Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.07.2012, 18:51

Збогум за „Топлификација“, добредојде за „Енергетика“

Маја Томиќ

Се' поголем број од жителите на скопска Автокоманда и' велат збогум на „Топлификација“, односно ги откажаа и ги откажуваат нејзините услуги за парно греење, а покажуваат голем интерес за приклучување кон парното на „Енергетика“, подружницата на Електрани на Македонија, ЕЛЕМ која работи во рамки на „Железарница“. Во изминатиот период до до ЕЛЕМ биле поднесени многу барања од куќни совети како и од индивидуални станбени објекти од Автокоманда за приклучување кон овој топловод, па за да одговори на барањата на граѓаните компанијата во оваа населба интензивно го привршува проширувањето и доградувањето на магистралниот топловод.

„Работите се изведуваат со планираното темпо. Во моментов се завршени 407 метри од топловодот, од вкупно 770, и се очекува до крајот на август овој проект да биде целосно завршен и кон него да можат да се приклучат 1.618 нови потрошувачи. За таа цел инсталираната топлинска моќност на „Енергетика“ ќе биде поголема за дополнителни 13,3 мегавати“, вели портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски, додавајќи дека оваа инвестиција е 300.000 евра сопствени средства на ЕЛЕМ.

Тој објаснува дека со приклучувањето на постојната дистрибутивна мрежа на населбата Автокоманда, АД ЕЛЕМ „Енергетика“ ќе биде во можност да испорачува топлинска енергија на жителите на оваа населба, и тоа на 70 станбени објекти и 10 други, меѓу кои се детски градинки, едно основно училиште, трговски центар, спортска сала и други објекти.

Инаку, „Енергетика“ претходно снабдуваше со топлинска енергија 11 станбени згради, едно средно училиште и еден интернат, а инсталираната топлинска моќност изнесуваше 2,9 мегавати.

„Во моментов се при крај и работите за проширување на постојната мрежа, со изведба на секундарна топловодна мрежа на улицата „Карл Липкнехт“ во населбата Триангла, на која тре��а да се приклучат нови 27 индивидуални станбени објекти, односно 30 домаќинства“, појаснува Котевски.

Граѓаните од Автокоманда кои поднеле барање за приклучување, се надеваат дека набргу ќе бидат завршени сите работи со топловодот, како и техничките процедури и дека веќе следнава зима ќе можат да ги почувствуваат благодатите од ова парно.

„Не треба воопшто да чуди што домаќинствата покажуваат голем интерес. И покрај поскапување на цената на парното на „Енергетика“ за 35 отсто во март годинава, тоа очигледно е корисно за граѓаните. Најважно од се' е што ќе имаат 24-часовно греење. А, не да им се вклучува во 7 часот наутро и да се исклучува во 21 навечер, па да мора да се приклучуваат други грејни тела. Или пак, не се принудени да плаќаат дополнителни пари и за станарите кои се исклучени од парно“, вели Д.А., жител на Автокоманда, кој веќе 5 години го користи парното на „Енергетика“ и е задоволен и од цената и од услугата.

Инаку, на ова парно се приклучени околу 3.000 корисници од Автокоманда, Железара, Хиподром, Триангла. Просечна цена за тарифните потрошувачи на „Енергетика“ изнесува 4,5 денари за киловат-час, додека цената на парното од „Топлификација“ е 2,9 денари за кв/ч.

На мрежата на „Енергетика“ можат да се приклучат и повеќе скопски населби, но за тоа, како што велат од ЕЛЕМ, претходно е потребно да се направи процена и физибилити студија, како и договор со локалната самоуправа. Иако е тоа секундарен бизнис на компанијата, доколку има повеќе заинтересирани граѓани, одговорните на ЕЛЕМ велат дека се спремни да инвестираат повеќе во таа дејност. Инаку, од поодамна интерес за ова парно покажуваат жителите на Чаир.


Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар



Георгиевски не се откажува од Тодор Александров
Утеха за сиромашните
САД ги поздравија напорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе
Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за развој на селата
Македонија повторно ќе извезува автобуси
Доаѓа Бан Ки-мун
Работен викенд на СДСМ во Богданци
Судир на два титани на локалните избори



bile, 16.07.2012 11:28:09
donesete go parnoto vo N.lisice
Igor, 16.07.2012 18:17:01
Донесете го парното и во Карпош

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |