Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
12.08.2012, 15:18

Полемика - Без суд, нема досиеја на интернет. Да се расчисти со комунистичкото минато


Дали досиејата треба да бидат достапни на интернет, зошто со лустрирањето се опфатени само пониските ешалони, а не и нарачателите и корисниците на информациите..., се дел од прашањата, на кои во денешната полемика одговараат Стојан Андов и Јован Донев

ПРАШАЊА:

1. Што мислите за интернет лустрацијата. Дали досиејата треба да бидат достапни за секој граѓанин со неколку клика на глувчето и дали, според вас, со тоа не се врши деградирање на посочените без одлука на судот?


2. Можно ли е ваков чувствителен закон, чија базична цел е да донесе општествено помирување, да се спроведе без консензус, спротивно на она што го налагаат меѓународните стандарди?


3. Дали законот за лустрација е донесен со цел да се рехабилитираат жртвите или само за пресметка со соработниците. На кој начин е тоа решено во другите земји, кои со време го поминаа овој болен процес?


4. Зошто се на тапет ниските ешалони, оние кои им дошепнувале на тајните служби, а никој не ги чепка нарачателите, обвинителството, судиите, поротите, поточно главните креатори на прогонот?


5. До каде ќе оди целиот овој процес. Можно ли е ситуацијата да експлодира и да придонесе за уште поголема поделба во општеството, во моментите кога државниот врв повикува на единство?

Стојан Андов

Без суд, нема досиеја на интернет

Горан Адамовски

1. Кај нас фактички, според Уставот, е неопходна двостепена постапка. Значи, било кој орган, Комисијата, на пример, кога ќе донесе решение, мора да има и второстепена постапка која е неопходна за да може тоа решение да важи или не, оти во првостепената може да се поништи. Во овој предмет, меродавен е Управниот суд и никој не може да го минимизира. Што ќе каже Управниот суд - тоа е. Комисијата директно да ги објавува досиејата - не може.


2. Дали е можно е една работа, а дали е добро - тоа е друга работа. Очигледно можат, си направија таков закон. Видете, треба текст на Законот кој е усогласен, кој фактички ќе ги застапува опциите на сите политички партии во парламентот. Така постапивме кога јас го предложив Законот. Ни тогаш немавме конзенсус, па чекавме една година за да се' добие целосна согласност од сите. Јас дури и се заканив дека ќе го повлечам Законот доколку не добиеме комплетна согласност. Едноставно, таквите чувствителни Закони бараат консензус и општ добар прием во оштеството.


3. Проблемот на рехабилитацијата на жртвите е друг и треба да оди паралелно со други процеси. Да, треба рехабилитација на сите оние што биле тепани, малтретирани и што страдале. За жал, тоа не успеавме да ��о реализираме, иако имавме таква намера, но тогаш немавме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што тогаш се предлагаше, сега дебело се менува. Со Законот за лустрација, не треба да се рехабилитираат жртвите. Со овој Закон требаше да се обезбеди напредок на демократскиот процес во земјава. Уште поточно, од влијателни функции да се отстранат оние кои се или биле под команда на тајните служни. И тоа беше целта на Законот, но сега се' е променето.


4. Во Законот што го предложив стои иста одговорност и на оние кодоши, како што ги нарекувате и на наредбодавателите и на оние што напредувале во службите и општетството поради тоа. Зошто не се зема предвид - не знам.


5. Зависи колку грешки крупни ќе се направат. А се прават и ќе се направат, особено што не се води сметка за сите предупредувања што се даваат. Сега, како што оди лустрацијата од работата на Комисијате, основен впечаток е дека не се води сметка за уставните права на граѓаните, не се почитува пресумпцијата на невиност, не се завршува постапката, Комисијата жигосува и создава едно основно расположение дека некоја пресметка е во тек, а не јакнење на демократијата. Не знам дали ќе дојде до разединување или единство, но ако продолжат вака работите, луѓето многу скоро ќе видат дека станува збор за потреба од пресметка со неистомисленици и ништо друго.

Јован Донев

Да се расчисти со комунистичкото минато

Наум Котевски

1. Објавувањето на досиејата за мене е сосема прифатливо од една и единствена причина. Со претходните законски решенија, Комисијата беше ставена во неповолна ситуација. Сите тие за кои било утврдено дека се соработници на тајните служби на цел глас го негираа тоа, мавтаа со разни хартии, ја обвинуваа и Комисијата и владејачката гарнитура дека тоа се прави од позиции на реваншизам, дека тоа е политичка пресметка на власта со неистомислениците и слично, на што Комисијата не беше во состојба да одговори. Законски тоа не и беше овозможено! Сега со новите законски решенија таа неправда е исправена, јавноста може да види и самата да си донесе заклучок дали некој навистина соработувал со тајните служби или не. Исто така, во функција на заштита на личниот интегритет на секој еден кој од страна на Комисијата е прогласен за соработник и чие досије е објавено, предвидена е законска можност решението на комисијата да го обжали на суд. Доколку судски се докаже дека не бил соработник, тогаш сосема нормално Комисијата ќе си ги сноси сите последици за својата погрешно донесена одлука.



2. Меѓународни стандарди не постојат и не можат да постојат, посебно за донесување на закони по пат на консензус. Ќе беше навистина добро доколку овој закон беше донесен со консензус на сите политички партии застапени во Собранието на Македонија. За жал, а тоа се покажа и во праксата, едно беа заложбите од страна на сите релевантни политички партии за потребата од донесување на ваков закон, а друго беше пракктиката како со гласањето во Собранието така и со реакциите по неговото донесување. Очигледно е дека на одредени кругови во СДСМ или во нивното опкружување доследното расчистување со комунистичкото минато не им одговара. Едноставно, тие се исплашени како за своите позиции во општеството, така и за местото кое ќе го добијат во историјата.



3. Лустрацијата во Македонија не беше замислена, или барем мене така ми се чини, како пресметка со соработниците. Од тие причини во претходните законски решенија беше предвидено нивните имиња и да не се објавуваат. Од друга страна, сосема е точно дека во процесот на лустрација треба да има нишка за рехабилитација на жртвите, но суштината на самиот процес е сосема поголема. Не можеме да зборуваме за промена на општествено политичкиот систем во Македонија без притоа потполно да не расчистиме и со комунистичкото наследство во најширока смисла на зборот. Токму затоа на процесот на лустрација треба да се гледа од еден многу поширок аспект, а не да се сведува само на однос помеѓу жртвите и соработниците. Тоа е навистина болен процес меѓутоа Македонија треба да го изоди што е можно побрзо, ако навистина сака да стане отворено и демократско општество.



4. Не би се согласил со Вашата констатација. Во законот јасно е наведено дека и нарачателите ќе бидат подложени на овој процес. Останатите што ги споменувате во прашањето не се и не можат да бидат дел на овој процес. Тоа е сосема друго прашање. Во некои пост-социјалистички држави беше ��творено низ процесот на потиснување на сите членови на поранешните комунистички партии од стекнатите позиции во општеството, но не ги даде очекуваните резултати. При што треба јасно да се стави на знаење, креатори на овој процес не беа обвинителите и судиите. Креатори беа раководителите на комунистичките партии. Во еден добар дел од пост-социјалистичките држави истите беа изведени на суд. Во други тие беа само тргнати од јавната сцена, а во трети, како што е Македонија се' уште се присутни и во политиката. Да биде апсурдот поголем, СДСМ во највисокиот партиски акт наведува дека е наследник на комунистичката партија. Горд е дека во својата историја, а богами и членство, ги има креаторите на, како што вие, велите прогонот.



5. Не би рекол дека ситуацијата ќе ескалира. Нема зашто. Доколку процесот на лустрација и понатаму продолжи да се одвива транспарентно и согласно законот во тој случај постоечкиот набој што е создаден од страна на засегнатите очекувам да се намали. Едноставно нема да постои шанса да манипулираат со јавноста, како што беше случајот досега.


Статијата е прочитана 2356 пати.

Испрати коментар



Иванов на Ифтар вечера кај турскиот премиер
Тодор Петров - вечен на врвот на СМК
Акциски план за младите ќе чини 27 милиони евра
Владата ќе штити од злоупотреби преку интернет
Реџепи
Кој ќе трча за ВМРО-ДПМНЕ напролет
Груевски на одмор кај Ердоган



Hari, 13.08.2012 00:12:56
Abe Donev, pa ete i ambasador te napravija, si odraboti , sto sakas uste uste li ke se blamiras poltronu eden, go krsis ustavot, zakonite na drzavata, odrabotuvas za fasisticki rezim, . Ne mozam da svatam deka postojat lugje kako tebe????
kole, 13.08.2012 00:39:09
Прочитав неколку од досиејата, и , искрено, не гледам кој знае што во нив. “Лицето било ставено “во тесно“ и после тоа постанало “соработник“. Е каков е тоа соработник ако некој бил уценет, присилен и слично за да ја работи таа работа. За мене тие луѓе не се битни. Зошто не се казнуваат уценувачите? Тепачите од разно разни служби? Што, тие работеле по закон? Зошто не се казнат оние кои го користеле минатиот систем за да присвојуваат што не е нивно? Да го вратат имотот. Украденото злато да го вратат за кое не давале потврда при “национализација“. Па дури и сега има службеници што ја користат својата положба за да се стекнат со туѓ имот. (катастар, денационализација, управни судови, државни правобранители, самата држава и т.н.) Парите, имотот да се врати. Тоа ќе им биде најголема казна за прекршителите и награда за онеправданите. За жал, така и државата би имала многу за враќање. А се знае дека државата не љуби да враќа веќе присвоен имот.Нема правда и правдина во нашава држава (за жал)
Трпе, 13.08.2012 00:52:37
А што да се прави со актуелните јавни и заштитени кодоши.Народот ќе се плаши да пријави и вистински штетници во државата.Денес кој ке ги заштити жртви на новиот систем на владеење.
Do Donev, 13.08.2012 01:39:33
Od anonimen komunista, stanavte uvazen komita. No DPMNE nema da e vechno na vlast, pa za razlika od sega kade sekade ve ima (kako *expert*za se), togaj ke ve ima (kako dokazan kodosh) samo na edno mesto, a koe go vie smislivte - na stubot na sramot! Raka na srce, stvarno ste za tamu. Veruvajte, ke dojde i toj den, i toa iznenaduvachki brzo. Epa posle davajte razni expertski tumachenja od toj stub i maftajte so papiri kolku vi volja. A komisijata dali e zgreshila ili ne i ne e taka bitno. Ona ke si odgovara!
Asan od Krivolaka, 13.08.2012 01:49:27
Gospodine Jovan Donev, dolgo razmisluvav za ona sto go kazuvate vo vrska so ovoj Cirkus, vo sto se izvetoperi Makedonskata Lustracija. I, moram da kazam - se preplasiv! Dobro, ako vo zastitata na ovoj fasizoiden rezim, koj unistuva se sto e napredno i progresivno vo drzavata, se angazirani bezbroj policajci, inspektori, sudski izvrsiteli i ulicni kodosi, se prasuvam kako e mozno vo taa pogana familija da se regrutiraat i licnosti kako vas. Ta neli vie ste obrazovan covek so znacajna i odgovorna funkcija, so dostoinstvo i pocit kon sopstveniot narod? Ako e taka zasto ste ja prodale dusata na gjavolot i tolku ja iskrivuvate vistinata? Covece, aminuvate vo unistuvanjeto na zivotite na vasite sogragjani i sosedi, tvrdejki deka ne e potrebna sudska presuda za nekoj da se proglasi za vinoven! I drugite vasi biseri vo ovoj tekst se smesni. No, Jovane vo edno sum siguren: ni sami ne veruvate vo ona sto go kazuvate! Sum ve gledal na TV i znam deka ste umen covek.
seirdzija, 13.08.2012 03:19:40
Epten ste ja utnale komparacija na mislenja.Mislam deka eden politicar od kalibar kako sto e Stojan Andov da go sporeduvate so eden platen zevzek kako sto e ovoj Donev e navredlivo.Pa ima li normalen covek sto ke moze da kaze deka ova e normalna lustracija???SUD BEZ SUDII???Do kaj doguravme dodeka patriotite eden i dva ni se odmaraat u Turcija...
Митре од Ротино, 13.08.2012 08:48:08
Чудни се многу работите во оваа наша напатена земја. Какви се тие луѓе што преку ноќ само од лични интереси се спремни да го сменат ќуркот па и по цена да го кршат и уставот да кажуваат работи во кои самите не веруваат. Можеби се во право, само еднаш се живее и тоа треба да се искористи што од сателит се гледа од овој дијалог.
trpana, 13.08.2012 09:08:14
Toj sto ima cista sovest nema od sto da se plasi.
Од редовен читател, 13.08.2012 09:46:48
Ало Донев, од која планета доаѓаш? Или уште треба да одработуваш за незаслужената награда - амбасадор.
done, 13.08.2012 10:45:58
Donce se omrsi,ambasadorce .Odi uzivaj ne se blamiraj.od pamtivek e mojata familija VMROV ska. Mi se temni koga ke vidam sto se slucuva. 1990 te se karav so komunistite deka ke bidime Svajcarija na Balkanot. Ama trebali svest i evolucija na masata. A kolku nervi izgubiv.
Ицо, 13.08.2012 10:51:18
Еве се гледа дека се зависи од аголот на видување на вистината, особено од аспект на политичкиот интерес! Ете заради тоа лустрацијата е претворена во пресметка помеѓу набедените комуњари и осведочените фрустрирани антокомунисти. Имено вистинските комунисти, ете и во улога на идеолошки кодоши, веќе се во пензија или на ониј свет! Ама затоа се посилни се Антикомунистите. Да ги парафразирам куманквци: Антикомунистите еве постојано казуку и ќе казују мрш на комуњаре!
jovan, vlada @, 13.08.2012 11:09:55
Интересно е ова со лустрацијава, очигледно на некој ич ама ич не му одговара да се дознае како систематски биле уништувани нечиви животи за да одредена мала (а може и многу голема) група на луѓе ја користеле привилегијата која ја давала службата за унапредување во нивната кариера со кодошлак да изградат „успешни“ дипломатски, директорски и уште нети какви кариери на сметка на други.Жално е што сите кој се трудат овој процес да пропадне не сфаќаат дека со тоа само се брани и се потикнува овој начин на градење на морални вредности на идните поколенија,зар нема нешто поубаво од тоа да конечно уништените фамилии и бракови, фамилијарни саги да добијат сатисфакција со тоа што ќе бидат рехабилитирани а нивните егзекутори ќе бидат јавно објавени без никаква кривична или материјална одогворност после толку зулуми направени. Време е да се расчисти со овие црни петна од нашата понова историја и еднаш за секогаш да се сузбијат ваквите девијантни појави кој доведоа до распад на системот...
od EU, 13.08.2012 11:26:47
Najmnogu mu zameruvam na Gospodinot Adov, bidejki po negov predlog zapocna ovaj cirkuz. Mu zameruvam, za toa sto poznavajki go karakterot na nasiot narod, ne predvide deka ovoj cirkus ke se pretvori vo lov na veshtici! Citajki nekoj dosiea na onie *zlocinci- kodoshi*( za ovoj izraz mu zameruvam pak na Andov), vo koi ne vidov nekoe predavstvo,na protiv,zasuga za spas na drzavata, za sto trebe da bidat POFALENI!! A Donev, nego za zal go zapoznavme, iako se odnesuva kako da *nisam odavde*.Go slushav na edna trkalezna masa nadvor pd MK kade ja opleska rabotata koga izjavi deka* Albancite se epten zapostaveni vo Makedonija...* kaza i ostan ziv i nonshalanto si zamina bez da se interesira za diskusijata, a denes bez sram odi niz Skopje i dava izjavi po terk na onoj koj poveke go plakja.Ovoj covek koj za da dojde na predavanjeto ,iziskuval hotel so SPA i sl. deneka ke ja prestavuva Makedonija vo Velika Britanija. Verojatno kako blagodarnost za *cesno* zavrsenata *domasna rabota*.
Дамјан, 13.08.2012 12:02:22
Сатанизацијата стана основно оружје на оваа ,,демократизирана,, власт. И тоа, со до дрскост испрограмирана селективност и главно на луѓе од сферата на културата и политиката. Медиокритети се востоличија и катадневно не бомбардираат со нивните налудничави идеолошки рецепти. Социјализмот, г-дине Донев, се потпираше на идеолошките начела на врвни мудреци, потврдени хуманисти, револуционери, патриоти и интернационалисти, кои на цивилизацијата и оставија тони томови. Владееше и прогон. Но, на одродници, криминалци, шпиони. За таквите денес Македонија е ветената земја. Многу од нив се и во врвовите на власта и ревносно работат за нејзино разнебитување.
tihi, 13.08.2012 14:37:35
Ich oko ne mi trepnue za tie shto treba da bidat lustrirani.
perica, 13.08.2012 15:21:28
Na ovoj Donev izgleda uste ne mu e jasno deka ambasadorskoto mesto otide jabana, isto vazi i za Casule, neka ne se mucat nataka da se upikujat.
Nikogo., 13.08.2012 15:34:06
Ne mi e svatlivo kakvi intelektualci paradiraat po vesnicive,i mislat mozeda ni prodavaat basma.Eve g din Donev preobrazen poslednive nekolku godini ni kazuva deka nepravdata e ispravena i javnosta ke donesela zaklucok koj bil kodos.jas vo mnogu slucaevi zakluciv deka nema kodos.I sega sto,jas zakluciv ama Adzijata kazuva koj e kodos.Zatoa vikam ni prodavate basma,koja ne sakame da ja kupime makar i bez da ja platime.Nemojte taka grev si pravite i obrazot ne samo vas go valkate.440
„Да се расчисти со комунистичкото минато„, 13.08.2012 16:03:47
„Господинот екс другар„ треба прво да расчисти сам со себе . Кога лаже сега или во минатото . Можда и во двата случаја .
do Damjan, 13.08.2012 17:35:17
Pa SDS napravi koalicija so takvi odrodnici,kriminalci i spioni.So NP na Ljubco.Ne treba sudski procesi,bidejki vekje ima dokumenti i dokazi za kodosite deka bile toa.Branejki gi kodosite,SDS uste povekje zaglavuva i negovata misija za vrakjanje na vlast stanuva nevozmozna misija.
george mitev, 13.08.2012 17:36:10
kolko e strashno za cdcm se doblizhuva krajot za na silstvata sho gi pravea nijnite tatkovci i dedovce .e sega cdcm kei kazhuva kolko e a ravila za makedonija ako ne dodeshe deneshnata vlada ma kedonija nema da beshe makedonija ke se vikashe nekoje grchko ime doneseno od cdcm.
krsenje na ustav, 13.08.2012 17:41:15
So javnoto objavuvanje na dosiejata pokraj toa sto eklakantno se krsi Ustavot, se pravi OGROMNA steta na drzavata. Zar mozat tajnite sluzbi da rabotat bez informatori? koj sega kje im pomaga na sluzbite? A zaboraviv. Zakonot vazi do 2006 godina. KAKVA GLUPOST!!!! A Donev??? Netreba komentar!
Ivan, 14.08.2012 08:43:32
A koj ke gi lustrira tie kako Donev?
MIKI, 14.08.2012 08:57:59
,,Toj sto ima cista sovest nema od sto da se plasi,, Profesore Donev, ako go procitate komentarot bi ve zamolil za odgovor, dali Makedonija 1945 godina bese federalna edinica na SFRJ, dali Makedonija imase potpisano za pocituvanje na ustavot na SFRJ. Dali Makedonija vo togasnata SFRJ imase obvrski da gi pocituva site dokumenti potpisani za soedinuvanje vo federacijata. Koja e razlikata profesore od togasnoto velicenje na bugarofilstvoto od segasnoto, zasto profesore da se negira pravoto na togasnite podrzuvaci na fedeacijata,dali profesore mislite deka r normalno dokumenti so strogo doverliva namena slobodno da se objavuvaat na internet kako da se del od nekoja teatarska predstava.Profesore, i studentite kaj vas koga polaqaat imaat pravo na zalba do vtorostepena instanca ako ne se zadovolni so vasata ocena, a ne ovaa lakrdija da pomine kako sto saka minorna grupa na lugje. I vie ste svesni profesore za vrednostite na Tome Adjiev, za intelektot na Tome Adjiev....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Петок
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Многу е тешко да се измери успехот
„Да не беше филмот ’Продолжи‘, во овие места немаше ни да дојдам, воодушевен сум од убавината и големиот број извонредни...
Бразилските дождовни шуми се соочуваат со истребување на животинските видови
Научниците просечно откриле само четири од 18 видови на цицачи кои ги барале во дождовните шуми во Бразил...
Салман Ружди: Иран и јас имавме многу интимен однос
Треба да се каже дека Арапската пролет е готова. Младите луѓе кои ги почнаа демонстрациите беа политички невини. Нависти...
Египќанецот Морси ги предизвикува предвидувањата
Човекот, кој до неодамна беше познат како без шарм и случаен претседател, ги тргна настрана неговите ривали и ја засили ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |