Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.07.2012, 18:47

Неделкова не доби поддршка, Врховен суд останува со в.д. претседател

За поранешната шефица на скопскиот Кривичен суд, Лидија Неделкова, гласаа седум членови на Судскиот совет, а четворица беа против

Гордана Дувњак

Пропадна и изборот на претседател на Врховниот суд.По неизгласувањето на тројца врховни судии и претседател на Кривичниот суд минатата недела,вчера членовите на Судскиот совет не избраа ниту прв човек на македонското судство.На конкурсот се пријавија тројца кандидати, но во последен момент својата кандидатура ја повлече досегашниот претседател Јово Вангеловски,чиј четиригодишен мандат измина завчера.

Од двајцата кандидати во трката за прв човек на Врховниот суд, само поранешната шефица на скопскиот кривичен суд, Лидија Неделкова доби поддршка од членовите на Советот за гласање во вториот круг, додека нејзиниот противкандидат Ристо Катавеновски не го помина ни првиот праг со потребните 5 гласа. На повторното гласање, Неделкова доби седум гласа, додека четворица членови беа против, што беше недоволно да биде избрана. За да биде еден судија или претседател избран е потребно да обезбеди двотретинско мнозинство,или 10 од 14 гласа. На вчерашната седница од вкупно 15 членови на Советот, беа присутни 13 членови, од кои министерот за правда Блерим Беџети кој е член по функција нема право на глас.

На гласањето не присуствуваше досегашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски чиј мандат истече на 17 јули, а беше отсутен и судијата Вели Ведат.

Изборот почна со доцнење од речиси два часа, кои новинарите ги поминаа на жешкото сонце пред влезот на Судскиот совет. Извинувајќи им се на медиумите,претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска рече дека тоа се должело на чекањето да дојде министерот за правда, кој имал други обврски во Собранието, а сакал да присуствува на изборот.

Непосредно пред чинот на гласање,членот на Судскиот совет Бојан Ефтимовски апелираше до колегите да водат сметка околу изборот, бидејќи како што рече, претседателот на Врховниот суд е прв човек во судската пирамида. Тој потенцира дека треба да се избере „човек со углед, авторитет, морален интег��итет, кој ќе работи тимски и ќе биде лидер на судската власт“.

Неговата дискусија предизвика чудење меѓу членовите околу тоа кому му е наменета, на што реплицираше претседателката Зафировска, која рече дека не знае која е целта на ваквото укажување,бидејќи не им е прв пат да избираат судии или претседатели на судови.

Откако беше констатирано дека ниту еден од кандидатите не го доби потребниот број гласови, по дадената пауза од десетина минути, Судскиот совет именуваше вршител на должност, кој ќе раководи со судот до изборот на нов претседател по годишните одмори. За в.д претседател беше именувана, врховната судијка Милка Стефкова, која како што беше речено, е еден од тројцата судии со најголем број освоени бодови (250) при годишното оценување.

Во изјавата за медиумите дадена по завршување на седницата, претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска уште еднаш потенцираше дека пропаѓањето на изборите не се должи на партиски пазарења.

„Станува збор за искусни судии и професионалци, но членовите на Советот гласаа по свое убедување. Се надевам дека по одморите, ќе избереме претседател“,рече таа.

Која е в.д. претседателката Милка Стефкова?

Новата в.д претседателка е родена на 18 октомври 1951 година во во Прилеп. По националност е Македонка и живее во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1975 година, а правосуден испит положила во 1976 година.

Во нејзината професионална кариера е забележано дека во 1975 година се вработила како судски приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство Скопје, а од јуни 1976 работела како стручен соработник во истото обвинителство. Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје 1 во 1979, каде судела кривични предмети во прв степен. Во 1988 е избрана за судија во тогашниот Окружен суд Скопје, каде што исто така работела во кривичниот оддел. Со генералниот реизбор на судии во 1996 година е унапредена во Апелациониот суд Скопје, каде постапувала по кривични предмети и била претседател на Кривичниот совет во Судот.

За судија во Врховниот суд е избрана 15 јули 2011 година. Во моментов работи во Одделот за судења во разумен рок.


Статијата е прочитана 1191 пати.

Испрати коментар



Фејсбук како огласна табла
Аврамопулос брифирал за спорот со името
Иванов очекува пораки од Бан Ки-мун
Вершбоу гo построи цело НАТО зад ветото
Црквата им држи лекции на политичарите и новинарите
Тaчи веќе не е војвода
Владата се брани
Од денеска на работа по старо
В година место сини картони - електронска картичка



Mirko, 19.07.2012 07:03:50
Po se izgleda nekoj sudii nemozat da go izdrzat pritisokot pa odlucija bez razlika na posledicite da gi vklucat sovesta i strucnosta pred partiskite pritisoci i so toa da dokazat deka sepak se borat za nezavisno a ne partisko sudstvo,ako e toa taka togas bravo za onie sudii kaj koj proraboti svesta.
od ostrijot, 19.07.2012 09:30:54
mnogu tram-tram za nisto koga se znaje unapred koj kebide vrhoven sudija.
Iskra, 19.07.2012 12:02:47
Bravo za v.d. pretsedatelkata Stefkova koga sega procitav deka rabotela vo oddelot za sudenje vo razumen rok, alloooooo, znae li taa sto e razumen rok, mojot predmet e veke 3 godini vo Vrhoven sud ke pocne i cetvrtata i seuste nema aber od nego. Se zamislila li taa sto raboti nejziniot oddel..???, a ovaa Nedelkovska ne moze da bide predsedatel oti e poltron na vlasta, se gleda od avion, od nea nema svirka ama kaj nas se pominuva...sud i se e mozno...!!!!!
Struma, 19.07.2012 17:45:37
Abe kakvi sudii!!! Vo apelacija predmetot mi stoi 3 godin ,se e cisto.Se znaat apazite koj se so svedoci koj svedocea pred istrazen sudija deka de fakto kradcite se tie ,a i jas gi imav prijaveno vo policija. 25000iljadi evra .mi dolzat. Vo meguvreme dodeka javniot gi titli ukradoa uste 57000 iljadi evra vo roba od sedum luge i prodolzuvaat da si kradat,i setat slobodno. Nasite pari narode mozat da ni se vratat samo preku Strazbur , ovde si igrat politika.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Грмотевици

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знаме��о за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |