Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.07.2012, 19:02

Аврамопулос брифирал за спорот со името

Атина - Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос ја брифираше партијата Демократска левица за актуелните прашања во грчката надворешна политика. Како што истакна Марија Јанакаки, пратеничка задолженa за надворешна политика во Демократска левица, партијата која е дел од владината коалиција за спас на државата, со Аврамопулос разговарале за отворените прашања на грчката дипломатија. Фокус бил ставен на иднината на државите од Западен Балкан, кипарското прашање и односите со Турција. Во врска со македонско-грчкиот спор за името, Аврамопулос го повторил ставот кажан од пред две недели на расправата за доверба на владата. Тогаш Аврамопулос истакна дека очекуваат менување на реториката на македонската влада и се надеваат дека во Македонија ќе преовлада здравиот разум за побрзо да се најде решение за името. Новиот шеф на грчката дипломатија дополнитело забележа дека прашањето за името не е само поради разлика меѓу двете страни во врска со историски настани и симболи туку и прашање за почитување на меѓународното право.

Ставот на Демократска левица е во рамки на грчката црвена линија, односно име со географска одредница. Лидерот на партијата, Фотис Кувелис во интервју за грчките медиуми истакна дека се согласува со грчката стратегија за име со географска одредница, а на новинарско прашање дали би бил согласен со предлог Северна Македонија одговори потврдно, потенцирајќи дека едно такво име не претставува никакво отстапување од грчката историја. Голем дел од експертите велат дека токму Демократска левица ќе држи баланс во новата влада за македонското прашање. (М.П.)




Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар



Фејсбук како огласна табла
Иванов очекува пораки од Бан Ки-мун
Вершбоу гo построи цело НАТО зад ветото
Црквата им држи лекции на политичарите и новинарите
Тaчи веќе не е војвода
Владата се брани
Од денеска на работа по старо
В година место сини картони - електронска картичка
Неделкова не доби поддршка, Врховен суд останува со в.д. претседател



pile, 19.07.2012 07:17:48
Skoro vo sekoj kolektiven sport koj se odviva pomegju dve ekipi, pa i vo nekoj poedinecen sport kako vo sahot na primer, zaradi principite na kvaliteten natprevar najcesto timot koj sto bira strana za napagjagje ja nema prv topkata vo posed.Po logikata na zdraviot razum, i analogijata na nekoi sportski natprevari, dokolku R.Grcija saka dodavka kon terminot Makedonija na imeto na suvereniot sosed so cel da se razlikuva od delot na oblasta koj teritorijalno pripagja na R. Grcija,sto proizleguva od VS od 1995 godina.No pokraj baranjeto dodavka da bara kakvo znacenje da ima istata,geogravsko a nekoe utre mozjebi nacionalno ili slicno pa duri da se nastojuva da konkreten predlog kako sto e slucajot so ,,Severna veke pretstavuva izleguvanje od ramkite na VS i od obvrskite za pregovori i prevzemenata obvrska za podrzjuvanje na Republika Makedonija za evroatlanskite integracii.Megjunarodno priznatiot subjekt so ime koe e vlezeno i vo Ustavot ,,Republika Makedonija e dokaz deka ima dodavka i

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Грмотевици

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |