Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.07.2012, 19:01

Иванов очекува пораки од Бан Ки-мун

Битола - „Штом доаѓа во регионот, тоа укажува дека ќе ни прати некои пораки, а и ние има што да му кажеме и да му пренесеме за тоа што сме го презеле“, ги сублимираше своите очекувања претседателот на државата Ѓорге Иванов, пред доаѓањето на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. во регионот.

„Заедно со Бан Ки-мун доаѓа и неговиот специјален пратеник Метју Нимиц задолжен за прашањето што го имаме со нашиот сосед. Ќе има прес-конференции и се' што ќе биде тема на разговорите ќе можете да чуете“, рече Иванов при вчерашната посета на индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Иванов вчера дојде во Битола за да се увери лично до каде е снимањето на филмот „До балчак“ на Столе Попов, но и за тоа како течат подговотките за 33. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, чиј покровител е претседателот на државата.

Кога веќе дојде до Битола, Иванов реши да не ја заобиколи ИЗ „Жабени“, туку лично да се увери до каде е со градбата на фабриката на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.

„Сакав да видам како напредува оваа инвестиција којашто создава перспективи пред се' за младите луѓе или оние кои се определиле за техничките струки. Ваква фабрика во нашиот регион е реткост. Градбата напредува благодарение на поволностите и условите што им се овозможиле на инвеститорот за самата градба. Ова наедно е пример и за други инвеститори да дојдат тука и да создаваат нови работни места“, истакна Иванов. (А.Б.)


Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар



Фејсбук како огласна табла
Аврамопулос брифирал за спорот со името
Вершбоу гo построи цело НАТО зад ветото
Црквата им држи лекции на политичарите и новинарите
Тaчи веќе не е војвода
Владата се брани
Од денеска на работа по старо
В година место сини картони - електронска картичка
Неделкова не доби поддршка, Врховен суд останува со в.д. претседател



Hari, 19.07.2012 06:59:04
Kutriot , izjavite mu se kako pred selska cesma Sto ocekuvas? Nimic ocekuva od vas da pocnete so pregovori i tvojot pretpostaven da prestane da glumi pregovori. ja unistivte pozicijata na pregovorite od 2006 godina, namerno ili od neznaenje.
suze, 19.07.2012 11:52:19
Аман,не го прашувајте ништо!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Грмотевици

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |