Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
30.05.2012, 17:38

Продолжено време за наплата на зонските паркинзи

Од петок на зонските паркиралишта на „Градски паркинг“ ќе се наплаќа и по 21 часот во работни денови, односно по 14 часот во сабота. Од претпријатието објаснуваат дека продолженото време за наплата на паркинзите е утврдено со ценовник што важи во летен период и стартува од 1 јуни, а важи до 1 октомври. Бесплатно паркирање и натаму ќе има во недела и на државни празници.

„Оваа одлука ја донесовме по барање на граѓаните. Одлучивме да го продолжиме времето за да се избегне гужвата, бидејќи во лето навечер се создава поголем метеж. Се продолжува и наплатата во саботите, оти за викенди има голема раздвиженост во центарот на градот“, објаснуваат од „Градски паркинг“.

Инаку, цените остануваат исти. За паркирање во прва зона се наплаќа 45 денари од час, а дозволено е задржување само два часа. Во втората зона дозволено паркирање е четири часа, а цената е 35 денари од час. Во третата зона, пак, нема ограничено време на задржување и се наплаќа 25 денари од час. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар



Десетдневна забава со жонглери и магионичари
Клупи под тенда за жителите кај Педагошка академија
Барокната шминка на фасадите досега стопи 1 милион евра



jimmy1, 31.05.2012 05:35:58
Ha ha ha, smeski vo boi, ovaa odluka e donele po baranje na graganite. Dali covek da se smee ili da gi sozaluva ovie nedonoseni zivotni. Baranjeto na narodot e besplatno parkiranje a ne prodolzuvanje na vremeto. Dajte eden pismen dokaz deka nekoj od graganite go pobaral toa. Ako veke nesto izjavuvate, izjavete barem da ima nekakvo mesto, nekakva osnova, a ne deka to go pravite po baranje na narodot.
Смрт за зони и пајак-возила, 31.05.2012 06:46:33
Цинизам е тврдењето дека граѓаните барале ЈП да работи до 23 часот. Граѓаните бараат ЈП да се укине.
Васко, 31.05.2012 07:40:40
Кои се тие граѓани кои побарале да даваат дополнителни пари за нешто што пред 2 години било бесплатно? Дали Градски паркинг реинвестира во паркинзите од кои зема пари за да го подобри квалитетот на истите, дали превземаат одговорност доколку нечие возило е обиено или оштетено? А цената, цената е грабеж, срамота. До кога обичниот граѓанин ќе молчи за секој товар што му го наметнуваат квази-државните институции?
Фока, 31.05.2012 13:24:58
„По барање на граѓаните„?!?!?!?! Кај не касапат па уште не е... во здрав мозок. Ама така е штом ќутиме како мисири! Колу полесно се паркиравме кога не беше зонското , ехееее... Кај сте сега сите (не)владини, правобранител и останати „борци„ за права, ќутите како п.... 45, 35, 25 денари од ЧАС, АЛООООО!? Од каде и да тргне чоек за максимум 10км е во центар, а 80% возиме на плин или дизел што значи дека преку сила 100 денари ни требаат до центар и назад! Па како може да биде паркирањето поскапо од вредноста на горивото потребно да се стигне до центар?!?!?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |