17.10.2012, 17:51 Ибраими и Хасани спортски херои
Може ли спортот да го направи тоа што не може политиката, да се отвори ново поглавје, во кое работите нема да се делат според националноста и верата?
Горан Адамовски
Агим Ибраими го проигра Ферхан Хасани, кој беше соборен во шеснаесетникот на гостинската екипа. Најстрогата казна самоуверено ја реализира Ибраими и Македонија ја победи Србија со 1-0. Завчерашното сценарио од Арената „Филип Втори“ во Скопје ја фрли земјава во транс. Се слават фудбалерите, а посебен наклон им се оддава на Хасани и на Ибраими (одличен беше и Демири), кои изгинаа на теренот, носејќи го дресот со националните бои на Македонија.
„Од денеска Бајрам ми е куќна слава“, „Ибраими и Хасани - falimenderit (благодарам н.з.)“, „И јас сум Ибраими“, „Да живее братството и единството“, „Направете им споменик на плоштад“, се само дел од френетичните коментари на македонските навивачи. „И после кажете дека не чиниме“, се шегува еден Албанец на социјалните мрежи.
Двајцата Албанци преку ноќ станаа миленици на цела земја. И „нашите“ и „нивните“ навиваат за Македонија. Може ли спортот да го направи тоа што не може политиката? Може ли во „поделената“ земја да се отвори ново поглавје, во кое работите нема да се делат според националноста и верата?
„Може, апсолутно може. И порано ни се случувало, сега е знак дека и припадниците на условно кажано помалите етнички заедници во Македонија се појавуваат на социјалното небо како врвни експерти во определени области, на пример, спортот или науката. И тоа радува како факт, во последно време како да беа отсутни. Но, уште повеќе радува фактот што тие се радуваат што Македонија постигнува успеси, тоа чувство на припадност е силно и кај младите генерации, а не само кон постарите“, објаснува социологот Ѓоко Тонески.
Новинарот Лирим Дулови потсетува дека помеѓу етничките заедници, односно меѓу нас луѓето, никогаш немало проблем. Сите имаме пријатели од други националности, народот секогаш живеел еден покрај друг.
„Проблемот е во политичарите, кои веќе 20 години се борат за секакви каузи, освен за Македонија како мултиетничка средина, во која ќе ни биде подобро на сите. Јас израснав со тие проблеми, а за жал, гледам дека и син ми ќе порасне во таква атмосфера. Дај боже натпреварот завчера да биде поттик за подобрување на свеста на политичарите“, вели Дулови, директор на дневниот весник „Коха“.
Фудбалерот Артим Шаќири беше и капитен на македонската репрезентација. Петнаесет години беше дел од неа, навивачите го обожаваа, постојано се скандираше неговото име.
„Додека играв за Македонија, никогаш не сум чувствувал дека, ете, јас сум Албанец. Кој е и што е - не е важно, за Македонија играле и Бразилци. Секој што е повикан да игра за својата земја треба да биде горд и да даде максимум, да покаже што знае на теренот. Тоа што завчера тројца Албанци беа најдобри на теренот е случајност. Сега тие, другпат некој друг. Сите играчи на теренот имаат заедничка цел, сите се радуваат еднакво на победата“, вели популарниот Аце. Дополнува дека спортот нема граници, тоа е единствената работа што ги спојува сите. Нека потрае. |
|
Статијата е прочитана 2743 пати.
|
Испрати коментар
|
|
MAKEDONIJA, 18.10.2012 00:46:58 | A bre lige kaj se komentarite?Ne se raduvate? |
| tedi, 18.10.2012 00:59:37 | Pa fakt e deka politicarite go teraat narodot da se mrzi.Ovie raboti gi zblizuvaat lugeto ali kolku ke trae ova? Ja veruvam deka mnogu likovi sega se uplaseni da ne e ova nekoj si pocetok na uslovno kazano pomiruvanje na lugeto u Makedonija.nesto sto sigurno ne im odgovara |
| JORDAN, 18.10.2012 03:27:25 | Da bez nikakvo somnenie TROJCATA MAKEDONSKI REPREZENTIVCI OD ALBANSKA NACIONALNOST BEA NAJDOBRI IGRACI NA TERENOT protiv sosedna SRBIJA.ALBANCITE se ISKREN NAROD i veruvam ako bi gi prasale IGRACITE sve sto dadovte od SEBE i malko vi pomogna GOSPOD bese poveke da DOBIJE MAKEDONIJA ili DADOVTE od vas 200% samo sto vo srce vi lezese da se pobedi vasiot NAJGOLEM NEPRIJATEL ZA SVE VREMINA sosedna SRBIJA.A isto veruvam deka site TROJCA reprezantivci bi bile posrekni da oblecat ALBANSKI DRES i protiv MAKEDONIJA. |
| oslo, 18.10.2012 05:10:25 | sega grujo i gorge trebet dakipominat niz jadnata porta |
| Драган, 18.10.2012 10:27:19 | Спортот може и ги зближува луѓето.Таков позитивен пример имате во кошаркар.клуб Лирија , каде заедно тренираат и играат млади (18 год.) македонци и албанци. Без проблеми се дружат,тренираат,играат и редат победи во лигата.Овакви примери треба да бидат предмет на репортажи , а не политичари на кои им се полни усти со соживот, а во секојдневниот живот ги нема никаде. |
| pile, 18.10.2012 10:49:37 | Cestitki za pobedata na reprezentacijata na R.Makedonija.Izbranicite na Cede Janveski pokazjaa cvrsta i borbena igra za sekoja topka a i sportskata sreka im se nasmea.Posle nesrekniot poraz od Hrvatska vo Zagreb i ovde vo Skopje samo selektorot znae kako uspeal da gi motivira igracite pod toj silen psiholoski pritisok sto pokazjuva deka pred ovie igraci vo porastereteni uslovi doagjaat svetli momenti.Dokazuva deka ima cuvstvo za vistinskite lugje na vistinsko mesto da gi postavi,spored trudot i rezultati od trudot,normalno makotrpnata rabota mu ostanuva nemu.Mala digresija, citame milionski sumi zaraboteni vo 2011 godina od Makedonski biznismeni, a nikoj da se odvazji da donira minimalna suma na ovie momci koi ginea na terenot za dobar rezultat,napred momci ne ste Vie politicari pa da trcaat po Vas,mnogu ste ponapred nemozje da ve stignat dobro go znaat toa. |
| od ostrijot, 18.10.2012 11:05:58 | sega grujo kerece za ova pobeda na fudbalerite naj golema zasluga ima vladata. |
| [email protected], 18.10.2012 12:33:03 | JORDAN od kade be kaj tebe tolku mnogu pamet, bi ti preporaçal da vo zivotot ne bidiş tolku PREDRASUDEN... |
| Навивач, 18.10.2012 12:50:02 | Е, бе Јордан, навистина си за жалење!Како ли можеш да живееш со сета таа омраза?!Се чини ќе беше позадоволен дури и да изгубеше Македонија,само да не се слават играчи кои се Албанци!Патем, да сакаа да играат за Албанија,тие тоа и ќе го стореа!Едноставно затоа што Албанија (впрочем и како што го сторила тоа и Македонија, и како и секоја друга држава) под итно ќе им дадеше албанско државјанство!Ама тие не го сторија тоа зашто Македонија им е татковина!Кога ли ти и сличните ќе го сфатите тоа!Навистина те жалам што ете,поради Албанците не можеше да и се радуваш на нашата победа. |
| Lorik, 18.10.2012 12:50:40 | Do Jordan,
Se super kaza na krajot upropasti se, Blerim Xhemaili (NAPOLI), od Tetovo igra za svajcarska, Адмир Мехмеди) (born 16 March 1991 Gostivar) is a footballer from Switzerland of Macedonian-Albanian, igra za Dimamo Kiev eden od najdobrite, Pajtim Kasami (born 2 June 1992 in Struga, Macedonia) is a Swiss footballer of Macedonian / who plays for Fulham in the English Premier League, znaes kolku gi ima po stranstvo vakvi futbaleri samo treba da se povikat i ke vidis koi boi ke gi branat i koja zemja go sakat, se razbira MAKEDONIJA. Isto i jas za tebe da vikam deka ti poveke go sakas Bugarija ili Srbija nego Makedonija, ne be druze ne go kazam toa zs ne e fer, Jas najmnogu se raduvam prvo na Premierot sto go gradi stadionot i znam deka i toj ima zelba da uspeeme vo futballot, od druga strana Harilampie veke ne vo FSM, koi e najgolem vinovnik sto ovie deca ni igrat po drugi drzavi, DA ZIVE MAKEDONIJA, |
| Јаден Јордан, 18.10.2012 13:24:31 | Кутар ти , во тебе нема ништо освен омраза! Како живееш со толку зло во тебе?Истите тие фудбалери би можеле да играат , како што и играат за Швајцарија итн.Покриј се од срам и не пишувај веќе! |
| dacko, 18.10.2012 13:50:19 | natprevarot protiv hrvatska go izgubivme zatoa sto ne igrase nasata najdobra 11 -ka do sega vo poslednite 10 godini . deckite so albansko poteklo bea najborbenite vo site ovie posledni kv. natprevari . vreme bese da go prebrodime toj prostacki pogled na rabotite. |
| melbourne, 18.10.2012 13:54:11 | Lorik sekoja cest,a za JORDAN ima lek vo apotekite ili kaj nekoi doktori.Narodot vo Makedonia sekogas ziveel zaedno i znael da se raduva na uspesite NASI,samo vo poslednive 12 godini politicarite go podelija narodot.Zaedno mozeme da napravime uste poveke. |
| Velesanec, 18.10.2012 15:40:48 | Успехот е на сите кои истрчаа на теренот. Второ, македонските политичари ствоириле негативно мисленје на етничките албанци дека македонците ги дискриминираат ... што до некаде и било до 1991. Сега е обратно Албанците ги дискриминираат Македонците во ЕДИНСТВЕНАТА држава што ја имаат. Секој искрено се надева на успех во фудбалот. Но додека Албанската популација се однесува сепаратистички, Македонците ке коментираат како што ги гледаат работите. Ако има искрена желба од страна на Албанците за заеднички СОЖИВОТ тогаш и успехот немаше да се коментира како „тројцата албанци во репрезентацијата беа најдобри, најдобро се залагаа...“ туку ке беше тројцата репрезентативци се залагаа највеке. Соживотот се гради со години, децении, генерации... а се руши за кратко време. За тоа ајде да ја бодриме Репрезентацијата на Македонија а не поединци. Време е да сватиме дека успехот е во колективот а не во поединците. Инаку секоја чест и од мене за сите репрезентатицви, највеке за Ибраими, Хасани и Новевски |
| xhelo, 18.10.2012 20:49:43 | Jas kako prvo iskreno mu cestitam pobedata na R.Makedonija protiv Srbija.
Kako drugo cestitam na redakcijata jer su super i objektivni.Bilo teska utakmica ali vazno je da smo pobedili.Nismo imali srece protiv Hrvatske na oba natprevara i protiv Skotske jer sam gledao direktno taj natprevar i bilo mi je zao sto nije pobedila Makedonija,ali sta je tu je.Za komentar na drugarot Jordan i ja imam primedbu zato sto on vlaga vo politika a vo sportot ne treba da se mesa politika,jer politika nas je dovela do ovde kade sme.Dzerdan Sakiri i Granit Dzaka su najbolji igraci svicarske dali su gol Albancima u natprevaru za kvalifikacije 2014.Ali sta mozes tu,nista.Sto i nije pozvala Albanija da igraju za njih niko nije im kriv,i posle toga Albanci i njihov savez futbala obvinili futbalere albance sto igraju za svicarsku.Dajte da malo razmislimo bolje. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 5°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|