Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
17.10.2012, 17:41

Македонски наркогрупи мирно „оперираат“ низ Европа

Избегнувањето конфликти е главна карактеристика во дејствувањето на организациите водени од Македонци во Виена и во Франкфурт

Елена Михаjловска


Охрид - Нарко-групите од Македонија се едни од најмирните кои оперираат во западноевропските земји, а избегнувањето конфликти е главната карактеристика во дејствувањето на овие организации. Ова го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност на Македонија, Љупчо Тодоровски, во рамки на отворањето на третата Меѓународна конференција за борба против дрога, која се одржува во Охрид.

Според сознанијата на македонската полиција, организациите водени од Македонци, кои дејствуваат во Виена и Франкфурт избегнуваат конфликти затоа што секој конфликт кој ќе го предизвикаат меѓу себе може да има негативно влијание врз нарко-бизнисот.

„Секоја измама или должење пари помеѓу членовите на групата се манифестира со активирање на тамошната полиција, која најчесто преку расчистување на насилството може да дојде до одредени информации дека тие во суштина се лица кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога. За разлика од македонските етнички групи, имаме други групи кои се од мешовит состав и проблемите ги решаваат со насилство, па имаат релативно помал успех во заземањето на територијата каде што растураат дрога“, вели Тодоровски.

Според него, друга карактеристика на македонските нарко-групи е што тие регрутираат членови од некриминална средина.

„Во работата вклучуваат личности од чесни семејства од Македонија, кои ги обучуваат да вршат кривични дела, на пример, како тајно да примат дрога, како да ја измешаат со неутрална материја, како да го зголемат нејзиниот обем, како да ја поделат во дози и слично. Интересно е тоа што за секоја работа се води една многу добра книговодствена евиденција при што не може да дојде до измама или настанување конфликт“, вели Тодоровски.

Тој објасни дека има квартови во Франкфурт, во Берлин, Минхен и во Виена каде што Македонците се многу присутни.

„Собираат податоци за тамошните дилери од секој кварт и откога ќе падне лидерот кој е од друга нарко-организација, Македонците настапуваат со телефонски јавувања до дилерите, нудат квалитетен хероин кој е почист, а поевтин, а често нудат и бонуси“, појаснува Тодоровски нагласувајќи дека македонските нарко-групи имаат членови и во Македонија кои даваат помош во реализација на трговијата.

Првиот човек на Јавната безбедност информираше дека во разбивањето на овие групи, Македонија веќе има воспоставено оперативни соработки со националните полиции во земјите во кои истите дејствуваат и до сега има неколку успешни реализации од кои најважна е акцијата „Диригент“ во која беа фатени повеќе нарко-организатори во Македонија, во Виена и во Франкфурт.

Сам Рахи, агент на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА), кој четири години работи во овој регион, вели дека во последните три години македонската полиција помогнала во реализација на неколку успешни заплени.

„Имавме случај кој се реализираше во соработка со Македонија и Грција, при што беа запленети 72 килограми хероин. Оваа година имаше два случаи со заплена на некаде околу 65 килограми хероин, кои исто така беа реализирани со грчките и македонските тимови. Би сакал да се заблагодарам на македонската полиција затоа што оствари оперативна соработка за разбивање на овој криминал. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и дека во иднина ќе апсиме многу повеќе трговци на дрога“, истакна Рахи.

Меѓународната конференција „Криминални организации на дрога - состојби во ЕУ со посебен фокус на балканските простори“ , на која учествуваат 110 светски експерти во областа на борба против дрога е во организација на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ) и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.


Статијата е прочитана 937 пати.

Испрати коментар



Ибраими и Хасани спортски херои
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Киднапиран синот на амбасадорот Игор Илиевски
„Несаканите гости“ од Македонија европски проблем
Анкета - Опаѓа поддршката за „Скопје 2014“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 5°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |