31.10.2012, 18:08 Глобалист
Математиката на опозицијата
Љупчо Поповски
Бранко Црвенковски во неделата вечерта од ништо непредизвикан си ја додели улогата на спартански крал кој го зеде штитот за последната конечна пресметка со непријателите за да прослави триумф или да го донесат на него дефинитивно поразен. Черчил немаше милост за нацистите кога се гледаше крајот на војната. „Непријателот треба да биде дотолчен, а не само поразен“, велеше тој, избегнувајќи ја секоја идеја за склучување мир. Зошто на едни избори лидерот на опозицијата би се обидувал да им придава такво значење, како да е Цезар кој ја преминува реката Рубикон за неговите легии да ги поразат војските на Помпеј? Зошто на едни избори треба да им се придава епски ореол и да се споредува опстанокот на сегашнава владејачка гарнитура со библиски потоп? Зошто на крајот на митингот Црвенковски дури почна да го губи гласот поради драматичното гласно зборување?
Приказната за „оваа“ или „онаа“ Македонија може да звучи изнасилено, иако поделбата на општественото ткиво се гледа од стратосферата. Има само една Македонија – тоа е сиромашна Македонија. Македонија потоната во кризата, која ги загуби хоризонтите, која не може да ги исцрта перспективите, која нема идеја како и каде да зачекори и стои како закопана на раскрсница од која не се двојат многу патишта, туку само два-три.
Оние кои ќе се сетат на деталите од кариерата на Црвенковски ќе забележат дека она што го одликува како добар оратор е во одредена ситуација да му дава поголема драматика на моментот отколку што тој навистина е. Многу пати тоа му успеваше, но во овие променети времиња освен таа вештина, што се чини ја нема друг во транзициска Македонија, потребно е и друга поткрепа. Можното излегување на нови парламентарни избори, кои треба да бидат конечна пресметка, не е без направени математики во опозиционите аналитички центри. Главен лакмус за идниот успех треба да бидат локалните избори, но опозицискиот лидер покажува драматична нестрпливост, како тинејџер на првите љубовни состаноци. Крушата од дрвото нема да падне ако не е зрела, без разлика колку силно ги тресеш гранките. Гневот и нестрпливоста се најлоши сојузници на политичарите. Кога ќе научиш да ги контролираш кај себе ќе можеш да ги контролираш и процесите.
На изборите во март на опозицијата и' претстојат пет-шест големи битки за да докаже дека е, како што велат Англичаните, „electable“ (во слободен превод, дека може да биде избрана). Резултатите од гласањето во минатиот јуни ги подгрева опозициските надежи, кои седум години се фрлени в бунар. Во најважната пресметка – борбата за Скопје, опозицијата има шанси да се избори крајниот резултат да нема вистински победник. Главен сдсмовски адут се податоците од јунското гласање. Иако секој, и нормално образован социолог и просечен аналитичар, знае дека не можат просто да се собираат гласовите на сите оние што влегоа во сојуз во битка за иднината, некои параметри се како светилници. Според таа математика, вмровскиот и опозициониот блок би биле изедначени во првиот круг од гласањето за градоначалник на Скопје – 117 илјади на 116 илјади (таков е збирот од гласањето лани во јуни). Тогаш победата на Коце Трајановски во вториот круг би му ја донеселе гласовите на ДУИ, која доби 15 илјади гласа повеќе од конкурентот ДПА. Таквиот пораз би бил голема победа на Јани Макрадули, затоа што покажа храброст да излезе на мегдан со бројно надмоќниот противник. А ако се случи голем пресврт и Макрадули го освои Скопје, тогаш пред него ќе се отвори широк автопат во битка за лидерското место во СДСМ на претстојниот конгрес.
Во скопскиот случај СДСМ покажа дека ја нема силината на онаа внатрешна организација што ја поседува ВМРО-ДПМНЕ. На вмровците не ќе можеше да им се случи Стевчо Јакимовски да го одбие барањето на штабот да се трка за Скопје. На сдсмовците тоа им се случи. Јакимовски се одлучи да не ја погледне пошироката слика, туку да игра зихерашки – доволен ми е Карпош, таму сум сигурен дека ќе победам! За немирното дете, кое од пред неколку години е во сините редови, првата казна стигна на митингот во неделата – тој не беше на бината, ниту пак беше претставен како кандидат за градоначалник. Поради ситната одмазда против него, мораа да настрадаат и другите кандидати, освен за Центар и Гази Баба. Во тие математики на одмазда сдсмовците ќе загубат уште пред да се излезе на гласањето.
Како изгледа на другите борбени полиња. На изборите во јуни за сегашниот опозиционен фронт (со новите членови) во Аеродром гласале 21.981 лица, а за блокот на ВМРО-ДПМНЕ 21.789. Ивица Коневски има право да биде загрижен, бројот на гласовите на ДУИ тука е маргинален и не може да му помогне. Во Центар, срцето на проектот „Скопје 2014“, ситуацијата е драматично лоша за ВМРО-ДПМНЕ. Во јуни, опозициониот блок и без коалицијата „Пелистер“, добил 14.380 гласа, наспроти 11.469 на владејачкиот фронт. На овие треба да има се додадат уште две илјади гласа на новодојдените опозициони сојузници. Ова му дава крила на Андреј Жерновски да ја добие првата битка како претседател на ЛДП. Опозиционерите може да се надеваат на успех и во Ѓорче Петров, таму би воделе 12.000 на 11.000 илјади, но драматично би требало да загубат во Гази Баба, Бутел и тесно во Кисела Вода.
Двата други драги камења на овие избори – Битола и Прилеп – според овие математики на опозицијата, ќе треба да ги сменат градоначалниците. Во Прилеп во јуни за ВМРО-ДПМНЕ гласале 22.663 лица а за СДСМ 20.958. Заедно со четирите „пелистерски“ партии опозицијата ќе има над 24.000 гласа. Ист е случајот и со Битола. На изборите во јуни разликата меѓу власта и опозицијата беше 2.800 гласа. Но, ЛДП во Битола има традиционална силна база, народниците на Љупчо Георгиевски се уште посилни, па збирот на јунското гласање изгледа вака – 28.523 за опозицијата и 25.638 гласа за владејачкиот блок.
Другите битки се главно предвидливи – со мали промени секој би останал онаму каде што е: ВМРО-ДПМНЕ би имал околу 45 пратеника, а СДСМ веројатно 24. Така би било кога два и два во политиката би биле четири. Тоа се статистички гимнастики. Но, без нив секоја политичка партија не може да ја одредува својата стратегија, ниту концепцијата за она што треба да го понуди.
На Македонија и' недостигале драматични и големи настани во последниве шест-седум века. Или ги немало доволно. Затоа, сега со драматична реторика сакаме да и' придадеме поголемо значење на денешницата. Опозиционите
првенци како да не знаат да употребат други синтагми освен – референдум за иднината, гласање од кое зависи нормалниот живот во Македонија, ова е режим и треба да се пресметаме со него. Опозицијата (не само оваа) никогаш не успевала да биде регуларна политичка опозицијата (како што и власта никогаш не била регуларна).
Локалните избори секаде во Европа се барометар за политичкото расположение, а не се политички револуции. Во мај годинава британските конзервативци на премиерот Дејвид Камерон беа драматично поразени на локалните избори низ цела Британија. Лидерот на опозицијата Ед Милибанд не ни помисли да бара вонредни избори. Тие му беа само потврда дека обновата на партијата е на добар пат.
Демохристијаните на Ангела Меркел ги загубија речиси сите покраински избори последниве две години, па германската опозиција не помисли да бара предвремено гласање. Сите се подготвуваат за изборите наесен идната година. Француските социјалисти прво ги освоија речиси сите региони, за по две години да дојде триумфот на Франсоа Оланд.
Се' си има свој ред. Во Македонија ред нема на улиците, на шалтерите, на коловозите, па тогаш зошто би имало во политиката. Затоа, на секои две години треба да имаме вонредни избори. Како на кој ќе му текне. |
|
Статијата е прочитана 1881 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 01.11.2012 01:07:23 | Gi sledam mediumive redovno i zabelezuvam*suptilen* zaokret za ovie 3-4 dena. Site se svrtija protiv Crvenkovski i na mislenje sum deka na Crvenkovski mu spremaat izolacija i unistuvanje. Prasanje e dali ova se pravi za da SDSM se reformira, zajakne i stane posilna opozicija, ili se pravi so cel da se instalira nekoj koj povtorno ke gi igra ovie istive koj sega se vo VMRO, a predhodno bea so SDSM. No ako i posle site ovie napadi od site strani i site porazi, Branko se uste ostane na celo na SDSM, togas najverojatno se raboti za nesto treto.Dodelena mu e uloga da glumi opozicija koja treba na VMRO da mu obezbeduva pobedi. Vtorata i tretata opcija se so ista cel. Da se zastitat edni isti koj ne manipuliraat so godini. |
| Коста Стоименовски, 01.11.2012 01:13:17 | Со предлогот на Б. Ц. за спојување на локалните, парламентарните избори и Референдумот, на власта и е дадена идеална шанса за избор. Сега го одби предлогот на опозицискиот лидер, но постојат големи шанси сепак да го прифати она што самата не сакаше да го иницира! Лидерот на опозицијата е очигледно многу нервозен и влече потези кои можат само да му штетат. На Македонија и треба нешто ново како што тоа и се случи на Србија со „трансформираниот“ радикал Т. Николиќ, кој настапи како неизвалкан политичар кој успеа да биде прифатен како алтернатива на власта и победи на претседателските и парламентарните избори. |
| Gpd, 01.11.2012 03:52:46 | Dobar si ke polozis matematika . . . |
| ФЕЛИКС, 01.11.2012 08:12:10 | Како прво Јакимовски сосема оправдано одбра да има ,,врапче во рака,отколку гавран на гранка,,и што не дозволи некој да му ја додели улогата на изборна жртва.Како второ губењето на глас не е само од паѓање во митингашки дерт,туку и од промашено партиско етаблирање.Како трето барем досега се повторува старата поговорка,,домашен есап на пазар не поминува,,.И како четврто и многу важно треба продавачот чии производи не поминуваат на пазарот и купувачите (електоратот)одбиваат да купат бајат прои��води,треба да се замени со нов и поинвентивен продавач кој ќе ги привлече купувачите. |
| Stiljan, 01.11.2012 08:27:12 | Сосотојбите во државава не се толку елементарни за да може да се прикажат со толку прости математички операции, со кои оперирате, односно, манипулирате. Зошто ,,зарипнатиот,, глас на Бранко, што не беше веројатно така наштиман за сценски ефект, не го споредвате со оној монотон, препознатливо арогантен и циничен на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој демонстрира супериорност поради тоа што државната каса е семејно портмоне. Бројките не ги откриваат секако и другите многу позначајни елементи, кои ги содржи животот, а кои се одлучувачки при определбата - кому да му се даде довербата. Капата некако како да не му стои комотно на главата на авторот. Забележливо се врти. Едно е да зборуваш отворено, искрено, и не е лош знак доколку притоа ти зарипне гласот, а друго е да исфрлаш тиради од пароли, магливи проекти, нереални надежи, со милитантна строгост... Факт е дека тонеме и дното ни е на дофат. Тоа не го открива Бранко, туку овој секојдневно осиромашуван народ. Промените се во неговите раце. |
| девичанецот, 01.11.2012 08:49:59 | Почитуван Љупчо,
Ваква опозиција, на чело со пензионер, никогаш нема да биде electable, како што е појаснето во текстот.
Уште повеќе, во сојуз со Љубчо Георгиевски.
Ако тврдиш и докажуваш дека е Македонија сиромашна или осиромашена, тоа пред се е резултата на владеењето на Бранко и компанија.И од нив се упропастени цели генерации. Лош е изборот и на Јани. Можеби подобро ќе беше за Скопје да си го кандидираа својот бивш генсек, Ханџиски. Или тој имал желба да се кандидира за градоначалник на Берово, нешто слично како и Стевче за Карпош.
Одлуката на Стевче е сосема коректна: Подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка! |
| Simus, 01.11.2012 10:07:59 | Deka treba da se smeni uzasnata vlada na Gruevski, treba. I veruvam deka site se soglasuvame so toa. Ama jas sum na mislenje deka izborite nema da gi resi opozicijata tuku samo razocaranite DPMNE-ovci koi sekojdnevno gi ima se povekje i povekje. Matematikite od prethodnite izbori tesko da mu se povtorat na Grujo vo idnina. A veruvam deka i vladejackata partija e svesna za toa. |
| konsternirani, 01.11.2012 10:40:27 | Komentarov e vo stilot, kolku da se popolnat stranicite! Kako mozhe da se sporeduvaat normalnite demokratski drzhavi kako V. Britanija i Germanija so Makedonija? Pa toa e meshanje na babi i zhabi! Isto kako da go sporedish novinarstvoto na Zapad i vo Makedonija |
| PAVLE ALIMASKA, 01.11.2012 10:47:52 | Почитуван автор,написот е квалитетен и содржаен,но сакам да кажам дека овој народ од СДСМ не беше „тепан“ ,а плачеше,сега од ДПМНЕ немилосрдно е „тепан“ и уништуван,а за некои последици што ќе го снајдат подоцна ќе почувствува и дознае и пак не плачи,туку му дозволува и понатаму на Груевски и неговите да го толчат и осиромашуваат.Што ли народ ќе беше овој.Зарем не се свесни дека овие лихвариве и бугараши од ДПМНЕ газат и преку живи луѓе,жедни преку вода пренесуваат само да останат што подолго на власт и повеќе да украдат.Но,се прашувам дали ќе дојде моментот кога се што крадеа од потта на овој намачен народ ќе вратат и ќе го повраќаат тоа што го јадеа .Убеден сум дека тоа кога тогаш ќе дојде и овој ист народ што сега ги поддржува ќе сфати колкаво зло тие му нанесле. |
| Oskar, 01.11.2012 11:03:48 | Licno smetam, deka vonredni izbori treba da ima, ne zatoa kako na nekoj ke mu tekne, tuka zatoa sto toa treba da bide vo interes na narodot. Setete se samo kako toa bese vo Italija!. Segasnava vlast nikako da prifati dijalog, ni so svojot koalicionen partner, so opozicijata uste pomalku, ni na son. Sto i preostanuva na opozicijata vo slucajov, osven predvremeni izbori. Vo kolku ni novata vlast ne raboti vo interes na narodot, povtorno predvremeni izbori, se dodeka ne se opametat kako i za kogo treba da rabotat. Ovaa vlast e 7 godini vo predizborna trka preku reklami, secenje lenti, partizacija na site institucii, kaznuvanje na neistomislemicite, nevidena propaganda preku mediumite, neviden atak vrz opozicijata, ...seto ova cini mnogu poveke od edni prevremeni izbori. |
| mimi, 01.11.2012 12:14:02 | Pa zosto tolkavo antiopozicisko raspolozenie? Zosto tolku zolc protiv Crvenkovski, prasuvam, iako naslutuvam koj e motivot- dadena e zadaca od gazdata da se ocrni se sto e SDSM osobeno Crvenkovski sto upatuva na panicen strav od negovoto vodstvo i pobeda.I aman dosta ja kreirate kadrovskata- liderska- politika , ostavete samite sdsmovci da si gi resavaat tie prasawa. A za makrudili- fala ti boze konecno avtenticen clen, so odraboteno i dokazano, da bide kandidat. A za Vas g-dine avtor- mnogu me razocaravte, ve poznavam odamna, ve cenev kako avtoritet vo novinarstvoto , no ocigledno i vie za zal , slicno kako Rizaov, plovite kako i kade ke ve nasocat. STETA |
| stevo, 01.11.2012 13:04:17 | Ima li drzava vo svetot , vo koja site tolku zagrizrni za sudbinata na opzicijata i nejziniot lider,., dodeka vlasta si e postavena na raat da si prava sto saka, a vie, novinarite dozirano, so dozirana kritika da pisuvate za nea.
Ako se soglasime deka Branko e istrosen, zosto tolku potroseni strabnici za nego. EWve go Gruevski, neistrosen, aanalizirajte tgo malku poveke nego i negovite gebelksovski metodi. Ili smetate deka narodot e na toa primitivno nivo ato mu odgovara perenjeto na mopzoocite so gebels metodot. Zalno za site vas |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Претежно облачно
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 9°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (44)Љубовницата на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|