30.05.2012, 17:35 Барокната шминка на фасадите досега стопи 1 милион евра
Оваа сума е само за три фасади. Допрва ќе реконструираат и ќе осветлуваат уште најмалку пет
Деспина Трајковска
Дебели сметки за „Скопје 2014“ почнаа да стасуваат и на сметката на Град Скопје. После милионската сума за обнова на оградата на мостот кај „Холидеј Ин“ и стотиците илјади евра за поднова на уште два моста, шестоцифрени суми ќе се исплаќаат и за реконструкција на фасадите на зградите што гравитираат на Плоштадот.
Барокното шминкање на само три објекта во центарот на Скопје чини досега речиси 1 милион евра. Како тргнале работите, ништо чудно таа сума да се зголеми двојно, па, дури и тројно оти во планот на Градот освен обнова на зградите на Плоштадот е зацртана намера во барок да бидат „преоблечени“ и неколку објекти крај Рекорд и на улица „Македонија“. На листата за поднова со барокна фасада се и зградата на некогашна „НА-МА“ и „Метропол“.
Досегашната сума од 1 милион евра (ќе) се потроши за реконструкција на само три објекта. Последниот договорен е оној за фасадата на објектот кој е во продолжение на зградата на „Макпримат“ на Плоштад. За обнова на таа фасада, Градот потпишал договор за изведба во вредност од речиси 300.000 евра. На таа пред неа, пак, веќе се работи. За работна рака и потребниот травертин, травертинско терацо и декоративни префабрикувани елементи, Градот потпиша да плати околу 400.000 евра. Фасадата, пак, на „Пелистер“ со која, всушност, Градот започна со обновата на фасадите како свој удел во „Скопје 2014“ чинеше 250.00 евра. Извесно е дека за сите овие три објекта ќе има и дополнителни трошоци бидејќи е во план сработеното да е видливо и ноќе со помош на осветлување. Досега се знае само дека осветлувањето на фасадата на „Пелистер“ чини 110.000 евра.
Надлежните тврдат немаат прецизен податок за тоа колку всушност Град Скопје ќе го одврзе ќесето и ќе треба да искешира за сите фасади и колку точно објекти планира да поднови во стилот на „Скопје 2014“. Неколку пати досега повторија дека ќе ги реконструираат зградите на Плоштад и околу него, но, листата во меѓувреме им се пресели и на Рекорд. Непознато е и дали е планирано осветлување за сите.
„По завршувањето на јавните повици за изведувач ќе биде познато колку ќе чини обновата на сите фасади и осветлувањето на дел од нив “, изјавуваа во неколку наврати од Градот, притоа, без да информираат колкава е максималната сума која од градскиот буџет е предвидена за оваа намена.
Фасадите прекриени со реклами
И дури Градот троши илјадници евра за нов имиџ на центарот на Скопје, тој никако не сака или не може да изгради механизам со кој ќе ги заштити новите фасади од реклами. На тазе обновената фасада на „Пелистер“ едната половина не е видлива оти со месеци на неа виси рекламно платно. Па, така, оправдани се коментарите дека Градот попусто троши пари кога не се гледа сработеното. Надлежните досега само се согласуваат со констатацијата, но, напоменуваат дека немаат законска можност да му наложат на куќниот совет на зградата да ја отстрани рекламата, односно, да го раскине договорот со фирмата што се рекламира. „Ќе бараме да не се склучуваат нови договори кога ќе истечат сегашните“, велат градските власти. (Дс.Т.) |
|
Статијата е прочитана 2012 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bojana, 31.05.2012 02:44:10 | Jas mozam da go recam samo slednovo:Bidete srekni sto drzavata plaka da se renoviraat fasadite na vasite zgradi,zasto da ziveete na zapad ( kako mene ) taa obvrska ke si bide vasa. Samo ke dobiete pokana od Body Corporate za sostanok na sopstvenicite i tamu ke ve izvestat deka fasadata na vasata zgrada mora da se renovira. Dali vie imate pari ili ne,problemot e vas. Obicno vakvi renoviranja se pravat sekoja 10-ta godina. Dosta veke frlate so drva i kamenja po vladata ,pa duri i koga e vo vasa polza. Nevideno i necueno bre luge ( ne luge). |
| Altruist, 31.05.2012 05:20:39 | Shto poskapi izvedbi, toa e i krazhbata na narodni pari pogolema, zatoa i site proekti od Skopje 2014 se so nabildani ceni do plafon...i interesno se javuvaat dushegrizhnici od stranstvo, koi osven pari i rabota , ne znaat shto e toa stranstvo...
Bashka ako ne znaat neka ne se meshaat tuka kaj nas.Mozhe slobodno da treskaat vo shtabovite na zadgranichnite komiteti...neli? |
| Od Branko, 31.05.2012 06:11:28 | Pa Bojance dojdi si u MK i ti nema da plakas za obnova na fasadata od tvojata zgrada |
| jas, 31.05.2012 06:17:12 | Bojana dojdete da ziveete ovde pa vednas ke ja pocuvstvuvate prednosta na nacinot na rabotenje kaj nas. Pred mojata kuka se pravi zgrada koja e na 7 metri od nasata tri godini ne moze da se izleze od blato , za prasina i da ne zboruvame. Kolku pati sme imale prekin na struja i voda zaradi gradezni raboti ne pametam,Do kukata odvaj mozam da prijdam peski a da dojde brza pomos ili pozarna nema nikakvi sansi.Zastitna ograda od gradiliste e stavena na stubovite na nasata kuka taka da site minuvaci pominuvaat niz dvorot. Stvarno treba da si necovek da go izdrzis toa. Zosto zivee Bojana vo Sidnej ako i e tolku tesko. |
| Itar Pejo, 31.05.2012 06:42:17 | Pozdrav do Bojana. na zapad sopstvenicite sami si gi renoviraat zgradite, ne samo fasadata od prednata strana. Ne za cef na vlasta, tuku zaradi konforot i za da ne im paga vrednosta. Neznam dali dalie toa obavezno, ama sekoj sto patuval po evropskite ili amerikanskite gradovi videl deka tami ima i mnogu fasadi vo raspaganje. Megafonite na vlasta treba malku da razmislat pred da pisuvaat vo vesnicite. |
| makedonec, 31.05.2012 07:20:37 | do bojana koja zive na zapad ,,,parite za fasadite ne gi izvadi gruevski so vladata od djeb,,toa se nasi pari --bojance ,,frleni na veterot ,,toa tie imas telvizor najmoderen da te vidat komsiite ,a voda nemas vo ocite ,,gol pistol |
| Istocna Makedonija, 31.05.2012 08:24:26 | Napred Koce kon nov mandat! |
| mene, 31.05.2012 08:33:18 | Draga Bojana, samo da te informiram deka parite za taa vlada (budzet) se sobiraat od 2,000,000.00 milioni drzavjani na RM, a vo zgradite ziveat 20 familii na RM. Pa sega ke te molam odgovori mi zasto nie drugite 1,999,900 drzavjani treba da plakame za taa fasada? Ja ke razberam vladata da pomogne za da moze oni na rati da go plakkat naredni 5 godini, ali nie da im plakame razubavuvanje na zgrada radi faktot deka se vo centar na gradot stvarno nema logika a i ne e pravicno. Zatoa zemjata kade sto si e otidena tolku napred, i sekoj ke si plati za svojot del vo zavisnost od toa kolkav mu e imotot, a ako nema pari moze slobodno da si go prodade imotot na nekoj sto ima i koj moze da se nosi so smetkite koj gi dobivate od Body Cop LLC. Na site nas ni treba avtopat, bolnica, skolo, gasifikacija, cista voda, siguren elektro sistem, itn. A reklamnovo pano e smo dokaz za respektot sto go imaat zitelite na zgradata kon investitorot (nie). |
| попај, 31.05.2012 08:57:53 | до бојана
па зошто тогаш не дојдеш да живееш тука ако е мед и млеко него си здувала надвор па сега ќе продаваш памет. ова шминкање не е за сите згради во градот како прво. второ колкави се платите таму а колкави се овде. и како трето на запад се знае на запад кој живее во станови а кој живее на периферија во вили и хациенди,така да немој да кажуваш басни и уживај таму каде што си додека ти е убаво. |
| maka, 31.05.2012 09:26:12 | Tie sto gi pravat proektite pogotovo onaa za Pelister mislea li deka nad zgradata ima dogradba od lamarina. Dogradbite treba da se vklopat vo zgradata ili da se rusat. |
| Ајван Доктор® до: bojana, 31.05.2012 09:42:09 | Така е bojana!А кој ја тера владата да ни ги прави фасадите на зградите за сто пати поголема сума од реалната?Така ли е и на запад кај што живееш?!Чекаш ли и таму плата со месеци,или ја добиваш редовно секој месец во одреден ден?Дали и таму прокиснуваат крововите на болниците,училиштата и музеите,па ве убедуваат дека се поправаат со барокни фасади?!И таму ли немаат ле��арства и основни медикаменти и им недостасуваат надгледни средства во училиштата?Можеби и таму ви градат (со ваши пари)стотици безвредни кичспоменици од минатото во двегодишен период и ви ги претставуваат како врв на модернизмот и уметност од иднината,па им се радувате!Можеби и таму делата на некој анонимус вредат повеќе од оние на Мунк,Пикасо,ван Гог,или на Х.Мур и Макинк?Зарем фасада на зграда чија внатрешност се распаѓа е „наша полза“?Верувам Бојанче дека и таму се расфрлаат така безочно и дрско со парите од граѓаните!Што бараш таму,кога овде е то0олку прекрасно? |
| До Бојана, 31.05.2012 10:00:05 | Државата плаќа?? со чии пари??? Тоа се наши пари драга госпоѓо! Сами да ги одржуваме градбите може и помалку би чинело или барем би знаеле за што точно ги даваме нашите пари. |
| Pejo glupaviot, 31.05.2012 11:33:36 | Gledam deka povece komentatori i poracuvaat na Bojana da si dojde vo Makedonija! Zar navistina mislite deka toj sto se podpisuva Bojana zivee vo stranstvo? |
| Goran, 31.05.2012 16:00:39 | Do lugjevo koi se bunat deka vladata trosela pari za fasadite:
Pa kade bevte gragjani moi koga SDSM bese na vlast i koga nisto ne se pravese a drzavata odese vo dolg?!
Kade bevte da se bunite koga se vozevme so krntii od avtobusi bez klima uredi?!
Kade bevte da se buinite koga fasadite od zgradite se raspagjaa i partali pagjaa dole po trotoarite?!
KADE BEVTE TOGAS DA PRASUVATE STO STANUVA SO NASITE PARI I KADE SE TROSAT?! |
| jimmy1, 31.05.2012 17:10:25 | Nisto cudno, isto kako da gradat nova zgrada. A bre braka mili, so ovie neranimajkovci trite vrbi ke zaminat poveke od milion evra a ne za fasadite.
So parite sto dosega se potroseni za spomenici, farbanje i osvetluvanje na mostovi, za barokni fasada, za kopanje dupki, cela Makedonija ke bese izgradena od koren. Za ovie duduci milion evra se isto kako 1000 denari. Pa vakvo trosenje sprema nasiot standard go nema nikade. Pokasno ke izlezat rogovite od vreka, koj kade kupil stan ili apartment, koj kade izgradil vilicka od 5000 metri kvadratni. Samo neznam dali ke gi stigne zasluzenata kazna. |
| edno dete, 31.05.2012 21:15:08 | abe aman kafe pari 1 mil evra
|
| Cope, 01.06.2012 01:55:46 | Бојанче,и јас живам на запад, и не е точно дека само ќе добиеш покана дека ќе се реновира фасадата и мора да платиш.Него, секој месец си плаќаш во заедничка каса и кога ке се соберат доволно пари на состанок ќе се одлучи во што да се инвестираат парите.А сигурно на запад нема влада да ти плати фасада, се прават фасади само на објекти који се од историско значење..Но Македонија како нај богата земја во Европа може да си дозволи секакви луксузи.. |
| pele, 01.06.2012 15:32:43 | Cope: Stanarite vo Skopje i Makedonija posiroko ke se dogovorat koga pileto mleko ke dade...
Za narod kako vas, nisto netreba da se pravi. Treba da ziveete vo dupki i gjubrinja, deka sve sto se pravi e loso za vas...
|
| zapad 2, 01.06.2012 16:06:14 | Sreduvnje na skopje ke donese mnogu turisti koj ke dojdat na eftina hrana, ubava arhitektura I prijatna atmosfera. Tie turisti ke prodolzat da setaat I po cela makedonija I parite sami ke se vratat za nekolku godini. Dosega imavme ubava hrana gostoprimlivi ludje ama site stranci sto slucajno sum gi zapoznal vo slucajov vo amerika a bile vo skopje vikaat deka nemaat nikakvi imptesii deka e rabotnicki grad I ne bi dosle pak toa bi se smenilo so 2014 sk |
| antonio, 01.06.2012 17:02:53 | Abe luge,samo kritikuvate.zaprashajte se shto ste napravile vie za drzavata?a ne samo kritikuvate,poentata na vladata e da privlece poveke turisti i da go napravi Skopje privlecno za koga ke dojdat turisti da imaat shto da vidat.
A so samoto toa ke ima poveke profit vo hotelierstvoto,aerodromot,prevoz i redica drugi raboti.Shto ke bide ako vladata gi shtedi tie pari,zamislete kolku luge ke ostanat bez rabota i kolku ke padnew vo nekoi granki proizvodstvoto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|