30.10.2012, 18:12 Мое ќоше
Пораките на Црвенковски
Ерол Ризаов
Никола Груевски веднаш по говорот на Црвенковски побарал лекарска интервенција од уролог, бидејќи многу го заболело
Силните пораки на Бранко Црвенковски испратени од скопскиот рококо плоштад брзо стасаа до првата адреса каде што беа упатени. Премиерот Никола Груевски веднаш побарал мала лекарска интервенција кај уролог, бидејќи многу го заболело тоа што го кажал Бранко Црвенковски. По непроспана ноќ, велат, око не затворил, па уште од рано наутро го пратил лично Зоран Ставрески Паргали да му одговори на црвениот дека избори ќе има кога тој ќе одлучи, а не Бранко. Во оваа држава само Груевски одлучува кога ќе има избори и никој друг. Не може, рече Ставрески, кога ќе му текне на Бранко да има избори. Нему му е лесно, нема што да загуби, па малку, малку, ај на избори. Груевски не работи во желботека, па штом се расплаче палавиот и пргав Црвенковски, треба да му ги исполнува желбите, беше пораката од Груевски која и' ја соопшти на јавноста неговиот гласник, бидејќи во тој момент премиерот имал поважна работа. Морал да шета малку по болниците со министерот за здравство да им текне на докторите дека во идеална држава каде што сите пукаме од здравје и убавина не се штрајкува.
Ете така некако беше прочитана телеграмата на Црвенковски до Груевски: ајде во март да одиме на избори да се знае веќе еднаш кој пат да го фатиме. Во ВМРО-ДПМНЕ веќе биле уморни постојано како боксерска вреќа да го тепаат Црвенковски на избори. Очекуваат по локалните избори тој да биде најмладиот пензионер во светот како поранешен претседател. Па потоа со некој мек салонски комунист, наследник на Црвенковски, ако може да биде избран по препорака на ВМРО-ДПМНЕ, да излезат на мегдан на редовни, или на предвремени парламентарни избори и среќно да владеат негде до 2021 година кога ќе се одбележи помпезно 30-годишнината од независноста и ќе почнат преговорите со Брисел, се разбира, ако ЕУ или ние дотогаш не исчезнеме. Е, тука, малку морген, Бранко не си оди дома додека не му го види грбот на Груевски, барем една сезона. Ставам раце в оган дека двете страни на локалните избори ќе прогласат победа. Едни ќе ги бројат градоначалничките места, други советничките места и вкупниот број гласови. Затоа и двете страни сега молчат и не кажуваат што е по нивно точна мерка за победа на локални избори. Кога ќе ги пребројат гласовите, мудреците ќе кажат што е поважно - кокошката или јајцето.
Црвенковски прати пораки и на други адреси. До интелектуалците, деловните луѓе, до медиумите, па дури и до идната коалициска влада на здружената опозиција за подобра иднина. Ги искара сите оти биле премногу сервилни кон власта. Интелектуалците молчеле и биле плашливи. Деловните луѓе понизно му аплаудирале на премиерот на секоја лага. Медиумите и новинарите се под целосна контрола. Да, тоа е производот на нашата демократија и транзиција сите овие 21 година. Цената на интелектуалците цело време е константна: еден ручек, малку удирање по рамо, по потреба и една државна награда, мал академски додаток и пристојна национална пензија за големите дејци кои ја поддржуваат власта. Ако не помага тоа, во екстремни случаи може малку лустрација и прочистување. Деловните луѓе секогаш понизно, или храбро, сеедно, им аплаудираат на сите премиери и редовно го плаќаат партискиот данок, внимавајќи да биде повеќе за власта, а помалку за опозицијата, ама да има и за двете страни по нешто. Новинарите во најголем број се истите. Цел ден се моткаат по истите кабинети. Разликата е само во тоа што таму веќе не седат Црвенковски и Георгиевски, туку добро залегна Груевски. Големите новинари истото го пишуваат и тогаш и сега само ги менуваат имињата на премиерите. Едно време го возвишуваа Црвенковски како државник што се раѓа еднаш на илјада години, потоа се крстеа пред иконата на Љупчо Георгиевски, сега истите тие велат дека пред да дојде Никола Груевски, немало политичари во Македонија.
Црвенковски не ги поштеди ни неговите идни министри кога ќе дојдат на власт. Им порача ако некој негов функционер пушти рака да побара рекет, ќе остане и без функција и без рака. Аман, се исплашив, ми заличи малку на октоподот што почна да го фаќа 1996 година кој сега толку нарасна што гозила не му е рамен. Не помага да го убие ни св. Архангел, а не св. СДСМ. Значи, сите ги примија пораките на Црвенковски и евидентно никој премногу не се вознемири.
Најважната порака, сепак, Црвенковски ја испрати до граѓаните. Чинам бргу ќе почна да бацува рака и да бара опрост. Верувам дека посакува изборите да бидат на Прочка. Мора тоа погласно да го каже за да се чуе. Колку ќе се чуе, толку и ќе се види. |
|
Статијата е прочитана 4484 пати.
|
Испрати коментар
|
|
gimi, 31.10.2012 00:42:42 | Изгледа дека и на г-дин Ризаов му стана јасно кој ќе победи на наредните избори па почна да го критикува Бране и тоа толку критики наеднаш што ги немало во последниве 2-3 години. |
| jovan, 31.10.2012 00:45:57 | Znaci, spored napisanovo, nema pobeda na SDSM. Gruevski ne mora da se voznemiruva i trosi pari za predizborni kampanji(do dusa ova tesko ke mu padni), ne moraat ni kredit od MMF da zemaat, ne moraat ni 10-15glasaci po vraboten vo administracija da baraat, treba samo mirno da pocekaat da pominat zimskite buri i studovi, pa na prolet koga se ke rascveta, ke bide, kako nisto da ne bilo. Veke vo drzavava stanuva neozbilno ako si ozbilen, pa mora da pocnam malku i poneozbilno da komentiram. Inaku ozbilen sum za ona, deka se ke bide, kako nisto da ne bilo, bez razlika koj ke pobedi. Se ke bide isto, samo nekoj ke go nema. |
| Gostivarcanec, 31.10.2012 00:57:55 | Дека сите ќе прогласат победа ќе прогласат... а колку да се знае СДСМ изнесе став што претставува за нив победа,повеќе ГЛАСОВИ во збир во сите општини,што би претстваувало мерило за парламентарни избори,доколку не се одржат заедно. |
| EU, 31.10.2012 01:16:43 | E pa gospodine Rizaov, i ,Vam i na nas ni e jasno ,oti nema luge sto seriozno bi se zafatile so rabota ovaa drzava da ja bide. I cto pravime sega? |
| demokrat, 31.10.2012 01:23:43 | Crvenkovski prvo bese najmladiot premier vo Evropa (ako ne i vo svetot). Namesto novinarite da recat ,,cekajte luge ovaa rabota ne ja biva, dete ne moze da vodi drzava,, tie toa mu go zemaa za ekstra pozitivna strana, demek nie sme najjakite, go imame najmladiot i najumen premier. Napravi haos i somnitelna (da ne recam kriminalna) privatizacija, zavladea siromastija i glasacite go zbrisaa na izborite 98. potoa sleduvase slicen govor kako onoj od predsinoka. Na 15. septemvri... narotod mu poveruva, 500 iljadi glasaci go zaokruzija negovoto ime. rekordna pobeda. I sto bidna? Branko pak po staro. zgora na se izbega i se skri vo predsedatelskiot kabinet. Denes Branko ja pee istata pesna. Pak bara podrska. Pak so starata retorika, so istite poraki, so istata patetika. Ako nekoj postojano mu veruva na nekoj sto konstantno laze, togas toj veke ne e naiven, tuku glup!? |
| denis, 31.10.2012 04:29:53 | Која друга форма да ја изберел авторот, за да го соопшти бранковиот став за власта, освен оваа, козериска, ќе заглавеше. Вака, се вклопува во стилот на ведиглавците кои се движат како клатното -на една, па на друга страна, за да не се сетат душманите. Демек, јас го тепам непријателот, иако со ќорфишеци. Те помниме и тебе брате Ероле кога пиштол беше. И ти растеше по кабинетите на големите политичари и директори. Но, говорот на Бранко од рококо сцената е поважна од се во моментов. Дефинитивниот пад на власта е неминовен, без разлика на тоа кого што го заболело. Основно е дека државата е со тешко преболни рани и загрижувачка дијагноза од странските експерти за тоа до кога ќе дишиме ние простосмртните преку гасмаски и на шкрги. Зашто загаденоста е во портокалова фаза - опасна по здравјето. |
| пријател, 31.10.2012 06:34:54 | Не е битно кој што изјавува. Битно е како се живее во Македонија. |
| ФЕЛИКС, 31.10.2012 07:43:58 | Морам да признаам да ова е добра сотија на политичките лакрдии тука ,кој секогаш се појавуваат предизборно.Повторно имаме повик на изборен мегдан за потоа по ден -два историско преповторување ,,сакаме избори ама имаме и барања,,.Имаме и новитети околу талибанското ,,сечење рака,,Некои злобници велат да ова ако се применувало порано ќе имавме еден куп инвалиди кај испорачателот на оваа идеја.Инаку после долготрајното и мачно изнаоѓање на кандидати за жртвување во градоначалничката идна трка сега фокусот на желбите е најповеќе насочен кон барање вонредни парламентарни избори и референдумот за името.Малку збунувачки делува да ако треба во декември да се оди во Брисел да се (не)добие датумот за преговори а во исто време се бара предизборно затворски да се казнува секој јавен настап на владата,тогаш кој ќе оди да ја дознае препораката.Значи имаме ,,дошло доба да се лакрдија проба,,количината на пробаното ќе зависи од менталниот склоп на поединците,некој повеќе,некој помалку,некој пак ич. |
| Грешка ,Ероле!, 31.10.2012 07:58:51 | Кога ќе има избори , не одлучува ниту Груевски, ниту Зоран Паргали , туку само Ахмети Величествениот! |
| Buntovnik, 31.10.2012 08:07:47 | Bravo Erole gi im dade malku za dgvakanje na vmrocite. Siguren sum deka sega site kolektivno ke mastrubiraat. No tie ne razbiraat ama bas nisto. Crvenkovski ima pravo. Grujo i familijata imaat napraveno tolku steta na Makedonskiot narod (niv ne gi racunam za makedonci, tuku okupatori na Makedonija) da koga togas ke ja platat cenata a taa ke bide ogromna. Vtoro, site ovie neandertalci koj glasaat ili se krstat vo familijata se registrirani i gi znaeme koj se. Mozda ne Crvenkovski ne, ama ke dojde drug koj ke ja prekine ovaa kriminalna delatnost na ovaa familija i togas ke go osetat nasiot gnev. Do togas raduvajte neandertalci, posle naseto nema da imate ni solzi vo ocite. |
| PAVLE ALIMASKA, 31.10.2012 08:20:06 | Ерол,за ваков народ,поточно за голем дел од овој народ само ваков премиер и само ваква влада треба како што е Груевски со неговата елита.Колку повеќе го толчат, толку повеќе ги сака и гласа за нив.Мислам дека за догледно време Албанците целосно ќе ја преземат власта во оваа држава ако опстане и тие ќе бидат „ УШТЕ ПОДОБРИ „ од Груевски за ваквиот народ.Вие правете го Груевски каков што сакате,но она што тој го кажа дека овој народ е каков таков,тоа е голема вистина.Па каде има во светот друг народ кого колку повеќе го тепаш и уништуваш толку повеќе да те поддржува. Бранко бе - за Какви интелектуалци,за какви академици,за какви бизнисмени, за какви стопански комори,за какви професори,инженери,доктори,земјоделци зборуваш и трошиш енергија, се е лук и вода.Од тројца Македонци двајца се продадени ситни души и кодоши.Само да Те прашам Бранко, зошто им ја даде власта СДСМ на овие недоносениве,ЗОШТО ???,а за тоа Ти си најголемиот виновник што ја остави партијата на недораснати во 2004 |
| од народот, 31.10.2012 08:25:45 | И после пак народот ќе бил во право, иако згрешил. Сето ова веќе го видовме. |
| Miki, 31.10.2012 08:38:26 | Da *gimi*, Rizaov i kritikuva i toa tvrdo za razlika od vasite novinari koi ne mozat da se dobrisat od ligavenje..Tuku drugo sakam da kazam - recisi tragicno e kolku opozicijava e dezorientirana! Veke deluva kako stara i podzasusena ikebana koja nikomu ne mu treba..I neka ne se lazat - najgolem del od tie sto kako-taka gi podrzuvaat ne oti gi sakaat tuku im e stemneto od Gruevci! Ednostavno kako da nemaat ni idea ni sila da se sprotistavat na portokalovata bulumenta koja za volja na vistinata e odlicno organizirana pa i se moze vaka bezmilosno da gazi! Lugeto se poveke se prasuvaat - tolku li ne gi biva SDSM ili vsusnost imaat nekakov dil so DPMNE? A ima i nesto treto(a mozebi prvo) - Gazdite od Kaleto tolku ocigledno zazemat strana sto veke sekoj otpor protiv diktaturava go stavaat pod prasanje!? Da, i 250mil evra pred izbori, za dzeparlak.. |
| До Гими и остнатите...., 31.10.2012 09:06:31 | Не знам дали Ерол знае кој ке победи на наредните избори, но јас добро знам дека тој знае кој ке биде поразен. Вчерашниот текст кој е најкоментиран последната реченица гласи „Поразот доаѓа секогаш по изборите“ ако погледнете по сите избори во Македонија ке видете дека најмногу страдаат граѓаните. Тие секогаш се најпоразени, бидејќи секоја година живеачката е полоша. Тоа си гио заслужуваме бидејќи ние ги бираме и постојано им веруваме дека за сите наши несреќи некој друг е виновен. |
| Оливер, 31.10.2012 09:09:26 | Па на 5 месеци избори да бараш и да губиш постојано, ниту приближно да не си до победа, како треба да се разбере? Да има потреба од избори ајде, ама вака, со ваква опозиција и интелектуалци што ги повикал како тебе да прераскажуваат негови приказни, тешко дека ке може. Сега има луѓе кои треба да се пензионираат, мислам во фаца има се гледаат многу моменти на немоќ не само кај твојов патрон, туку и кај македонецот со бугарски пасош, да не зборам за очајниците од ЛДП. Сонот кој ноќеска сте го сонувале дека ке победи Б.Ц на локалниве избори ви е лош избор за да го вметнете како екслузивитет во текстов, внимавајте на јаве ќе ви изгорат рацете во оган, оти тоа е реалност не е сон. Медиумскиот мрак среќа вие го просветлувате, сервилноста единствено вие и некој слични како вас борци за човекови права ја покажуваат пред титовите сили, а тие ќе ја спасат Македонија од медиумски мрак. Ах Ероле Ероле, најважна порака за рабирање е заминувањето на тразиционерите, реконструкција од корен во СДСМ. |
| nekoj od nadvor, 31.10.2012 09:35:52 | Pak ke kazam, silata e vo sekoj eden od vas. Premnogu ste pasivni i cekate na politicharite. Kako moze luge od fakultet bez nikakvo rabotno iskustvo da vodat drzava? Rabota treba luge, rabota! Najvaznite neshta vo zivotot ne se uchat na fakultet-mnogu gubite koga veruvate vo takvi vistini. Branko misleshe zavrsi fakultet i se znae. Isto Gruevski. Ama se pokaza deka za nisto ne gi biva. Se toa vo parlament m-r, d-r. Vo sistemot kon koj se stremite uspevaat poedinci koi veruvaat vo sebe i se svesni deka nisto ne znaat a sakaat da rabotat i uchat. Takvi treba da najdete. Celiot svet se potpira na binisi koi gi vodat vakvi luge. Osveste te se. Moze nekoj od vas e iden premier. Vi treba covek so vizija i zelba za rabota, a ne nekoj sto misli deka se znae. |
| Дебелогазец Храбар, 31.10.2012 10:28:21 | Јас ќе го изразам мојт став- ништо повеќе ниту имам намера некого да убедувам. Јас лично ќе гласам за лицето Б.Ц. ( не дека го сакам или ми е мил-воопшто - кај може да те дотера чоек од дебрца) , бидејќи лицето Б.Ц. и во најлудите моменти на делириумско пијанство - трезнејќи се со бело, во прегратка на шизата Љ.Ѓ. не можат да истапат со генијален проект како Скопје 2014 п.н.е. Значи го одбирам помалото зло. Тоа го правам за да после спроведиме голема одмазда за сите овие неправди кои ни се нанесени. Работата се радикализира и ќе ескалира. Одмаздата се надевам ќе биде жестока. |
| stojan, 31.10.2012 10:50:37 | Ako opozicijata na lokalnite izbori vo mart gi zadrzi segasnite gradonacalniski mesta i gi osvoi Bitola,centar i Prilep,togas Vmro bidete sigurni deka pagja,plus zimata ke bide na stranata na sdsm,slobodno mozat da secat lenti sekoj den,no fakt e deka gragjanite cel den ke go pominuvaat pod jorgani..... |
| cane sokolovski, 31.10.2012 11:02:26 | Мала дигресија од прекраснав колумна на Ризаов-Работев со некој од Југоисточна Азија. Ми кажа еднаш дека таткото бил многу богат трговец кој и имал конкубини. Кога починал разбрале дека бил страсен коцкар и се прокоцкал. Останале сиромашни ко црковни глувци. Ја прашав таа особа дали чувствува горчина и ми беше речено-зошто би, тој направи, тој потроши. Е па сега аналогија-Знаеме во оваа zemja кој се направи и „знаеме„ кој транзиционо „уништи„. Е па сега комуништи направише комуништи уништише и зошто портокаловиве се толку горчливи? Ама и тие направија-споменичиња, бронзичиња, административни зградичиња и многу игралишчиња со кое го доведоа до нечуена перфекција panem et circenses. Еден читател напиша- Oh tempora, oh mores. За
жал иљада такви изјави во општеството нема да помогнат-Лагата е превалентна.и е устоличена на пиедестал од диетет. |
| Poraka rudarima u shtrajku ..., 31.10.2012 11:47:38 | Go podrzuvam Brane vo silnite poraki/pretnji, bidejci site tie go svoevremeno velichaa nego, pa posle Ljubcho, a sega Grujo. Prekasno svati kakvo licemerno stvorenie e makedoncheto, pa mu pukna filmot. Grujo toa doprva ke go oseti. No kako i da e, i jas ke glasam za predavnikot/liceto BC, bidejci e daleku pomalo zlo od patriotite. Patem, pobedil-izgubil, sakal-nejcel, vo Mart/April ke mora da si odi. Nema nikakov rezon povece da ostane, nitu den! Za razlika od nego, liceto NG, koj e skoro i kako liceto BC vo politikata, misli da e od vchera i da treba on da ostane i ponataka, se do smrta, a mozebi i *dalje*! E zatoa ke glasam za SDSM, pa da mozat i dvete lica vo paket da si zaminat. Dosta ni e od site niv! I da zavrshime so porakata onima u shtrajku -j.bite im majku! |
| seirdzija, 31.10.2012 11:55:36 | Erol,uroloskiot problem na vlasta(ne na Grujo),e hronicen i bash gi zabole niv za site.Fukari se na vlast koi zajmat pari (oti gi nemame) i gi prelevaat vo privatni dzebovi,pritoa posle niv da ne ostavat ni kamen na kamen na ovaa opstestvo koe ke bide zaglaveno do gusa vo dolgovi,da ostane haos od koj tie bi se izvlekle DEBELO nafatirani so pari!!!Ocekuvam i ponatamu mnogu poagresiven nastap na opozicijata,oti ocigledno e deka tie go razbiraat samo jazikot na silata,a ne na argumentite!!!!Nepodnoslivo e vece da se slusa deka tie kao nesto gradat,dodeka ne kradat!!!! |
| pile, 31.10.2012 12:51:57 | Vo ugledniot nedelnik ,,Fokus,pocituvaniot urednik Nikola Mladenov imase oddrzjliv predlog koj trebase da bide primenet od strana na ,, Sojuzot na idninata za mitunguvanje se do postignuvanje dogovor so vlasta za debatni emisii vo mediumite i toa najmalku ednas mesecno, dali na liderite ili na strtucni lica od oblasta, ekonomija, zdravstvo, energetika i drugi temi vazjni za pravilno formiranje na javnoto mislenje na gragjanite.No Sojuzot takvo nesto ne primeni kako i sto neprifaka otkazjuvanje od 20% od gradonacalnickite mesta za smetka na privlekuvanje na nad 40% na neopredelenite glasaci, cii glasovi sekogas se odlucuvacki za pobeda na izborite, ili mozjebi se plasi deka ke prerasne vo nova politicka partija sto e dobro za demokratskite procesi vo Drzjavata.Vaka ostanuva edinstvenoto momentalnoto resenie,da se formira Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so Premier nadpartiska licnost. |
| Licemerno no korisno, 31.10.2012 13:07:41 | Ерол како да си прв соработник на твојот газда преку ноќ се премундури. Мора со Панде да си пиел кафе во Лондон за време на митингот,а можеби требаше и да прошеташ низ масата народ и да чуеше некои коментари до каде е доведен овој соголен и уништен народ па немаше да пишиваш промашени текстови,но нема друго „вежи коња где ти газда каже па макар и липсо„ ти ќе преживееш секако.Чудно за новинар од таков калибар. |
| tihi, 31.10.2012 15:17:02 | Posledica od govorot na Branko se isfrustriranive buntovnici zhelni za osveta.Pazete se da ne udrite vo sid so zovrieni glavi,koi Brane vi gi gree. |
| Realen, 31.10.2012 16:44:13 | Nastapot na opozicijata mora da bide poagresiven i so poradikalni baranja, bidejki ocigledno e deka narodot sam, ne e sposoben da se organizira. Vo sprotivno, ako ovaa vlast ostane do krajot na svojot mandat, Makedonija ke bide celosno raznebitena i dotolcena vo sekoj pogled. |
| respekt, 31.10.2012 17:00:05 | Во стилот на ДПМНЕ-вците ке се изразам, Бранко е виновен што ни е државата на овоа дереџе.Еве зошто. На познатиот 15 септември народот му ја даде подршката на Бранко ЗА просперитетна Македонија.За кратко време по добивањето на довербата на граганите, истиот избега од мегдан т.е си замина на едно островче наречено Претседател на Република. Потоа, неговите сопартијци се ,,тепаа,, мегу себе за власт и привилегии а не за просперитет на државата. Со такво владеење буквало го измислија Груевски да се појави на сцената. И сега, за каде сме? Состојбата во Македонија е КАТАСТОФАЛНА на сите полиња а Груевски сепак веке 6 години арогантно владее. Факт е дека изборите ги решаваат неопределените гласачи а не партиските послушници и војници.Оттука, вистинско решение е опозицијата ако сака да ја добие подршката на неопределените, треба јасно и гласно да им се обрати на сопственото членство дека кога ке дојдат на власт, партиската книшка ке им биде за евиданција а способноста- за работно место
|
| penzionerka, 31.10.2012 17:23:25 | tocno taka,Branko i tajfata zapocnaa so tranzicijava, no prerodbenicive nadmasija vo se,prosirija i nadgradija taka da veke i se zaboravi kako se pocna i zosto,Nasiot narod vo tursko velel,ela zlo ,bez tebe poloso,pa videte sega g-n Rizaov |
| пораките на Феликс Баумгартнер, 31.10.2012 18:28:42 | Дали ќе има предвремени,кој ќе победи,каква ќе биде политичката карта,кој ќе биде капетанот и каде ќе не води,дали нашите фатаморгански привиденија за евроинтеграциите ќе се остварат,кој Паргали и Величествени ќе нишани кон Брисел или т,гува за југ,и т.н лесно може да се детектира ако при и имајќи си работа се следи текот на настаните барем до Нова Година.Синди поплави ептен многу во Америка,а сличната бура најавена од дипломатите на нашите комшии,и нашата голема смисла за покажување култура пред пријателите на сметка на ревидирање на историјата со претворање на истата како терапија з�� болестите добиени од безкрајното тетеравење барајќи го патот,од таа ,бурата,во многу ќе зависи кој курс ќе покажува нашиот компас.Зашто само бурите не придвижуваат од нашата тромост при кроењето на мисијата без визија,поточно визијата без мисија.А ние по старо.Кој што и за кого велеше пред многу година.Е,па замногугодини. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Претежно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 6°C
|
Петок
Сончево
Макс: 20°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (41)Разговор во шест очи. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување из��адоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|