Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
02.10.2012, 18:50

Гинекологот од Чаир не ја дочека свршувачката

Шок и неверување по смртта на д-р Здравко Јошевски (51), кој почина од струен удар во купатилото од болницата

Горан Адамовски


Познатиот гинеколог Здравко Јошевски (51) не дочека да ја прослави својата свршувачка закажана неделава. Смртта го затече на работно место во бизарен инцидент. Загина од струен удар додека се туширал во бања на Специјалната болница за гинекологија и акушерство - Чаир. Од Министерството за здравство изразуваат жалење за немилиот настан и велат дека ги охрабруваат надлежните државни органи да ги откријат причините за смртта на гинекологот.

Во Гинеколошката клиника во Чаир вчера владееше мачна атмосфера. Најголем дел од вработените ја вртат главата кога ќе ги прашате за саботниот трагичен случај.

„Не можеме да зборуваме, единствено директорот може да даде изјава“, беше најчестиот одговор што го добивме. А директорот имал две операции едноподруго, па немаше време за новинарите. Не дозволи ниту сликање на кобната бања.

Сепак, лекарите кришум ќе ви кажат дека се во шок по загубата на вештиот колега и лојален пријател. „Знам дека ќе речете за починатите се зборува само најубаво, ама, верувајте, човекот беше толку мирен и кроток, добар колега, успешен во работата, веќе дваесет години работеше тука. Најстрашното е што неделава требаше да се сврши, се подготвувавме за славење“, со солзи во очите раскажува една од колешките на Јошевски.

Како се случила трагедијата? Колегите објаснуваат дека несреќниот доктор во петокот вечерта бил дежурен. Имал две породувања со царски рез, па по завршувањето на смената, отишол да се истушира.

„Пред него се туширале други колеги, ја потрошиле топлата вода, па д-р Јошевски го вклучил бојлерот. Изгледа заборавил да го исклучи кога влегол во бањата, а се зборува дека бојлерот бил неисправен“, велат вработени во болницата.

Откако докторот долго време не излегол од бањата, се загрижиле колегите, влегле да видат што се случува. Лекарот лежел на подот. Колегите најпрво мислеле дека станува збор за мозочен удар. Иако тоалетите биле стари, сепак, биле во добра состојба и никогаш порано не се случил ниту најмал инцидент, тврдат вработените.

Од Министерството за здравство велат дека директорот на болницата ги информирал дека редовно биле сервисирани електричните апарати и медицинската опрема.

Досегашните официјални информации говорат дека гинекологот починал во саботата околу 10 часот кога влегол да се тушира во бања на болницата. Поради неисправност на бојлерот, дошло до струен удар. Јошевски починал веднаш.


Статијата е прочитана 6261 пати.

Испрати коментар



Македонец убил брачна двојка во Италија



rajkov, 03.10.2012 10:28:20
ima li elktricar vo taa bolnica???velite zaboravil da iskluci bojler da vo pravo ste ama bojler treba da funkcionira za banja i koga e vklucen....
ad, 03.10.2012 14:51:45
Prestanete da si poigruvate so zivotite na lugeto. Ke se sotre nacijata od mnogubrojnite degenerici.
Petrush, 03.10.2012 15:33:20
Zhalam za zivotot na mladiot doktor. Go prochitav komentarot . . . . i neshto ne mi e jasno ?!!! Ako Doktorot zaginal od neispraven bojler, si go postavuvam za mene - prashanjeto :Kako prvo dali bojlerot imal zazemjuvanje? Ako imal - togaj pri kratok spoj ili neispravnost na bojlerot - treba i mora da pregori negoviot osigurach?!! Po sluchajot, dali vo razvodnata tabla OSIGURACHOT za bojlerot bil ispraven ili ne !!! Ako bil ispraven, kako, Tie shto go pronashle teloto ne bile voopasnost da dobijat struen udar - kako Doktorot ?!! Vo protivno, ako osigurachot bil pregoren - vo toj sluchaj Doktorot ne mozhel fatalno da nastrada ?!! Mislam deka slushajov trebe dobro i struchno da bide razreshen. Mozhe bi ova shto go dava napisot ne e dovolno, megjutoa policijata ima svoj struhcni lica koi ovoj sluchaj ke go razrehsat krajno vnimatelno ?!!!
gordana jovanovska, 03.10.2012 17:10:33
bog da go prosti...gopoznavav uste oddamna kog arabotev vo cair pred 20 godini...nemav sretnato takov krotok covek miren mi e zal ..
sonja, 03.10.2012 20:24:21
Najbitno vo drzavava ima spomenici - konji po glava na zitel,a vo bolnicite caree horor vo prava smisla na zborot.A tek da vidite vo kupatilata na rodilkite kakva e sostojbata ke vi se krene kosata na glava.Sum bila vo Cair ginekologija dva pati e toa e strasna rabota,sramota e be vo 21 vek da se banja taze porodena zena vo ona cudo.Zal mi e za doktorot si otisol ni kriv ni dolzen,sramota,sramota kade ziveeme

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 11°C

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
На платото пред МКЦ во сабота од 20 часот ќе се одржи целовечерен настан инспириран и посветен на 1990-тите години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |