Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
14.11.2012, 14:50
Орбан: Името да не биде пречка за почеток на преговорите со ЕУ



„Унгарија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ“, истакна унгарскиот премиер по средбата со Груевски

Унгарија силно ја поддржува интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, а отвореното прашање со Грција не треба да биде пречка за почетокот на пристапните преговори со Унијата, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната средба со претседателот на макеоднската Влада Никола Грувески во Будимпешта.

Премиерот Груевски на средбата го информира Орбан за реформите кои се спроведуваат во Македонија, а кои беа позитивно оценети од страна на Европската комисија во најно��иот извештај за напредокот на земјата. Двајцата премиери ги констатираа одличните односи меѓу двете земји и истакнаа посветеност за нивно натамошно унапредување и продлабочување на секое поле од заеднички интерес.

Акцент е ставен на можностите за натамошно унапредување на економските односи, зголемување на економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во таа насока Груевски и Орбан го поздравија формирањето на мешовитата македонско-унгарска комисија за економска соработка, за која оценија дека со својата работа значително ќе придонесе за интензивирање и динамизирање на економските односи меѓу компаниите од двете земји, како и на севкупната соработка меѓу Македонија и Унгарија.

Премиерите Груевски и Орбан разговараа и за ефектите и влијанијата од европската должничка криза и механизмите за надминување на предизвиците и овозможување на економски раст и развој.


Статијата е прочитана 525 пати.

Испрати коментар






kris, 14.11.2012 17:19:47
Е вија двајца колеги по владеење можат да си ги споделат искуствата.........нели Феликс?????
i sto sega, 14.11.2012 20:24:32
samo se zamajuva narodot dzabe mu e i site do edna od clenkite da mu dadat zbor deka ke ne podrzat koga ke stavi veto grcija nisto pak a tie jasno i glasno ni kazaa posle odgovorot na memorandumot si gi osvezija poziciite pak

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Сабота
Сончево
Макс: 15°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (3)
Владетелот и совладетелката. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ИНТЕРВЈУ) Ни треба отворање кон меѓународната публика
Синдромот на преголема амбициозност и непотребно комплицирање е карактеристичен за мала, изолирана средина, вели режисер...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон Јованка |