дете треба да се храни и облекува како што треба за да биде здраво и право.Задачата на власта треба да е како да го зголеми квалитетот на живот а останатото, нека остави да си го решава секој посебно.
sekoj, 24.10.2012 08:24:27
do nekoj nekoj, kaj nas site premieri ostanuvaat dolgo
Коста Стоименовски, 24.10.2012 08:59:21
Премиерот коректно и точно ги наведува демографските последици во државата, но се однесува како да не ги разбира причините за тоа што се случува. Тој е целосно свртен кон далечното (пред 23 века) и поновото минато (од 1945 до 2006 год.) и кон ветената „светла“ иднина („Македонија 2025“), а за сегашноста во сите медиуми се нуди самиот себе со камен темелници, со панделки и со слични марифетлуци! За состојбите во државата криви биле комунистите, Б. Црвенковски и светската економска криза, но, не и тој! А, пред 7 години се рекламираше како техно-менаџер кој ќе ја оправи македонската економија. Како тоа во услови на светска ек. криза колосите Кина, Индија, Турција и некои други земји да остваруваат импресивен економски напредок, а за Македонија да биде само мислена именка! Во политиката мошне опасно е ако се настапува со нереални фикс идеи и доколку инаеџиски не се уважуваат добронамерните предупредувања!
Просек, 24.10.2012 10:12:17
Колку е просекот на број на деца по министер? Премиерот на 42 години има само две деца.Јас на триесет имав три.За пример, премиерот треба да има 7-8 деца , па после нека им дава памет на другите! Барем пари има, не треба да се секира за тоа.Стан нема , но можеби мајка му ќе ги прибере во својот дом (домови)!
nepartiski gragjanin, 24.10.2012 11:42:35
Kako prvo, denot na VMRO se slavi na POGRESHEN DATUM, pravilno e na 4-ti noemvri. bidejki 23-ti bil po stariot kalendar (kako Oktomvriska revolucija koja se proslavuvashe na 7-mi noemvri). Vtoro, Gruevski i negovata politika ni gi PROTERUVAAT decata nadvor od drzhavata, i toa, ne vo voeni, tuku vo MIRNODOPSKI uslovi poradi toa shto vrabotuvanje ima samo za chlenovi na VMRO-DPMNE i DUI! I zoshto da ragjame deca? Za da sozdavame rabotna sila na drugi zemji? Dosta so eftina, provinciska demagogija!
od ostrijot, 24.10.2012 11:45:53
kasno e grujo kasno e mladite izbega a kakomi izgleda kepocnat i penzijonerite da begat ili danese vrakat od drzavite kade se dobile penzija,
od mene, 24.10.2012 12:13:26
nikoj nemate mozok u glavata,premierot Gruevski pravi i napravi mnogu za drzavata makedonija,samo neznam sto sakate ,avioni li da vi donese doma,sakate se da imate za eden den,Grujo dosega super se pokaza,a vie naokolu razmislete,pozz
Kajzer, 24.10.2012 13:55:29
@Od mene : Ti ili non stop gledas Shitel i MTV ili od stab nemas podaleku otideno ?! Pa cekaj be covek,nema koj ne se zali od ovaa vlada,so koj moral,etika,pravo mi kazuvas deka gujo e br1 deka mnogu napravil za ovaa drzava ?! Ajde ti se molam,administrativec eden,kjuti,spusti glava i molci! Celo drustvo,visokoobrazovani kadri se sirum svetot,eden ne ostana vo Makedonija (Zosto nemavme partiski kniski,koi ne ni trebaa voopste) Toa se 16 ludje,ili veke 16 familii,ova go zboruvam za mojot krug na ludje...a ko sto znam ima polno ludje koi ja imaat napusteno Makedonija i uste tolku koi gledaat prilika da ja napustat...Taka ke bide koga Selskiot pat e povazen od eden Avtopat,pozdrav - Vi blagodaram
grujovist, 24.10.2012 14:19:03
Grujoooo za da imas prvo ili vtoro dete treba partiska kniska od dpmneeeee --onie sto nemaat kniski nemaat pravo na rabota ni vo drzaven ni vo privaten sektor a so toa ni pravo na prihodi , tie i voopsto ne se zenat , a ne deca da imaat-nivna edinstvena sansa e BG pasport i stranstvo --znaci ne e kriv narodot za natalitetot tuku nekoj ne saka da imame natalitet
Podgor, 24.10.2012 14:21:22
Ovaa trend na namalen natalitet nema da se smeni vo skoro vreme Za toa da se sluchi potrebni se niza merki koi tuka nema nitu prostor nitu vreme da se navedat No neshto shto moze sega i ovde da se napravi e da se baraat prijateli i na sever i na jug i na istok .grcija nas mora da ni bide prijatel kolku toa zvuchelo neverojatno Ako ne e taka go obravme bostanot zelen ,nie sega a tie posle nekolku godini Segashnava vlada naprotiv samo sozdava neprijateli taka da losho ni se pishuva
Aleksandar Sv.nikole, 24.10.2012 14:47:05
Ne bi sakal da pravam sporedbi pomegju ovaa vlast i onaa prethodnata zatoa sto mislam deka e izlisno seto toa-narodot na nekolku izborni ciklusi po red si kaza kogo poddrzuva i toa e realnosta.A za toa deka kako nacija izumirame potpolno se soglasuvam i tvrdam deka ne e problemot samo vo siromastijata..site ovie moderni vreminja si nosat promeni-zenite se emancipirani i ne sakaat da ragjaat poveke od edno-dve deca,gradat karieri,ucat fakulteti i nekoj ocekuva deka tuku-taka edna zena intelektualec ke sedi doma nekolku godini i ke ragja samo deca???Tokmu i zatoa vo site najpogodni zemji za odgleduvanje i ragjane deca(Norveska,Danska,Svedska,Finska...)natalitetot e pobeter otkolku kaj nas...Resenieto e vo podiganjeto na svesta kaj Makedoncite za posledicite od ovaa sostojba i maksimum poddrska na drzavata za stimuliranje na semejstvata da imaat poveke deca.Ne deka dosega ne pomagale,ama sekogas treba poveke..
пензионер, 24.10.2012 16:41:56
Премиерот е апсолутно во право и тоа треба сите да не загрижи.
do pile, 24.10.2012 18:04:39
Nekoj ako treba da dobie sovet da ne pagja vo depresija si ti pile,bidejki premierot nema da se povlece i nema da ima siroka vlada sprotivna od voljata na narodot.Ne pagjaj vo depresija pile i pomiri se so dolgovecnosta na ovaa vlast.
bezanec, 24.10.2012 18:46:36
Се слушаш ли премиере што изусти пред овој народ? Наталитетот падна но затоа пак расте порастот на споменици и се одржува рамнотежата. Народот е жива материја може да избега од Македонија од убавиот живот, додека спомениците ќе останат да ја бранат,чуваат Македонија.
Stojko, 24.10.2012 19:11:14
Auuu, kakov avtogol!
deko, 24.10.2012 19:33:03
Како прво коментариве сите безмалку се лаички и детски.Груевски уште со своето доаѓање на власт го воочи проблемот со нашиот наталитет и веднаш презема мерки но вообичаено сдсм тој закон го оспори пред уставен суд- знаете за кој закон се работеше.Проблемот со наталитетот наш не се решава за еден-два или три мандати-премиерот убаво кажа треба долгорочнна национална стратегија-но проблемот е со кого да правиш стратегија со Бране,Љубчо,Тито,Жереновски,Кондарко итн. јас не гледам во овие политичари ниту еден што му е гајле за македонскиот наталитет.Лесно е друг да критикуваш но кога Грујо не беше на власт што направија сдсм за наталитетот кога они беа на власт-сте чуле ли за такво нешто.Кога пишувате коментари барем малку размислувајте и бидете реални тоа е за наше македонско добро.
citatelka, 24.10.2012 22:03:29
Od tolku sposobnive politicari site se rastrkavme po svetot za parce leb koe ako ostanavme vo Makedonija i toa ke nemavme.So god sedevme i se nadevavme za rabota ,cekajki mladosta ni pomina.licno za mene zaminuvanjeto vo Evropa bese posledna sansa za rabota,jas imav sreka da najdam rabota i veruvajte 3 god sum vo stranstvo i ne mozam da vi opisam kolku mi se smeni zivotot na podobro.Tuka nikoj ne go interesira za politika,patriotizam bukvalno ne im e gajle,vazno im e rabota,si zemas dobra plata,ne si pod stres ,imas za hrana,garderoba ,odmor i luksuz.Dodeka kaj nas luksuz bese konduri i farmerki da kupis.Kaj nas od nedomakinsko rabotenje se rasturi drzavata.Licno jas so zavrsen fakultet ne mozev da najdam rabota ne bev od VMRO,imav sreka i znaenje se snajdov nadvor od Makedonija.Malku narod sme ama veruvajte London kolkav e golem,skoro sekoja nedela srekavam makedonski familii koj so mali deca,koj golemi samo doagaat novi.Site begaat od siromastija.
nato-jato, 24.10.2012 22:28:44
Posto na penzionerite najmnogu im davas tie neka ti ragjaat deca sega.....
немир, 24.10.2012 23:01:43
Нема друго, после овој говор на премиерот мора веднаш да се распише конкурс за нов споменик, кој ќе се постави на сред плоштад и кој ќе биде повисок и од споменикот на Александар. Крајно е време да му се подигне споменик на Хипокрит.
A be Risto, 24.10.2012 23:02:58
Imam edno dete edvaj vrzuvame kraj so kraj,soprugata e vrabotena vo privatna firma (18 god),raboti poveke od kolku sto treba i plus sekoja sabota a zema plata od 12000 den. a jas sum od pred nekoe vreme bez rabota.Brat mi e vo Germanija ima dve deca i zema po poveke od 200 evra po dete decki dodatok.A nie ovde ne zemame nitu banka decki dodatok.Taka li se stimulira natalitetot?A edno semejstvo (romska nacionalnost) koe mi e komsija zenata e nevrabotena i ima tri deca i doma sedejki zema po 8000 denari.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |