27.09.2012, 11:57 Прволигашите надмоќни во Купот
Металург го доби дербито на осминафиналето со Хоризонт Здравје, славејќи со 1:0 во Турново со голот на Стевановиќ во 43 минута, а во првиот меч на Железарница беше 3:3
Сите четврт-финалисти на фудбалскиот Куп на Македонија се прволигаши, на кои синоќа требаше да им се придружи и Пелистер, кој реваншот во Штип против Баби го почна со предност од 5:0 од првиот натпревар во Битола.
Металург го доби дербито на осминафиналето со Хоризонт Здравје, славејќи со 1:0 во Турново со голот на Стевановиќ во 43 минута, а во првиот меч на Железарница беше 3:3.
Шампионот Вардар ја дозаврши работата против Еуромилк, победувајќи со 2:1 во Горно Лисиче, откако го совлада второлигашот со 2:0 на „Филип Втори“.
Шкендија се врати од Штип со уште една победа над Брегалница од 1:0, а бранителот на трофејот Ренова во Тетово ја репризира победата од 5:0 над 11 Октомври од првата средба во Прилеп.
По ремито без голови во првиот дуел, Дрита ја елиминира Победа јуниор со победата од 2:0 на реваншот во Боговиње, а Тетекс ја „размонтира“ скопска Локомотива со 7:0 (во првиот меч беше 2:0 за тетовци).
Меѓу осумте најдобри екипи во Купот се најде и Силекс, кој во Кратово го совлада третолигашот Башкими со 3:0. (Р.Д.)
|