Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.04.2012, 17:02

Тачи и Ахмети не се соочија на суд

Лидерот на ДУИ не добил покана за судскиот процес за клевета

Лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, вчера не се соочија во судот. Рочиштето што требаше да го означи почетокот на судскиот процес меѓу нив не се одржа бидејќи, како што беше соопштено, Ахмети не добил судска покана.

Тачи, пред година и пол, поднесе тужба за клевета и навреда против првиот човек на ДУИ затоа што сметал дека бил наклеветен со тоа што за медиумите на албански јазик Ахмети изјавил дека Тачи стоел зад лиферувањето досиеја, во кои се споменуваа високи функционери на ДУИ како соработници на УДБА. Освен за клевета челникот на ДПА го товари Ахмети и за навреда поради тоа што за интернет-порталот „Инфосот“, посочувајќи го Тачи, рекол дека е лудило некој да тврди дека тој или некој од неговите сопартијци биле полициски денунцијанти, односно кодоши.

Во судницата вчера не се појавија ниту Ахмети, но ниту Тачи. Адвокатот на тужителот Стеван Павлески истакна дека Ахмети не се појавил во судот, наводно, поради неуредна достава, додека Тачи бил на состанок, кој рекол дека ќе го прекинел доколку лидерот на ДУИ се појавел на судењето.

„Сметам дека не треба да има одложувања. Станува збора за спор меѓу две многу почитувани личности во албанската заедница и добро е да се појават пред судот за да ги разјасниме сите проблематични прашања. Да не дозволиме како што го правеше тоа судот изминатите две години да не се закажува рочиште“, изјави Павлески, адвокат на Тачи, кој додаде дека судот не е место за политички притисоци и се надева дека нема да има влијанија. Павлески не сакаше да каже колкава отштета ќе бара Тачи, ниту пак дали би прифатил извинување од Ахмети. Следното рочиште е закажано за средината на јуни.

Пред година и пол, досиејата по псевдонимите „Ибар“, „Вујко“, Мама“ и „Стрелец“ предизвикаа бура во јавноста. Тие наводно биле пронајдени во дворови, по што беа предадени во Комисијата за лустрација. Четирите досиеја содржеа фотокопирани документи што беше доволно лустраторите да ги отфрлат како неверодостојни и нерелевантни за да се постапува по нив. Веднаш потоа се огласи ДУИ, која го осуди поднесувањето на овие досиеја, наводно, пронајдени во дворови, нарекувајќи ги „улична лустрација“. (Св.У.)


Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар



Волкановска замина по 7,5 километри пат
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
Ќе предизвика ли раскол чистката во ВМРО-ДПМНЕ?
Јатото не (с)лета во НАТО, туку во Брисел
Георгиевски си оди од Катастар
СДСМ
Жерновски до Груевски
Интелектуалци од левицата со порака до десницата



penzioner, 27.04.2012 13:33:04
Како да се сретнат,оваа фарса од држава ја има само овде и никаде на друго место на дуњава. од каде зема Ахмети плата а исто и Тачи, затоа со пушка се борешеза да го има ова што го има.македонче каде не водиш, ми личиш на Самоил. А за амбасадорот (иден) Чашуле го молам да Каже јавно кој Факултет го заврши и каде ДОКТОРИРАШЕ, ништо не го чини, сакам да знам пошто се работи за озбилна работа, немој да излезе после како Аустралија со тој недокваканиот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


В��еме
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |