Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.07.2012, 18:55

Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за развој на селата


Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за поддршка и развој на селата, за купување земјоделска механизација и чистење канали, информира на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој појасни дека ќе бидат исплатени 2 милиони евра за поддршка на македонските села, односно за 45 конкретни проекти во 37 општини. Средствата ќе се искористат за изградба на селски патишта, не подолги од 1 километар, за мостови, пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште, како и за урбанизација на централните делови на селата.

„Исплатата ќе се одвива сразмерно на изведувањето на проектот, а по неговото завршување ќе има комплетна исплата. Опфатени се сите општини од целата држава, без разлика на составот на населението, или пак политичката припадност на градоначалникот“, истакна Ѓорѓиев.

Со три милиони евра земјоделците ќе бидат поддржани при купување механизација. Од 1 август ќе бидат исплатени 1 милион евра на 200 корисници кои веќе ја имаат набавено механизацијата, а останатите 2 милиони евра ќе бидат дадени на другите 334 корисници по реализација на нивните набавки на механизацијата, во согласност со динамиката и доставувањето на документацијата, а најдоцна до октомври. Кофинансирањето е во висина од 50 проценти од трошоците за набавка на механизацијата, а исплатата се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството со трансфер од Владата. Станува збор за неповратна помош. (МИА)


Статијата е прочитана 156 пати.

Испрати коментар



Георгиевски не се откажува од Тодор Александров
Утеха за сиромашните
САД ги поздравија напорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе
Македонија повторно ќе извезува автобуси
Доаѓа Бан Ки-мун
Работен викенд на СДСМ во Богданци
Збогум за „Топлификација“, добредојде за „Енергетика“
Судир на два титани на локалните избори



Hari, 16.07.2012 09:04:28
Gradovite gi gubi pa uste posledna nadez ostna uste selata, povtorno so vetuvanje i ona istoriskoKE.
Трпе, 16.07.2012 11:59:44
Добро е кога некој признава.Признават дека за овие 6 години општините ги делеле на наши и ваши.Предизборна паника ги фати па не знаат и што зборат.Народните гласови им требат,без разлика што стапот и морковот се во нивни раце.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Брајант не може да замисли да не освои злато
Трудница на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |