Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.04.2012, 16:45

Топи го впери прстот во Србија

За албанскиот лидер реакциите на Смиљковци се злонамерни пораки, за Иванов меѓусебни озборувања

Слободанка Јовановска



Албанскиот претседател Бамир Топи и' го даде вчера политичкиот тон на средбата со шефот на државата, Ѓорге Иванов, порачувајќи среде Македонија дека Србија е таа од каде што доаѓаат злонамерни пораки со националистичка заднина, на кои медиумите не треба да реагираат и треба да ги изолираат.

„Вие прерставниците на медиумите треба да праќате пораки за соживот во еден заеднички простор, каде што интересот на земјата за зачленување во евроатлантските структури треба да претставува интерес на секој граѓанин и да ги изолирате сите тие злонамерни пораки што се испраќаат, што имаат националистичка заднина, особено делот што доаѓа од Србија. Работите треба да се скенираат на многу реалистичен начин. Ние сакаме европски, мирен регион каде што луѓето ќе живеат и работат во мир“, изјави Топи во контекст на последните случувања во нашата држава. Ваквата порака не го збуни Иванов, кој повикувајќи се на потребата од искрен дијалог за секое прашање, порача дека е „доста со поделби, со предрасуди, меѓусебни озборувања и работење за туѓи бели дворови.“

Посетата, иако однапред договорена, беше добар тајминг за Топи да ги осуди обидите да се даде етнички предзнак на убиствата и да ја дистанцира Албанија од случувањата, нудејќи наедно и поддршка и соработка во истрагата.

„Албанија дава силна поддршка на стабилноста на Македонија“, рече Топи, додавајќи дека се' уште има ултранационалистички кругови кои се обидуваат да ја загрозат климата во регионот, и покрај патот што е изоден меѓу нив досега и фактот дека нема враќање назад во евроинтеграцијата.

„Секој националистички или ултранационалистички рефлекс, или каква било клима на предрасуди ќе им нанесе штета на односите меѓу Mакедонците и Aлбанците во Македонија, но и на односите во регионот. Нашата заедничка порака со Иванов е дека луѓето треба да живеат во мир и хармонија, а да дејствуваат и работат во согласност со правата и законите. Секој дестабилизирачки или криминален чин треба да се третира како таков и да подлежи на сите институционални истраги и да бидат дел од правните институции“, порача недвосмислено Топи, нагласувајќи дека тоа треба да важи за сите, и Албанци и Македонци. За да го нагласи тоа, тој даде и лична нота, изјавувајќи дека тој е против какво било насилство против кого и да е, па им изрази сочувство на семејствата на жртвите во Смиљковци и на, како што рече, семејствата на другите жртви што претходеа на овој настан. Потоа го сподели мислењето дека институциите се тие што треба да го решат овој случај и изрази увереност дека тоа ќе го направат објективно и без предрасуди.

Иванов, кој поради екстензивноста и отвореноста на Топи се најде како гостин на сопствената прес-конференција, дополни дека надлежните институции одговорно се однесуваат и дека тоа го очекуваат и од другите субјекти во општеството, за да се најдат сторителите на овој грозоморен чин. Притоа извести дека со Топи договориле институциите на двете земји да соработуваат, бидејќи кога некои се охрабриле тоа да го прават кај нас, можат да го направат и на друго место.

„Очигледно е дека на некој не му е во интерес регионот да напредува и да се подобруваат состојбите. Очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа, а граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации и на разни подметнувања што се вообичаени во вакви моменти“, изјави Иванов.

Генерално пораките беа дека Албанија и Македонија ги обединува иднината, дека двете земји треба да работат што повеќе на создавање на европски вредности и дека Тирана ќе не' поддржи на самитот во Чикаго, а Топи јасно побара Рамковниот договор да биде почитуван еднакво од сите страни, изјавувајќи дека за него како претседател немало позначајно прашање од статусот на Албанците надвор.


Статијата е прочитана 3392 пати.

Испрати коментар



Партиите да склучат „мир“ за администрацијата
Опозицијата нема да го бојкотира Собранието
Премиерот не се откажува од референдум за името
Груевски не ја дава Јанкулоска
Бизнисмените бараат внимателно кратење
ВМРО–ДПМНЕ, конечно, избра лидер во Штип



jovan, 20.04.2012 00:11:37
Albancite bea prvi koj apeliraa da ne se obvinuva nikoj dodeka ne se fatat storitelite. Sega op, naednas tie gi obvinija Srbite. Imaat li dokazi? soznanija? Ako imaat, neka gi prilozat. Deka Srbija ima interes ovde da pukne sukob Makedonci-Albanci, ima. No imaat interes i Grcite, i Bugarite, i Albancite, i del od nasite oligarsi-kriminalci.... Zatoa, da vidime sto ke kaze istragata, iako, neveruvam deka nesto ke kaze. Moze samo da bide nesto dogovoreno sto da se kaze, pa i koj da se*zrtvuva*. Ova so i okolu Makedonija e golema igra, a nasive sluzbi se se uste slabi za da mozat direktno da im se sprotistavat. Pokraj gorespomenatite koj bi imale korist od raspaganje na Makedonija, ima i drugi *teorii*, no nema ovde mesto da gi nabrojuvam. Vakvi ubistva imase na pocetokot na 90desetite vo Hrvatska i Bosna so cel da se zapocne vojna. Denes organizatorite na tie ubistva se poznati. Dali ovie samo kopirale, ili se istite?!? Toa ke vidime dali nekogas ke se dokaze.
Perica, 20.04.2012 00:56:59
Vo Makedonija ne funkcionira drzavnata bezbednost i kontrarazuznavanje. Ednostavno, ne pametam deka barem ednas MVR na RM izleze so informacija za presretnata akcija na teroristi.Osven farsata so Rastanski lozja od vremeto na Boskovski.Zelezarsko ezero NE SMEESE DA SE SLUCI. Posledicite doprva ke se pocuvstvuvaat i ke traat dolgo.Zaradi toa, ostavkata e moralen cin, isto taka i smenata na odredeni funkcioneri vo MVR. Neka ne se plasat funkcionerite od toa.Taa pozicija nosi golema odgovornost, ne samo lagoden zivot.Ako sakate lagoden zivot, reinkarnirajte se vo drzavjanin na Katar i vadete si nafta od dvorot.
Ljubotan Trade Name, 20.04.2012 03:38:26
Po aroganten Statesmen ,odamna nemam procitano,i toa predsedatel od sosedna zemja Albanija, i toa vo sred Skopje.Albanskiot predsedatel mu go istrla Nosot na Ivanov so Taka Sarkasticna,toa e malku Sarkasticna tuku prava Kozeriska Srpska Kopriva ,bez da Trepne! Ako, Ivanov bese mudar, i da ja nadmine kozerijata na Topi,togas Ivanov trebase da izjuavi; Nasite pokazateli za egzutorite na ovoj nezapaten zlocin vodat kon Juzniot Sosed! Taka veli pogovorkata: Ne mi e gajle sto me lazes,ama mi e gajle, ako mislis Ti veruvam!
Ljutvi, 20.04.2012 05:16:24
Ako. Ti. Mislis. Deka. Od. Srbija,,,,,,,,jas. mislam. Da. Se. Od. Albanska. Nacija.... Kako. Pretsedatel. Ova. Me. Ti. Dolikuva. So. Vakvi. Izjavi. A. Ako. Znaes. Nesto. Treba. Da. Kazes...
Mihailo Malme Svedska, 20.04.2012 06:05:40
Dobro e toa ako se toa izkreni zborovi. No me zagrizuva toa sto kosovskiot akademik Alija Dzogovic so sandzackiot poet Mr Ragib Sijaric tvrdat deka Makedoncite muslimani se Bosanci?! i Rakib me prasuva sto napravivte so Bosancite vo Makedonija?. So Alija Dzogovic ne mozam da se sporam bidejki istiot pocina.Dodeka Mr Ragiv Sijaric skroz polude koe nesto moze ocigledno mozi da se vidi od negovata posledna zbirka detska poezija so naslov Deca sto znae ajvanot. Mozebi ajvanot neznae no toj kako magister ne bi trebalo da bidi ajvan i da pisi gluposti.
Прилеп, 20.04.2012 07:55:57
Да престанат соседите да си играат со нас. Србите велат биле Албанците, Албанците велат биле Србите. Така започнале Балканските војни. Изгледа повторно ќе треба да се применува политиката на еквидистанца што ја практикуваше првиот претседател на Р. Македонија Киро Глигоров(!)
Istocna Makedonija, 20.04.2012 08:23:19
G-din Topi,sigurno,e dobronamerenNo,sto bi bilo koga,utre,ako dojde Tadic,Nikolic,ili nekoj drug i go vperi prstot na drugo mesto?!Kasa,konfuzuja. Sami da se gi resavame problemite,taka ke ne bide!
Gjorgji, 20.04.2012 08:34:37
Krajno neprofesionalno e od eden novinar (vo konkretniov slucaj Slobodanka Jovanovska, koja ja prenesuva informacijava za presot na dvajcata pretsedateli), vo istiov izvestaj da dava sopstveni komentari i mislenja. Toa ne e profesionalno novinarstvo. Dali pretsedatelot Gjorge Ivanov bil gostin na sopstveniot press, toa moze da go komentira vo kolumna so sopstveni viduvanja. No vo novinarski izvestaj od nastan, toa e nedozvolivo. Ete zatoa posle Utrinski vesnik slabo se cita. Razmislete malku okolu zabeleskava. p.s. Odnapred znam deka komentarov nema da go objavite.
Tetovo, 20.04.2012 08:38:50
Jovan, ocigledno slabo gi pratis mediumite. procitaj malku kako srpskite novinari raportiraa za slucajov. A isto mnogu me interesiraa dali makedonskata javnost isto vaka ke reagirase ako ubienite bea albanci. Vednas mladite ke bea etiketirani kako kriminalci so pedigre.
милан,прилеп, 20.04.2012 10:53:16
господине албански претседателе,Ве замолувам не бидете параноичен,Вашите предрасуди како Албанци спрема Србите и Македонците ги знаеме сите.Не продавајте му магла на овој мирен народ,се е јасно кој е и што е, само треба тоа и официјално да се потврди.Немојте Ви се молам да обвинувате нација која „ ја победивте “ на Косово со улизување и подмачкување на АМЕРИКАНЦИТЕ.Никој не е наивен и се се знае
pile, 20.04.2012 11:11:23
Vo Pravo ste g-din Perica,odgovornosta za nastanot so site elementi na teroristicki akt nasocen za destabilizacija na drzjavata,treba da se bara kaj rakovoditelite na tajnite sluzjbi vo drzjavata, posebno kaj UBK pri MVR.Preku ovaa, vladeackoto mnozinstvo ne smee da premine a posebno opozicijata i ne smee da dozvoli nonsalanten odnos kon sostojbite koi imaat tendencija.se sekavam na koalicioniot partner vo vlasta DUI kako inventivno go blokirase Sobranieto so podnesuvanje nad 4000 amandnani koga bese opozicija,zarem vakvata sostojba e podobra od togas gospodo od Dui,ostanatite opoziciski partii ne gi prasuvam.Neka ne ja menuva Jankulovska premierot, neka i pomogne da ne bide necij poslusnik, ako ne i zjrtva.
P.Petar, 20.04.2012 11:24:17
Topi go boli soznanieto deka mozebi eden den Mekedonija vo sorabotka so Srbija ke pocne malce poveke da cisti albanski osloboditeli t,e. ultranacionalisti pa si veli daj na vreme da gi podiskaram prirodnite sojuznici!! Izjavata mu e poveke od ZLOBNA!!
od nekoj si, 20.04.2012 12:29:49
Da. 100 % ubijcite se od Srbija. Potocno od Kosovo. Albanci po nacionalnost.
toni, 20.04.2012 12:31:22
ne mu davajte znacanje na ovoj. ist e i kako drugite od albanija. nisto dobro ne ni mislat.
verce, 20.04.2012 12:34:53
sekako i srbi tepaa 4 meseci samo interesno ni eden srbin ne fatija deka tepal ni eden srbin ne fatija 2001g a i togas veleja od alb deka toa e organizacija na srbija ama ne fatije eden expert za vojna od srb medju teroristite a vo vo aracinovo imase amerikanski experti za vojna dojdeni od albanija...nitu edna traga i sega ne vodi kon srbija ali lesno da se igras so mvr koi se neseriozne i sedat po kafani za vreme rabota da bea po ulici nemase da ima tepanje napadi na deca i stari da bea po avtopatista nemase da sesluci da ni gi ubijat decata a sega alb i kosovo seir igrat so nas.
Jordan - Lerin, 20.04.2012 17:09:21
Ivanooooooooooooov))))))))) go prasha li Topi za pravata na Makedoncite pod Albanija?
Зевзекмен, 20.04.2012 20:53:47
едно е сигурно, како оди помирен живот ќе имаат македонците во Албанија одколку во голем број на региони на Македонија, па и Скопје
Jugosloven, 20.04.2012 23:16:18
Da vi kazam Narode kako najbrzo ke se pronajdat ubijcite i ke se resat site Problemi vo Makedonija i na Balkanot. Ednostavno vovedete visi za Albancite i Kosovarite koi vleguvaat vo Makedonija i obratno za Makedosnki Gragani koi patuvaat za tamu i veruvajte site problemi ke se resat. Ve molam nemojte da me svatite pogresno

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |