10.05.2012, 17:51 Си велам
Пораките до Македонија
Ерол Ризаов
Што ни пишуваат и ни порачуваат Европа и светот
За Денот на победата над фашизмот и за Денот на Европа - 9 Мај до граѓаните на Македонија стасаа повеќе значајни пораки. Некои од нив се јавно изречени, а некои премолчени. Неколку димни сигнали испрати и Македонија кон светот и до нашите први комшии. Веќе од поодамна навикнавме да ги преведуваме на разбирлив јазик немуштите зборови кажани како ребуси, а го совладавме и говорот на телото, мимиките и гримасите кога не' премолчуваат и кога намерно не' забораваат. Обично растегливите и нејасни, повеќезначни пораки кај нас ги читаме онака како што сакаме и ни одговора во зависност од партиската припадност и политичка ориентација. Кога пораките се јасни и точни со вистински оцени за нашите реформи, достигнувања и состојби, веднаш ги прогласуваме за злонамерни и тенденциозни како дел од светскиот заговор во спрега со домашните предавници и соседните ни традиционални душмани.
За тоа како ги читаме и толкуваме европските и светските државници и нивните писма упатени до нашите политички лидери и водачи секогаш ме потсетува на една приказна за Насредин-оџа, која ми беше испитна задача кај професорот по старотурски јазик д-р Методија Соколовски, еден од најдобрите македонски ориенталисти. Арапско писмо, а зборови турски со букви и знаци кој различно се пишуваат на почетокот, на средината и на крајот на зборот, почнувајќи оддесно налево, со отсуство на меки вокали, за мене претставуваше шампилионска работа како со хиероглифи. Неисе, по долги денови мачење, бев пресреќен кога ја дешифрирав приказната која ви ја кажувам по сеќавање. Една анама го замолила оџата како учен човек да и' прочита, како што рекла, едно писмо. Оџата, се разбира, го зел „писмото“ и почнал да чита. Почитувана и уважена анамо, еве по долго време решив да ви се јавам и да ве прашам како сте и вие и вашето семејство. Како ви одат работите. Како сте со здравјето. Фала му на Господа, ние сме добри, живи и здрави... во тој момент анамата спискала, леле оџа што читаш, па тоа е тапијата од куќата. Оџата спокојно и' одговорил. Е, си направила голема грешка. Ти ми рече дека е писмо и јас читам како писмо, да кажеше дека е тапија, јас ќе го прочитав како тапија. Ете така мудриот Насредин-оџа се извлекол од опасноста да биде откриен дека е неписмен.
Кај нас пораките, особено од ЕУ, НАТО, од високата бриселска администрација, од политичари и државници на големите сили ги читаме како Насредин-оџа, онака како нам ни се бендисува. Еве неколку еклатантни примери: Штефан Филе само пред неколку дена го испративме многу задоволен од реформите и дијалогот на високо ниво меѓу ЕУ и Македонија. Така убаво го протолкувавме неговото одушевување од тоа што сме сработиле, иако неговото задоволство се однесува на нашата согласност што треба допрва да сработиме. Многу различно, нели. И, оп гледај тој истиот Штефан Филе, само по неколку дена по повод Денот на Европа, ни праќа видеопорака со хазарски речник како да не постоиме. Им го честита слаткоречиво Денот на Европа на европските народи, повикувајќи ги сите заедно да работат во формирањето на иднината на Европа, за целосно да се оствари визијата на нејзините основачи.
И сега доаѓа главната поента од честитката на Филе: „Европа продолжува да се шири. Хрватска наскоро ќе ни се приклучи, Србија доби статус на кандидат, а Црна Гора следниот месец почнува преговори“. А ние, кај сме ние. Не' нема нигде. Не е точно. Не' има, Филе ни порача и нам, а и на тие како нас, дека „проширувањето на Европа е нејзината ДНК, нејзина сила која носи реформи и промени потребни да се постигнат европските стандарди од животот“ за да се биде дел од тоа семејство. Нашата ДНК има посебност, иако сите сме за Европа, повеќе било античко отколку европско. Навистина Европа е збудалена по посебности, а уште повеќе по антика, ама нас не не' гледа таму. Не ни ја прифаќа ни античката посебност ни генетика. Затоа Филе ќе доаѓа почесто во Скопје да работи дополнителна настава со слабите ученици пред да го полагаат испитот.
И претседателот на Европската комисија, Жозе Баросо, упати порака до европските народи по истиот повод, ама тој малку претера со економската криза, со економски реформи, со презадолжување и слични глупости кои не се однесуваат на нас, бидејќи сме светски прваци по напредок во реформи, а задолженоста ни е бонбона, ептен мала, така што можеме да се заборчуваме уште колку сакаме. Баросо се заглавил во здо��евни економски теми, финансиски, банкарски и структурни реформи, инвестиции и вработувања, работи далеку од нас кои ги засегаат богатите и средноразвиените земји. Кај сиромаштијата тоа се шпански села.
Еве го и нашиот одговор до Европа и до светот. Го даде инспиративно лично премиерот Никола Груевски. На Македонија и' се прави голема неправда, ни виновна ни должна. На очиглед на целиот свет и на најсветите светски принципи, декларации, усвоени документи кои во основа ги содржат сите човекови индивидуални и колективни права на самоопределување и самоименување, една земја успева да не' попречи со еден измислен виртуелен спор. Грција, злоупотребувајќи ги своите позиции и основачки акти на ЕУ и на НАТО, го спречува развојот на една млада демократија и држава која не претставува опасност за никого и која целосно се определила за евроатлантски интеграции. Би додал со мирна совест дека тоа е срамна позиција на светот, на големите сили и на нашите соседи. Никој не би требало да ги спречува определбите на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, или каде било на друго место, кои се легитимни, за кои има и судска одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Апсолутно точно и неодречливо. И сега што понатаму. Оваа позиција стои во место со години. Светот не црвенее и не се срами поради тоа, ниту, пак, се претргнува нешто да направи. Грција си има други големи гајлиња. А, Македонија ја одминуваат сите соседи кои беа далеку зад неа. Чаре!? Е, тоа треба да ни го понудат нашите политички лидери и водачи од власта и од опозицијата. Затоа ја водат државата, затоа се избрани. Македонија веќе со години стагнира во сите сфери од животот. Неправдата што ни се прави не е доволно покритие за оправдување. Треба решение. Тоа е одлика на храбрите и мудри државници кои го водат својот народ со најмалку можни жртви напред кон прогрес и подобар живот.
Испративме уште една многу деликатна порака до Европа и до светот за нашите културни дострели и за нивото на нашата европеизација. На првата изложба на Пабло Пикасо, светски великан, кој за земјотресот 1963 година му подари слика на Скопје, имало одвај 50 луѓе. Еве вака јас ги прочитав пораките за нас и од нас. Пишете ми како вие ги прочитавте. |
|
Статијата е прочитана 3604 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Feliks pak treba da crvenee od sram., 11.05.2012 00:05:54 | Sega ke vidis Erole koga ke se javi Feliks i koga ke te raspali, ke vidis ti za kogo si, ha ha ha ha. |
| Caki, 11.05.2012 00:45:52 | Lele vekje ovoj chovek!! Makedonija vekje nekolku god. stagnira ---NE E TOCHNO! Vo posl nekolku god. gi ukinaa vizite, dobivme preporaka, i misl. deka od poch. na ovaa god. se otorija 5000 novi rab. mesta........STAGNIRANJE li e toa? |
| jovan, 11.05.2012 00:59:13 | Sto da ti piseme nie. Gledas i sam deka i taa Evropa neznae kade e, a im objasnuva na drugite kade bile. Sto se odnesuva do File, sepak vo taa negova izjava kade sto gi spomnal Hrvatska, Srbija... ,indirektno ne spomnal i nas. Izjavata negova ne ti e napisana do kraj, a prodolzetokot na taa izjava odi vaka:(otprilika)*i site drugi koj se na patot kon Evrointegraciite*. Mozebi ne ne spomnal bidejki nie sme*najuspesnite* na toj pat, pa se podrazbira deka ke vlezeme vo EU, ili pa si mislel deka ne sme vredni za spomnuvanje. Vo sekoj slucaj, kako i Nasredin-Odja, kazal nesto koe moze da si go tumaci koj kako saka da slusne. Ti si ja razbral porakata kako da kazal deka nisto nevredime, no nekoj ke ja protumaci deka seme*najdobri*, pa nema potreba da ne spomenuva so nekoja si Srbija, Crna Gora...Kako i da e, pak ke kazam, ne se zamarajte so EU. Toa e otsvirena pesna. Ke mora nova pesna da komponiraat, pa posle ke vidime kade sme, ili koj kade e. |
| stoje, 11.05.2012 03:51:34 | Abe Erol-retardu.Toa sto Makedonija videla niz vekovi,ovie sto gi narekuvas poracuvaci ne mozat ni da sonat. Zatoa neka mislat,ako ima so sto i da se obidat da ja razberat porakata na Makedonija, inaku otidoa site zaedno od prv do posleden vo pekolot.Na turcite im trebase 5 veka za da ja razberat Makedonija, a ti kako dokazan retard ostana ovde da posetuvas vecerno uciliste za ponavljaci.Ajt. |
| nacional-patriot, 11.05.2012 05:45:08 | Imas kompleks od antikata Erole,stom vo recisi sekoj tvoj tekst ja spomnuvas vo negativen kontekst,a negativen bidejki go osporuvas pravoto na Makedoncite za nivnoto anticko nasledstvo.Moras da prifatis deka Makedonija ima pravo da ja afirmira antikata i da go pocituva antickoto vreme bidejki e del od bogatata makedonska istorija.Golem del od teritorijata na R.Makedonija bila del od kralstvoto Mkedonija,a Makedoncite vo antikata ziveele na teritorijata kade sto ziveat i sega Makedoncite.Toa sto nekoi od golemcite ne go prifakjaat pravoto na Makedoncite nisto ne znaci.Pred mnogu vekovi,za togasnite golemci planetata Zemja bila ploca.Ponataka za nekoi drugi golemci site planeti od sonceviot sistem,kako i samoto Sonce se vrtele okolu Zemjata.Takvo bilo togasnoto ucenje i sekoe drugo mislenje potkrepeno i naucno se proglasuvalo za eres i se odelo na klada.Zatoa ne gi prifakjaj zdravo za gotovo stavovite i na denesnite golemci odnosno sega birokrati.Hrabri politicari ne pravat predavstva. |
| ФЕЛИКС, 11.05.2012 06:27:42 | Tокму читањето на пораките во стилот на Насредин оџа е спорт кој се применува и тука и надвор.Кога домашното читање на проблемот со името оди во насока да биде прочитано како четиво напишано од соседот,тогаш надворешните читатели читаат како што читаат,некогаш на глас некогаш во себе но со ист одек во нашите уши,инаку читателите ќе се препознаат.И на крајот околу Пикасо,авторот презентира со ,,имало едвај 50-тина,, што значи да критизерот и не бил присатен а коментира.Типично читање на нештата.П.С зеленко се јави иако вчера ми напиша да тоа е негов последен коментар,по навика или инерција сеедно сопствено го проголта.И нему читањето му е изместено оти сепак квалификацијата за дунек Бихаќевци ептен држи. |
| pameten, 11.05.2012 06:49:15 | Vo nashite prikazni Itar Pejo sekogash izleguval popameten od Nasredin odzha. Vo realnosta Turskite begove ne vladeele 500 godini. Evropskite golemi sili imat golem grev kon Makedonija, koga na Berlinskiot kongres ja vratile na Otomanskata imperija. No po 20 gidini nezavisnost se ovo mozheshe da bide odamna zaboravena istorija. Imavme shansata da vlezneme vo EU ushte so Slovenija ili barem so Bugarija. I nemashe potreba od kompromis so imeto, toku od katarzis - prifakjane na istorijata kakva shto bila. Nikoj nemashe da negira pravoto na postoene na Makedonski narod i jazik, evoluirale na temel na del od Bugarskiot narod pod golemi pritisoci po odlukite vo Berlin, Bukuresht, Pariz i Jajce. No i po 500 godini nikoj nema da ne priznae kako reinkarnacija na antichkoto Makedonsko carstvo! |
| Jon, 11.05.2012 07:16:02 | Kade ti e kolumnata za smirivanje na strastite za protestite za zastita na ubijcite ke pisis posle bura e Erole kolku si providen |
| cane, 11.05.2012 07:24:59 | Mnogu prijatno me iznenadi gospodine Riazov deka mojot tatko vi bil profesor. Podobro e sto ne e ziv sega zosto ne znam kako bi reagiral na ova ludilo. Toj bese mnogu praveden covek i siguren sum deka ova mnogu bi go bolelo. Gospodine Caki, procitajte ja milstat na B.Rasel za somnenieto: In omnibus es dubitandum, ako covek nema somnenie, ne moze da go smeni svetot! A mnogu me izraduva onaa izjava na onoj minister, deka na Makedonskite rabotnici super im bilo i zatoa ne strajkuvaat. Se razbira jas vidov milion od niv na Aruba!. Oh, tempora, oh mores! |
| Nikola, 11.05.2012 07:50:48 | Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| Чаки, 11.05.2012 08:11:26 | Кандидатскиот статуу и препораката без датум , ги добивме во далечната 2005 година!Се отворија нови 5000 работни места во администрација , а се затворија 50.000 во стопанството.Имаш право Чаки , тоа не е стагнирање , тоа е НАЗАДУВАЊЕ! |
| nato-jato, 11.05.2012 08:17:38 | Se moli Caki pomalku da gleda Sitel, pogotovo Latas koga vodi dnevnik... |
| Istocna Makedonija, 11.05.2012 08:25:25 | Vo vakvi turbolentni vreminja,samo lideri so hariz
ma,stiskavec,ego,vlecat dobitni potezi.Ne kapitu
lanti!A,sto e ova vreme vo dinamikata,vo odnos
na 2001 godina,1991 godina,1948,1941...Recisi
,NISTO!Ubav primer so prvata izlozba na velikiot
Pikaso,ima i drugi,pogrebot na Mocart,slavata na Betoven,Van Gog....
|
| Recnikot na Fule, 11.05.2012 08:37:18 | Ah toj File File! Go nagostivme , dade izjava deka eve bil vooduseven od spremnosta na nasite vlasti za ispolnuvanje i implementacija na nalozenite reformi od EU , a ovie nasite prerodbenici tri-cetiri dena od egzalatacija i euforija ne mozea da si dojdat na sebe si. Onaj Buregdjija na TV dozivuvase vistinski katarzi i verbalni orgazmi , demek od golemite pofalbi na Fule kon vlasta , kolku sme bile naprednati. I oddednas istiot Fule Denot na Evropa im go cestitase na Hrvatska , Srbija, Crna Gora, a nas ne ne ni spomna!?Ne preskokna kako da sme nekoe sitno potoce !? Dali e greskata kaj Fule ili kaj nas, koi ne znaeme da go citame diplomatskiot recnik i ne znaeme da razlikuvame zaebancija od vistina . |
| девичанецот, 11.05.2012 09:56:09 | Почитуван Ероле,
Европа нека си ги решава своите маки..зошто со години Белгија Влада не може да состави, зошто Грција поднесувала лажни извештаи, па така во долгови како Грчка да биде..зошто Шпанија и Португалија се пред економски колапс, зошто невработеноста во Словенија како членка во ЕУ е над 15 %, а како членка на СФРЈ немаше воопшто невработени...и да не набројувам повеќе.
А остави ги пораките од Европа за нас..тие се само во нејзина полза. Ние како држава ако се однесуваме само по препораките на други..тогаш никогаш не можеме да бидеме самостојна држава. |
| Оливер, 11.05.2012 10:04:13 | „Груевски:Остануваме Република Македонија“ ова е одговорот на пораката од честитките на успешните административците од Европа. Кредибилитетот на Европа е голем и таков ќе остане се до бродоломот на еврозоната а подоцна и во националните разјидувања и потребата од доминантност во делот на сверата на интерес на одредена голема европска земја. Ако Одлуката на Меѓународниот суд на правдата се претвори одлука која ќе се коментира по биртии без да стапи во сила, ние ќе мора да чекаме погоден момент за да не примат во меѓународни рамки како Македонија, без да чувствуваме грижа дека ние сме преарогантни или ние не сме сториле доволно во реформскиот процес. Замислете не сакаат да не примат, не под името Македонија, туку по ПЈРМ. Сега не треба да бидеме нахални никој во пишувањето или да прејудицираме и наклонуваме кон нечиј интерес, кој и да е на власт, знаеме дека ако не го промениме идентитескиот дел, нема ЕУ нема НАТО. Нека им (ни) е среќен 9 мај. |
| До Јован, 11.05.2012 10:12:01 | Јоване, многу си брзал да се јавиш. Да почекаше малце немаше да се залеташ. Веќе јавија од канцаларијата на Филе дека не ја спомнал македонија во својата изјава бидејќи зермјата нема конкретен резултат и поред тоа не може да биде спомната како Хрватска, Србија и Црна Гора. Ерол добро ја сфатил пораката. А штпо се однесува до тоа дали е испеана песзна ЕУ, тука веќе тресеш зелени. Уште не сум чул некој што бил таму да сака да излезе. Не биди и ти како оној зевзек Девичанецот демек Бепегија немала влада Европа се распаѓа. Бре, бре, бре. Сироти европејци. |
| Кераунос, 11.05.2012 10:38:11 | Очекувам и Феликс да се приклучи со умен комен
тар како Caki и Jovan и сите оние на кои ВМРО им
го пере умот та тој сосема избледел.Каде бре пе
рени мозоци гледате напредок,слобода,вработув
ања(освен вмровци)добри реформи ,добро судст
во,образование,здравство...?Од марс ли сте пад
нати?Какви наочари носите та гледате толку роз
аво?Заборавете на пристрасноста кон власта ако
сте патриоти и критикувајте ја таа тоа го заслуж
ила и тоа многи. Што се однесува до почитува
ниот Ерол не сте праведни кон него затоа што е сосема реален во своите колумни. |
| dedo dimo, 11.05.2012 10:42:06 | Erol izgleda ti si obichen GATACH.Ovaa vlada ne e kriva za zemjata shto ne mozi vo EU i NATO .Kriva e taa vlada koja potpisa da se pregovara za imeto bez da go prasha Makedonskiot narod .E toa e zaglavi drzavata, toj potpis shto se stavi na parche hartija ni se odrazuva denes .A nikoj ne sakate da spomnite deka toa beshe PRIVREMENO ili kako i sekogash go lazite Makedonskiot narod .Privremeno za kolku vreme ?, ili duri postojme kako narod. |
| Mudrec, 11.05.2012 11:16:13 | Napredokot kon EU ne e merilo za uspehot na edna zemja. Erol bi trebalo da go znae toa, Turcija cheka 40 godini da bide primena. No, pobitno e da se prodava magla po partiska direktiva otkolku da se bide realen. |
| Mark, 11.05.2012 11:41:04 | Bravo g.Rizaov, samo vie naednas mozete da ja soberete celata prva petorka na anticko-barokno-udbaskata kamarila - Felix, devicanac, dedo Dimo, nacionalniot patrijot, USATA..!! E pa na site niv i jas im poracuvam na svetski priznatiot Antickomakedonski jazik: @S*&TDX$O)#EDHM&CB() !!! |
| P.Petar, 11.05.2012 12:45:09 | Na mnogu zemji ne im e mestoto vo EU.Toa ne e bratska druzba,tuku eksperiment na 21 vek.Ne sum euroskeptik tuku naprotiv eurorealista.Ovaa unija mora da pretrpi modifikacii bidejki vakva kakva sto e ne i gledam nagorna razvojna linija.Ednostavno vo momentov ,vrz principite postaveni od nejzinite stvoriteli EU prilega na kos so pceli koi rabotat,a meckata dovagja i si go zema medot.Seuste e unija na neravnopravno vrednuvani nacii,i pa i porakite koi ni gi isprakaat go potvrduvaat toa.Vo nikoj slucaj ne go zanemaruvam faktot deka i nie snosime vina zatoa sto ni se slucuva!!
|
| demokrat, 11.05.2012 13:48:18 | Za site, koi sto go zagaduvaat javnoto misleje i kreiraat iskriveni vrednosti, denes ke posocam dva citati od poznati svetski umovi:
1. *Patriotot sekogas mora da bide podgotven svojata zemja od sopstvenata vlada da ja brani* Edward Abbey
2. *Mnogu e tesko nekogo da doneses vo polozba nesto da razbere, ako toj svojata plata ja dobiva tokmu zatoa, toa da ne go razbere*
Upton Sinclair |
| Do Mudrec, 11.05.2012 13:56:26 | Gosp. Mudrec tocno e ova sto go velite deka napredokot kon EU ne e merilo za uspehot. Vistinskoto merilo e kako ziveeme, najmizerno i najbedno vo Evropa, so najmnogu nevraboteni i najgolema siromastija i vo drzava so najlos kvalitet na ziveenje vo Evropa. Mnogu ste mudar, alal da vi e. |
| Veselin, 11.05.2012 15:23:24 | E moj Erole.Ovie od vlasta ne sakaat ili se neresitelni.Eve napravi intervju so pocituvanata Secerinska ,kako SDSM ke ne vnese vo EU i NATO za 6 meseci.Sakame da znaeme kako.I poradi toa da glasame za niv na narednite izbori. |
| Evropa, 11.05.2012 16:32:14 | Dragi Makedonci, najdobro vie da si ostanete tamu, kade pripagjate: NA BALKAN! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Делумно облачно
|
Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C
|
Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|