Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
19.04.2012, 17:10

Шест патишта го делат МВР од убијците

Реконструкција на „Утрински весник“ за можните патишта по кои побегнале сторителите на петкратното убиство

Горан Адамовски


Кон селата Синѓелиќ или Смилковци, на автопатот кон Куманово или Тетово, кон населбата Бутел или нагоре кон Љуботенски Пат. Шест патишта водат од Смилковското езеро кај Радишани каде што пред една недела се случи грозоморното убиство на петмина скопјани. По кој пат побегнале бруталните убијци?

Експертите укажуваат дека во вакви случаи, се одбираат патишта на кои нема голема фреквенција од возила и од луѓе. Обично се одбираат друмски улици. Да се следи трагата на убијците е пат со низа препреки, бидејќи се претпоставува дека тие користат неколку возила, особено ако станува збор за професионалци.

Убиствата што ја зацрнија земјава се случија изминатиот четврток. Според жителите на Смилковци, истрелите се слушнале околу 19,15 часот, кратко пред да се стемни. Петте тела беа пронајдени околу 22,30 часот. Во тие три часа разлика, сторителите на велигденскиот масакр комотно можеле да ја свртат половина Македонија, па и да ја напуштат земјава.

„Утрински весник“ вчера го прочешла теренот околу Смилковското езеро, оддалечено десетина километри од центарот на Скопје. Тоа е едно од неколкуте т.н. Железарски езера, сместени зад Железарницата. Просторот е видлив со голо око, нема дрвја, ниту објекти. Вчера немаше ниту полиција, па слободно можевме да дојдеме до таму. Лентите за увид и натаму стојат кај надвозникот до езерото. Убиствата биле извршени на земјен пат, односно педесетина метри од надвозникот. Единствениот асфалт е токму кај мостот. Зад езерото има земјен пат и еден куп ниви, на кои и вчера работеа луѓе. Врнежливите денови го направија патот непрооден за автомобил. Сега таму може да се мине само со трактор. Патот е долг три километри. Минатата недела беше суво, се минуваше и со автомобил. На крајот од нивите, се влегува во селото Синѓелиќ. Оттаму може да се оди во Стајковци, Арачиново или во градската населба Ченто.

Се качите ли на мостот, единствениот пат води кон селото Смилковци, оддалечено стотина метри. Солидниот селски пат води кон блиското Црешово, од каде што беше еден од убиените. Потоа нагоре кон Булачани, Раштак, Виниче и Бреза. Се движите десетина километри во подножјето на Скопска Црна Гора, а зад неа е Косово. Станува збор за прилично населени места, патот е тесен, но асфалтиран, постојано наидувате на луѓе или возила. Не одите ли нагоре, од Црешово можете да продолжите кон селото Страчинци, до кое има околу два километри. По 4-5 километри, наидува Арачиново и стариот пат кон Куманово. Покрај селата крај патот, не изгледаат далеку ниту илегалните патишта кон Косово или Србија.

Ако од Смилковското езеро не се качите на надвозникот, тогаш морате да заминете по локалниот пат лево, долг 2,5 километри, кој ќе ве одведе до населбата Бутел. Лево оттаму се влегува во населбата. Само на почетокот има неколку куќи, потоа е празно, патот е час со дупки, час со асфалт. По три километри, се стигнува во градот, речиси на булеварот „Босна и Херцеговина“.

На спротивната страна од Бутел, е патот за Радишани. По стотина метри, се влегува во населено место. Куќи и ниви. Но, на помалку од километар, тесниот и асфалтиран пат се раздвојува: може да се влезе во селото Радишани, од каде што беа тројца од четирите убиени момчиња, или да се продолжи нагоре кон селото Љуботен, оддалечено шест километри. Патот е солиден, возила нема, нема ниту куќи, ретко луѓе, особено навечер. И од таму може да се стигне кон Скопска Црна Гора.

Ако, пак, не одите ниту во Бутел ниту во Радишани, морате да се приклучите на обиколницата. Од левата страна, веднаш се наидува на патоказ за Тетово (51 км) и за Приштина (89 км). По тој пат може да се исклучите на неколку клучки: кај Топанско Поле, дури и понатаму кај Визбегово (околу 8 км), од каде што границата со Косово е оддалечена 12 километри.

Од десната страна, автопатот кон води кон Куманово (42 км) и Велес (64 км). Сепак, по четири километри возење, од десната страна може да се исклучите: лево преку мостот во Црешево или веднаш да се спуштите во Стајковци. Од Стајковци, Арачиново преку Брњарци е оддалечено седум километри. Се вози по тесен селски пат, куќи во растојание од околу еден километар, додека се излезе од селото. Од другата страна на Стајковци, практично споено со Стајковци е селото Синѓелиќ, од каде што, како што рековме, може да се стигне и по земјениот пат кај нивите на Смилковско езеро.

Кој пат и да го фатиле убијците, тие, барем засега, се недостижни за истрагата. Два дена по убиствата, полицијата соопшти дека има индикации оти автомобил „опел омега“ со црвена боја и со лажни скопски таблички, кој беше пронајден на десетина километри од Смилковското езеро, бил таму и во моментите на злосторството. Дали убијците се возеле во тој автомобил, дали биле само во едно возило, каде побегнале потоа - се дел од прашањата на кои истрагата се' уште бара одговор.


Статијата е прочитана 12909 пати.

Испрати коментар



Ограбена ординација во Прилеп
Украдени 500 оригинални цедиња
Чичко му ја скршил раката на внукот
Судот не попушта – нема ново вештачење за „Биг фиш“
Ќерката на полицаецот ќе биде сослушана на тајна локација



Logicar, 20.04.2012 01:20:46
Znaci od ova Smilkovsko Ezero samo na Mars izgleda ne moze da se stigne..Drugo se e na dofat. Poicijata znae po koj pat kinisale bidejki go najdoa prvicnoto vozilo.Prasanjeto e koi, kade i so koja kola potoa? Lokacijata im e povekje od sovrseno izbrana-neverojatno pametno za da ja zbunat policijata. No najverojatno zaboravile deka vo denesno vreme Amerika i Rusija imaat sateliti koi snimaat se. Ako ne gi fatat toa ke bide samo radi drzavna tajna i politicko kalkulantstvo. Moe mislenje-ova im go namesti nekoj na Albancite. Na akcijata ocekuvase reakcija od naivnite narodni masi za da se stvori haos vo 1 den. Za srekja Makedonecot ne e so usvitena glava i ima izdrzano 5 veka pod tursko pa propadna scenarijovo. Istive celi bea i 95ta pri atentatot na Gligorov. Dobra statija Utrinski!
Mihailo Malme Svedska, 20.04.2012 06:21:15
Toa se moznite patista za odsalecuvawe od mestoto na zlostorstvoto. No ne vi se cini li logicno vmesto da iznesuvate glasno nekoi Vasi razmisluvawa toa da im go ostavite da go storat organite sto se nadlezni za toa i za koe nesto dobivaat plata. A spekulac iite ne vodat nikade. Ostavete gi profesionalcite da si ja obavat svojata rabota na mira.
forenzicar, 20.04.2012 06:43:57
Do Logicar: MVR ne znae tuku pretpostavuva po koj pat kinisale, zatoa sto site tie zaminale vo Aracinovo kade sto, koj sto saka neka misli, MVR ne smee ni da pomisli da vleze bez dozvola na Ahmeti, a samo eden od niv go vozel opelot i go ostavil za da gi navede na pogresen trag. Pomisli na ovaa varijanta, Logicar? Na pocetok se zemaat apsolutno site mozni varijanti predvid, neli? Pozzzzz...
Istocna Makedonija, 20.04.2012 08:30:07
Da se pronajde vistinskiot pat i izvrsitelite!
makedonka, 20.04.2012 08:31:52
Zanimliva geografija. Utre napisete nesto od istorija. I taka po red. A kade se ubijcite..Ova se igracki. Nie gi sakame ubijcite a ne opisi na patista.Mackanje oci na ovoj narod. Nitu blisku ne se do tragata. Podetalni informacii ima vo Blic i Novosti otkolku vo mak vesnici.
Mudrec, 20.04.2012 10:13:35
Okolu motivite za ubistvata - ne mislam deka celta bese haos (iako ke im bese dobredojden na mnogumina), tuku ednostavno krvna odmazda za ubistvata vo Gostivar.
Grazerin, 20.04.2012 11:48:43
Vo pravo si logicar.95 tata ostana samo ami 8 a ova sto se sluci so 5 ubijeni ce ostane samo voziloto OPEL.Pozdrav do utrinski i Citatelite
markos, 20.04.2012 12:37:13
bravo za ,MUDREC,, normalno neli fakt i dosta neka ne ve lazat srbi bile ili nekoj sto saka da gi narusi meguetnickite odnosi drn drn jarinja pa meguetnickite odnosi se naruseni nego eve vidovte kako se naplakaat dolgovite e brakata albanci ke ve naucat!
MVR zakon, 20.04.2012 13:55:45
Shto e vazno kako izbegale i po koj pat trgnale i na kade kinisale i dali bile oblecheni vo sini farlmerki ili vo rozovi helanki?? Vazhen e motivot a za toa MVR molche i raskazhuva evtini prikaski na lugjeto. So toj opelot ja otupja, pa duri i mudriot premier beshe da sa zapoznae so situacijata i mu raskazhaa kako shlajfale gumite po kalta i kako pominale ubijcite pod podvozhjakot na taa i taa ulica i kako im se mochalo ama ne slegle i taka natamu.... Preku glava od prikaski, neka kazhat zoshto bile ubieni lugjeto, motivot go pravi deloto, a ne nachinot na pravenje, toa e tehnichki detal. Neka najdat oruzhje, profil na lugje i slichno i posle neka se perchat po site televizii. Prosta nacija, silna policija ! ! !
ZOKI.CH, 20.04.2012 13:56:36
toa e odmazda za ubistvata vo Gostivar 99%.Logika nie dve tie cetiri lica i edno neplanirano.pozdrav do mvr
jean, 20.04.2012 17:42:40
makedonka mudrec i nekolku drugi-sto ste zapnale pa albancite te albancite ostajte gi da rabotat tie sto se strucni za taja rabota a i se plakaat za tova a sto se odnesuva do makedonka prodolzi da citas blic i vecernji novosti bidejki mislis deka se po objektivni pa da tie se objektivni od pocetokot na 90 setite godini i znaeme sto se sluci vo jugoslavuja pa toj istiot blic sto e objektiven po tebe rece deka voziloto opel e pronajdeno vo blizina na kosovskata granica sto sakase da kaze deka pobegnale vo kosovo i od toa ispadja deka ubijcite se albanci ama objektivno a znaeme kade e pronajdeno voziloto.zalno e za eden narod da i veruva na drugiot narod a da i ne veruva na svjot narod.
Дејан, 20.04.2012 18:29:10
До Логичар и сите заинтересирани: Зашто викаш дека само на Марс не може да се стигне. Тука теренот е доста широк, па има доволно простор и спејс-шател да се лансира. Знаеш дека има шанси и тоа да се десило? Кујзнее.
Пеце, 20.04.2012 18:58:04
Каков народ таква влада!
evropeec, 20.04.2012 20:07:05
Ostavka za Gordana! , doma da si vrsi analizi.
nina, 20.04.2012 21:05:29
teba cel svet da podnesat ostavka bagabontite zasto pravat oruzje ako se borat za mir i demokratijasvetot bez oruzje ama nesakaat taka kako ke go strizat narodot kako ke go dadat na dzavolot vaka sop omraza ubistva vo pekolot ima mesto vo rajot vratite se zatvaraat
Горан, 20.04.2012 21:57:18
Zaboravate deka policijata tocno znae koj pat go fatile, bidejki go ima pronajdeno voziloto. Znaci ovie pretpostavki vi se bespotrebni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |