Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Економија
14.01.2011, 17:03

„Дун и Брадстрит“: Прогнозите за раст од 3,5 отсто се преоптимистички

Прогнозата на македонската Влада за раст на БДП од 3,5 отсто во 2011 година е преоптимистичка. Доколку се согледаат актуелните услови, реално е да се очекува растот да достигне два отсто. Ова се наведува во јануарскиот извештај за состојбите во македонската економија што го објави една од најпознатите светски бонитетни куќи „Дун и Брадстрит“. Се констатира дека иако Македонија има солидна платформа за забрзување на растот, заживувањето на економијата оди бавно. Според „Дун и Брадстрит“, главната загриженост за македонската економија е поврзана со фискалните дефицити регистрирани речиси во сите месеци од 2010 година.

Оваа бонитетна куќа предвидува дека Владата наскоро ќе биде принудена да ги кастри буџетските расходи, но и да пристапи кон ново надворешно задолжување.

„И во нацрт-буџетот за 2011 година, Владата планира буџетски дефицит од 2,5 отсто од БДП. Со оглед на кревките приходи, ќе биде принудена на ребаланс на буџетот насочен кон кратење на трошоците, но според наши оценки, тоа нема да биде доволно. Владата ќе мора да бара надворешно задолжување со цел да го финансира планираниот фискален јаз“, се вели во извештајот.

Истовремено се наведува дека долготрајниот спор со Грција останува пречка на патот за членство во ЕУ и НАТО.

„Без решение на повидок, Македонија нема да може да има корист од воена заштита од НАТО алијансата, а ниту ќе биде во можност да профитира од неопходните средства на ЕУ“, се вели во соопштението.

Иако економијата полека се подобрува, кредитниот рејтинг на државата останува ист - БД4б, што ја сместува државата во редот економии со умерен ризик. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 1329 пати.

Испрати коментар



Помош за семејството Бучковски
Tуризмот ја намали невработеноста
Многу субвенции, малку ефекти од нив
Да се поднесат извештаи за приходи
Сиромашните и годинава ќе се греат на државни 10 евра

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |