15.07.2012, 18:53 Доаѓа Бан Ки-мун
Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Македонија во рамките на неговата балканска турнеја
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, на 25 јули доаѓа во Скопје, во рамките на неговата балканска турнеја што ќе трае од 19 до 26 овој месец. Тој ќе посети седум земји од регионот, а во Македонија негов домаќин ќе биде шефот на државата, Ѓорге Иванов, со кого по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција.
Генералниот секретар на ОН, во Скопје, ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, а ќе им се обрати и пред парламе��тот. Се очекува неговите разговори со македонскиот државен врв да се фокусираат на проблемот со името, бидејќи разговорите меѓу Македонија и Грција се одвиваат под покровителство на ОН.
Бан Ки-мун ја почнува својата балканска турнеја од Словенија, а ќе ги посети и Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
Целта на посетата на генералниот секретар на ОН на Југоисточна Европа е да се нагласат силните врски и партнерството меѓу светската организација и земјите од регионот, како и да се разговара на иднината на регионот. (П.Р.)
|